Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спонтано породување или со царски рез?

Дискусија во 'Бременост' започната од Cka, 30 јули 2017.

?

Каде и како се породивте?

  1. Природно, во приватна клиника

    101 глас(а)
    17,8%
  2. Природно, во државна клиника

    211 глас(а)
    37,1%
  3. Со царски рез, во приватна клиника

    118 глас(а)
    20,8%
  4. Со царски рез, во државна клиника

    158 глас(а)
    27,8%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.340
    Допаѓања:
    113.046
    Пол:
    Женски
    И природно и царски се пикаат цели раце.
    Само местото на пикање е различно (fingers)
     
    На Mihaela123456, S.W.A.G, azelea и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Точно. И една иста жена со 2 и повеќе пораѓаи има различно искуство на секое породување. И кога одиш на пораѓај не знаеш што те чека. За второ може знаеш горе-доле ама сепак ќе речам секој пораѓај приказна за себе. И приватно има лошо што поминале, и на државно има презадоволни. Сестра ми е природно породена во приватна болница, 300 компликации со раната од епизиотомија и се случија. Никој не е мерило.
     
    На PurpleMind, azelea, thelittle17 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.674
    Допаѓања:
    18.330
    Пол:
    Женски
    @Brpbrp јас напишав дека бременоста сама по себе е ризична состојба. И пораѓајот исто.
    Ама тоа не го менува фактот дека царски рез е операција и не смее да се бира како желба на пациентката. Кај нас тоа го има. Сакаш царски, нема проблем давај катетар.

    Ако жената не е спремна да се 'мачи' да раѓа со часови тогаш зошто воопшто останувала бремена? Нели знаете дека пораѓајот е болен, напорен, мачен? Болки секако има ама не се споредливи. Со сите жени што сум правела муабет, баби, мајки, другарки, само една поминала лошо на природен пораѓај. Царски боли во секој случај, сечено е и боли.
     
    На MacenceEna, Kitten, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Секоја си има право на избор. Ова то е исто како за некој друг орган да правиш муабет пример жолчка не ти кажале дека од недобро соџвакана храна и преобилна се прават камења што може да добиеш ужасни болки и да треба да се вади? И за ова ли е истиот муабет? Што значи си знаел дека можеш проблем и компликации да си направиш и пак си продолжил што тогаш да немаш опција да правиш операција и да пробаат да те опорават со таблети? Секој има право на избор и треба да има право ако е вака како ти што збориш ниедна жена не треба да раѓа
     
    На thelittle17 и Moce19 им се допаѓа ова.
  5. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.674
    Допаѓања:
    18.330
    Пол:
    Женски
    Ако има индикација секако дека ке се прави царски рез. Јас сум против да се мачи жена, пример карлично поставено бебе а крупно, и да се проба природно.

    Ама одеднаш да решиш дека сакаш царски, а ни болки имаш, ни водењак пукнат, ни отворена, значи од чист мир, ми е незамисливо и неоправдано.
     
    На Cherry333 и elimkd им се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Јас не знам како не разбравте некои за што збориме 3 дена.
    Паѓале тонови, бебе заглавувало, а овде некои се мавале во гради за природно пораѓање и ништо друго.
    Значи дискусијава беше за царски БЕЗ ИНДИКАЦИЈА.
    Не се секирајте, ако паѓаат тонови на бебе, сите трудници ќе одат царски, не само вие.
     
    На Kitten, CareTee, azelea и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Сите жени се борбени али кога се во прашање хормони и чувства испомешани некои паѓаат на ова психа е лоша работа и преку ноќ што се вика можеш да се пореметиш. Замисли да нема опција да се бира на цела психа уште трауматичен пораѓај да има некоја( не дека секоја има али има и доста такви со лош пораѓај) и како ќе биде таа способна после тоа да го гледа детето антипсихотици ќе и даваат таблети за смирување? После тоа не смее да го дои бебето нели мајчиното млеко е најдобро за бебето зошто да се скрати тоа. Демек кај нас докториве ги интересира дали ти ќе скренеш со паметот или не? Баш ги заболе они гледаат детето да се роди крварења и такви работи а за последиците на психата ќе ти каже иди си на психијатар. Работата е да не дојде до тоа. И пак ќе кажам Царскиот пораѓај воопшто не е лесен иако некои мислат дека е така
     
    На Love86, thelittle17 и Moce19 им се допаѓа ова.
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.674
    Допаѓања:
    18.330
    Пол:
    Женски
    Пред да почне процесот на раѓање, како ке знаат докторите каков пораѓај ке имаш?
    Или што велите се мачела цел ден? По цел ден отварање треба ли на крај да ја носат на царски а може природно да излезе?
    Многу нелогичности пишувате.
     
    На Cherry333 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Тоа го зборам никој не знае друго е 5 саати друго е 12-24-72 часа за природно да се исфорсира и на крај кога не бива ај царски сега тоа не е траума? Плус уште однесување на тоа да додадеш па кога си го правела кај ти бил паметот
     
    На BabyD0ll му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    А кај си видела за 5 часа да се пораѓа некоја? И најубав пораѓај да е, за 5 часа никоја не се породила и не е ништо трауматично 12 часа што си ги пишала дека не се во ред.
    Во ред се.
    Толку трае пораѓањето.
    Не збориме за однесување на поединци, збориме За или Против царски без индикација.
    Не збориме за внатрешни крварења, паѓања на тонови, заглавување во канал, збориме За или Против царски без индикација.
    А индикација НЕ Е, 5 часа се пораѓам, уште не сум породена, ајде царски.
    5 часа не се ништо.
     
    На Kitten, azelea, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    За тебе ако не се за некоја се ако ти си учена да трпиш болки некоја и не е и на сите болките не се исти некоја поглеми некоја помали ти ако не си осетила големи болки има некоја што осетила затоа ТРЕБА ДА СЕ ИМА ИЗБОР како за се што има така и за ова треба
     
    На Iva2020 и DELFINA81 им се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не може да се има избор за масивна операција како што е царски, тука изборот паѓа на докторот кој е стручен и искусен.
    Не е ова дали сакаш да го пломбираш забот зо анестезија или без анестезија.
    И збориме како треба, а не како е кај нас, кај нас се знае како е.
    Не можеш да напишеш дека било траума да се пораѓаш повеќе од 5 часа кога 5 часа не се ништо, сите се пораѓаат толку, сите се истрауматизирани? Стварно ќе се преплаши човек да ве чита вас.
    Можеш да зборуваш во прво лице, за себе, а дека општо, 5 часовно пораѓање се смета за траума, е смешка.
     
    На SexiLy, MacenceEna, ivi1987 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.150
    Допаѓања:
    88.436
    Пол:
    Женски
    Треба да се има избор да се избере покомплицираниот пат( операција царски):^)?!
     
    На GolemaMala му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Знаеме дека си против царскиот очигледно треба некогаш да те остаат и да ги молиш за царски да те направат да видиш што е психичка траума е дури тогаш ќе сватиш што е тоа сега џабе го правиме муабетот
     
  15. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Што е по комплицирано за некоја да скрене со памет и никако да не може да се породи или да отиде на царски и да се опорава после тоа?
     
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Да, еве сите се скренати :rofl:
    Намалете со филмови гледање.
    Трудни читаат овде, а зборуваш за најприроден процес ко да одиш на мачилиште.
     
    На oblace1, MacenceEna, Kitten и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Пак ќе ти пишам како и погоре нека те остават да се мачиш и да молиш за царски и да не ти го дозволат тоа тогаш ќе сватиш сега џабе се муабетите.
     
  18. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Женски
    Значи споредбите - породување и операција на жолчка, вадење заб и сл., не држат вода.
    Породување е природен процес. Телото се припрема за тој чин 9 месеци.
    Јас имам фобија од игли. На забар се имам онесвестено на столица само затоа што ја видов иглата.
    Со болки бев 24 саати,од кои што 6 беа со најјаки болки на минута-минута и пол. Мислев дека нема да издржам. Ама издржав. Издржав и боцкања, канили, инфузии, епизиотомија, без проблем и без паѓање во несвест. Телото е спремно за тој чин. Нормално дека ме фати и паника и страв. Не сум ни прва ни последна. Ми беше закажан царски,поради надминат термин, ама среќа добив болки и се породив 2 дена пред царскиот. И покрај ете таквиот "страшен, хорор, трауматичен" пороѓај, пак сакав да се породам природно. Затоа што саат време после епизиотомијата бев на нозе и отидов да се истуширам, им помагав на тие што беа со царски.
    За жал, вториот пат беше царски. Е тоа е за мене трауматично, а не природното.
     
    На MacenceEna, Cherry333, mssuniquee и 2 други им се допаѓа ова.
  19. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Женски
    Имав закажан царски, ама се породив природно, 2 дена пред царскиот. Во најјаките болки барав да ме прават царски. Сега се смеам на тоа- која глупост сум кажала :D:D:D
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.150
    Допаѓања:
    88.436
    Пол:
    Женски
    Зошто да се скрене со паметот?
    Ако се породи природно ќе скрене со паметот(facepalm)
    Се читаш што пишуваш.
    Зошто бе вака драми правите.
    Абе раѓање еј на нов живот го претставувате ко траума,колење и незнам што.
    Ајде доста.
    Секаде исто се раѓаат деца,секаде во светот боли.
    Експрес раѓање за прво ретко има.
    Сериозно треба да почнат гинеколози со психијатри кампањи да прават.
    Олку страв не е нормално.
     
    На naturallmess, fana, Harper и 13 други им се допаѓа ова.