Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спонтано породување или со царски рез?

Дискусија во 'Бременост' започната од Cka, 30 јули 2017.

?

Каде и како се породивте?

  1. Природно, во приватна клиника

    101 глас(а)
    17,8%
  2. Природно, во државна клиника

    211 глас(а)
    37,1%
  3. Со царски рез, во приватна клиника

    118 глас(а)
    20,8%
  4. Со царски рез, во државна клиника

    158 глас(а)
    27,8%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Поубаво под воз да се пикнам него природно да раѓам.
    Првиот пат родив природно и ок беше ама со малиов и ако се знаеше царски они природно пробуваа.
    Болките неможам да ги опишам значи цела клиника ме слушаше, сите ме дознаа од сит е оделенија.
    Тие болки траума цел живот ќе ми останат.
    Чуството кога дојде сестрата со бричот и рече одиме на царски неможам да го опишам.
    Па кога ме боцнаа за спинал и болките секундарно исчезнаа, почнав да пеам:D
    Ако даде бог да му родам на син ми даде или бато секако на царски ќе одам.
     
    На AngIv, NovusOrdoSeclorum, thelittle17 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    А јас не разбирам зашто ве вреѓа туѓо мислење (без разлика кој став го застапувате) па почнувате вреѓање на физичка основа :^)
    Навистина не ви личи жени. Наместо да се поддржиме и сочувствуваме, ние контра. |(

    Жени сме, и без разлика како сме родиле, физички сме променети (некој ќе рече-оштетени) и нема назад. Сите се помируваме со тој момент бидејќи и со тие промени нормално се живее. Толку!

    Форумче, извини што ќе прашам, но дали добро се сеќавам дека ти работеше како акушерка?

    @CameliaMiller дали Каме е трудно? ^_^
     
    На LadyC, azelea, forumce и 2 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.049
    Допаѓања:
    268.666
    Не сум, ама планирам да бидам.
    Со гин. отворено зборував за тоа што ми се случува, согласен е дека во мојот случај најпаметно е без возбуда да пројде евентуално.
     
    На mal.ecka, LadyC и Kitten им се допаѓа ова.
  4. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Со лесно (fingers) :hug:
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  5. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Јас знам девојка со ист проблем.
    Психијатар даде извештај и ја породи ја со закажан царски.
     
    На mal.ecka, LadyC и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  6. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Да, договорно бев лани. Ама веќе не сум таму.

    Мене бебето моментално ми е во ситус трансверсус положба, ако не се сврте, мора царски. Јас не се плашам од природниот пораѓај, туку од она бркање раце внатре и од опоравувањето.
     
    На mal.ecka, Kitten и LadyC им се допаѓа ова.
  7. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.382
    Пол:
    Женски
    Па да ти кажам тоа бркање само го памтам за 2 дена лежење на патолошка. Бебето ми беше високо, не можеа да ме докачат, маста ми ја извадија. Опоравувањето песна ми беше, болките ги заборавив ама тоа брцање нема да го заборавам. Затоа следно бебе здравје ќе чекам болки, па тогаш болница. Со ова од ич отворена до раѓање господ го видов. Ама пак би раѓала природно ако немам индикации за царски.
     
    На Freyja, MilaSs12, LadyC и 2 други им се допаѓа ова.
  8. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Јас имам пишувано неколку пати за тоа колку тешко се опоравував. Секоја вечер сум плакала од болки. И сега во оваа бременост имам проблеми од таа епизиотомија од првиот пораѓај.
     
    На fana, Cherry333 и LadyC им се допаѓа ова.
  9. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.204
    Допаѓања:
    148.425
    Пол:
    Женски
    Друго е да поддржуваш едно повеќе од друго, а друго е да кажуваш какви особи се тие кои бираат.
    Бирам зашто имам избор, не сум повеќе или помалку мајка, не сум попосебна, се нафаќам на операција која е покомплицирана од природно, сакам да немам болки при отварање и сл версус болки од царски.
    Јас лично ниедна не ја сметам повеќе или помалце за било каков избор у животот се од почнување на чинот раѓање па на даље.
    И никоја не ја плашам дека од царски може да и се деси нешто оти е толку голема пракса ова поготово кај нас што од шала го завршуваат.
    И секаде има ризик .
    Господ да не чува сите.
    Сите сме мајки и сите ги сакаме најмногу нашите чеда.
    А очи превртување ми е уствари момент каде да ми е до мене, макар и сестра ми да е, најверојатно шамар ќе и врзам оти е дрско и безобразно да си дава за право да ми превртува очи во момент кога сум морала (ај што сум сакала) ради снемување на плодова вода на итен царски да завршам од обична контрола у 37+2 .
    Ама веќе ништо не ме изненадува на форумов или на фб, се гледа дека ради пандемијата луѓево се повеќе дома него било каде ( бар посвесните ) и си наоѓаат причини да се препираат, а и јас сум веќе некаде натаму со нерви што едвај чекам да ми улета некоја која сака жустра караница. :rofl:
     
    На AngIv, NovusOrdoSeclorum, Izzy_0504 и 11 други им се допаѓа ова.
  10. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Ако родиш царски нема да знаеш што е мајка да издржи болка:D:!::envy:
     
    На NovusOrdoSeclorum, thelittle17, kukla21 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.345
    Допаѓања:
    113.080
    Пол:
    Женски
    Пошто со @forumce заедно бевме бремени и децата ни се два месеци разлика памтам многу убаво како помина.
    Јас од царски станав, се движев и се грижев за бебе, таа уште се мачеше со раната од природно.
    Да, таа се породи природно, јас царски.
    И не, не помина подобро од мене.
    :(
     
    На AngIv, Izzy_0504, thelittle17 и 8 други им се допаѓа ова.
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Другарка имала односи 2 месеци после царскиот. Кога ја слушнав ќе паднев во несвест. Мене уште не ми беше раната заздравена како што треба по 2 месеци
     
    На Izzy_0504, LadyC и fana им се допаѓа ова.
  13. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Жал ми е форумче што вака си поминала. Навистина еден убав момент ти го уништиле со компликации.
    Сепак ова ретко се случува, статистички незнам колку, но малку се ваквите што имаат проблеми со епизиотомија.

    Операцијата како операција кај голем дел ќе помине лесно, @LadyC ова е она што ти го кажуваш, ваквите операции се практично рутински. Но ве молам читајте какви сѐ последици влече со себе операцијава, барем оние што планирате сами да ја бирате како опција. Некои последици се јавуваат после 20-30 години. Дај боже кај никој, но ете мора да се знае.
    Мислам дека не се чита доволно, на повеќето доволно им е мислењето на форум или комшиката како поминала. При толкава база на податоци во 21 век како што е интернетот, да се сведуваме само на мислењата на форум е жално.
     
    На Annath, Cherry333, Freyja и 2 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.049
    Допаѓања:
    268.666
    Мислам дека многу жени ќе бираа природно, доколку епидурал беше нешто што можеш да одбиеш, а не нешто што е незамисливо да добиеш.

    Немам зборови, не знам соодветен збор за тоа, дека во 2020 епидурал не е опција.

    Има луѓе паничари, има луѓе со низок праг на толеранција на болка, да ја имавме опцијата епидурал, многу повеќе ќе се охрабрувавме.

    Не само сто саати со болки, па мртви уморни веќе на бокс, па измачување до последно за да не оди царски, па на сето тоа и шиење без анестезија, еве не знам, во мои очи е нехумано и нечовечно.

    Да, природен процес е, ама природно е и заб да се расипе, па не' обезболуваат.

    Не е нормално таков чин да е толку трауматичен и тоа да ни' биде нормалното.
     
    На SmartyWifey, AngIv, Chanell* и 18 други им се допаѓа ова.
  15. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е било до самата епизиотомија или до конците или нешто трето. Можно е и до конецот да е. Ќе разговарам со докторот за ова, да не се повтори.
    Инаку се шие со локална анестезија со лидокаин. Колку побрзо по пораѓај се сошие толку е побезболно. Имав болка ама не до толку
     
    Последна измена: 2 декември 2020
    На Jana06 и LadyC им се допаѓа ова.
  16. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Да, се сложувам. И не секој исто поднесува болка. На некој му е траума и поправање заб.

    Навистина нема идеални услови на државно, а тоа е она што е потребно на секој пациент- нега. А како тргнала работата во здравство, освен без анестезиолози ќе останеме и без гинеколози. Ќе избегаат сите на приватно или во странство. Таа жена што нема пари за приватно, ќе раѓа дома. Не ми се ни прави муабет на темава колку сме бедни.

    А како џокер у покер им доаѓа на гинеколозиве-акушери ситуацијава без анестезиолози за да лапнат бонуси за секоја завршена операција. Така што не им е ни многу тешко да ги убедат пациентките да прифатат. И ова е бедно.
     
    На LadyC, azelea, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    @Kitten Истото како Камелија ќе го пишев, да беше епидуралот опција секаде кој би отишол без индикации на царски? Се согласуваме дека сепак е операција од која се опоравува долго, но еве и да седнам сите трудови на интернет да ги прочитам, пак ќе сакам безболно породување.
    Јас и други членки многу пати сме пишувале на форумот дека сакаме епидуралот да го имаме како опција, абе жени (жени!) скокаат како тоа порано раѓале, не било ништо страшно, па анестезијата ја претставуваат како нешто многу лошо.... Абе мазохисти, бог да чува. Маж ми повеќе сочуствува за болките на родилка него некои членки тука.

    Завршив на царски со плачки, епидуралот ми беше приклучен и ќе се породев природно и безболно, но ете на крај мораше така. Толку пати сум се осетила лошо на овој форум дека сум царски, секое пишување некоја пробува да не претстави како да сме ја избрале 'полесната' опција, толку обиди за омаловажување. Капа симнувам на жените што родиле природно и што ги трпеле тие болки ама од што таа злоба во нив (со исклучоци)?
    Како сакам ќе раѓам, колку пари сакам ќе фрлам за пораѓај, барем не учествувам во криминалот мито. Наместо да смислиме на женски форум како да се избориме за безболен пораѓај и човечки третман, ние уште како во 19ти век ќе се величиме која поголеми болки издржала.
     
    На fana, Chanell*, LadyC и 16 други им се допаѓа ова.
  18. Moce19

    Moce19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2020
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    2.815
    Пол:
    Женски
    А што да кажат тие жени, еве на пример јас, што цел живот сум мислела и сум сакала да се породам природно, меѓутоа бебињата(близнаци) ми се зачнати со инвитро со многу мали резерви и скоро минималистички шанси за успех, каде двете се поставени едно врз друго, карлично.. И да напоменам прворотка.. Ни мене искрено не ми се ризикува да се породам природно, иако има многу случаи каде жени со близнаци, тројки се пораѓале природно а верувам дека и на докторите што ме водеа и ме водат им се ризикува да ме породат природно... Не дека со царски е исклучена било каква компликација или слично ама јас нема да се осеќам помалку мајка и нема да дозволам некој да ме гледа и третира така само затоа што не сум родила природно. Секоја мајка а верувам и доктор посакува на крајот да има позитивен исход и за бебето и за мајката а со самото тоа и лично задоволство и успех за него.
     
    На fana, Izzy_0504, thelittle17 и 8 други им се допаѓа ова.
  19. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Ивф, карлично поставено бебе, близнаци, диспропорција, СЕ индикација за царски рез секогаш.
    И е реткост карлично бебе или близнаци да се родат по природен пат, многу ретко е тоа
     
    На fana, mssuniquee, LadyC и 4 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.049
    Допаѓања:
    268.666
    Ама која сака скроз природно, гоу фор ит.
    Никој со сила нема епи да им стави.
    Ама не може да не е опција. Не може.

    За себе зборувам. Да знаев дека ќе бидам безбедна, дека нема да ме остават да се мачам, до сега може и ќе родев. Ама стравот е страшна работа, јас највистински губам свест од страв, забарот од памет го имам извадено така.

    И не е друго во прашање, туку што не се чувствуваме безбедни, немаме доверба, а нема полошо од тоа.

    Да знам дека до мене има персонал кој ќе направи се' да ми помогне, да ми олесни, да ме поддржи, можеби и јас ќе собирав кураж.

    Сега само пари собирам за приватно.
     
    На fana, Izzy_0504, Harper и 9 други им се допаѓа ова.