Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спонтано породување или со царски рез?

Дискусија во 'Бременост' започната од Cka, 30 јули 2017.

?

Каде и како се породивте?

  1. Природно, во приватна клиника

    101 глас(а)
    17,8%
  2. Природно, во државна клиника

    211 глас(а)
    37,1%
  3. Со царски рез, во приватна клиника

    118 глас(а)
    20,8%
  4. Со царски рез, во државна клиника

    158 глас(а)
    27,8%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    избор.
    тоа е поентата.
    избор.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.041
    Допаѓања:
    268.582
    Јас ако треба да фантазирам... сурогат мајка ќе си најдам.
    Од љубов ли, за пари ли... ич не ми е ќеиф трудна да бидувам. А дете мое крвно си сакам.

    Втора опција, ми кажуваат тогашитогаш треба да се роди.

    Одам, од одма општа некоја, се будам и тадаааааам еве ти бебе, честитки мајка цмок, цмок :D
     
    На fana, Dust, Mantub и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.268
    Допаѓања:
    170.282
    Пол:
    Женски
    Резови мезови , лузни , пукања не ми се проблем.
    Ама како бре ќе излезе од мојто дупче таа главата?:(

    Мама има родено природно.
    И јас и брат ми сме над 5.500 родени.
    Ама она на непуни 20г раѓала, толку мозок имала:D
     
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.115
    Допаѓања:
    180.782
    Абе јас телепорт бев спремна да измислам ама немав баш време:D. Тоа од многу читање. Сето читање џабе е, никогаш не знаеш што и како ќе биде. Како и за многу други работи во животот.
    А ти Камелијо,не туку си ставај греди на патот. Јер на нероден Петко не се крои капа а и мислењата се менуваат нели @CameliaMiller
     
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Нека има. Има и сега ама не е регулирано и затоа цвета шуш муш и се даваат погрешни информации, се набива страв за природно породување и се велича царскиот.
     
    На DAngel, MacenceEna, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.644
    Допаѓања:
    35.302
    Пол:
    Женски
    Сеа и ти со сила се праиш луда ;) Анестезијата пред се е штетна за детето, особено целосната анестезија.
    Ризиците за детето и сама ги знаеш верувам. А и за мајката. Затоа во нормални држави родилките не одлучуваат дали сакаат или не царски, туку докторите. Оти за тоа учеле, нели? Ама кај нас за пусти пари ова се случува.
    А кога ќе прочитам породилни искуства од некои мајки ми иде да им залепам една, искрено (не сум тепач иначе) Ама стварно... најнормални процедури при породување они хорор приказни ги прават. Боже сачувај!!!
     
    На oblace1, DAngel, Kitten и 6 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.041
    Допаѓања:
    268.582
    Бубо, да раѓав и јас на непуни 20, немаше ич да му ја мислам.
    Наравоучение за следен живот ова, не чекај 30 :D
     
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.041
    Допаѓања:
    268.582
    Петко не е роден ни направен Биљо, ами јас сум родена и кога ќе ме боцнат приумирам :(
     
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.041
    Допаѓања:
    268.582
    Ами па тоа пишавме.
    Информирано, фино - лепо, да знаеш на што си.
    Прос и конс, на се'.
    Па кој како милува, согласно со здравствена состојба де.
    Се' може фино и регуларно да си биде, ама барем епи да даваат државно, гарантирам дека стапка на царски драстично ќе се намали.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.644
    Допаѓања:
    35.302
    Пол:
    Женски
    Јас на 38.5 родив природно, без компликации, со провокација. За 7/8 саата од провокација се породив. Ич не е тешко, не се паничи без потреба. Стравот и паниката може многу лошо да ти направат. Само најди си доктор кому му веруваш и терај ;)
     
    На oblace1, azelea, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.268
    Допаѓања:
    170.282
    Пол:
    Женски
    Абе јас уште не сум го направила та до раѓање стигнавме да се оправаме:)
    Фала ти у секој случај:*
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    да беше тоа така онда кривично дело ќе беше царскиот.
    тоа зборам де. тоа.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.644
    Допаѓања:
    35.302
    Пол:
    Женски
    Па ако во индикација пишат желба на мајката, кривично дело ќе е, ама не пишуваат така ;) Си наоѓаат дијагнози де.
     
    На Harper, oblace1, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    тие мајки најчесто се добро запознаени со целата процедура.


    Ај сус сеа, од памет ги вадиме идните мајки. Слушајте доктор, не се плашете, секоја бременост и секоја мајка е приказна за себе.Лошо може секогаш и на секој начин да тргне. Позитивно само напред и тоа е тоа.
     
    На Moce19 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    88.442
    Пол:
    Женски
    Види,тоа што го напишав е статистика.
    Кај некои е можеби точно, кај некои не.
    Ама ова со стравот е стварно голем проблем на кој малку внимание се обрнува во државава.
    Испаѓа ако имаме 40%царски пола од нив се извршени чисто од страв.
    Не ме сфаќај погрешно ама само соочување со стравот е чаре.

    Ајде, само храбро(fingers)
    @CameliaMiller
    Тебе прво со мерак ми иде да те истепам,зошто претеруваш со овертинкинг.
    И мајка ти е за карање што ти го пренела стравот.
     
    На azelea, kristina.k, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  16. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.912
    Пол:
    Женски
    Добро бе жени. Која како сака нека си се пораѓа, која сака нека слуша лекар, која не сака нека не слуша. Сепак за нивниот живот се работи.
    Темиве ги читам веќе 10тина години, додека да дојде ред јас да раѓам мислам дека и акушерка ќе станам. :rofl: Не за џабе рекле, ако не знаеш - не можеш да го мислиш :D
     
    На LadyC, Moce19 и LiliBoz им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Може сум грешка и ја имам помешано со друга, ама едно време мислам збореше дека дете не сака да има, не била она способна за тоа. Ок, еве стигнавме и до муабети за раѓање. После некоја година може ќе збориме како е преплашена за трето дете ама сепак ќе се одлучи да го роди природно :D
     
    На cooll, Kitten, TeddyGrey и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Може звучи ко најголемо клише, ама стравот многу, многу ги појачува болките.
    Во тек на бременост има курсеви за правилно дишење при породување, и пак ќе речам може звучи ко нешто пресмешно и не ефективно, ама има ефект многу, ви препорачувам да ги посетувате.
    Ваџајната е способна да роди бебе од 5 кила и после да се стесни за да држи еден тампон :)
     
    На PurpleMind, Cherry333, GirlRose и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Не денешниве, не ги лажи, овие денес така остануваат, цела дупка зјае.
     
    На Harper, oblace1, Cherry333 и 19 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.041
    Допаѓања:
    268.582
    @DAngel
    Мене нема потреба да ми цитираш медицински факти, пошто сум добро запознаена.
    Мислам, знам да користам гугл, учествувам во трудови, иако не по ГА.

    Немам проблем со информираност.
    Ама ова е нешто прилично индивидуално, за да разбереш како јас или било која сме стигнале од точка А до точка Б, пред да впериш прст, треба и да знаеш зошто сме стигнале таму.

    Јас лично бев испровоцирана од претходен коментар за "лигавење", нешто што пречесто го слушам затоа што луѓето не знаат дека постојат вистински дијагнози кои те парализираат и при најпрости работи, а многу често не се дијагностицирани поради страшно големата стигма овде.

    Најлесно е да кажеш лигави, распрдени, им се може итн. ама најчесто не е така.
    Едно е да обвинуваме доктори или болници кои неетички работат и не се искрени со родилките, сосема е друго да ги омаловажуваме родилките што одбрале за себе и својот пород.

    И споредбата на почетокот е мешање баби и жаби, несоработка на родилка може да значи и смрт за двајца, недавање соодветна исхрана при секаква можност за истата значи незаинтересираност.

    Не е толку прост проблем.
    Жените во РСМ што се пораѓаат државно, природно или царски, се лавици и сериозно храбри луѓе.

    Не знам дали си имала можност да посведочиш, јас сум имала, затоа и сум на тоа мислење.

    Женско право не е само да биде информирана, туку да биде и достоинствено третирана и хумано. Тука не зборам толку за царски, колку за епидурал.
    Жените на пораѓај во државни болници во РСМ не се ниту хумано, ниту достоинствено третирани, настрана од нас што имаме веќе дијагнози, не ми е чудно што жени без претходни психички проблеми се стекнуваат со истите по пораѓај тука.

    И ќе се јави некој да им каже лигави дека биле.
     
    На Dentina, PurpleMind, Kitten и 8 други им се допаѓа ова.