Тоа и сакам да го кажам, џабе мојата желба и мислење што сум си го имала од секогаш, дека ќе се породам природно како што се пораѓала мајка ми, баба ми и сл.. Никогаш неможеш однапред да знаеш што и како ќе биде. Има исто случаеви прва бременост природно, втора царски и што они првото бебе поише го сакаат од второто дека со него се измачиле или обратно...
На докторите секогаш прв избор им е природно породување. Со причина е така. Кога има индикација нормално ке биде царски. Но кога нема,сериозен лекар не се води по желби . Царски рез по желба,без индикација е спротивен на лекарската етика.
Кој кажа дека жени кои избрале царски се помалку мајки и го избрале полесниот пат? Па има ли потежок пат од царски? Жените кои ги запознав во предродилна, родија природно по мене а летаа по ходницни, јас уште не бев станата и со катетар бев. Не знам како не разбирате дека сакаме да кажеме дека царскиот е операција, поризична и поопасна опција. Статистички, повеќе работи можат да тргнат лошо при царски, отколку при придодно раѓање. И јас велам дека второ дете ако имам, нема ни да размислувам за природно, ама од многу аспекти природно е подобро и за мајката и за бебето. Отидов со мисла да родам природно, иако знаев дека плодот е голем и ке биде мачно. Не е етички пациентот сам да избере царски затоа што има желба, не е битно каква. За пари, исклучиво за пари, докторите ви дозволуваат да го ставате животот на конец. Некогаш дури и ве убедуваат дека треба царски за бебето да не се мачи??? Само во држава во која нема основна нега за пациенти, сите не само трудници, нема епидурал ама има царски по желба.
^Не си видела како вадат со вакум полумртво бебе после тежок природен пораѓај и како го реанимираат, не си видела како има жени што на бокс се онесвестуват и не напнуваат, па докторите рипат буквално на стомакот за да излезе бебето и кога ќе го извадат е млитаво, полуживо. Не дај боже само да го доживееш тој стрес. И да, со природниот пораѓај бебињата се поизмачени
Не се измачени, природата го направила процесот таков, @Kaetana наназад објасни кои се бенефитите од природен пораѓај. Тоа минување низ родилен канал има цел. Не е малтретирање, иако изгледа така. Знам што се може да се случи, секој пораѓај е ризик, природно, царски, самиот процес е ризичен. Порано немало царски па жени умирале на пораѓај, познато ни е на сите. Сега постои царски ама ако има индикација, а царски како желба никогаш нема да оправдам. Како може доктор да предвиди како ке се одвива раѓањето? Мислиш некој доктор сака пациент да почине во негова смена???
Кога ќе работеш на акушерско ќе ти се разјаснат работите. Да не зборувам дека на докторите им е повеќе страв од природниот отколку од царскиот рез
Не е лигавење. Психијатар ке даде препорака. Ова не е вистина. Секој гинеколог му е прв избор природно породување,заради ризиците кои се поголеми од царскиот и морталитетот на мајки и бебиња. Тетка ми е познат гинеколог сега во пензија во Хрватска и ми има сто пати повторено никогаш ниеден гинеколог нема да стави царски на прво место. Да едитирам. Освен за пари и без никаква мед. етика.
Ок. Штом тетка ти од Хрватска што работела пред х години така рекла, тогаш нека биде така. Јасти кажувам како е сега а не во времето на Тито
Генерално за докторот е полесно царски, шала на страна. Ептен рутинска, и брза работа е. Факт е дека е најдобро природно, но исто така факт е дека на колење, а не на раѓање, одиш во државните болници. На сета мака, на немање никакво средство за обезболување, на немање никаква поддршка, на немање никакви услови, уште и генерално ќе се најде некој да ти рече - а ти што си мислеше? Јас тврдам дека жениве не одат од пекмез на царски, туку од страв и недоверба.
Како е сега? Сите на царски одат? Поинаку се раѓа природно? Не им е полесно царски. Царски е операција луѓе ,на природен што прави гинекологот?Второто го родив за 5 минути,4 кг.многу тешко му беше на гинекологот. Какво колење,што ви е луѓе? Две деца родив ,првото 18 саати болки ,второто експрес раѓање,во државна и никогаш не реков колење е. Сите еве заклани сме. Зошто си правите вакви филмови.
Природното секогаш било и ќе биде исто. Ама апаратурата, опремата, средствата во сала некогаш и сега не се исти
Никој не коментира околу лекарската етика (иако магично забораваат што е етика кога ќе дадеш плико), ниту дали е ризично да одиш на царски рез. Муабетот беше жени одат на царски рез од паника и страв, недоверба во македонското здравство и некоја на тоа преврте очи и кажа дека е лигавење. Престанете да кажувате што е најдобро за другите. Сите имаме интернет и ги знаеме придобивките и ризиците од природен пораѓај и царски рез. И покрај тоа, пак поголемиот дел бираат царски, па сеа донесете заклучок сами.
Ако си стварно акушерка треба да ти е срам вакви глупости да трескаш. Пораѓај се како сакаш на никого не му е гајле. Ама бебињата природно не може да се поизмачени затоа што е ПРИРОДНО пораѓање. И со природно пораѓање може да се случат тие сценаријата што ги имаш набројано, и со царски може да се случат компликации затоа што е прилично голема операција. Од вакви здравствени работници ко тебе немаат луѓе доверба во здравствен систем. Не би отишла царски ако нема причина. Причината може да биде психолошка, ако психијатар рече дека има индикација. А ако нема причина, не би одела и доктор не треба да прави царски по желба. Од друга страна, за да не ти дозволат царски по желба, мора да ти обезбедат епидурал, а кај нас сеуште нема на државно, ко 12ти век да сме. Читав студија дека се стеснува грлото на матката еволутивно од многу царски по желба. Атрофира каналот од што не се употребува и ако продолжиме вака, еден ден и тие што сакаат да се пораѓаат природно, нема да можат. Ама, форсирање природно само ако нудат епидурал. А ако нудат епидурал, не треба по желба, туку само по индикација.
Зашто сме виделе, а некои и искусиле. Не мора да одам подалеку, доволни ми се другарките најблиски. Ни една ни за 5, ни за 50 минути не роди. Со саати и саати со болки, со онесвестувања, со крв губења, со се' по ред што напишав. Верувам дека има "среќлии" како тебе Косми, ама повеќето не се. И пак да се вратиме, дека нема ни епидурал, ни гас, ни бутур, доволна причина да бегаш од државна болница или врски да фаќаш за царски. Тогаш кога ќе има добри услови за природно пораѓање, ќе има и заинтересираност повеќе за истото. Иначе џабе се натегаме, не знам за тетка ти како оперирале, ама сега царскиот стварно е ептен рутинска работа и прилично лесна за докторот и цел персонал генерално. Да постои избор природно со епидурал вс. царски, сигурна сум дека за првото ќе има повеќе заинтересирани. А во однос на етика, мислам дека секоја жена треба да има (информирано) право да одлучи како ќе раѓа. Природно без никаква аналгезија, епидурал, царски, во када, со бабица дома, значи... како се чувствува најбезбедно.
^ Ова ми е кажано од искусни акушерки со 40 години стаж. Јас немам од што да се срамам. На крај краева меѓу теорија и пракса има многу голема разлика.
Има жени кои на приватно сами си избрале царски, поголем дел се такви случаи на форумот. Таква голема операција никогаш не е рутинска. Прво, не се знае како ке појде работата од анестезија, па притисок, паника на пациентката, па крварење итн.
Бидејќи се породив природно на приватно и качив мн висок притисок кој беше ризичен за цел процес, кога им реков можеби царски ќе беше подобро, ми рекоа не, дури и полошо би било. Си знаат тие што е и како е. Затоа луѓе не си играјте со давање од ракав информации што е лесно, што е тешко. Секаде постојат компликации кои може да се случат. Психолошкиот момент е индикација за царски, мајката и бебето се битни и нивната состојба. На крај тоа е најбитно.
Бираат? Бираат тука,затоа 70% од породувања во приватни болници се извршени царски. Со Бразил сме тука некаде.Кај нас било 35% 2017 сега е сигурно околу 40% таму 50% ке ги стигнеме кај и да е. 29.6% in the Middle East and North Africa. Шведска 17% Во Хрватска е 24% Англија 22% The cesarean rate in the Netherlands is 14 percent, Германија 22%. Сигурно будали се лекариве секаде кај што држат овој процент. Треба по желби царски да прават.