Која скренала од пораѓај??? 5 часа се ништо. И 12 се ништо. Пораѓај е тоа, навистина не си требала да се нафаќаш на бременост ако не си спремна за пораѓајот таков каков што е. Дека тука може се за пари па вака размислуваш. Само на овој форум царски е царски пат до раѓање.
Трудница да избира по желба дали царски или природно само кај нас го има. Доктор е тој што ќе каже и ќе одлучи Самиот процес на природен пораѓај и покрај сите болки е незаменливо чувство, да го осетиш бебето како излегува од твоето тело, тоа се тие мигови каде на се забораваш и на болки и на страв. А за опоравување да не збориме, после два часа те стануваат како ништо да не било
Штом дебатава замина во непознат правец баш ме интресира дали имаме тука некоја која своеволно си барала царски и и кажале во ред мајка штом сакаш царски одма те правиме. Не стрини братучетки,членка.
Јас тука кога бев прв пат на контрола после долго време 36та недела и му викам. Македонија ми рекоа дека главата на бебето е поголемка за 2 недели и страв ми е сега. Од што вика од породување? Да викам. И човек одма почна nein nein нормално си е се, главата е само неколку дена поголемка. Не ми ни даде шанса да прашам за царски.
Па така треба. Јас сум породена два пати со царски,но напоменав и зошто беше тоа така. Породена сум и тоа во приватна болница и можам да кажам дека дури и криво му беше на др што мора да биде царски бидејќи бебето си беше совршено наместено за природен порајѓај.
Јас знам @PurpleMind роди бебе од 4.500 грама и не ја правеа царски. Дури мислам дека и подзаглави бебето со вакум и го вадеа и на крај успеа. @PurpleMind знам дека имаш лепотанче бебче, главчето беше ли сплескано после вакумот?
Јас со второто. На ехо ми вика околу 3900 ќе е. Големко,јас царски? Не, зошто царски ми вика. Раѓање експрес. Болки менструални 2 часа дома ,одиме во државна болница од влезна врата во 08 ,дур влеговме во 08.15 породена,бебе 3950. Уште ми е срам во лифт што ќе се породев. После два часа на газ седната, нашминкана,средена ко во турските серии чекам маж и ќерка да дојдат. Абе жени убаво е раѓањето. Што вика @elimkd и тоа чувство кога излегува од твоето тело е прекрасно чувство.
Не ништо не ми спомнаа за царски, пошо таму бев до 28 недела и не бев пријавена за породување ниту во државна ниту во приватна. Во државна Мк не знам дали треба да се пријавиш, пошо цело време јас на приватен гинеколог одев, само за брисевите во државната ги однесав.
Истото го помислив вчера. Сериозно, како се спремате во мк за породување? Има курсеви за трудници, техники за дишење да ве научат, да ви објаснат што е пораѓај, држење и капење бебе и таквимити работи, или све е од рекла казала/на форум прочитала? Јас дури не отидов на курсот и не напраив реален муабет со реални луѓе, од читање по интернет скренав, не се прави тоа така.
Не се заглави, туку 12 часа бев со болки и плус го буткав 5-6 часа и кога дојде главчето кај излезот, снемав сила да буткам. Главчето не беше сплескано, ама имаше испукан капилар во окцето, плус белези низ главата. Сега се' помина, вклучувајќи ги траумите. Кога би знаела однапред низ што ќе минам и кога би требала повторно да минам низ истото за да го имам него, би го направила тоа. Тоа е цената што ја плаќаме за да си ги имаме чедата. Се забораваат и болки и трауми, а пораѓајот си е најприроден процес, колку и да е "страшен".
Има и тука школи за трудници, предавања ама џабе се изгледа. Барем по форумов ова што го читам е општа паника од спонтано породување.
Се имa нa интернет, прaшaње е сaмo дaли сaкaш дa се утешиш и дa нaучиш техники и сoвети зa пoлеснo пoрoдувaње или дa гледaш жени кaкo врискaaт и дa си пoтврдиш декa е мнoгу стрaшнo. Тoa е, кaквo спремaње, oснoвaтa е тaa. Некoи читaaт и oдaт нa курс, други дoбивaaт oснoвни инфoрмaции. Кaкви реaлни луѓе, луѓетo сo кoи ние рaзгoвaрaме не се реaлни? Пријaтели, пoзнaници, пa и искуствa oд тукa нa фoрумoт, не е реaлнo? Кoи се твoите реaлни луѓе штo вo Мк ги немa? Идaт пaтрoнaжни сестри и вo Мк зa прoверкa и сoвети. Вo бoлницa дoбивaш сoвети зa држење, дoење, пресoблекувaње и сличнo.
Има бесплатни часови и на државна и во Систина. Не знам како е сега во коронава. Инаку мене стравот не ми е од природниот процес на породувањето, страв ми е од условите. И веќе кога зборуваме за природни текови, кога ќе ти шибнат индуцирана провокација за побрзо да се отвориш, тогаш веќе зборуваме за медицински стимулиран пораѓај. Контракциите што телото би ги произвело не би биле толку силни и чести. Сите се жалат дека откако им ги пуштиле провокациите господ у пижами го виделе. Или нека ме пуштат да се пораѓам 3 дена ко на нива, или ако веќе ме индуцираат и нека ми помогнат полесно да го поминам процесот. Пак ќе кажам не сум за царски без индикација, јас лично не очекувам безболен пораѓај, очекувам и сакам човечки третман.
Во мк патронажни не дојдоа додека не ги повикав, и тоа бебето откако направи 3 недели се појавија, никаков совет не добив. Во болница ми го тупнаа бебето залепено со каки, едвај го средив. Никаков совет за ништо, доење поддршка 0. Далеку е од идеално на државно. Да бев царски не знам како ќе го гледав бебето со болки зошто откако ми го оставија, веќе толку беше. Немаше ни да дојам успешно да не се едуцирав претходно на темата, има начини да се информираме за некои работи, но кој колку сака. А со провокации, да, го видов господ во пижами и голема работа. Отидов спремна да раѓам и да боли. Ќе помине. Хорор филмови правење на никој не помогнало. А и секое искуство е индивидуално. Позитивна мисла нема да е на одмет малку.
Мислев реални луѓе кои лично ги знаеш. Сеедно дали во МК или на Аљаска. Едно е со пријателка да зборам лично, ќе ги мери зборовите, друго е на форум- ќе ти продаваат идеологија. Јер тешко се мерат зборови, вака пред маса. Инаку вистина се има на интернет, ама едно е стручен да ти ги објасните ситуациите и веројатностите за истите, друго е сам да си бараш, па по правило ќе ти останат во глава лоши вести и прогнози. Ти ко си бараш дијагноза на гугл, не си наоѓаш стално најстрашно можно сценарио? Не знам оти, така е устроен интернетот. А за советите во болница, не праам муабет. Тоа е после свадба тапани. Таква замаена, баш ништо не ги разбрав. Барем мене лично, подготвителниот курс многу ми беше корисен.
Девојката помина низ трауматично искуство што стварно е срамота да го прикажувате како пример за природно породување. Навистина и симнувам капа, што успеала, меѓутоа е стварно жално и нечовечки во 21век така да измалтретираш некого. Е за ваквите породувања и за тие што се со индикација - го оправдувам царскиот.
Пa кaкo нaпишa кo вo Мк дa дoзнaвaaт ден пред пoрoдувaње декa се трудни пa oдaт кo зa преглед. Зa тoa штo те интересирa гo прaшувaш гинекoлoгoт штo ти јa вoди бременoстa, ете сегa и бесплaтни курсеви имaлo, сестри, пријaтели, пoзнaници, интернет. Акo немa некaде бесплaтни курсеви не знaчи декa тaкa oдaт, скрoз неинфoрмирaни, кo oд небo пaднaти.
Не, за вакво нешто не треба да има слободен избор, туку одлуката ќе биде на оној кој е оспособен да носи такви одлуки. А тоа е докторот кој го води породувањето. Кај нас се проблем условите и односот на персоналот во државните клиники. Чест на исклучоците. Приватните го знаат тоа и дебело го наплаќаат она што во секоја нормална држава треба да биде БЕСПЛАТНО. Бидејќи скоро секоја жена барем еднаш во животот ќе помине низ ова искуство. И жалосно е што тоа искуство се оцрнува и се омаловажува, а треба да биде едно од најубавите во животот. А жалосно е и што очекувањата на жените, особено прворотките е дека породувањето на било кој начин е лесно. Не е како на филмовите, може ќе трае пет часа, може 15, може 30 часа, на тоа треба да сте спремни. Нема зошто да се плашите, да беше толку лошо и страшно, човештвото немаше да постои.