Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спонтано породување или со царски рез?

Дискусија во 'Бременост' започната од Cka, 30 јули 2017.

?

Каде и како се породивте?

  1. Природно, во приватна клиника

    101 глас(а)
    17,8%
  2. Природно, во државна клиника

    211 глас(а)
    37,1%
  3. Со царски рез, во приватна клиника

    118 глас(а)
    20,8%
  4. Со царски рез, во државна клиника

    158 глас(а)
    27,8%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ти треба да се срамиш што си акушерка, а кажуваш небулози дека биле бебиња со природно пораѓање измачени, пошто ова го знае секој од општа култура дека не е точно, а акушерка да не го знае е страшно.
    Совети ти дале можеби оние акушерките најстарите што уште даваат совети за мед на цуцли и вода со шеќер за грчеви.
    Немојте нешто ново да прочитате.
    Во родилен канал има бактерии кои кога ќе помине бебето го штитат од многу болести, па се смета дека имаат и влијание години, години натака.
    И да не редам други бенефити на природно во однос на царски пошто имаш интернет.
    Да беа поизмачени бебињата, никој доктор немаше да форсира природно ако нема причина за царски.
    Што прочитав :headbang:
     
    Последна измена: 2 декември 2020
    На naturally, ivi1987, naturallmess и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    88.448
    Пол:
    Женски
    Среќлија со 18 саати болки.:tmi:
    Не,туку и покрај тоа што ми изгледаше вечност и сакав царски,(типичен страв кај прворотка)
    тоа е нормален процес,нормално е да боли.
    Второто го родив за 5 мин.
    Во лифт ке го родев.
    Требаше да барам царски за второто понесена од првото искуство?
    да правам операција?
    И не Камелија,воопшто не е така,царски е операција колку и да е рутинска,ризикот е поголем,ова ке ти го каже секој гинеколог и денес и пред 20,50 години.
    Преплашени сте од муабети.
     
    На Kaetana, ivi1987, JuLleE и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Да, бираат. И тоа и во државни, не само во приватни како што милувате да кажете.
    А зошто ли во европските земји стапката на царски рез е пониска, кхммм :?:. А да, зашто имаат опција епидурал.
     
    На fana и LadyC им се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Си слушнала некоја да оди на болница, и да ја породат царски без да ја почекаат да не се отвори, без да и дадат провокација?
    Јас не. Сите ги почекуваат.
    Освен ако имаш јаки врски фатено, можеби тогаш, не знам.
    Ама царски по желба, без индикација, не сум слушнала.
     
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    @CameliaMiller царски без индикација, (ич да не ја спомнуваме мајката), е на штета на бебето. Оти кога поминува низ родниот канал добива нешто што е попознато како microbiome wash, една премивка која значително го подобрува имунитетот на бебето. На децата родени со царски им недостасуваат ови микробиоми, и иако порано се мислеше дека нема разлика кога ќе ги стекнат, се повќе и повеќе истражувања покажуваат дека децата родени природно се во имунитетска предност пред децата родени со царски.
    Вчера збореше дека првично е доброто на детето. Што стана со тоа?
     
    На naturally, MacenceEna, mssuniquee и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    88.448
    Пол:
    Женски
    Не милувам јас да кажам.
    Статистиката така говори,од вкупно 35% царски 70% се извршени во приватни клиники.
    А и без статистика сами и на форумов пишуваат за договор за царски со гинекологот.
    Не да има царски по желба кај нас.Колку сакаш.
    Гинеколози профитери куп .И приватно и државно,.
     
    На ivi1987, mssuniquee, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Moce19

    Moce19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2020
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    2.815
    Пол:
    Женски
    Значи мајките кои се со индикација за царски поарно да се утепаат (во најгруба смисла на зборот) зошто нивните деца ќе заостануваат имунитетски и слично...
     
    На fana, Izzy_0504 и LadyC им се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Желба за царски не е индикација.
     
    На Kaetana, mssuniquee, Cherry333 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Да, пишав поназад. Уредна бременост, никаква индикација за царски, две жени што ги познавам си платија кај доктор во Чаир и беа на закажан царски. Едната едно дете, другата и со двете на ист начин.
    Оваа опција постои и во приватните само што не е таму по дифолт дека ќе одиш на царски. Затоа ми е многу интересно како сите мислат дека приватните форсираат. Во приватна имаш епидурал, ти ја ставаат и одмараш. Точно дека не те чекаат 3 дена како во државна и ќе ти предложат и порано царски. Може затоа процентот во приватните е 70% (ако воопшто е точна оваа информација, не го видов изворот). Многу е логично дека ќе биде повисок, плаќаш висока сума уште да те мачат 3 дена.
     
    На LadyC, ..barbie.. и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  10. Moce19

    Moce19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2020
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    2.815
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам и со и без индикација децата на тие мајки ќе заостануваат во едниот случај не по нивна вина...
     
    На Izzy_0504 и LadyC им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не треси зелени. За медицински факти зборуваме.
    Индикација за царски е сериозна работа. Ако постои индикација мора да има царски и тоа е тоа. Ама царски не смее да се извршува како на желботека.
     
    На MacenceEna, naturallmess, mssuniquee и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Па приоритети се одредуваат.
    Ако нема индикација за царски, приоритет е бебето да ги добие бенефитите од природно пораѓање.
    Ако има индикација за царски, индикацијата станува приоритет.
    За се е така не само за пораѓање.
     
    На naturallmess, Kitten и Moce19 им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.117
    Допаѓања:
    180.803
    Дали стварно, можеш да избереш царски и на државно за пари?8-|
     
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Можеш, ама ќе треба дебели врски и да платиш.
    Затоа на приватно се иде, барем само ќе си платиш...

    Од лекарки има слушнато "аааа, следното обавезно со царски го раѓам"... онака, језиво...
     
  15. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    И моето мислење завршува овде. Сезнајки, лекари над лекарите, се е собрано на фемина.
     

    Прикачени фајлови:

    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  16. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Да беше царскиот толку страшен како што овде некои се обидуваат да го прикажат нема да има толку многу царски пораѓаи по желба. Од мене толку на темата, нека кажат некои постручни кои присуствувале и на двата вида пораѓаи
     
    На LadyC и Krofna* им се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    88.448
    Пол:
    Женски
    Регуларно не,но ги знаат кои се ,пари во џеб и ке бидеш царица
     
    На LadyC и DAngel им се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ок, од Македонија статии.
    Кога ви одговара - еве што викаат лекарите.
    Кога не ви одговара - лекарите во Македонија ништо не знаат.

    На светско ниво гледај како е.
     
    На Kaetana и JuLleE им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.117
    Допаѓања:
    180.803
    Не ти го разбирам ни ставот, ни лутењето. :?:
    Стапката на царски е пониска оти желба за царски не е индикација. Толку.
     
    На ivi1987, naturallmess, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Да, во главно е така на форумов. Сум добила негативни критики и за педијатарот кај што го носам, за гинекологот, за болницата. Јас никаде не сум напишала ништо против лекар освен еднаш за Надица од Мама ординација и таа секогаш ќе биде голема 0 за мене.

    Мене лично ништо не ми одговара буквално сеедно ми е како ќе раѓаат другите жени. Кога уживаат во болката нека не се жалат тука како без анестезија ги шиеле, како им се дереле, колку конци имале. Ако има некоја иницијатива за безболно породување и човечки третман, прва ќе се приклучам.
    А за мое тело одлучувам јас.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.