Не се плашам ни да умрам отпосле Косми. Се плашам од болка, од секоја болка. И од страв од болка престанувам да соработувам со доктори, што не е трагично кај процедури што може и утре, ама пораѓај не е меѓу нив. И пораѓај сум гледала, можеби на моја штета, ама ете... имав "прекрасна" прилика да гледам. А жениве тврдам дека не одат царски од ќеиф, барем не повеќето. Забораваш во статистикава да дополниш дека во РСМ огромен дел од покомплицираните бремености одат да водат бременост и се пораѓаат приватно, исто и огромен дел од ИВФ се прават и пораѓаат приватно, а тие почесто се секако царски. Така што, фалат параметри за да добиеме најреална слика, и тотално е нон-сенс да се споредуваме со земји каде што државно се добива нега на минимум Систина ниво.
Не знам со тебе што ке се прави,јас мислам ти кога ке останеш бремена ке се разбуди некој лав во тебе,и ке престанеш со стравовиве. Какви комплицирани бремености одат на државно Каме.Игор Алуловски ,Стојовски,Ливринова се со комплицирани случаи работат. Па сега на клиника вадеа успешно досега најголема циста во европа 90 кг. Еве за Петровска во Систина сум сигурна дека не прави без врска царски,ама тие неколку помлади..
Јас па млекара со царски бев и со првото и сега. Сега од х причини не дојам.Но,горе доле сите што ги познавам царски што биле доеле. Бременост лесна. Разлика од еден до друг царски само 18 месеци. Дијагноза за царски метропластика,вадеа септум и ја средуваа малце матката. Па при хистероскопија се виде дека породување при бременост ке мора да се изврши со царски рез. При втората бременост дигав бебе од 8кг па до 12кг. Навалена и трчав бидејќи проодуваше. После порајѓај 5тиот ден го дигав и детето од 13 кг бидејќи на 18 месеци не може да ме разбере дека несмеам да дигам. И бидејќи сум сама 13 часа во денот морам се да правам сама. Немам болки,циклус добив после 40 дена. Матката е вратена на 4цм. Скроз уредно закрепнување. 29 години и породена на 5ти Октомври. Незнам како е природно да родиш дете,не ви солам тука памет. Но кога се тупаат во гради дека мајка природно рајѓа,па одма млекото,па емоциите незнам што е тука мајчинство поголемо се лажат на велико. Исто како што доењето не ја прави една жена поголема мајка од таа која не дои.
Љољ Упорно се трудиш да ми набиваш вина, али залудно, оти вина што некој имал, немал, не може да има кај мене. Муабетот тој што си има пари, тој што си нема пари да, праам дете, размислувам како тоа психички што побезболно да го изведам, и истовремено мислам на економски сталежи. Важи. На крајот на денот, не сфаќам ни зошто ви се правдаат овие што биле царски, ни па јас што ми е далеку таа иднина. За оние што не сфатија, психијатар работи со мене постојано, благодарение на таа докторка, успевам на забар да одам. Оти во РСМ, на голема штета, не ни' даваат хелиум, да даваа, помалку трауматично ќе ми извадеа осмици.
Баш не се ни однесуваше на тебе, не знам зошто се пронајде. Не вртам јас како киша око Крагујевац. Ако мислам на тебе фино ќе те цитирам и ќе ти кажам
Абе секакви има, најсериозно. Моја пријателка е бетер паничар од мене. Верувај среќа и едвај живи излегоа и таа и бебето од ГАК, на пола канал тоа, ни за царски време немаше. Ама се изгуби, не реагираше. Да не навлегувам што се' се случуваше, ама предолго, предолго ја оставија така, со болки. Преку 20h. Не ми е мене проблем да пробам, проблем ми е да знам ако пробам и сакам да бидам обезболена, да знам дека тоа ќе ми биде овозможено. Не сакам да се правам храбра, не сум. Затоа и бирав доктор за пораѓај пред да пробам да правам дете.
Покасно доаѓа млекото, и потешко е на почеток, ама може успешно да е доењето без проблем понатаму. Јас повеќе од 2 години доев. И многу со царски знам што доеле успешно, вклучувајќи и близнаци. Со мојава психичка состојба не знам дали би раѓала природно и без индикации. Доволно е да кажам дека не се решавам на второ од страв. За синот пред индикациите беше и мојата психичка состојба т.е паничните напади и анксиозноста, докторката што ме пораѓаше, а и матичниот беа согласни дека не сум за природен во никој случај. Во вакви случаи сум и за избор зошто треба трезвеност и можност за соработка од родилката, а во таква состојба не е можно.
Она до утре ќе те убедува дека анестезија при процедура абортус не е страшна ако мајката решила да абортира, ама затоа анестезија при цезареа е страшна и тука куп проценти од светот... значи за нешо мајката има избор за нешо не. шонеејасно
Тоа да. Каква врска има тоа со ова Тебе те цитирав? Ај не си вади од ракав те молам... Реков, ако имам нешто да ти кажам ќе си те цитирам, ќе знаеш дека на на тебе се однесува. Ваљда мене ми е ред да прашам дали ми заебаваш?
Ма само се надоврзав. Те вреѓаат цел ден тебе, ти мене упорно секаде (пробуваш да) ми набиваш вина, што фино друштво сме, секој вакво би посакал
Ниеден професионалец, гинеколог со морална и етичка одговорност пред својата професија, нема да предложи царски без соодветна индикација за истото. Првенствено се зема за битно што е најдобро за бебето, а потоа за мајката. Природниот пораѓај носи бенефити за двете страни. Што е најбитно, првенствено по здравјето на бебето. Не знам како природниот пораѓај е касапење, кога природно е само засек, а со царски колку и да е рутинска операција е цел еден комплициран процес. Почнувајќи од рез надворешен, поместување на цревата, рез внатрешен на матката. Потоа, природно можеш да раѓаш колку сакаш, со царски после 3тиот ризиците по здравјето на мајката значително се зголемуваат. Тоа меѓу другото, многу ни говори. Јас тргнав природно, со целодневно малтретирање со провокации. Мојот гинеколог уште пред да почнеме ми кажа дека почнуваме, а беше утро 8 часот, и дека може да трае до вечерта следниот ден. Значи се инсистираше за природно. Јас стигнав прва на клиника, после мене уште 4 други девојки, сите се породија пред мене и природно, јас завршив на итен царски вечерта во 8. Сите си заминаа дома на 3тиот ден, и иако мојот гинеколог даде зелено светло и за мене, педијатарката не беше сложна и останав уште 2 дена само поради тоа што бебето беше царски извадено и педијатарката сакаше да е сигурна и да се следи уште 2 дена иако се беше во ред со него до тогаш. Значи сепак, бебето беше цело време на прво место. Патем другарка се породи во Осло 5 месеци пред мене, во државна болница, немале ниту анестезиолог кога стигнала на пораѓај, а не се ни потрудиле да најдат. Јас во суштина сакав да пробам и без анестезија доколку продолжев природно, оти највеќе од тоа и ми беше страв. Ама кога осетив и контракции пред да завршам на царски, мислам дека со второ дефинитивно би сакала пак епидурал. Во Македонија условите се лоши, факт е. Не само условите, туку и услугите. Потоа да не зборам колку персоналот е игнорантен, а мислат се знаат. И тоа се допринесува кон моменталната ситуација. И според мене царскиот треба да е со индикација, не по желба, а епидурал да е по желба, не за џабе во целиот развиен и напреден свет е така.
Што мешаш со абортус цело време не ми е јасно. Ако не абортираш имаш дете за цел живот кое не го сакаш или не си спремна. Ако не одиш на царски, имаш породилни болки од неколку часа. Плус уште еден избор, епидурал. За абортус немаш баш мени.
Лани , море и прехлани чинам беше коа се 'расправав' со @Annath дека не смее никој да ми забрани да ако сакам царски ќе си се породам царски и крај. Дури и се расплакав на темава, се бунев, прашував немам ли право и јас да раѓам , оти на мене св.Петар да ми слезе неможе да ме убеди дека јас ќе треба и ќе можам преку п***а да донесам на свет 2 или 3 кг бебе. Сега, После операцијата и целата фама со неа , со анестезијата, лежењето во реанимација ...дедо Боже да се симне нема да дозволам анестезија и цезареа. Стравот од раѓање ми е уште тука. Дури може и поголем е. Еден Господ знае како ли би раѓала оваа господична
Да ти набијам вина? Јас мислев јас и ти убаво се разбравме дека добар доктор треба да го има крајниот збор. И заборавив дека дискутиравме на темава.
Најдобронамерно- вие што уште немате напраено деца, прво направете ги, после мислете за раѓање. Ќе видите, можеби поинаку ќе ви изгледаат работите.
Ангело, во која следна тема ќе ми кажеш дека средна класа е крива за се'? Буквално цитирајќи ме мене? Така си се драпаме едни со други, не плачи сеа.
За тебе и Кама ќе измислиме пердуви кои ладат и магично те успиваат дури во меѓувреме бебето си излегува лагано од вашата ваџајна без пукање и резови