Епа ти кажа Камелија, ако имаш врски дебели ортоми, или ако платиш па да дојде вон смена на договорено. Ако е на регулар смена не може да биде до тебе со саати и да те надгледува. Царски е пола саат работа, природен пораѓај со епидурална може да трае ехеее.
Не значи, ама ако ти пише итен царски е скроз легитимна причина зашто е со тебе, а не на друго место анестезиологот. Со епи не е ист случај.
Лол пак со набивање вина. Државно нема да раѓам макар кредит да подигнам, макар од луѓе да се позајмувам. Не тука. Никому нема ред да земам, ич да не се секирате.
Малку страшно е ова. Не поради родилката и што таа бара, туку докторот кој пишува итен царски знаејќи дека не е тоа случајот и дека... може да дојде до јебига. Каде е неговата совест тука? Тоа е страшното.
Страшно е, страшно. Ама за тоа родилката е најмалку виновна. Само се обидува да биде третирана како што треба да биде третирана. Обично закажаните царски се во време кога има кој друг да ги преземе итните царски. И се' додека си ги бркаме докторите, нема да биде подобро.
Овде царскиот веќе оди по порачка. Секој втора жена сама бара царски. А Германија, Швајцарија, до последно нема царски таму. Кога ептен е ситуација, кога мора. Кај нас царскиот е мода.
"Итен" царски на закажано... А толку е лесно да се исконтролираат такви испади, ама толку ги интересира...
Наша реалност е дека на државно НЕМАМЕ избор да бидеме третирани како што доликува, па многу се снаоѓаат зашто мораат. А мислењата, замисли нејќеле да ги боли, замисли посакале нешто што е нормално да го имаат и ќе го имаат во секоја земја што ја земаш за пример. Замисли, опцијата им е ако се доволно несреќни сто саати да се мачат, или другата, да се снајдат. Замисли колку се разгалени.
Ама ни едното ни другото не е во ред. Јас не знам зошто толку многу се трудите да кажете како условите во државниве установи се нормални и се тоа една жена треба да го трпи како нормално. Да жените веројатно ќе истрпат многу за да држат бебе во раце, не еднаш, два пати, три пати... ќе поминат ако треба и низ ИВФ, операции, тестирања, боцкања, се по список. Не мора да се раскажува колку мајчината љубов е голема и вреди. Туку пошто зборуваме од каде толкав процент на случаи со царски, еве ја дискусијата - таа е. Освен осуда кон оние што бараат алтернатива да го заобиколат скапаниов систем ништо друго не може да се прочита. Тој страв не е од нигде дојден и очигледно нешто треба да се смени каде што е труло, па така ќе се намали и паника и жените ќе се охрабрат за се што ќе дојде.
Да избереш царски за да помалку да боли е неинформираност и будалштина. На државно има и добри приказни,одлични искуства ама тие не ги читате зошто ви се потребни хорори кои често се пренапумпани за да го хранат вашиот страв. Замисли да беше надвор и да не можеше да се снајдеш?! Да беше во тие каде што нема да ти понудат епидурал или царски,што ќе правеше жити се?
Епа погрешно очекување е. Како помалку ќе боли? Рана е, 6 слоеви кожа, мускули, плус матка се сечат. Го видовте видеото погоре со пластелинот? Многу добро видео. Може ќе се породиш за 30 минути, ама колку време потоа ќе боли раната? Операција е, не е вадење заб со анестезија. И епи не е безболно, а богами ни без компликации. И сето тоа е небитно, пошто можност за компликации секогаш има, ама најчесто нема.
Помалку ќе боли, зашто пост-оперативно, секој ден гледам луѓе. Си добиваат лекови за болка, за многу покомплицирани операции од цезареа, па следен ден се на нозе. И не, не мислам дека е цезареа подобра од природно раѓање, ама мислам дека е подобра од природно раѓање без никакво обезболување. Еве ти пошто можеше да одбиеш епидурал, дали одби?
Веќе се изјаснив одамна. Да немав никакви услови да си олеснам, немаше ни да се обидувам да имам дете. Ова лично јас. Да имав и порано услови, можеби и порано ќе се осудев. Не ми се ризикува, дал ќе бидам позитивна или хорор приказна. Изгледа не сум сама.