Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спонтано породување или со царски рез?

Дискусија во 'Бременост' започната од Cka, 30 јули 2017.

?

Каде и како се породивте?

  1. Природно, во приватна клиника

    101 глас(а)
    17,8%
  2. Природно, во државна клиника

    211 глас(а)
    37,1%
  3. Со царски рез, во приватна клиника

    118 глас(а)
    20,8%
  4. Со царски рез, во државна клиника

    158 глас(а)
    27,8%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    88.379
    Пол:
    Женски
    Реков јас сите сте испоплашени.
    Знаеш колку има што поминале добро на државно?
    Еве јас бев два пати државно.
    И ќе ти кажам дека сосема коректно поминав.
    Имав чиста спаваќа,постелнина,топла вода,неколку пати дневно поминуваа со џогер.
    Е храната не беше нешто вкусно,ама тоа и не е нешто важно.
    Грев е да речам и за доктор ,а и за сестрите,се ми покажаа.
    И ги бањав со нив и едукација имавме за доење и не беше језиво ко што кажуваат.
    Никој ни ми се дереше,а 18 часа бев со провокации,чуда таму,се роди здраво право.
    И подароци замисли добив и тоа повеќе него ли што во Систина сега даваат.
    Цел пакет книги за раст и развој на дете,памперс цел пакет за новороденчиња,несесер Бекутан. :D
    Што е различно во приватно освен можноста да се "избере" царски?
    Знаеш колку поплаки има за сестрите во Систина?
    Што е разликата ?
    Епидуралот?
    За него не сте слушнале страшни приказни?
    Едит
    Овој муабет што го кажуваш го знам и јас во наследство од тетки,стрини.
    Можеби го има уште ама е ретко.
    Еве има што се породиле државно и други нека кажат дали им се дереле и слично.
    А да ,да напоменам и дека сум разгалена за доста работи.
     
    На Kitten, azelea, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.
  2. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Женски
    Еве јас двапати се породив државно и задоволна сум и од доктори и од сестри и од се. И сите што ги знам околу мене убаво си поминале државно. Ама не се важи ова, слушате само некој лошо што ви кажал и се држите само до тој муабет.
     
    На Kitten и Biljarkata им се допаѓа ова.
  3. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.436
    Допаѓања:
    38.443
    Пол:
    Женски
    Може да има компликации секако, ама позната е постапката. Како што пишав јас од тоа најмногу се плашев, од неизвесноста. Плус бев приклучена на апарат нонстоп да мери пулс и притисок и цел пораѓај анастезиолог седеше до мене, и додаваа терапија во инфузијата за пулсот. Над 200 ми беше.
    Инаку во однос на опоравување прелесно поминав. Станав по 8 часа, се истуширав нареден ден, на заминување од болница одев најнормално, слегував по скали, кревав бебе, капев одма без помош, итн.
     
    На CameliaMiller и Cosmi им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Јас пак куп позитивни приказни од кај нас на државно знам.
    Еден куп хорор приказни кои одат со "страшно е на државно, ако немаш никого никој нема да те погледне", ама ни една што никој не ја погледнал.
    И другарки имам што имале услови за приватно, па отишле на државно.
     
    На oblace1, mssuniquee, Kitten и 6 други им се допаѓа ова.
  5. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Женски
    Со природно и полесно ќе поминеп, после саат време ќе станеш, без болки ;)
     
  6. ..barbie..

    ..barbie.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    Не. Ако беше секогаш подобро, немаше ни да има опција царски.
     
    На CameliaMiller, merina.93 и forumce им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Како може царскиот да е позната постапка и да нема неизвесност, а природно пораѓање да не е позната постапка?
    Царски во никој случај не може да биде попозната постапка од природното.
    И тоа што трудницата не знае што се дешава баш во овој момент и тоа и се чини неизвесно, не значи дека и докторите не знаат што се дешава. Трудницата е исплашена, на докторите им е само уште еден нормален пораѓај. Каква неизвесност?
     
    На Biljarkata, Cosmi и kristina.k им се допаѓа ова.
  8. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.436
    Допаѓања:
    38.443
    Пол:
    Женски
    Немаше да станам ич ако ми откажеше срцето на пораѓај. :D
    Се шалам, секако и поради тахикардијата не ме пораѓаа природно. На крај 170 ми беше пулс нормален.
     
    На fana, CameliaMiller и GolemaMala им се допаѓа ова.
  9. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.436
    Допаѓања:
    38.443
    Пол:
    Женски
    Па ми ја објаснија до детали постапката. Свесна бев, само не гледав од завесата измеѓу. Ми зборуваше докторката цел пораѓај, а меѓу нив тивко за да не ме паничат дополнително.
    Мене ми беше неизвесен исходот со природен поради состојбата. За мене пишував лично.
     
    На CameliaMiller и ..barbie.. им се допаѓа ова.
  10. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Женски
    Оправдано поради тоа. Муабетот не ми беше лично за твојот случај, туку за царски по желба.
     
    На Cherry333 и kristina.k им се допаѓа ова.
  11. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Де не се глупирајте дека саат време после спонтано породување можеш да станеш. Два саата се леже на бокс и не е за џабе така тоа.
    Точно. Да беше секогаш подобро природното породување немаше да има царски. Индикација за царски е всушност индикација за не природен пораѓај.

    После природен пораѓај 2 месеци ми траеше опоравувањето и уште имам компликации. Ама тоа сум јас. Исто како што кристина поминала лесно со царскиот така јас поминав тешко со природниот, зборам за опоравувањето
     
    На CameliaMiller, ..barbie.. и kristina.k им се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ама твојот царски бил со причина.
    Царски без причина е со далеку поголем ризик, одколку природното породување.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.673
    Допаѓања:
    18.330
    Пол:
    Женски
    (facepalm) жално што размислуваш така.
     
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Не е жално. Реално е. Имај карлично поставено бебе па раѓај природно оти така е подобро
     
    На ..barbie.. му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.038
    Допаѓања:
    134.437
    Не знам кога си се пораѓала, ама даваат апче сам си ги ставаш. Клизма нема веќе.

    И по не знам кој пат да кажам, какање по пораѓај боли повеќе од пораѓај. Ако некој мисли дека раѓањето е болка, нека чека да кака.
     
    На mssuniquee, azelea и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Куп карлични бебиња се родени природно.
    И тоа ти го зборува цело време.
    Ако има причина.
    Ако има причина.
    Не знам како не укапиравте досега дека зборуваме за ако нема причина.
     
  17. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.984
    Допаѓања:
    10.235
    Еве на @Kate Rina 93 ја памтам позитивната приказна, и секогаш ќе ми остане како една од најпозитивните приказните што сум ги прочитала.
    Ама и сама си кажа - тоа што она имала лесен пораѓај не и дава за право да ги убедува сите дека они нема да поминат лошо.

    @Cosmi стварно ми е мило дека си задоволна како си поминала. Ќе се охрабрам кога од повеќето ќе го слушнам тоа. Не барам ни јас премногу кралски услови. За храната па најмалку ми е важно.
    Муабетите што ги зборам не ми се од тетки, од мои врснички се. Ако тие лажат ве лажам и јас.
    @GolemaMala и за тебе исто се однесува одговорот што го имам за Косми.

    @Bridget па после царски ваљда не си во агонија со саати. Боли, тешко е, ама и со обични лекарства се намалуваат болките. Совршено сценарио нема, за тоа се разбравме.

    @Cka муабетот ми е од најблиска другарка, породена пред 3 години во Чаир.

    Да сумирам по не знам кој пат. Јас да бирам, сакам природно, дај боже да немам потреба ни од епидурална. Не мислам дека царски е подобро, ако има индикација доктор треба да каже. Спремна сум дека нема да биде момент од бајките, сигурно ќе одам на предавања и ќе се едуцирам за да знам се што треба за процесот. Сакам човечки третман и не планирам да се извинувам зошто не сакам некој да ми се иживува згора на сета мака. Во 21 век треба да има избор и за обезболување при пораѓај. Без многу работи природно можеме, ама сепак си ги удоволуваме, зошто да не и за ова. Ако не сакаш никој нема да те тера.
    Најмногу се за осуда оние што го руинираат здравствениот систем и што премолчуваат на очигледна корупција. Со децении веќе.

    Дај боже сите да поминеме како што треба.
     
    На ivance.., azelea, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  18. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.673
    Допаѓања:
    18.330
    Пол:
    Женски
    (facepalm) читате или колку да се каже???

    По милионити пат, ако ИМА ИНДИКАЦИЈА за царски добро. Ама ако нема?
     
  19. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Де не ме цитирај. Не одговарам на твоите навреди. Имам присуствувано на карлично раѓање природно. И знаеш не да е убавоо. Охооо
     
    На ..barbie.. му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ама ти сфаќаш дека зборуваме за ЦАРСКИ КОГА НЕМА ПРИЧИНА?
    На секоја страна пишувате, паѓања на тонови, карлични бебиња, заглавило в канал.
    Па дете да беше досега ќе сфатеше.
    Најсериозно.
    На царски не се оди без причина.
    Имаш тема за карлични бебиња, префрли се таму.
     
    На Kom.pot и forumce им се допаѓа ова.