И сакаш да кажеш дека 13 кила после 5 дена од царски е без ризик? Има ризик од крварење, има ризик да се отвори раната. Апсолутно не се изолирани случаи, прочитај сама, не ми верувај мене. Месец и пол после царски не се препорачува кревање тешко. Ако тебе не ти се се случило ништо, не значи дека е без ризик. Ова испаѓа како она, преминав улица без да пазам на коли и ништо не ми беше, значи сите што викаат дека ги удрила кола, лажат. Опоравување после царски и опоравување после природно е неспоредливо. Не го измислив јас тоа.
Мене не. Сум поминала операција. Малтене несвесна ме држеа следниот ден, па немав замерки. Третиот ден бев 90% на старо. Јас само страв од неизвесност имам. Мора да сум во контрола. Ако не сум... ред аларм.
Уф. Пред да се породам, пишував дека ме фаќа страв.. Нешто коментирав околу трудноќата во +/-40. Еден дечко, не памтам кој беше, ми пиша да сум одела царски, жена му така, да не ми се раширела, а царски таман маж ми ќе бил среќен. И такви мажи има. Среќа со маж ми не морав ниеднаш да го коментирам тоа и од него имав поддршка цело време. Јас сум од тие што имаа петка царски. Тортурата беше претходно со провокациите. Опоравувањето беше супер, млеко имав и за извоз. Се породив вечерта, следното утро ми извадија катетер и ме станаа сестрите, гинекологот и педијатарката го пратија маж ми кафе да ми донесе да се освежам, ми донесоа доручек регуларно двопек и мармалад или мед не памтам, добив и ручек пилешко со пире, за вечера некоја пита. Она што беше битно, гинекологот ми посочи да пијам многу вода, за да уринирам следните 4 часа, оти во спротивно ќе мора да ми го вратат катетерот. Се подув вода тие 4 часа. Не знам оти во мк не даваат храна. Кое објаснување ви го даваат?
Си кажувате приказни , некој погоре спомна за искуството на блиските накратко да кажам јас 11 год дете , стрина ми пораѓај царски , две недели од кревет не стана , ја две недели гледав како ја носат по куќа да изврши основни потреби , како јаде во кревет и едвај два пати успеа бебе да си избања .... наспроти оваа слика година после тоа мајка ми природно го раѓа едниот брат и ниту збор за пораѓајот, подвижна , буквално како ништо да не се променило од претходно , после две години и следниот пораѓај исто и беше .... јас дете од 14 год сум била ама ми останало во сеќавање и тетките после следните години со нивните приказни вака било или онака било , се е до психолошка состојба на индивидуа колку повеќе негативни примери и приказни слушате , читате и сте се повеќе информирани толку повеќе ќе влијаат на вашата одлука за тоа како навистина сакате да се породите , може сум била дете ама ако не сум го имала тоа позитивно искуство покрај мене би се одлучила ли некогаш да родам природно или не ? или спротивно да не сум слушнала негативни искуства од царски дали би се плашела од него или не ? Читаат многу бремени тука и верувајте прворотка која на секој симптом и секоја мала болка престанува да дише во секунда од страв , кога ќе прочита тука дека се расцветуваш доле од природен , дека незнам неможеш да седиш со недели , дека се подмочуваш цел живот , дека пролапси ќе имаш , дека од болките се онсвестуваш па бебе ти останува во родилен канал, одма утре оди истата таа и ќе договара и ќе плаќа колку треба за царски само да не го поминува хоророт кој се опишува тука и тоа од членки кои не внимаваат на изборот на зборови ..... нема смисла да се претерува со муабетите затоа што колку има приказни за идеален царски , толку 100 пати повеќе приказни има за природен кој поминал идеално .... сите нека си прават како им одговара и како си сакаат и го ценам секое искуство и сечиј избор ама малку да се размисли и да се внимава пред да се напише нешто би имала поинаква слика темава
Наводно поради анестезијата и преработување на цревата не даваат храна. Не знам оти. Секаде во странство е спротивно од тука.
6 месеци после царски не се препорачува да се крева ништо потешко од бебе, не се препорачува вежбање, ништо што би го оптеретило телото и раната. Можеби звучи како претерување ама си има ризици. По царски примаш инекции за вракање на матка и куп инфузии, којзнае за што се. Природно ништо ова го нема затоа што природата така го креирала женското тело.
Не,само кажав за тие кои мораат царски да бидат дека не е се така црно како што кажуваат. И да,никој од болница нема да ти ги каже ризиците кои се доколку ти креваш дете. А сам си доволно свесен да знаеш кога можеш а кога не и кога треба да застанеш и да одмориш.
Епа мене два пати не ми кажале не си го дигај детето. До 6 месеци само да не правам стомачни вежби. Тоа беа усмените препораки. А на отпусно писмо ништо.
Ок, муабетов ни е ко демек не слушаме и не гледаме секојдневни пропусти во здравство, па ова сега е нешто ново. Едукација за домашна нега е нешто што мораат да го направат. Тоа што не го прават во пракса е затоа што се неодговорни. А не дека не треба.
Не. Сестра ми овде ќе беше одма породена со царски. Многу мачен и тежок пораѓај, прворотка, не се отвара, целата со отоци и осип, и нешто друго имаше, не ми текнува, три ги роди, и нели навикнати од овде, побараа, и рекоа никако, ќе се пораѓа природно. Крајно е царски.
Искрено мене многу језиво ми е царски, некој те чачка внатре во телото, цели раце ти ги пика, те раздразнува во стомакот. Не знам, секако ми изгледа страшно, ама тоа ти е.
Да беше толку безболен и безбеден царскиот, немаше два пати да ми дадат да потпишам согласност дека нема да одговараат ако ми се случи нешто на пораѓај иако два пати бев чекана до крај за природен, и два пати со индикација завршив со царски Првиот пораѓај 18, 5 саати, вториот 24 саати ме чекаа пред итно да ме однесат во сала (иако вториот пат ми дадоа избор зашто веќе еден царски сум имала, ама не сакав зашто имав компликации јаки од првиот пораѓај). И покрај се, јас пак сум за природен пораѓај. Додека јас бев врзана за кревет со страшни болки и не смеев да јадам ништо, природно породените родилки шеткаа низ ходник и си ги држеа бебињата најнормално. Кога си одевме, природно породените лабаво се наведнуваа и седнуваа, а јас не можев обувки и панталони да си облечам сама. Е сега, во државна болница така е, за приватно не можам да кажам, немам искуство. Ама па не можат сите да искешираат 2000 евра за безболен пораѓај. Да бев породена природно, немаше да имам оштетена матка од сечење и ќе можев да родам трето дете без проблем, а поради компликациите од царскиот јас имам забрана за раѓање. Помеѓу прв и втор царски мора да се чека 3 години за повторна бременост (ова е од сите гинеколози со кои сум била во контакт потенцирано). И најбитното, кај природно породените одма им доаѓа млеко, кај тие со царски втор или трет ден. Мојот став е тој, царски само со индикација. Затоа што не е ни малку наивен рез како што се мисли. Посебно за анестезијата. Првиот пораѓај немав право на избор. Итно бев однесена во сала зашто минути беа во прашање и имаше огромен ризик да го изгубам бебето. Не ме дочекаа да се успијам со целосна, а веќе почнаа да ме сечат. Ама нормално, зашто бебето и така на цтг не покажуваше тонови. Вториот царски имав избор за спинална, ама одбив зашто имам проблеми со кичмата па пак завршив со целосна. Затоа, слушајте го докторот кој ќе ве породи. Зашто некогаш колку и да сакате некаква анестезија за безболно да поминете, едноставно нема да биде можно зашто може да ви направи сериозни здравствени проблеми.
Стварате тензија само беспотребно, секој има право на свој став и убедување, некои можат едното други мораат второто, некои како мене можеле можеби природно но ете сплет на околности завршиле царски, со некоја индикација под прашалник. Сите исто мислење не може да имаат. Јас лично сакав природно да пробаме ама се исплашив од ризиците што ми беа произнесени за бебето, сега имам грижа на совест дали избрав правилно, но сум среќна што сме добри и двајцата. Опоравувањето ми беше лесно. Нема потреба од препукувања за тоа како некој мисли дека е во ред да се породи, се ствара страв кај трудниците или вина кај оние што биле царски без разлика дали сакале или не... Конкретно за мене си кажувам.
За да не настане преплет врева. Полека се воведува храна за да можеш да излезеш прво по голема. Исто е и на клиника знам по мајка ми кога се оперираше на гинекологија не им даваа. Ремедика пр јадат од одма . Не знам како може да има ваква неусогласеност. Инаку ја родив големо бебе и од прв ден со двајцата станував и сама ги гледав и гледам и ден денес.
Стварно е жално што еден нормален процес се прави така страшен. Колење и сл. Од некои кои имале негативно искуство (од Форумот) да се смета дека сите мораат да поминат така. Мојот прв пород беше природен. Без никакви повреди, сечења. Се си остана нормално. Имав убав пород. Долг ама тоа е процес, може беше во тој момент мачење ама се исплатеше. Вториот беше итен царски. Јас поболно искуство немав. Неможев да се накашлам првите саати. И мене ме станаа после неколку саати од операцијата, чим ми се пуштија нозете. Катетарот го извадија другиот ден. Значи бев и јас на нозе. А што да правам некоја виша сила, те тера да станеш да се опоравиш побрзо. И еве ме 10 дена од втор царски. Веќе два дена намалив со ибупрофен, го пиев(пијам) при болки, омалалсаност. Овој пород беше закажан царски. Мораше да биде така. Три дена претходно имав разговор со анестезиолог за сите можни ризици.. Со докторката исто така имав разговор и морав да потпишам согласност за се што може да се деси. При можни компликации можно е да дојде до вадење на Матката, можно е да дојде до повреди на бебето, исекотини и сл. Од анестезијата постојат исто така ризици.. Ако не добро се стави... Да не зборам Значи и те како има ризици. Тоа што не ви го кажале не значи дека не постои и дека е така безопасно. За мене беше еден стресен момемт. Вториот царски, дека планирам беше се опуштено. За мене и не баш. Од ставање на канила по рацете, катетар, спинална (за која се молев да ја стават како што треба) и тоа што си свесен при целиот процес и чекаш едноставно да се спојат назад. Да те сошијат како треба. Тоа трае прилично добро. Среќа анестезиолог знаеше да појача доза кога почнуваше да ми се снеарнува. Да останам смирена, да не ме фати паника како првиот пат. А ништо не ми функционира. Само рацете.. Така сега после 10 дена, јас сум фит. Ама тоа е кога си мајка добиваш посебни сили да станеш, да функционираш за себе и за бебето кое од тебе зависи. Плус од две школски деца кои мораш да гои спремиш секое сабајле, да им посветиш внимание. Да не се осетат запоставени... Се тоа мора да го совладаш. Мораш..
Мислам дека сувишни се сите контрања на темава. Прво секоја жена си е различна, некоја ќе помине царски ко со песна, некоја ќе има болки и месец дена потоа. Исто и за природно. Некоја ќе помине тешко, некоја лесно, некоја ќе распука некоја не. Нема лесен пораѓај. Ни царски ни природно. Ризиците се тука и во двата случаи. Во мојот случај, се породив природно, се течеше супер, се до моментот кога бебе ми заглави во родилен канал, се роди помодрено, јас се онесвестив, не дишеше, не плачеше првите 2 мин. Опоравувањето за мене после беше песна. Одма после пораѓај јадев, раната од епизиотомија ми е минимална, немав никакви потешкотии во седење, станување како што има некои со недели ги боли доле раната. Како да не сум родила ми беше. И си велам, може ако бев царски јас ќе поминев помачно после пораѓајот, ќе имав болки, ама барем бебе ќе се родеше неизмачено. Вистината е, нема идеално. Болки има. Ризици има. Вие што немате родено, не треба да се плашите од ништо. Се е нормално..Сами не сте, има доктори, сестри околу вас, ништо лошо нема да се случи. Не си земајте здраво за готово се што читате од породилни приказни. Ако нешто некому се случило, не мора да значи дека и на вас ќе ви се случи истото. Не се споредувајте, сите сме различни. И јас никад не би замислила дека нема да имам сила за напон да давам (пошто имам висок праг на толеранција на болка), ама ете снемав. Некои жени што не можат да поднесат убод од игла, издржуваат болки до крај, дури и без анестезии. Нема правило. И бидете спремни да тргнете природно, а да завршите царски. И тоа се случува, не сте единсвтени. А за останатото, се издржува, мора. Поминува и се заборава.
Раблтата е што некои имаат болни менструации и ги трпат тие болки али кога ќе дојде време запораѓај е сосема друга песна и не е исто. Што би било да не постоел царскиот рез ако до толку е трауматичен како што некои се удираатво гради само природен и ништо друго? Некои ќе станат одма од природно некои нема да можат очи да отворат други пак со царски мака може ќе имаат а некои и не. Се зависи од телото што е спремно да издржи а што не некоја и двете би ги издржала.И јас бев таа што тргна заприродно реков природно и ништо друго али кога почнаа да паѓаат тонови на бебе што да правев дачекав уште инфузијата да тече со провокации додека скроз не се изгубат тоновите?Во никој случај!!! Али кога се пробува природно не значи жената цели 24 часа да ја остават да се мачи со болки и на крај да и кажат ајде царски сега или три дена како што има некои телото е исцрпено а кога телото е исцрпено после и опоравувањето е тешко. Никој не ти гарантира дека и природно и царски ќе се заврши се како што треба.Да зацарски ќе си потпишеш во случај нешто да се случи не одговараат они, а демек за природно некој одговара? Не познавам некој таков доктор или сестра што одговарале за некој случај а сигурно се имало случено. Ништо не е гаранција во животот немаат сите да си платат за во приватна да се пораѓаат точно ама тоа не значи дека во државните болници требА да биде за некои пациенти терор.Колку што има добро што поминале државно дупло повеќе има што поминале лошо. Затоа секоја е приказна за себе и со природно и со царски породување никогаш нема исти да бидеме ДЕТЕ искочило од таму 9 месеци што растело и се развивало