Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спонтано породување или со царски рез?

Дискусија во 'Бременост' започната од Cka, 30 јули 2017.

?

Каде и како се породивте?

  1. Природно, во приватна клиника

    101 глас(а)
    17,8%
  2. Природно, во државна клиника

    211 глас(а)
    37,1%
  3. Со царски рез, во приватна клиника

    118 глас(а)
    20,8%
  4. Со царски рез, во државна клиника

    158 глас(а)
    27,8%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.083
    Допаѓања:
    77.088
    Пол:
    Женски
    Исто и јас. 2012 и 2016 клизма со црево, немаше апчиња.

    Моја блиска се породи без индикација со царски во ре медика. Не е тоа ништо ново. Плаќаш и бираш како сакаш без проблем.

    За на клиника не знам како е, во Чаир и со јака врска не можеш да бираш дали сакаш царски или природен. Ама можеш да избереш дали сакаш епидурал ако си природно или спинал ако си со царски место целосна анестезија.
     
  2. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.325
    Допаѓања:
    112.918
    Пол:
    Женски
    Ако го бидам вакво бебето мозочен удар ќе добијам :(
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.997
    Допаѓања:
    268.137
    Ама Бриџ, какви најубави моменти, какви бакрачи.
    Нема оправдување за целокупен однос, нема. Најзабатален дел од цело здравство ти се родилиштата. А само Скопје го коментираме, не ми се ни збори за другите.

    Најблиску до нормален третман имаат во Чаир, пак ова од сите можни искуства. Ама пак ни таму немаш избор.

    Не е ок нормализирање на ненормални услови.

    Реков, не е проблем да осудуваме доктори, ниту цели болници за лошо, нехумано или неетичко однесување, ама не можам да осудувам родилки, не можам. Не е разлигавеност да сакаш да имаш нормални услови и третман.

    Немањето на основни нормални услови и третман, сите не' прави нелуѓе кога станува збор за здравје.
    Затоа не е фер споредба со развиени земји, таму не верувам да начекаш родилиште со "опрема" и однос како тука.

    Ќе ја тагнам само @bittersweet затоа што сум читала дека кај нив нема родилни сали, него нормални соби кај што раѓаат, со семејство околу нив ако сакаат, епидурал ако сакаат, гас ако сакаат, када ако сакаат итн. Е, нема царски ако сакаат, ама толку работи се обезбедени за поддршка на родилките, нормално дека не ни сакаат операција.

    Нефер е споредбата.
     
    На Jana06, fana, ..barbie.. и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.940
    Допаѓања:
    4.824
    Пол:
    Женски
    :clap::rofl::D:D
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.940
    Допаѓања:
    4.824
    Пол:
    Женски
    Јас бев царски па исто ми надојде млекото на денот на породување ^_^ се префрлив од креветот од шок соба на носилката и пак на креветот во соба истиот ден 5-6 часа по породувањето. Наредниот ден бев на нозе и цела вечер шетав низ собата го смирував бебето зошто ми го оставија со мене а тоа плаче се дере :o
     
    На LadyC, monik55 и Moce19 им се допаѓа ова.
  6. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.673
    Допаѓања:
    18.330
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller кај нас во приватните, каде што има епидурал, жени бираат царски затоа што така сакаат.
    Тоа цело време го вергламе.
    Царскиот бил полесна опција, природно бебето истрауматизирано било, сите што се изјаснија имале страшен природен пораѓај. А од царски ниту една нема последици никакви.
     
    На Cherry333 и elimkd им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.997
    Допаѓања:
    268.137
    Тоа е на совест на докторите, ако има простор за природен, а не ја советуваат така пациентката и не се упорни во истото.

    Гине. кај кој што бев, спремна дека строго останувам трудна ако ми ветат царски, ме испрати со сменето мислење, а приватна болница е.
    Добив ветување дека нема да се мачам, и тоа е тоа.
    Да постапуваат вака и другите, сигурно повеќе жени ќе се окуражат.
     
    На LadyC и Biljarkata им се допаѓа ова.
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.673
    Допаѓања:
    18.330
    Пол:
    Женски
    Проблемот лежи во тоа што жени решаваат дека сакаат царски, докторот им ја исполнува желбата. Слушнале или читале дека од природен пораѓај имало некакви последици и готово одлука паѓа за царски.
    Не навлегувам дали воопшто пробал да им објасни зошто природно, зошто царски, значи се до детал, ама овде читам дека жени биле породени со царски затоа што така сакале.
    Без панични напади или било која индикација. Чиста желба.
    Неетички и неодговорно е. Зборам за приватни клиники каде има идеални услови за раѓање.
    На државно ако имаш врски добиваш исто, ако немаш зависи од докторот, може да е 'мачење' со часови до итен царски затоа што му завршува смена.
     
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    88.373
    Пол:
    Женски
    Да @CameliaMiller најубави моменти во животот се тие.
    Кога ќе ти го стават на тебе детето што си го родил.
    Тоа не ти го кажаа?!
    Или само уплави.
    И сега од вчера до денеска од царски на природно се премисли?!
     
    На deskarada му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.476
    Допаѓања:
    96.929
    Едно време гледав One born every minute во Англија снимано и таму се пораѓаат во соба, со сите околу нив, јадат, пијат, се зезаат... Позитива преку екранот се осеќа, нема како страв или паника да те фати во такви услови.
     
    На CameliaMiller и GolemaMala им се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Интересно како на други теми кога сме збореле за здравство секогаш си била повеќе на страната на докторите и болниците, не памтам на кои точно теми пишувавме ама се чудевме како толку со розеви очила гледаш, ко да не живееш во Мк. Како сега наеднаш ко станува збор за тебе и твое идно породување, гледаш толку реално на условите и докторите и целокупната ситуација? Како одеднаш се' стана толку црно? Иако, не е темата -услови. Опремата и односот тој ќе е и на царски и на природно, освен ко што кажа Ливинг погоре, да си платиш малку повеќе за екстра финоќа. Тоа е веќе друг проблем ама да не одиме натаму.
     
    На SexiLy, Cherry333, MacenceEna и 4 други им се допаѓа ова.
  12. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.433
    Допаѓања:
    38.437
    Пол:
    Женски
    И со царски го ставаат одма на тебе детето што си го родил.
     
    На LadyC, CameliaMiller, Cosmi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    88.373
    Пол:
    Женски
    Да.
    За сите е најубав момент.
     
    На Cherry333, Biljarkata и kristina.k им се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    88.373
    Пол:
    Женски
    Остај будала работа.
    Ти да раѓаш,тие околу тебе да кулираат,да пијат,да јадат.
    Ќе ти иде да станеш и да ги расшамараш,а не да ги слушаш тука да мезат.:D
     
    На Harper, kristina.k и Emy867 им се допаѓа ова.
  15. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.476
    Допаѓања:
    96.929
    Абе јадат и трудните:D. Не нели 10 мин пред пораѓај, ама додека се болките во тек и они мцнуваат:D.
     
    На CameliaMiller и Cosmi им се допаѓа ова.
  16. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.739
    Допаѓања:
    145.163
    Поредена сум царски со индикации во државна во помал град.
    Бев убедена дека ќе одам во приватна се до крај. Кога докторката од таму, и мојот доктор од тука ме убедија дека се ќе биде во ред и тука.
    Оти во глава имав само хорор приказни.

    Стариот персонал е скоро цел сменет. Има и нељубезни не дека не, ама барем со мене никој не се понашаше лошо. Родилките кај нас се ептен намалени, па има време да се посвети на сите.

    Царскиот со спинал ми беше убаво искуство. Бебе го гледаш веднаш. Операција како операција нема некоја разлика со приватните. Анестезиологот е со тебе и ти зборува цело време.

    Желба за природно ми остана. Се надевам ќе биде еден ден. :)
     
    На dromka, LadyC, Brpbrp и 10 други им се допаѓа ова.
  17. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Женски
    Кои ти беа индикациите?
     
  18. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Јас бев со индикации за царски, па завршив природно.
    Докторот ме убеди да пробаме и природно, без да дојде до мачење, да сме на чисто дека сме пробале.
    Се породив школски, брзо како за прворотка.
    Со епидурал ама не е скроз безболно :)
    Не се плашев од болката, сакав се да заврши како што треба.
    Немав свои барања, очекував царски, сакав природно ама мислев нема да бидне.
    Од бокс станав после скоро 2ч сама без проблем.
    Е нуждата кој ја спомна.... болеше :$

    Искрено, никогаш за ништо не сум барала да бирам кога се работи за здравје, слушам доктор, па така и за ова.
    Желби и посакувања да, ама без индикација од чиста мира да бирам тоа што треба доктор да предложи, не.
    За било што.

    Условите и третманот на државните клиники играат голема улога ама тоа е длабока тема.
    Јас немав страв од пораѓај било каков, имав од државни клиники поради муабетите што се вртат секаде, не само тука.
    Па бирав болница, тоа е ок да се бира.
     
    На Cherry333, LivingGlam, Giovanna и 14 други им се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ако царскиот беше синоним за држење на ситуација под контрола, немаше ништо да ви даваат да потпишувате :)
     
  20. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    А демек со природно кога си буквално нема никакви не сакани ефекти и се ќе тече како песна или ако било што се случи дека ќе одговара персоналот? Хаха ќе те направат дека си ти виновна и дека не си ги слушала нив. Да не е никаков хорор никој нема да фаќа врски никакви инфузии таблети и чуда. Зошто се ставаат провокации за да се започне процес чувај го таму уште 9 месеци таман кога ќе излезе и прв роденден слави му.

    Пак ќе кажам и природно и царски е тешко особено државно каде на цела мака уште ќе те понижуваат чест на исклучоци каде бе со тој памет "како си го нашла така да го оставиш" во кој век сме ја работат нај благородната работа на цел свет а они како сељандури се однесуваат да земеш да ги акнеш од земја!!! Секаква стока држи земјава и се додека е така сите ќе имаат страв...не е толкав стравот од болката колку од однесувањето на персоналот на некој начин те прават како да си мивка и да се осеќаш најмизерно на цел свет на што личи тоа? Некој нема никого во животот освен мажот и ќе се појави некоја таква и ќе те вреѓа додека да искочи детето буквално ПСИХАТА ти ја уништува е од тоа се плашат сите
     
    На Luminary, LadyC, kostovaivana и 2 други им се допаѓа ова.