Девојката се породи во странство како што знам, и е добар пример затоа што самата кажа дека вреди сѐ за бебенцето и пак би поминала низ истото. Да не мислат труднициве дека само во Македонија прават "колење" на мајките за природно да се породат.
Што ако има курсеви кога многу трудници бабини деветини одлучуваат да слушаат. Сосила не можеш на курс да ги однесеш. И плус, патронажни сестри даваат ужасни совети. Имало грчеви, дај му вода со шеќер. Ова од патронажна сестра кажано.
Не одат скроз неинформирани, одат уплашени оти погрешно информирани. Таков впечаток добив и не сум единствена со впечатокот мислам.
Не знам, од сега ќе раѓам па ќе видам. Дадов пример само дека издржа и дека беше јака. И мене мајка ми ме има родено 4200гр природно, ја шиеле без анестезија, ги видела и мртвите пред очи, ама тоа не ја спречи да раѓа пак по мене. Немам искуство, од допрва ќе видиме, ама имам слушано хорор стории да, ама истите жени што ги кажувале тие стории се одлучиле пак да раѓаат и тоа природно.
Фалеше уште некоја да пише дека царски рез е против вољата господова и да пробам да се деактивирам од форумов засекогаш. Ќе ми кажела некоја, чувството од телото бебето како излегувало. Чувствувај си го и понатака, ич да не се замараш со моето "немајчинство". Селска чешма бе.
Има и на државно и на приватно часови. И за техники на дишење за пораѓај и за нега после пораѓај, и за доење, преслекување, капење, се со ред.
Бриџо, ја читам темава колку и ти, вадам заклучоци како и ти. Кажав дека заминав од мк убедена дека царски е подобриот начин и дека треба да си го изберам. На темава прочитав дека било право на избор, на родилките. Не знам дали фалат информации или владеат предрасуди, ама според анкетата погоре секоја втора се породила со царски, што е тема за размислување, зошто е тоа така.
Некaде вaквa игнoрaнтнoст е нa нивo нa селскa чешмa, дa не те зaнимa штo е пoдoбрo зa тебе и твoетo дете и дa бaрaш oперaцијa oти мoдернo билo. Сaмo зaтуцaни прирoднo се пoрaѓaaт, тaкa ќе излезе нa крaј пo oвa штo гo читaм.
Тоа е тоа - лигавежници, срамота страв им е па уште што ако не им даваат епидурал, голема работа. Извинете височества странЦки што знаевте дека ќе добиете епидурал ако сакате, а како што гледам сте сакале, па не сте имале прилика да ни' ги имате стравовите, извинете и вие кралици што сте издржале храбро и не е ништо страшно, еве длабоко извинете Мислам, фала што кажавте дека е природен процес, ја па помислив дека човештвово до денес на царски опстојуваше. Многу болки се природни, ни една немам намера да трпам. И ова посебно се однесува на успешните необезболени, еве ви се поклонувам, ни жена ни мајка ќе бидам колку вас, фала, ама не фала, секогаш, ама секогаш ќе бирам да не ме боли.
Штo прoпaгирaaт некoи дoктoри зa прoфит, кaжaв и јaс декa е сумљивo. Нo зa инфoрмaции oкoлу бoлкa и техники и спрaвувaње, не мoже е дa пoрaзличнo, вaљдa секaде е истo. @CameliaMiller Кoлку штo знaм дaвaaт епидурaл и нa држaвнo aкo си плaтиш. Секaде се плaќa. Штo, вo Мк немa епидурaл? @NovusOrdoSeclorum. Ти штo кoментирaш вo рaзни теми, штo мaјкa бaрaш вo религијa, биди си aтеист или верник, мoрa ли дa кoментирaш? Кoлку штo знaм зaтoa се темиве, зa кoментирaње.
Ова е темата. А ова е одговор на првата страна. Коментариве се од пред 3 години, не од пред 10. @CameliaMiller темава не е за твојот личен страв од болка. За тоа има ваљда друга тема.
Во РСМ не даваат државно епидурал ни ако си платиш. Само ако си најдеш врска анестезиолог специјално за тебе да дојде на работа. Едит: затоа врски за царски фаќаат. Оти врски за епидурал малце потешко. Шансите се дека сепак без него ќе се породиш, оти ќе го викнат др на покритично место.
Па не е само мој личен страв, нели? Се обраќате на куп жени, кои исто така, имаат страв од болка и не сакаат да ги боли.
@Bridget Ни ако си платиш нема. Државното здравство кубури со анастезиолози. Во чаир анастезиолози има доволно само за оние што се за итен царски, на ГАК ротираат по клиники. Ако има сообраќајка или не знам било каква итна операција нема да ти го остават тебе пошто нели пораѓањето ќе се случи вака или онака. Тоа што те напукале со провокации, што те тераат да си чистиш сам ако си повратил, пукнал водењак кај што не треба па на ти крпа и слично тоа може, ама се што е човечки третман да се очекува тоа е лигавежлук. А и зошто да плаќам и да поддржувам корупција? Јас стварно не знам што е тоа што може да ми го кажат на обука и на психијатар што ќе ме спреми за персоналот и условите таму?
Тоа, тоа. И ќе се согласам дека царски или природно е избор на доктор, само кога ќе постои опција епидурал или лајт спинал.