Воопшто не се лутам Стапката е пониска зашто жените во Европа имаат повеќе опции за безболен пораѓај и не мораат да одат на царски за да поминат со анестезија. Да имаше тука било каква опција, помалку жени ќе идеа на царски. После сите приказни ете, индикација е, ви се свиѓало тоа или не. Мое тело, мој избор.
Никој не ужива во болката. За твое тело не можеш да одлучуваш ти кога некој друг извршува голема операција. За твое тело можеш ти да одлучиш дали ќе одиш во болница или ќе се пораѓаш дома на кревет. Кога ќе стапнеш во болница, неможе желбички без причина. Уствари кај нас се може за Ама знаеме кај нас како е и за се друго.
Кога има пари мајката, се е нереално. Кој смее да и каже дека не е убаво нешто да прави. Кога нема, која ја шиша, мора да најде. Уште вчера ако треба...
Ок. Не' има и такви нехрабри. А јас немам намера природно да ме боли 18 саати, ни 8 минути болка не трпам, ама никаква. Да не зборам дека адреналин никако не ми е потребен. Ете, јас од лигавост деца, дај Боже, несвесна ќе раѓам. Едит: среќлија во контекст дека не си доживеала трауматично и трагично. Јас вистински се онесвестив на забар, и вистински бев во шок на забар, се тресев и не можеше ништо да ме смири. Тие ми се границите, односно немам граници, не трпам болка и се плашам кога ме боли.
Трудница по професија гинеколог се породи со царски рез без индикација во 38ма недела зашто едвај чекаа и до таму да стигне, беше со вештачко оплодување (последна шанса). Мајка и е познат гинеколог на државно ниво. Уште малку и ќе испадне дека се залагам за царски, како тргна работата. Ви се извинувам, но мислењето на неколку жени на форум не може да има повеќе тежина од мислењето на гинеколог.
Не те разбирам. Ако напишеш "мислењево е од гинеколог" автоматски треба да ти веруваме, готово гинеколог кажал, закон е? Има многу, многу гинеколози низ светот кои нема да се согласат со нашиве гинеколози кои прават царски без причина. И? Чие мислење има повеќе тежина?
Аман. Лигава средна класа сум Ангел. За мојот вагинален канал сум најзаинтересирана, и за она што ќе пројде или нема да пројде низ него. Едит: тој што смее да ми каже дали е убаво или не, е еден од најдобрите гинеколози што ги познавам. Не прашав Трајанка комшиката што е најдобро ЗА МЕНЕ. Не прашав за сите жени, ај на следна контрола.
зашто едвај чекаа и до таму да стигне - дали тоа значи дека природно породување би било проблематично? Дали природното породување носело некој ризик за бебето, оти твоето мислење баш така звучи, дека тоа го направиле за да го задржат бебето. Оти толку, немаат друга шанса. Значи не било без индикација, ако имало шанси да го изгубат бебето со идење на царски.
Ајде од почеток ќе почнам, стандард правење каша попара пошо ви е досадно. Ниеден гинеколог нема да ти рече дека е подобро да родиш царски. Но, ако сакаш да родиш царски за да избегнеш хорор во македонските болници не е воопшто страшно како што се прикажува. Тоа што го доживеав со болките наспроти царскиот е пострашно. Кај краева бе луѓе идете си во болници кај што се осеќате безбедно, слушајте си ги докторите на кои им верувате. Зошто им кажувате на другите каков избор да направат и кој избор е најдобар за вас?
Во било која друга држава ќе го разберев муабетот, ама овде... не, не го разбирам. Дента кога ќе се понудат хумани услови за раѓање, може да правиме муабет. До тогаш, опциите ни' се прелимитирани.
Кој раѓа на државно со врски и епидурал ке добие и лајт спинал. На приватно добиваш што сакаш, и епидурал и царски, само посакај е работата. Значи, ако имаш пари ке добиеш царски по желба, ако не нема. Да отидеш и да кажеш јас сакам царски, а ни пораѓајот почнал, ни болки искусени, ни трудницата уморна, ни ништо, го има само кај нас.
Не ти се сигурни ни врските на државно, освен ако шо знам, анестезиолог што не е на смена ти е врска, па специјално за тебе дојде. Ако има некаде критично, таму ќе оди, па имај си ти сто врски, не една. За приватните не знам, јас на гине се префрлив приватно уште кога почнав да размислувам за правење дете, никогаш не ми рекол шо се замараш, топ е царски, баш напротив. Ама добив разбирање за други мои дијагнози, па стекнав доверба, да сме живи и здрави, да бидам некогаш трудна, кај него и бременост ќе водам и ќе ме пораѓа. Дали со епидурал природно, или царски со спинална/општа, оставам на него. Оти му верувам дека нема да ме остави да се мачам, што и да биде.
Додека ве читав ми излезе статијава па кој сака може да го погледне.Приказ на царски рез https://deca.mk/doktorka-i-nejziniot-4-godishen-sin-izveduvaat-tsarski-rez-so-pomosh-na-plastelin/?
Никогаш такво нешто не сум рекла, ама ниту еднаш, ни во оваа, ни во друга тема кога станува збор за мое здравје. Слушам доктори, а ако "ми смрди", барам второ, трето мислење. Мое лично мислење е, ако начекам пресамоуверен доктор, на пример овој да ми речеше - ај бе шо ти е, илјадници така породив - ќе го сменев. Мојата критика е дека државно немаме услови достоинствено да се пораѓаме, затоа профитираат приватните, со повеќе или помалку етички однесувања.
Кој доктор може да ти гарантира дека никако нема да има индикација за царски? Постои таков? Како може доктор уште пред да забремениш и пред да види како е се одвива бременоста да ти каже "нема шанси, не може царски." Не сме ние некои секташи кои се строго против царски, не знам од каде ти тоа. Зборуваме за со индикација и без индикација. Никој не смее да ти каже "не може царски", ако има индикација за тоа.