Ептен смешно што Стојка скала помал ризик на породување ама се створиле компликации и морала на царски. Мислењава ко на мали деца.
По она што ви е смешно се гледа колу озбилно го сфаќте царскиот. Стојка ако морала на царски значи не била работата за смеење. Ама битно забавно да им биде на масите...
Бразил е најлош со преку 50% Си го избрала поризичниот начин,храбро или не те запознале доволно. Секоја операција е траума и опоравување е секогаш подолго кај царски,затоа и се останува подолго во болница. Инконтиненција се јавува подеднакво и кај царски. Почести инфекции на раната и матката,вклучувајки крварење. Тромб Оштетување на мочниот меур при опер. зголемен процент морталитет кај мајката Проблем со резот и ткиво околу него,па и долгогодишно затегање поради многуте слоеви сечени. Прираслици кои можат и болка и опструкција на цревата да направат. Руптура на матка во следна бременост зголемен ризик со проблеми со постелка. зголемен ризик во следни бремености. Проблем со млеко и доење ,статистички деца родени со царски се помалку доени. Итн. Хемороиди? во споредба со ова? Јас не сум ни шиена со второто.Немам ни линија. На клиника сеуште има подобри доктори од долгогодишни специјализанти кои прават царски во Систина
Не се споредува ризикот за компликации што можат да настанат при царски одколку при природно. Дури смешно е да се споредува природен процес со масивна операција. Затоа царскиот е втора опција, кога се случува нешто при природно пораѓање што го надминува ризикот за компликации при царски. На царски не се оди за да немаш хемороиди
ако жената има право на абортус зошто да нема право на избор како ќе роди? поентата не ми е корупцијата... ме сфати и сама добро на што целам.
@Cosmi Точно ти е ова со млекото и доењето, уште самиот ден од породувањето бев утоп од најдојдено млеко. За себе зборам, природно породена со доста голем плод, без никаква анестезија само при шиење(1cm) и вадење плацента, станав после 2 саати од породувањето оти креветот не можеше да влезе во апартманот. Утредента веќе на нозе бев и им помагав на другите родилки Не знам зошто ви е толку страшен природниот пораѓај ? @LadyC Мислењата ти се како на мало дете. Толку.
Значи темава ја читаат можеби жени што треба да родат. Жени што се на пример од Крушево или Берово или Струга, што на пример не можат и не треба да си дозволат кредит за да се породат како царици во Систина или каде веќе. Веројатно со песна ќе отидат после прочитаните приказни за колење, бесење, мачење и останати средновековни методи на пораѓај. Или ќе се преселат во странство, како во темата мајки во германија, па ќе се објаснуваме дека желба не е индикација, дека на доктор му е битен живот и здравје на трудница и новороденче, па таа на пораѓај ќе трокира, јер всаден страв од природен пораѓај. Ај сега кажете нешто на темата, а не царскиот е право на избор. Право на избор е- на докторот, се вика индикација.
И што кажа сеа... Страв и трепет за тие што имаат закажано царски... Браво, алал да ви е на сите... Темава пред да се преименува се викаше царски рез, незнам која е потребата да пишуваат жени во неа кои се породиле природно, нема логика..
Темата царски рез уште си стои. Оваа е друга тема Породувањето е женско прашање, и фала Богу, сите жени имаат право да пишуваат за него. А, и оти го избриша она кај што ме цитираше, демек нели го рече ти тоа? Сид стојам зад се што сум рекла, ама ваљда сфати дека тоа јас што сум рекла и тоа ти што викаш дека сум рекла немаат никаква допирна точка.
Зошто најсмешна ако се породила со индикација? Може да се породи царски со индикација и пак да е против царски без индикација. Не се контрадикторни едното со другото.
Душо, без ризик нема. Без ризик би било ич да не раѓаме. Па валда го знаеш тоа. Кога сме се одлучиле да раѓаме, ги разгледуваме и ризиците. Ете ти имаш напишано дека веројатно ќе одиш царски затоа што си со инвитро и со близнаци. Близначка бременост може да е индикација за царски. Не мора да значи сигурно, ама може. А ако е се во ред, инвитро не е индикација. Значи сакам да ти кажам, инвитрото го рачунаш ко индикација за царски, а не е.
@LadyC Знам жена што ја фатија болки, спремна цела природно да пораѓа. Долго време со болки намачена така и на цтг покажа дека на бебето му се губи срцева акција и одма хитно ја однесоа царски. Женава беше против царски и сеуште е , ама се породи царски, морала.
Тоа се тие причини поради кои се инсистира на намален процент на царски породувања и ризици кои треба да ги каже секој лекар пред да сече без индикација. Кога има индикација ,царскиот мора да се изврши со цел безбедно завршување на бременоста. Ама во интерес на идни мајки кои утре треба да раѓаат треба да се престане со непотребно плашење од спонтано породување. Раѓањето на нов живот е прекрасен чин. Набиен страв со децении е тоа што ги плаши идните мајки. На тоа треба да се работи. Ризици постојат и ке постојат и со природен и со царски но секоја жена е доволно силна да го надмине стравот и да го донесе своето дете на овој свет.
Нема никоја да се откаже. Сите се плашиме бидејќи знаеме дека има опција. Ако нема, ќе се охрабриме и тоа е. Репродукција не запира од страв.