А некоја од мајките што сами барале царски без индикации, ги прочитале опасностите за бебето? Небитно за нив, туку оние ризици од погоре за бебето. Дали единствена причина била нивниот личен страв од болка на сметка на ризиците на бебето?
Јас ова не го сфаќам. Не го сфаќам тоа не сакам да знам, трауматично е, бла, бла. Кога одиш кај доктор и ти објаснува за пораѓај должен е да ти каже и објасни и за двата начина. Должен е да ти каже дека царскиот е операција и какви ризици носи тоа и за тебе и за бебето. Исто да објасни и за спонтаниот. Или ќе биде, неее не сакам јас да знам, да се трауматизирам. Тебе те цитирам, ама ова општо го кажувам. Зошто да не се информираат родилките, зошто се оди со таа игнорантност само? Ако избира родилката треба да знае што е царскиот и што носи со себе. И да не избира пак треба да е запознаена што ќе и се случува и на неа и на бебето.
Знам дека темава е за породување,НО,поделбата на која повеќе се мачела,а која помалку ми се благо речено,одвратни. Мајка е онаа која ќе те изгледа,не која ќе те роди. Зарем оние жени кои немаат свој пород и гледаат туѓи деца не се мајки? Ова е веќе простотилак(извини,ама такво ми е мислењето за другарките).Како може една жена да зборува за друга и да суди според начинот на породување? Темава нека биде за споредба на начините на породување,ама величење на едните,а маргинализирање на другите не е во ред.
Јас кога прашував, и матичната и докторот кој ме породи, јасно ми кажаа дека поддржуваат природно освен ако не е во ризик мајка или дете. Убаво ми објаснија се. Ми кажаа дека царскиот е операција, не е природен пат на бебето. Дека поголем ризик е операција. И докторите мора да објаснат. Ние сме неуки во тој дел споредбено со нив.
Јас само би рекла дека е важно да се обрне доволно внимание колкаво е главчето на бебето и каква положба има пред пораѓај. Најчесто тука има пропусти па на среде пораѓај се менува од природен во царски.
За време на целата бременост ни на крај памет не ми паѓаше опцијата за царски рез, но кога ми соопшти докторот дека бебето најверојатно нема да се сврти и дека сигурно ќе мора царски се разочарав. Иако ја прифатив реалноста и се спремив психички дека тоа е тоа, срцето ме болеше и си велев зошто баш јас. Операцијата помина во најдобар ред, отидов насмеана, се вратив насмеана, проблемите почнаа со опоравувањето. Утредента ми донесоа цимерка во собата која после 6 часа мачење се породи природно, а кога се врати во собата и отспа, стана и се истушира и си го зема бебето во раце. За разлика од неа јас уште неможев да станам и се чуствував како најлоша мајка на светот што неможам да си го земам бебето и да го носам и да го поместувам на која страна сакам и да го дојам во легачка положба, бидејќи едноставно неможев да се свртам во креветот од болки. Станав дури утредента, а за понатамошното опоравување ќе кажам само дека е долготраен процес. Мојот заклучок е дека кога би останала повторно бремена, не би ни помислувала повторно на царски, природата не направила нас мајките издржливи, за да може да го поднесеме чинот на породување до крај и не треба да постои страв од тоа, на царски да се оди само кога нема друг избор!
@joy1 не сум навредена, далеку од тоа. Ниту сум породена, ниту имам посебни желби/индикации како би бил тој чин. Јас во моето окружување немам пријателки/другарки/фамилија кои на нивна желба раѓале царски. @An-na добар дел од дискусијата оди во таа насока. Осуда за оние што раѓале царски. Не сум лично засегната, не сум ни разговарала со докторот на темава за да имам лична емоција за ова, ама не ми се допаѓа етикетирање. Секој си знае за себе најдобро.
Цела среќа што се наоѓаме во Македонија па може да си дискутираме за изборов на породување, во странство такво нешто не постои , ама затоа странство е странство (глупите) а Македонија е Македонија (срцките најпаметни на цел свет). Лично сум против избор на начин на породување, посебно за царски без индикација (ама тоа сум јас и нема да го направам тоа). Факт е дека и мајката која ќе избери да се породи со царски рез се грижи за своето бебе исто како и онаа која се породила природно. Предности и маани имаат и двете породувања и за мајката и за бебето и тоа е факт. Затоа според мене најпаметно е да се остави се во рацете на докторите, сепак нели 9 месеци него го прашуваме за се и сешто и се консултираме исто сметам дека треба да е за породувањето. Има случаи кој сакале природно завршиле царски, ама и обратен закажале операција се одвивало природно. Нема да ги обвинувам и не се помалку мајки оние кој поинаку размислуваат од мене секако НА СИТЕ до една овде ни е битно и мама и бебе да се добри после се.
Изгледа не се разбираме. Не е проблем да се запознаат жените со сите предности, недостатоци, ризици и слично. Затоа и постојат темите. Ако некој сака игнорантски однос нека не влегува во одредена тема и решен проблем. Зборувам за екстреми што се пласираат во некои од темите, па и во оваа. Едно е да пласираш информација, како што ти го направи тоа со статијата и фактите, а друго е да се настапи со напад на спротивностите. Цело време зборуваме за многу осетлива тема.Не сме во тема политика, па ај секој ќе се препукува за да исфрли нервоза. Треба малку човечност во однос на оние кои немаат избор. Природно наспроти царски, државно наспроти приватно и така натаму.
Многу сакав природно да се породам,знам оти од природно нема подобро,болки тешко но мине.Моите два царски беа индицирани од доктор за кој ми објасни оти е операција и не е баш едноставно. Моите болки се и ден денес,не завршија во моментот кога излезе бебето,ги чувствувам и ден денес(болки во грб,кичма,главоболки итн)на секоја промена на време.И сега што,не сум мајка? Абе ајде...Секој си одлучува за себе,секој го сака најдоброто за своето дете,сите одиме на контроли се консултираме со доктор.Боли секако,но ти ја полни душата и си полна со среќа кога ќе си го видеш чедото и секоја болка ја забораваш,бар со мене беше така.
Skoro na edna koleska kerka I se bese porodila vo svajcarija I koga ja prasav Kako se e porodila mi rece prirodno oti vo svajcarija nemale pravo na izbor dali sakaat da se poragaat carski ili prirodno toa go odlucuvale samo doktorite
Јас мислам дека жените се плашат од пораѓај. И ваков и таков сепак е пораѓај. Затоа мислам дека е најдобро да се остави на докторите, тие се за тоа и најдобро знаат во дадената ситуација како треба да се постапи. Ако пациент оди на операција на срце сигурно нема да му рече на докторот, а не, јас сакам вака, не така да биде. Зашто докторот најдобро знае. За болки и херои веќе кажав, за мене нема разлика, бебе било носено девет месеци во стомак, па излегло некако, а опоравувањето е секако индивидуално. Дали природно трпела болки 12 саати или после царски не можела со денови да стане од кревет, па рана боли, боли и шиеното од природно, породување, нешто ќе има.
Се доктор до доктор по темиве.. Ма боље и од нив знаете. Жени, природно да раѓате и да доите, па да сфатите мајка што е. Друго не се важи.
Абе пишуеш на нет ме боли грло и оп канцер ти вади. И нели одма на најлошо идеме, триста мисли низ главата, и ајде ќе споделиме нешто на нет кажано демек доктор некој кажал и ќе се грабнеме ко слепи. Да,првиот ми беше по индикација а втората цезареа сама би си ја бирала. Баш сум распиздена. Вака било боље, онака било боље. Абе ајде докторишта. Не е проблемот само во нас како информирани или неинформирани. Најголемиот проблем во двата случаи ( и природно и цезареа ) потекнува од неписмени доктори со купени дипломи. Е ради таквите доаѓа до несреќни случаи . Дај боже да се може кај сите природно, а етикетата "распиздена" ќе си ја урамам дека не знам зашто ама не ме вреѓа. Во сите држави ако имаш пари и платиш ќе си добиеш по нарачка ама баш буквално што сакаш. Да бидеме реални, пара врти где бургија нече. Да не продаваме "пиперки" дека немало да дозволат оти познавам случаи што си платиле за услуга плус, цезареа ли или да им трчаат по нив додека се у болница.
@ph.orhideja простатилук им е мал збор. Сите се породени природно иначе. Ама и во темава се прави истото. Па и се вреѓа. Ко да не знаеме дека најбитно е да сме живи и здрави после се. Ние сме научени да осудуваме. @Cka не верувам дека некоја не се информирала, ама ете ако има нека пише. И на двата начина има компликации.
Јас со сите информации кои ги имав, не би одбрала царски, не знам зошто ниту докторите не препорачуваат. Тие што ги знаат сите ризици од царски а сепак си одлучуваат да одат под нож, нека кажат што е предноста за бебето?
Јас веќе кажав и сами педијатри кои познавам ( Зборам за стари, искусни, и звучни и незнани имиња) кажуваат дека царскот е подобар за бебето. Не сум навлегла длабоко во темава за да се убедувам со некоја докторка и да и барам објаснување. А што е поубаво за бебето? Па да е здраво и живо и тоа и мајката. Еве пр да бев сега јас трудна и статистикана горе да ја прочитав а морав под нож, од страв ќе им умрев. Свесни ли сте како им правите да се осеќаат оние кои МОРААТ цезареа? И не верувам у пишаници на нет. Еве среќа моја сум породена и знам дека не е така како тука се прикажува.
Јас барав сама по желба царски и супер поминав. Ете од збес сакав царски и бев како што некои спомнаа погоре "распиздена" И сега ако биде се во ред и догурам до крај пак по желба ќе си бирам датум и термин за царски. Што е проблемот тука? Што им фали на тие деца родени со царски. Јас искрено немам слушнато некоја негативна случка од жена (не дека нема) породена со царски,наспроти некоја која се породила природно па со вакум и го ваѓале бебето,па повреда на глава имало од тоа, па ја искасапиле доле, па не дај боже разни несакани случки. После се маките да ги пораснеш и воспиташ децата,а кој како се породил најмал проблем е. И ти сега што рече Ете немам млеко,треба во депресија да паднам зошто не дојам. Или да се опседнувам што ќе речат комшиите зошто не дојам. Многу неубави реченици пиша.
Кога веќе сме 21 век и има избор, на мајката е да одбере каков пороѓај ќе има. Мешање од страна, осудување и предлози да биде царскиот дозволен само доколку има индикации за тоа, ми е на исто ниво со мешањето на тема абортус. Нејзино тело, нејзина одлука. И не знам за кои странски земји упорно зборувате, но јас живеам во Австралија, ќе се пораѓам во болница каде можам слободно да бирам дали сакам царски или природно. Значи не е точно дека во странство "не може царски по желба".