Не значи дека во странство не прават грешки. А и мајка ко мајка се ќе направи за своето чедо, меѓутоа прашањето е - зошто толкаво измачување, кога царскиот е подобра опција во оваа ситуација? Башка што и бебето го измалтретирале максимално. И не знам како некој може да не сочувствува и само да се удира во гради дека природното породување е подобро по секоја цена, во однос на царскиот рез.
Јас ни платив ни ја знаев анестезиологот. Помеѓу два царски беше докторката, ме нивна мене и друга една, третата беше малку отворена и не ја боцна и рече ако си 8 прста по овој царски ќе те боцнам, ако не тоа е. Од предавањата научив и се ми беше јасно. Се што кажаа се беше така, многу ми олесна. 100 посто точно
Ако добро те сфатив, доби епидурал иако не познаваше никого? Браво за докторката ако е така, некој нормален да чујам да постои.
Ама пошто си ме читала, прочита ваљда дека од тоа епи после 4 дена ме оправаа. Ама јас исто дезинформирана како тебе. Снаа ми можеше да добие епи, не го побара. Со овој памет, следно не би побарала.
@Cosmi не сум мазохист да чекам хорор приказни со сласт да ги слушам, кога утре треба да поминам и јас низ истото. Едвај чекам да слушнам позитивна приказна, ама поретки се. Една другарка не поминала човечки, ни една. Не беше само болката проблемот кај нив. Од каде да знам јас во која статистика ќе влезам? Дали ќе ми се посреќи или не. Дај боже да поминам полесно, со задоволство ќе ги охрабрам и другите околу мене, ама дури тоа не стане приказната на мнозинството нема мојата приказна да е репрезентативен пример на тоа што е реалноста. Треба да се бориме за достоинствени услови во здравството. Толку. @Cka апсолутно сум за да се оди на предавањата и за едукација. Да знаеш која болка е нормална, како изгледа контракција, напон, како да дишиш, да чуваш снага и енергија. Немам збор за тоа. Моите замерки се за другите работи во процесот.
Природно е подобро од царски, секогаш. Секој доктор ке го каже тоа. Царски се прави само кога природно не е опција. Кај нас се прави и кога треба и кога не.
Ама пак било избор твој, дали ќе примиш или нема, исто и на снаа ти. Ако ти не си била свесна, не значи дека никој не е. Не знам зошто мислиш дека сме несвесни, а не свесно прифаќаме одредени ризици? Мојата операција можеше да биде и амбулантска со лидокаин, па немаше шанса така да прифатам. Со лидокаин истиот ден ќе си одев, со заспивање после 2 дена. Одбрав два дена да лежам и грло да ме боли, не дека не бев свесна за истото, ама за мене лично така беше подобро. Само овде немаме избор, и да, тоа е проблем, и главна причина за бирање царски.
Јас немам страв од болка воопшто, имам висок праг на толеранција, ама имав паничен страв да не тргне нешто лошо на природен пораѓај. Имав и други индикации (екстремна тахикардија, високо поставено бебе, долг цервикс) ама да бев државно гарантирам дека ќе пробаа природно и покрај тие причини и не знам каков ќе беше исходот. Од неизвесноста најмногу се плашев и можноста да се искомплицира нешто, и уште се плашам за во иднина.
Ниту јас не познавам ниту една пријателка, што раѓала државно, со позитивни искуства. Една немам таква околу мене.
А ако одиш на царски условите други се? Болницата почиста, медицинскиот персонал подобар и поуслужлив?
Јас на државно бев. Пред да дојде денот за породување, му велев на докторот дека сакам царски. Тој не сакаше да слушне. Операција било тоа, мало било бебето, немало потреба..нејсе. Реков тогаш ќе платиме епидурална , не било практично да се пораѓаш со епидурална, не било сигурно дали ќе имаме достапен анестезилог. И така. Ете мене не ми се нафатија да ме породат како што сакав. Јас имав многу лесен пораѓај, без големи болки. Епизотомијата беше тоа што ме болеше, породувањето не. И сега јас можам да пишувам како треба природно да раѓаме, дека тоа е природна работа. Само затоа што лесно поминав
А ти од на фемина во македонија процена подобро од докторите што ја пораѓале членката, дека подобра опција бил царски во шведска? Господ да чува еј
Цело време сакав да прашам, а на државно царски е како во хотел со 5*? Ако нема сестра за природно, царски 100 пати потешко ке ви е. Логика нула.
Затоа што не одиш во ресторан па да очекуваш позитивни искуства. Боли и во тој момент се те нервира и бараш некој да ти помогне да се намали болката. А нема време некој да седи до тебе неколку часа, па и да седи, џабе е. Се претерува многу со она -најубавиот момент. Не знам зошто се очекува раѓањето да е убав момент. Убав е моментот кога ќе излезе бебето, болките се такви какви што се при природно раѓање ама во моментот кога ќе родиш завршува. Ако е царски одиш на операција и очекуваш рез и болки отпосле, некаде со недели. Ако е епидурал се надеваш исто дека нема да има компликации. Во секој случај е страв и паника до одреден степен. И е ок. Цел живот имате за моменти убави, тој ден кога раѓаш, само стискаш заби и палци да помине се во најдобар ред.
Па не ти се дере некој пошто си повратил од болки. И не ти вика „Нели убаво ти беше кога го правеше, сеа да си ќутиш.“ Или да ти го збрца цревото за клизма и со душмански тон да ти нареди „Се да си исчистила како што си нашла да биде.“ Бриџи за достоинство зборам и за нормални услови, аман. Не знам зошто не се разбираме. И не го величам царскиот. Зборувам зошто сме стигнати до каде што сме и што треба да се смени за пораѓањето да биде сфатено како нормален процес. Нас женските од мали не припремаат психички дека станувањето мајка не е лесно. Ок не е. Не мора да е тортура. Многу е да се побара?
Не знам зошто мислите дека со царски работите се под контрола. Побезбедно е природно пораѓање одколку царски без индикација и тоа е факт. Царски се прави кога компликациите што можат да настанат од царскиот се помали одколку компликациите што можат да настанат при природно. За страв на сите ни е. Страшни се приказните за односот на персоналот. Ама тој однос ќе го добиете и со царски. Царски е огромна операција. Многу го редите фокусот на болките при раѓање. Боли, стварно боли. Ама неколку часа. Со царски опоравувањето не е ама ич наивно и трае со недели и може и месеци.
Ама истото тоа ќе го добиеш со царски. Нема да ти се дере што си повратила од болка, ќе ти се дере кога ќе речеш дека те боли кога ќе пробаат да те станат после царскиот. И, која е разликата?
Затоа прашав, други се медицинските сестри при царски? Таа што дава такви коментари ако си повратила, ќе ти даде сличен коментар ако побараш помош за нешто после или пред царски.