Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спонтано породување или со царски рез?

Дискусија во 'Бременост' започната од Cka, 30 јули 2017.

?

Каде и како се породивте?

  1. Природно, во приватна клиника

    101 глас(а)
    17,8%
  2. Природно, во државна клиника

    211 глас(а)
    37,1%
  3. Со царски рез, во приватна клиника

    118 глас(а)
    20,8%
  4. Со царски рез, во државна клиника

    158 глас(а)
    27,8%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Женски
    Не ми одговори-не е само поради болките?
     
  2. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    Ти одговорив на и тоа многу јасно.
    Колку мене шо ми е гајле зашо не си јадела ајвар ти денес, толку треба тебе да не ти е гајле јас како сум породена :)
    Само кој да сфати:)
     
    На Jana06, LadyC и Moce19 им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Шо фино како споредувате бебе и ајвар :D
    Ваљда исто е, на леб се мачка :D
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.774
    Пол:
    Женски
    Не е избор. Кога станува збор за породување, лекарот што те води, како ќе каже, така ќе биде, како што е најдобро за бебето и мајката, според лекарот. Не може да одлучуваш дали ќе се пораѓаш царски или природно исто така лесно како што одлучуваш што ќе ручаш денес.

    Вие сте се запнале за последици од природно vs царски, ама дали сте се запрашале каков проблем може да настане од самата анестезија? Небитно епидурал, лајт спинал, спинал или тоталка. Ма и од забарска анестезија каков проблем може да настане не сте свесни. И не се толку ретки компликациите од анестезија како што мислите.

    Еден од најголемите стравови ми е анестезијата во било каква форма. Од болка не ми е толку страв, колку од анестезија.
     
    На ivi1987, Kitten, MacenceEna и 13 други им се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    премногу предрасуди имаш а велиш подржуваш секоја жена сама за себе да одлучува.
    лицемерие ту мач?
    претпоставувам секој пациент е запознаен од страна на докторот со последици, ризици и предности ...
     
    На Jana06, LadyC и Moce19 им се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.774
    Пол:
    Женски

    Се сомневам. Иако даваат да се потпише согласност, не верувам дека некој го чита тоа детално.
     
    На ivi1987, Kitten и LiliBoz им се допаѓа ова.
  7. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.519
    Допаѓања:
    41.919
    Пол:
    Женски
    Исто, од анестезија имам преголем страв. Болката се издржува, поминува, ама анестезијата не е така наивна работа.
    Јас имав спинална на пораѓај, мислев дека не можам да дишам додека не помина дејството.
    Колешка моја ја реанимираа после царски, исто некој шок/реакција на анестезијата.
    Е сега не кај секој, и не ми е намера никого да плашам, туку ко што кажа Анат не се така ретки овие случаи, затоа најдобро царски ако е неопходно, а не по желба.
     
    На ivi1987, Kitten, azelea и 5 други им се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    Јас го читав.
    И зборев со анестезиолог уште во 37ма, бидејќи бев со прееклампсија нели...
    Џабе се натегаме Ане, која решила да иде царски ќе иде и ќе си плати.
    И реално, тоа нас не треба да не засега. Може да коментираме од перспектива кое е подобро кое не според искуства, но не и да судиме ко онаа погоре што мисли ми е гајле мене шо таа ќе рече за мојот пород.
     
    На Jana06, CameliaMiller, Moce19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    :D Нерв некој да не погодив случајно?
     
    На GolemaMala му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    88.445
    Пол:
    Женски
    Во Хрватска на пр.
    Царски рез по желба, без медицинска индикација не е законски дозволен.
    И затоа имаат бројка од околу 20% царски резови.
    Кај нас мислам не е со законска рамка затоа се прави што се сака.
     
    На ivi1987, JuLleE, Mantub и 3 други им се допаѓа ова.
  11. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    мисли си :D
    посебно што си далеку од тоа па баш ти да ми делиш ум :D
     
    На Jana06 и Moce19 им се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    САД, тие се најлоши по тие статистики. Кај нив е над 30%
    А ние одамна сме кренати по американизација на здравството.
    Се се врти околу пари. Дај тоа од што имаме најмногу профит ќе го направиме и сите среќни и задоволни.
     
  13. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.204
    Допаѓања:
    148.419
    Пол:
    Женски
    Зашто не се подмочувам, не сум лошо сошиена, не сум утната у шиење да треба да ме прешиваат, немам хемороиди, немам трауми од неколкудневно отварање, не поднесувам болка у стомак било каква и сл.
    Ова е само дел од примерите кои ги знам.
    За други не ни навлегувам подлабоко.
    Имам другарка што 2 , скоро 3 години се шета со кила од природно и со лошо сошиена другарка оти клиника и беше икона .
    Не реков дека мора да е приватно да се разбереме, реков дека може да минеш и државно како приватно ако имаш врски.
    Јас лично сум си пресреќна оти си минав топ и баш како што си очекував.
     
    На CameliaMiller, kukla21 и Moce19 им се допаѓа ова.
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.675
    Допаѓања:
    18.332
    Пол:
    Женски
    Законски е забрането мито, па го земаат, не?
    Пишуваа жени пред некое време, за време на пораѓајот им кажале една причина за царски, на отпусна листа сосема друго стои. Зошто?
    Кој ке сведочи против доктор дека лажен исказ стои во отпусна листа, дека не треба царски а они сепак го направиле?
     
    На Cosmi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Мислеле дека е голем плод и тоа било причина да закажат царски.
    Значи не било без причина.
    А после тоа што излегло бебето помало, е друго.
     
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Извини, ама ти беше таа што напиша Бебињата родени со царски не се заостанати.
    Никој не напиша дека се.
    Затоа не знам што пишуваш сега дека требало да се пази што се пишува.
    Кај прочита некоја да напише дека се заостанати бебињата?
     
  17. Moce19

    Moce19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2020
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    2.815
    Пол:
    Женски
    Си се помешала, наврати се погоре и види што и како имам пишано..
     
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Што сум се помешала, зборувавте со членката дека не било во ред да пишуваме дека бебињата родени со царски биле заостанати, а никој не го напиша тоа, вие го додадовте.
     
  19. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.243
    Не знам дали ги читавте сведоштвата на платформата Медуза, за жени породени во различни периоди, различни градови, болници и услови во државава. Коса да ти се дигне. Слични искуства слушам од другарките и често читам тука. Мора да се подигне малку свесноста за тоа во какви услови се пораѓаме во државава.
    Не е само болката проблем и тоа што нема пристап до епидурална во 21 век, проблемот е што цел персонал таму ти го зема достоинството и не ти дава никаква поддршка во процесот. Ептен ако си среќлија да немаш страшни болки или да ти се погоди некој нормален на смена, па да ти даде малку кураж.
    Епа оттаму и размислувањето дека со царски полесно се поминува. А сите знаат дека и рана боли и дека е операција. А ако редиме хорор приказни и за природен и за царски ќе има што да се каже.

    Мене не ми е толку страв од болката колку од се друго. Би сакала да родам природно, не би земала епидурална одма, би почекала да видам дали ќе мора, ама душата би ми била мирна да знам дека во првиот момент кога ќе решам дека ќе ми биде овозможено. За царски се сложувам дека треба да е по индикација, а не родилката да бира, ама индикација е поширок поим и лекар одлучува за тоа. И не е само да го родиш, туку по можност и без трауми и тикови да се вратиш дома.

    Мое мислење е дека ако уште во сам старт се обезбедат понормални услови во кои ќе тече пораѓајот дека и процентот на случаи со царски рез ќе се намали. Родилките се последни што ќе ги обвинам дека бараат алтернативи и не сакаат да се третирани како стока, да ти се одмили и дете и се. Једино ми е криво што човечките услови во нашава мизерна држава се врзани исклучиво со пари, па на кој како ќе му се посреќи и кој на какво разбирање ќе наиде од дома, затоа што од сите страни стига осуда за тоа што треба да биде основен човечки третман.

    И настрана темава, стварно не знам до кога ќе се дозволува бесрамниците од Чаир и Гак да земаат така отворено мито. Цела држава ги знае, цела држава ќути. Страшно и грозно!
     
    На ivance.., ivi1987, Kitten и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    И од г'з раѓајте ако сакате, ама кога сте во тема -Спонтано или царски, а царски (треба да) е регулирано а не на мени да си бираш, не можеш да кажеш -затоа што така сакам, ќе си платам и крај на дискусија. Докторите така прават пари на црно пошто на природно породување не се ни појавуваат, се зголемува бројка на царски без потреба а со тоа и ризици, само затоа што Трајанка се пораѓала без болки ко царица, зошто да не и јас. И станува мода ко што е станато, што не е проблем доколку се работи за помал ризик со помала болка. А не е. И болката и лековите за болка после раѓање?
     
    На Kitten, MacenceEna, azelea и 3 други им се допаѓа ова.