Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спонтано породување или со царски рез?

Дискусија во 'Бременост' започната од Cka, 30 јули 2017.

?

Каде и како се породивте?

  1. Природно, во приватна клиника

    101 глас(а)
    17,8%
  2. Природно, во државна клиника

    211 глас(а)
    37,1%
  3. Со царски рез, во приватна клиника

    118 глас(а)
    20,8%
  4. Со царски рез, во државна клиника

    158 глас(а)
    27,8%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. Moce19

    Moce19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2020
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    2.815
    Пол:
    Женски
    Неможам да ве разберам и изначудам... Место како жени да си помагаме една на друга, доволно е и само еден збор на поддршка да се даде.. Вие си ги мерите таквите, на која била појака и издржала се, на која послаба и поради страв се дрзнала за царски рез.. Не секој има пари да оди на приватно и да добие епидурал, и не секој е крив што ако отиде на државно ќе помине полошо или подобро.. Тоа не е до нас да го збориме и да се праиме паметни. Таква ни е државичката... Зборам за сите и тие што родиле природно и тие што родиле царски, зашто ни едните ни другите може да знаат како им било тогаш и сега. Никој неможе да се стави во туѓа кожа ама може да покаже поголема емпатија и несебичност кон тие што прв пат ќе поминат низ тој процес на донесување на живо и здраво дете без разлика дали е природно или царски.
     
    На ivance.., Kitten, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.041
    Допаѓања:
    268.624
    Нешто изгледа не се разбираме.
    Оти јас објаснив што ми се случува, баш прашав и за царски, од кој секако нели би профирирал повеќе.
    Да ми речеше, уживај, шо е царски за мене, мачја кашлица, немаше да му верувам иако навидум ќе ми ветеше исполнување на "желбата".

    Не може да знае дали ќе треба или нема да треба царски, ама може да знае дали се мачам или се' се одвива нормално. Нема да ме остави 3 дена да офкам, нема да чека да се онесвестам или да паѓаат тонови на дете, или качам притисок.

    Значи ќе се грижи за мене и психички и физички да не настрадам. Јас тоа побарав - грижа и обезболување.
    Останатото не сум доктор за да одлучам.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.115
    Допаѓања:
    180.793
    Веројатно не се разбирате:).
    Ова што го збориш погоре е како треба да биде, доверба во системот/докторот/бабицата.
    Едно друго нешто е проблем. Јас заминав од мк со идеја дека царски се бира како пломба, дека е супер, не за џабе е царски, убедувана дека не сум баба ми, шо работела на нива и родила на 20, во кратки црти дека физички не сум/сме денешниве жени дизајнирани да раѓаме природно:|. Не било баш така;) Ама условот од погоре беше исполнет, елаборирање и пораѓање кај доктор со доверба. Не дека нешто ме виде докторот многу на пораѓање, жива и здрава да е бабицата.

    Второ, ако е епидуралот проблем на државно, ете не го давале, зошто е проблем на приватно? Да не ќе е дека царскиот е многу послатки парички, па го продаваат како алва, за разлика од еден епидурал, кај бил, кај не бил:?: . Имате ли реално шанса да си ги знаете опциите, ако некој упорно само едната врата ви ја покажува?
     
    Последна измена: 2 декември 2020
    На ivance.., ivi1987, Yowannty и 9 други им се допаѓа ова.
  4. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.204
    Допаѓања:
    148.419
    Пол:
    Женски
    Мајка ми пошо работи со секаков вид народ, жени кои сега се тука со пандемијава и се обучаваат кажуваат дека државно ги добиваат без пари надвор, БЕЗ ПАРИ нагласувам истите услови ко ние у Систина, Ремедика , Санте и сл.
    Не добиваат бубашваби и дрски сестри и болничари.
    И не ми кажувајте каква е клиника, минав добри 10 години трчајки по сите оддели за мајка ми, вујко ми и баба ми.
    Ми се :puke: и сега на помислата што се видов и пак, секогаш ќе се вратам приватно, ќе ОДБЕРАМ и платам приватно царски да бидам ДУРИ и без индикации (небитно што бев со) оти минав супер. Права царица што би рекла @Cosmi :D
    Убаво ми е на душава, не се каам, не ме гаѓаат Европа и другите земји оти ова е Македонија а јас не можам да идам да раѓам у Европа за на бебето да му пружат основна хигиена.
    Основна!
    Бљак и срам ми е од доктори кои до вчера не си можел да ги фатиш на клиника сега приватно гз ти бацуваат.
    Има полоши работи кои не ни функционираат у системот од дали сум царски или природно.
    Па ќе кажам, пресреќна сум што не бев природно.
    И ја знам што се сум видела од природните на работа, така да преферирам една линија доле и другарка недопрена. :D
     
    На Izzy_0504, Jana06, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.942
    Допаѓања:
    4.830
    Пол:
    Женски
    Мојата снаа се породи природно и дои. Јас се породив со царски моето бебе не фати како што треба за цицање околу месец дена молзев и давсв потоа на ад. Нејзиното дете е стслно со растечено носе затнато болничко,моето фала богу не е имало проблем до сега. За какво заостснување зборуваш.... Да можеби е полезно тоа да мине низ родилниот канал но. Не е пресудно за имунитетот на детенцето. Какви се тие муабети,што се нема да прочита човек. И сега некоја мајка со царски жива ќе се изеде ќе и било детето заостанато
     
    На LadyC и Moce19 им се допаѓа ова.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    88.445
    Пол:
    Женски
    Успешност на едно родилиште е да има низок процент на царски.
    И бројот на царски да биде до 20%
    Зошто не е обратно?

    Си има зошто е така.
    Не знам зошто си пресреќна @LadyC
    Зошто изостанаа болките?!
    Во Европа има и породување натурал дома ,во Холандија 30%така раѓаат.
    Во Хрватска е забрането царски по желба.
    Кај нас се плаќа за царски само за да се избегне "колењето"
    Затоа ќе бидеме на ниво на Бразил по број на царски.
    За овие бенефити збореше @DAngel .
     
    На Yowannty, azelea, LadyC и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Moce19

    Moce19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2020
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    2.815
    Пол:
    Женски
    Па тоа го зборам и јас, не размислуваат пред да пишат нешто, без разлика дали биле медицински факти или не... Незнам што да кажам...
     
    На LadyC и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  8. merina.93

    merina.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    322

    Еве мене, пишував и во друга тема. Отидов со пукнат водењак, и за 2 часа 7 прсти отворена. Дежурната ме прегледа рече голем плод сигурно 3700 со голема глава ќе заглави, и тука триста муабети за што се може да тргне лошо во тек на природен и тргнавме царски... Ни почнавме природно ни ме чекаа а јас се отварав брзо и лесно. Нормално прифатив царски не од страв за мене и болките туки од страв што може да му се случи на моето бебе... А тоа се роди маче од 3100, дали беше грешка царскиот или не никогаш нема да знам... Ова во приватна.
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
  10. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    Зашто убаво е човек да има избор.
    Сестра ми немаше наод за царски а беше царски.
    Она е паничар и пати од анкс.
    Не дај боже да и текне да прекине да турка на сред пород... :|
    Сепак треба да е така. Нивно тело нивна одлука ..
     
    На Jana06, LadyC, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.041
    Допаѓања:
    268.624
    Ама тоа и кажувам исто.
    Јас при тие разговори, со одбраниот доктор, никогаш не бев "учена" дека царски е подобро, полесно итн.
    Ама бев осигурана дека нема да форсираат природно, ако видат дека паниката ме совладува, дека од паника и страв не сум способна да соработувам. Не знам зошто упорно низ темиве се потценува паниката, не е реално роди природно по секоја цена, ако нема да можеме да те оправиме психички со години - и да, мои најблиски другарки не се осмелуваат за второ само и само поради тоа што го преживеале на пораѓај. Тоа не може да биде нормално.

    Не, не мислам - ниту тврдам, дека царски е генерално подобро.
    Ама Е подобро од раѓање без обезболување.
    Да повторам, за себе зборам.

    Ако единствена опција е да раѓам природно без анестезија, јас нема ни да раѓам.
    Државно, без врски, царски не со индикација, само арно ако си на умирање.
    Доволно познаваме и приватно и онлајн жени.
    Или што па знам јас, може мајка ми лаже дека 10+ години и' требале да се осмели за второ, оти мене 13 саати ме раѓала и со месеци не можела да си дојде на себе.
    За сестра ми со епи, уште 4 рече ќе роди.
     
    На Jana06, LadyC, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.942
    Допаѓања:
    4.830
    Пол:
    Женски
    Тие во холандија имаат избор како сакаат да раѓаат, дали дома дали во болница дали со епидурална дали без а во мк нема никаков избор во дежавно. Па уште се дерат и се понашаат. Што мислеше кога го прсвеше како можеш да споредуваш ...
     
    На LadyC и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  13. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.382
    Пол:
    Женски
    Не се плаши, ништо не мора да значи тоа сознание. Јас родив природно, но мајка ми мене царски ме родила. На прсти се брои колку пати сум била болна, особено како дете. Имав подобар имунитет од голем дел од врсниците. И не можеш да обвинуваш што пишале нешто што е научно истражување, јас повеќе се лутам што со рекла казала муабети ги плашат родилките што немаат пари за да се пораѓаат на приватно. Секој сака најдобро за себе и бебето, нормално е тоа, но не може секој да си дозволи тоа што ќе замисли.
     
    На Kitten, azelea, LadyC и 3 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.041
    Допаѓања:
    268.624
    Има и у Америка во дивина што се пораѓаат натурал, јас не би сакала ни да помислам.
    Нивен проблем, не сакам да ме боли.
     
    На Dennings и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  15. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Женски
    Ако ве плашат болки, а одите приватно да се породите, за да не ве "касапат" државно, тогаш што не бирате епидурална за природно породување? Туку одма на царски, требало, не требало?
     
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    А ти што не јадеше ајвар за ручек место тоа што јадеше!?
     
    На CameliaMiller и Moce19 им се допаѓа ова.
  17. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Женски
    :D Па така кажи си де. Прашањето те погоди некаде кајшто не треба? :D
     
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    88.445
    Пол:
    Женски
    Да,да.
    И за многу други кои ми е страв да ги ставам,за да не плашам.
    Е ова е тоа што го прават.
    Прават профит со набивање страв од природно породување и дискретно форсираат царски.
    Сестра ти си имала индикација , можеби требало психијатар да даде мислење.
    Што знам дали треба да биде избор.
    Телото е наше,ама одлуката пак е на тој што треба да отвара стомак и сече.
    @CameliaMiller
    Многу си преплашена,ама многу.
    Тоа муабетите што си ги слушала или читала тука, те утепале.
    На пораѓај не си била да гледаш.
    И епидуралот не е без ризик.
    Исто му доаѓа.
    Има некој ќе помине супер природно,друг ќе помине супер царски,трет ќе помине тешко природно,четврти ќе помине тешко царски.,или што да речат тие што искусиле болки за природен,а завршиле со царски.

    Се е за луѓе ,па и болката.
     
    На ivance.., fana, Kitten и 2 други им се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    Не ми одговори.
    Зошто не јадеше ајвар?
     
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    Ништо не е за нив царски...
    Ситница.
    Посебно коа нема индикации..
    Јас куп ги имав (facepalm)

    Повеќето земји цезареата е избор.
     
    На fana и CameliaMiller им се допаѓа ова.