1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спонтано породување или со царски рез?

Дискусија во 'Бременост' започната од Cka, 30 јули 2017.

?

Каде и како се породивте?

  1. Природно, во приватна клиника

    94 глас(а)
    17,5%
  2. Природно, во државна клиника

    201 глас(а)
    37,5%
  3. Со царски рез, во приватна клиника

    112 глас(а)
    20,9%
  4. Со царски рез, во државна клиника

    148 глас(а)
    27,6%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. SophiaBella

    SophiaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    4.885
    Распиздена :rofl: па какви мизерни речници користите бе луѓе :x и после не се осудувале тие со царски. А кој па има право да суди на другите? НИКОЈ. Овде може само да си пиши секој недостатоци и предности на двете породувања и толку. И тоа нека се споредат едното и другото. Не само да се пишува недостатоците на царскиот рез и да се крева паника кај трудниците. Солење памет од типот кој шо треба да направи и како да се породи не е потребно. Секој нека си го гледа своето.
     
    На Dennings, Esmeralda-MD, karibian и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Ако се работи за возрасна особа, психички спремна да раѓа дете, тогаш нема зошто да ја трауматизира тој факт дека морала да заврши на царски. Треба, а и верувам дека сите сме свесни дека спонтано е најприродно породување, а царскиов е више интервенција кога неможат работите да се изведат по природен пат. Но добро е што постои опција освен природното, зашто во времето на нашите прабаби кога не можеле природно да родат умирале. И тоа било исто еден вид природна селекција ма колку и сурово да звучи. Смртноста денес е сведена на минимум и треба да сме среќни што имаме алтернатива.

    Јас не би била среќна да морам на царски, но далеку од тоа дека не би прифатила она што се мора. Зашто да ставам при срце и да паѓам у депресии. Бебето нема да ги прими корисните бактерии, можеби и ќе имам проблем со лактација, но тоа е тоа, барем ќе бидеме здрави и живи.

    Во врска со корисноста од спонтаното породување нека си го имаат на ум оние што своеволно одбираат царски а све е во ред со бременоста. И јас сум сигурна дека најголемата причина е стравот.
    Кукла осудата гледам дека е кон оние што сами бираат, еве и мене не ми се допаѓа. Ете и статистиката поназад кажува дека кај нас во Мк претерано се дозволува и форсира царскиот без индикации. Ова е како да почнеме сами да си бираме лекови и терапија за одредена болест, наместо докторот по струка да ни одреди.

    @augustd ако ти се дискутира, дискутирај, за тоа служи форумот. Пошто не сме доктори најдобро на ни една тема веќе да не дискутираме според тебе.

    А ова со мајка и немајка го претеравте. Све вадите од контекст и сфаќате премногу лично.
     
    Последна измена од модератор: 3 август 2017
    На Lolipop23, victoria, An-na и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.142
    Фала мила што праша. Па се опоравив да. Ама на некои работи поминати таму уште не можам да заборавам. Ќе помине и тоа :hug:
     
    На kristina.k и eli25 им се допаѓа ова.
  4. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    11.292
    Пол:
    Женски
    @Kitten
    И нормално човек дека не може да дискутира, нема потреба кога поедини членки знаат се. Со кој да дискутираш?
    За ваква тема најдобро со лекар, не за џабе има лекари и тие ќе кажат.
    А, за тоа што требало да им се земат лиценците на лекарите кои без индикација прават царски не знам дали да се смеам или плачам, навистина. Ако нешто е толку трауматично или трагично колку што го правите, нема ценовници да стојат јавно кое породување колку кошта. Дали ќе се доведе лиценца во прашање, тука треба Лекарска комора да реагира, ако веќе нешто не чини.
    И шо е толку трагично дали ќе биде слобода на избор или не?
    И природно има ризик, ако гледаме така.
    И дискутирајте слободно, ама колку и да чита човек не може да остане рамнодушен на некои коментари.
     
    Последна измена од модератор: 3 август 2017
    На eli25, Black girl и LadyC им се допаѓа ова.
  5. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.143
    Пол:
    Женски
    Со син ми се породив 27 недела,на ГАК после цела ден и ноќ болки.Дента не беа многу јаки ама ноќта да.Молев да ме прегледаат ама дежурниот доктор, ми даде само спазмак и ми рече одмарај,имам работа.
    До визитата никој не дојде да ме виде.Ми закажаа хитен царски.
    Уште на почетокот знаев дека ќе биде царски и мислев дека го имам поминато стравот ама не,кога ми кажаа земав да паничам.
    Бев со целосна анестезија.Кога се разбудив имав огромни болки и првото ставање беше страшно,после тоа секое наредно е полесно,не е нешто што не можеш да го издржеш.
    После 4 ден бевме пренесени на детска хирургија и немав време да мислам дали ме боле,среќа па и немав никаков проблем со раната,освен огромна главоболка кога траеше со денови.

    Во 32недела после 8 дена почина ќерка ми која беше породена царски.
    Ризици секаде има .
    Како тоа докторот не бил располошен за царски?
    Мене докторот во вториот пораѓај ми рече да чекам имаме една природно,лошо е поставено бебето,да завршам па ќе те спремеме за во сала,ти за 30-40мин ќе си готова.
    После во сала ми кажуваше дека него му е лесно царски,затоа што некои природни пораѓаи се многу покомплицирани но сепак чим има можност за природно секогаш гледа да оде на таа варијанта.


    Да можам да бирам би сакала природно само ради тоа што одма бебињата се до нив,верувам дека тие први часеви се полни со измешани емоции на љубов,среќа,радост.
    Да не ме сватете погрешно тие со царски,може и во царскиот го има тоа ама ете,јас не можев да го осетам.

    Првпат прочитав на темата дека докторите кажуваат дека царскиот е побезбеден за бебето од природниот или пак за мајката.
    Сум одела и во приватни клиники и државни.во текот на бременостите посетив многу доктори и од никој не го слушнав ова.
    Исто никој не ми кажа дека царскиот е страшен како што се претставува овде во неколку постови.
    На крај најважно е и мајката и бебето да се здрави и добри.
    Сите тие стравови,болки ќе исчезнат.
     
    Последна измена: 2 август 2017
    На jacqueline.s, An-na, Esmeralda-MD и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Sfera

    Sfera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    2.416
    Моментот е дека одлуката за природно/царски треба да биде кај д-р!

    Се читате што пишувате, царски било подобро?! Ма немој, вашите баби и мајки исто така се пораѓале со царски сите до една без исклучок.

    Факт е дека и природно/царски имаат недостатоци, контраиндикации, можни компликации, итн. и не може да се генерализира што е подобро. Ама ако Ви е полесно на душичката и пред останатите оправдувањето за изборот на царски, тогаш ЦАРСКИОТ е подобар!
     
    На Lolipop23, victoria и An-na им се допаѓа ова.
  7. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.142
    Од вакви прости размислувања со баби како родиле ми се темни. Да се вратиме да живееме во пештери, а?
     
    На monalizicka, m.i.g, forumce и 4 други им се допаѓа ова.
  8. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Извини однапред што те прашувам, ако ти е тешко и не можеш да ми одговориш, те разбирам, дали ќерка ти почина како последица од царскиот, или имаше некој друг проблем? Уште еднаш се извинувам ако те натажив со прашањето.
     
  9. Sfera

    Sfera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    2.416
    @Black girl
    Немој да ме цитираш веќе ти се молам.

    Изборот за местото на живеење им го оставам на оние кои толку се повикуваат на тоа право на избор. Премногу демократија им удрила во глава!

    Живеам во стан, избрав да се пораѓам природно, ако д-р проценеа дека има потреба од царски, ќе завршев на царски.
     
  10. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.144
    Допаѓања:
    147.402
    Пол:
    Женски
    Никој ама баш никој не рече дека едното е поубаво од другото. Сите знаеме дека со царскиот треба неколку дена опоравување, а со природно треба саати.
    Не биди арогантна девојко и сигурно правото на избор е најбитно доколу мајката го има. Јас бев подготвена за природно, ама потсвесно сакав царски. Од пусти страв. А царскиот е покомплициран од природниот.
    Твое е дали нешто сакаш или не, ама реалната слика е дека и на државно можеш да бираш и на приватно. Не е помајка онаа која издржала цезареа (нели операција која е покомлицирана од природното) нити па е помајка некоја која раѓала 12/24/36 часа.
    Мајка е онаа која никогаш нема да се откаже од своето чедо, која го посвоила и израснала во права, здрава особа, која животот му го посветила на тоа дете.
    Никоја не генерализира, ама генерализира.
    Јас сум мајка (тазе) и сум царски, но му благодарам на Бог што не чуваше и мене и бебето, и дај боже било која од нас без оглед на се, да ја има шансата во животот да го држи чедото во свои раце.
     
    На victoria, forumce, Esmeralda-MD и 6 други им се допаѓа ова.
  11. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    5.313
    Пол:
    Женски
    Се породив со царски на приватна клиника, иако мојот избор беше природно и навистина премногу сакав така да биде. Школски отворена десет сантима, детето убаво наместено, пробувавме природно, но бидејќи се повлекло нагоре, а немаше тонови, докторката се одлучи за царски. Безболно, опоравување веднаш, уште наредниот ден на нозе, болките од матката подносливи. Да, тешко е кога се закашлуваш,ама за два дена болките сосем исчезнаа. Раната пак како таква воопшто не ме болеше, барем не во надворешниот дел, болките повеќе доаѓаа од утробата. Уште наредниот ден се избањав, повеќе ме болеа градите од вишокот млеко отколку заздравувањето. Спротивно на верувањата, со млеко бев полна уште од прв ден, преполна.Сега, секој со своето искуство и нема правила. Другарка моја природно се породи, раната се инфицирала, примаше антибиотици, па поради тоа и беше и наложено да не го дои. На друга раната од природното седум месеци ја мачеше, едвај седеше. Само ќе кажам едно нешто, а тоа е без разлика кој како се породува, нека е здраво и живо и детето и мајката, а закрепнувањето полесно и подобро. Сум за избор, но треба да се поттикнува природното породување доколку е можно, сепак е нели природно. Но, и ако се чувствува силен страв и паника кај мајката според мене царскиот е подобра опција, самиот стрес е неповолен за детето, а посебно ако се качи премногу притисокот или се појават други пропратни нарушувања. Најважно е докторите да разговараат со мајките и психички да ги помогнат и да имаат севкупен пристап кон целата ситуација, но за жал неретко нема ни услови, ни доволно време за тоа.
     
    На victoria, Esmeralda-MD, Trufe и 5 други им се допаѓа ова.
  12. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.143
    Пол:
    Женски
    Инфекција.
    После 5 ден се влоши состојбата.
     
  13. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.142
    Ова е форум и се коментира. Ме изритира делот како родиле нашите мајки и баби. Да те просветлам, на мајка ми пријателка е правена царски пред 25 години. Докторот и бил пријател. Значи и тогаш се правело тоа по избор
     
    На Dennings, eli25, LadyC и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.777
    Пол:
    Женски
    Јас во 9 кога влегов ми "запрпа" малце и му кажав на докторот и докторката дека се плашам. Уште пред да се спомне царски, веројатно претпоставуваа и во еден глас ми рекоја ако се продолжи вака да се одвива во бременоста, ќе си се шораѓаш природно и точка. Од оваа гледна точка, пресреќна сум што така испадна, нит лежев, нит болка осетив некаква. Ни епизиотимија ( додуша сама пукнав), ама ножица не видов, за недела дена седев со прекрстени нозе веќе. Тоа е кога ќе речат дека природно си е природно, но, пак ќе повторам, само во случаи слични на мојот, без измачување.
     
    На victoria, forumce, Esmeralda-MD и 4 други им се допаѓа ова.
  15. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.144
    Допаѓања:
    147.402
    Пол:
    Женски
    Епа се зависи од личноста, ситуацијата, спремноста на докторите @BirMelek . Ете и јас имам среќна приказна со цезареа. Колку и да е тешко, општо каков и да е породот, не е убаво да се ставаат статистики какви се не бактерии може да закачи бебето при ваков или онаков пород.
     
    На forumce, BirMelek, pepapa и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Sfera

    Sfera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    2.416
    Едно е да коментираш друго е да наметнуваш мислење. Ама тоа Ви е навика и во др. теми.
    Значи да сумираме...
    Се породуваме со царски и тоа во приватна клиника, пошто во државна се лоши не ни даваат епидурал или царски, а храниме со АД, иако со АД сме ограничени во шетањето. Бог да чува!

    И комшиката е породена со царски пред 20 год. значи и јас требаше со царски.
     
  17. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.143
    Пол:
    Женски
    А што тебе ти е важно која како си го гледа и со што го рани своето бебе?
    Зошто пишеш дека демократијата ни удрила во глава кога не е така.
    Ете @joy1 убаво има пишано сакала царски и во двете бремености ама докторите не сакале да слушнат,значи не е секогаш што сака мајката туку што ќе одлучи докторот.
    Тие што сакаат царски во приватните клиники не верувам дека прво не разговарале со анестезиолог,гинеколог знаат што ги чека и нивна си е одлуката.
    Само да се осудува , останува да се напиши дека добро се праве во државните клиники што епидурал никако не се дава,да се знае што е мајка,болки треба да има да го искуси мајчинството.
     
    На wannaBeMomma, forumce, TashSefton и 5 други им се допаѓа ова.
  18. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.847
    Пол:
    Женски
    Акo прaвиме спoредбa меѓу некoгaш и сегa, дефинитивнo сум ЗА дa се дaвa aнaлгезијa и тoa дa биде пo желбa сo пaртиципaцијa преку фoнд, a не дa се плaќa некoјa вртoглaвa сумa или врскa дa ти биде Тaрaвaри зa дa ти стaвaт бидејќи сепaк е 21 век. Пoрaнo и зaби не се пoпрaвaa без aнестезијa aмa сегa aкo сaкaш си плaќaш и јa имaш. Акo спoмнеш дa ти дaдaт епидурaлнa ќе те пoгледнaт кaкo oд лебoт oд устa дa им земaш. Срaмoтa е мислaм вo 21 век дa немa леснo дoстaпнa епидурaлнa (facepalm)
     
    На Lolipop23, augustd, wannaBeMomma и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.735
    Допаѓања:
    39.860
    Пол:
    Женски
    @Kitten зборувам за стравови кои како и фобиите се психички состојби кои не толку лесно се контролираат. Особено во толку емотивна фаза од животот на жената.

    За жал ова време на преголема достапност и доток на информации не прави по малку параноични. Погледни со какви стравови се соочуваат некој од трудиците во другите теми и нема потреба понатаму да коментираме.

    Не викам дека и јас би бирала царски по секоја цена, ако можам природно, ама не осудувам ако некој се одлучи да оди дирекно на нож, дури и да е негова одлука. Секој има право на избор и незнам зошто тоа би тангирало некој друг.

    Јас сум потполно спремна и дури се чудам, дали е нормално да не осеќам никаков страв, освен мала доза на позитивна трема. Или можеби и мене некој ќе ме направи будала 8-|

    Пак ќе кажам, станува збор за човечност. Сакајќи да се навреди некој, ќе се преплаши друг кој нема поинаков избор.
     
    На forumce, Kitten, eli25 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.142
    Јас побарав епидурал зашто 20 часа имав јаки болки. Рекоа дека нема анестезиолог. Бил на одмор, драпај си меот. Некој спомнува во други држави немало царски по желба. И да нема по желба, таму за природен пораѓај стават обавезно епидурал, а не ко кај нас. Назадни сме бааѓи и затоа да не се споредуваме со болници во други држави.
     
    Последна измена: 2 август 2017
    На victoria, wannaBeMomma, forumce и 3 други им се допаѓа ова.