1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спонтано породување или со царски рез?

Дискусија во 'Бременост' започната од Cka, 30 јули 2017.

?

Каде и како се породивте?

  1. Природно, во приватна клиника

    94 глас(а)
    17,5%
  2. Природно, во државна клиника

    201 глас(а)
    37,5%
  3. Со царски рез, во приватна клиника

    112 глас(а)
    20,9%
  4. Со царски рез, во државна клиника

    148 глас(а)
    27,6%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.804
    Допаѓања:
    65.521
    Пол:
    Женски
    Еве на првата страница на линкот постиран за како е подобро за бебето што стои.

    Првите чекори во развој на имунолошкиот систем на новороденото се во самиот процес на раѓањето. Бебињата родени вагинално преку родилниот канал, ја добиваат својата прва доза на бактерии од родилниот канал на нивната мајка.

    Корисните бактерии кои се најзастапени се од родот Lactobacillus тие пред крајот на терминот по инвазивно го колонизираат родилниот канал на мајката. Со поминување на бебето низ родилниот канал настанува брз процес на колонизација на гастроинтестинумот. Раѓањето по пат на царски рез води до формирање на сигнификантно различен микробиом кај овие бебиња. Микробиомот кој ја населува цревната лигавица кај бебињата родени со царски рез, не се оние истите бактерии кои наброиле стотина илјади години човечка еволуција.

    Зошто да не се породите со царски рез иако единствена разлика е поголема сметка при излез од болница?

    Бидејќи царскиот рез има и друга цена – биолошка цена и со себе носи ризици кои се однесуваат на здравјето на новороденото, здравјето на мајката како и ризици кои имаат психосоцијален ефект врз двете единки. Ризиците кои се однесуваат на мајката се компликации кои може да се јават кај било кој тип на абдоминален хируршки зафат:

    • Инфекции;
    • Крварења;
    • Адхезии;
    • Задоцнето започнување на лактација како и недостиг на рано поврзување со бебето, што претставува доста важен психосоцијален момент.


    Ризиците кои ги носи царскиот рез во поглед на бебето и на неговиот здрав почеток во новиот свет вклучуваат:

    • Зголемен ризик од појава на респираторни проблеми, лоша регулација на температурата, спора невролошка адаптација после раѓањето;
    • Разлика во нивоата на хормони за регулирање на метаболизмот;
    • Различна функција на имунолошкиот систем;
    • Зголемен ризик од оксидативен стрес.
    Еден од евидентните ризици кој може да го промени добриот старт е различната микробиота која може да трае најмалку шест недели од раѓањето па сè до шестата година од животот на новороденото. Значително позитивно влијание на нејзиното рано и здраво реструктуирање има доењето, контактот со надворешната средина и начинот на исхрана подоцна во животот.

    Повеќе студии сугерираат дека бебињата родени со царски рез имаат различен микробиом од оние родени вагинално. Микробната популација која го сочинува нивниот микробиом е всушност составена од бактерии кои живеат на кожата: Staphilococus, Corynobacterium, Propionibacterium.

    Во текот на животот цревната микрофлора ќе се дооформи и врз неа ќе влијаат прехрамбените навики, но секогаш останува фактот дека царскиот рез, употреба на антибиотици, хранење со адаптирано млеко имаат значителен придонес во формирање на релјефот на микробиомот во рана возраст на новороденото.

    Царскиот рез може да биде медицинска потреба па дури и вонредна состојба и според Светската здравствена организација (WHO) тоа би изнесувало околу 15 % од сите раѓања.

    „Мајките треба да разговараат за ризикот со својот гинеколог кога размислуваат дали да се породат со царски, а имаат можност за нормално вагинално породување“
    Во последниве години, царскиот рез е дел од одлуката на мајката и таа одлука најчесто не е ни медицинска потреба ни вонредна состојба. Доволно силен е фактот дека мајките треба да разговараат за ризикот со својот гинеколог или бабица кога размислуваат дали да се породат со царски рез, особено кога вагинално породување е можно. Дури и кога станува збор за скромно зголемување на ризикот за нарушен имунитет и ризик за развој на астма, алергии и дијабетес подоцна во животот, тоа треба да е споделено со родилката, со цел обезбедување на добар старт во животот на нивните најмили.
     
    На Cka, makedonkamak, Kaetana и 9 други им се допаѓа ова.
  2. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Двете ги родив на ГАК, едната пред 7 години другата пред 2
    Природно, без никакви компликации
    Првата ќерка, ми пукна водењак со еден прст отворена, па ајде провокации , на патолошка полежав, па после неколку саати се породив, ми ставија епидурална, болките не ги осетив , освен самото раѓање
    Со втората ќерка, лесно беше ко песна:D, во 4,30 утрото ме примија, во 6,30 јас држев бебе во раце, толку бргу се породив што кога се јавив дома, не ми веруваа
    И повторно да раѓам, природно ќе биде
     
    На makedonkamak, Kaetana, eli25 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.027
    Допаѓања:
    40.193
    При природно породување се истиснува плодовата вода од белите дробови на бебето а при царски не. Па затоа е подобро прирородното
     
    На pandelka и fana им се допаѓа ова.
  4. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.089
    Пол:
    Женски
    Се породив природно во приватна клиника. Шиена бев долу, еден куп конци.... шетав уште првиот ден. Опоравувањето нема врска со начинот на пораѓање, туку има врска со ситуацијата и околностите, и самата личност.
    Мој личен став е дека пораѓањето со царски не треба да биде избор, туку исклучиво докторска одлука, во зависност од моменталната состојба на бебето и родилката. Убаво е бебето да си ги прими сите тие корисни бактерии при пороѓајот, како што кажа Реин погоре. Се разбира има случаи кога мора царски, фала му на Бога, и на медицината за таа опција, ама не сум да биде своеволно. Пак ќе речам, мое мислење.
    Гледав погоре спомнувавте дека се мачело бебето, помодрувало, се исчашувало. Тоа бебе е создадено за да излезе од таму.... незнам како може да ја игнорирате биологијата во вакви случаи. Ако било подобро за бебето да излезе од стомак, жените ќе имавме една огромна дупка на мевот, нели? Ќерка ми беше и модра, па црвена, па бела, после беше како јајце во главчето, па за ден, два беше лепотица :)
    Инаку, бебињата родени со царски имаат поголем ризик да фатат жолтица од тие родени природно (се разбира има и обратни случаи, но статистички гледано, тоа е факт.)
     
    На Vennera.aa, Cka, Kitten и 11 други им се допаѓа ова.
  5. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Породувањето историја и чудесија се направи. Ме потсеќа исто како и доењето, божем ако е бебето на АД млеко, мајката неспособна е да дои, не сака,итн.Како мајката да сака да дава пари по 2000-3000 денари па и повеќе месечно за млеко. Па се погодило, па повраќа од него, па не го прифаќа, па менувај фирма итн. Мислиш возвишена е жената ако се породи природно. Подобро секако е природно, но Боже мој.Искрено глупости се изначитав за оваа тема. И претерано се идеализира нормалниот пораѓај, и после идните мајки трауми и разни аверзии имаат кон царскиот пораѓај
     
    На Nisse, CameliaMiller, LadyC и 8 други им се допаѓа ова.
  6. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Само ако си родила на државно и тоа природно се важи. Така заклучив од дискусијата. Тоа е мајка. Ако немаш хорор приказа од клиника не се брои. Колку пострашна, толку поголем херој си.
     
    На CameliaMiller, darcy, Kaetana и 10 други им се допаѓа ова.
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.599
    Пол:
    Женски
    јас повеќе гледам дека идните се мајки се исплашени од природниот него ли од царски.За царскиот мислат дека одиш легнуваш и тоа е тоа.А за природниот се плашат од 'касапење' ,оставање сами на себе,и што ти уште не што у глобала ретко каде така се случува.Ако прашаш лекар и он како стручен ке ти каже дека и треба да имаш аверзија спрема царскиот пошто е операција.

    не сум осетила колку боли при царски ама сум осетила колку боли при природен.Боли како 20 коски истовремено да ти кршат.И среќа што јас за час и пол се породив ама има некој со такви болки и по 12 часа и више.Не да се херои ,женишта и пол се.Маж да ставиш на такви болки ке пцовиса одма
     
    На Beautymom, makedonkamak, victoria и 8 други им се допаѓа ова.
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    @joy1 и таа што родила царски е херој и е мајка. Не е убаво да се делат жените според тоа која каков пораѓај имала.
     
    На CameliaMiller, Kaetana, karibian и 8 други им се допаѓа ова.
  9. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.599
    Пол:
    Женски
    не реков дека не е

    ама дека се мачи таа со 12 часа на бокс повеќе од некоја со царски стои.

    ако си ми прочитала пост неколку страни у назад ке видиш дека и јас реков за трето дека би идела на царски
     
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    А таа што се мачела 12ч и пак завршила на царски? Таа што психички не можела да се помири со тоа дека детето не се врти и стои карлично наместено? Физичката болка над психичката се става тргнувајќи од претпоставка дека царскиот е секогаш избор на родилката.
     
    На Nisse, CameliaMiller, Kaetana и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.734
    Допаѓања:
    39.859
    Пол:
    Женски
    И што правиме ако нема услови.
    Еве јас отсекогаш сум била спремна за природен. никогаш не сум рекла дека сакам директ на царски.
    Арно ама моево бебе не може да се сврти и се потешко да се сврти. Ќе видиме што ќе каже и докторот што ќе ме пораѓа, ама двајцата со кои правев муабет до сега викаат тешко.8-|

    Другарка моја плачела на бокс, кога после незнам колку саати мачење почнало бебе да губи тонови и и рекле дека мора итен царски. Не можеле да ја смират.
     
    На LadyC, kukla21, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.599
    Пол:
    Женски

    а нели е често избор а не индикација?

    еве мене избор би ми било .Затоа што уште 3 да родам секогаш страв ке имам.И затоа што мислам дека полесно и побезболно ке поминам со царски и побрзо секако.
    можеби па тогаш искуството ке ми покаже дека грешам.

    јас сега можам само да зборувам од моја гледна точка а ти од твоја.
    Навредена не треба да си затоа што не ти ни упатив навреда.

    од она што јас сум го видела од таму правам паралела во мојата глава

    и исто и овде се помеша темата како кај доење спрема ад.Каде зборуваме за ИЗБОР а не потреба
     
    На simonka93, Lolipop23, Cka и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.734
    Допаѓања:
    39.859
    Пол:
    Женски
    ^Проблемот не си ти што сакаш избор.
    Проблем се оние кои напаѓаат жени што се пораѓаат царски, без разлика дали е избор или индикација. Не е фер да се трауматизираат родилките кои ќе се породат царски со разно разни изјави дека не било добро за бебето.
    Треба да се има обзир према тие што немаат избор, дека не треба да им се прават трауми. Во ред е некој да каже дека негов избор е природно, ама да напаѓа другата опција не е во ред. Не дај боже, викам не дај боже тие да треба да завршат на царски.
     
    На Skorpija25, karibian, iki26 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.213
    Пол:
    Женски
    Леле Кукла, не го очекував ова од тебе. Цела дискусија ја иавади од контекст. Од целиве муабети ти навистина само ова го сфати? Ништо друго?

    И зошто секогаш се оди со тоа мајка/немајка, херој/кукавица? Кога веќе мајките со царски се наоѓаат навредени (за се и сешто и според мене непотребно) тогаш ај ако не и јас да се навредам бидејќи мислите оти сум немајка што сум го мачела детево да се роди природно, кога сум можела царски, на пример?
     
    На victoria, kukla21 и Cka им се допаѓа ова.
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.599
    Пол:
    Женски
    трауми и страв има кај сите.
    Зошто упорно одите со тоа дека само оние со царски се со трауми а на другите им е лесно?
    кој сега прави поделба?

    а тоа дека некој некогаш ве нарекол немајка тоа е само во вашите глави верувај ми.Јас никогаш не сум слушнала дека жена така нарекла друга жена поради било кој факт.Тој епитет самите си го наметнаа некои без потреба за да се крева тензија.

    ако јас тебе ти кажам дека царски не е ок по секоја цена не значи дека сум те нарекла неспособна жена.

    искоренете ги тие изрази од вас.

    темата е поставена.Треба да се дискутира.Ако сите ќутиме ке нема ни форум :)
     
    На LivingGlam, victoria, jacqueline.s и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.734
    Допаѓања:
    39.859
    Пол:
    Женски
    Токму така. Трауматични се и двата пораѓаи. Затоа викам нема потреба од дотурање на масло на оганот. За мајки/немајки не коментирав јас. Никој не може да ме навреди дека сум немајка ако родам царски. Јас си знам што осеќам. Мене ми беше муабетот ми беше за она па знаеш ли ти што значи тоа за бебето. Нема да има имунитет и незнам што (ова кажано со прости зборови), не сфаќајки дека ќе се секирам дополнително за моето бебе.;)
     
    На LadyC, augustd, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.101
    Допаѓања:
    37.575
    Пол:
    Женски
    Повеќе траума доживуваат оние кои родиле природно од оние кои родиле со царски рез. Не за џабе викаат дека природниот пораѓај е најболното нешто, тоа е факт и никој не може да го оспоре.
    Која како си сака и како ѝ е полесно, така нека си се породе. Ама, да биде информирана за последиците и позитивните/негативните страни.Ние овде не треба да им судиме на оние чиј избор бил царскиот, а да ги величаме оние породени природно.
     
    На victoria, Annath, TashSefton и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.070
    Допаѓања:
    17.204
    Ете јас со такви болки, од 6 сабајле во 21х се породив. Кога стигнав на бокс се тресев цела и повраќав од што бев измрцварена цел ден. Ама во тие моменти ти доаѓа сила. И сега се чудам како издржав.
     
    На makedonkamak, victoria, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Мене воопшто не ми е нити чудно нити би рекла нешто против некоја ако сака царски без индикација. Доволно е возрасна и свесна за својот избор. Сигурно разговарала со доктор, сопруг. Не осудувам. Иако околината збори. Другарка ми што се породи во Санте по своја желба царски сите другарки ја изоговараа.
     
    На CameliaMiller, victoria, LadyC и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Sfera

    Sfera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    2.416
    Се породив природно пред 9 години и тоа за 15 минути. Болките за кои зборувате не ги ни осетив. Ете ја имав таа среќа да поминам најбезболно породување што може да се замисли. Бескрајно благодарна сум му на Бога за тоа!!!

    Кога ќе размислам како се породувале нашите баби во мизерни услови и тоа не со едно, две туку со 6,7, па и 10 деца, ми доаѓа на ум само едно "распиздени".

    Царски, ако има индикација!

    И да во државна се пораѓав, ниту сум мизерна, ниту маж ми е скржав!
     
    На victoria, Kitten, Luna91 и 2 други им се допаѓа ова.