Оти вадење од контекст на муабетот меѓу мене и Бриџа? И не, обично ми кажуваат дека се свесни дека имаат бебе и се мајки троа покасно, не баш одма. Одма само сакаат да спијат среќни што се олесниле, оти преку 30 саати око немаат склопено. Ова тие што ок поминале. Хорорите не ги ни раскажав, нема ни да ги раскажам. Како колешка ми на пример, трет ден со болки, кога им се онесвести па сепак царски ја породија. Може па да примеше епи, ќе дремнеше некој саат, па ќе собереше сила за природно, кој да знае. И од вчера до денес никакво мислење не сум сменила. Можеш да се вратиш месеци може и години наназад, на истово мислење сум. Дете природно без обезболување НЕМА да родам. Нема шанса значи. Затоа ќе раѓам приватно, најмалку што ќе добијам е епи. За другото нек одлучува доктор. Ама дали да боли одлучувам јас, секако не Косми или кој било друг.
Исто ваљда прочита дека за се' друго државно се лечам и ќе се лечам, освен за раѓање Оти за се' друго знам дека се подобри условите, освен за раѓање, пак зборам за Скопје. Веројатно најлоши се таму. Врски не фаќам, мито не давам, на никоја што итно и' треба царски нема да и' бидам јас пречка. Толку можам.
Со двете деца се породив природно. Првото беше индуциран пороѓај, од втор полесен здравје. Со првото се пораѓав во болница во Штип, второ на ГАК. И јас ќе речам како ти се погоди. Имаше љубезни, имаше арогантни. На Гак беа поубави физички услови, и генерално ми беше брзо и лесно, додуша сестра немам видено, ама дека нас две во соба второротките бевме, вероватно не не ни посетуваа многу. А и бргу заминав. Третман недостига генерално, повеќе трпение, сочуствителност и љубезност од персоналот. Сепак се тоа најосетливи моменти на една жена, а не да се осеќаш ко стока. За услови да не зборувам. Кога видов каква е одделение во Тетово например, се згрозив. Вода нема! Во Штип ме гледаа бидејќи "знаев" некого, а во Ск се породив непланирано, имав избрано мојата докторка порано која ме водеше и сакав со епидурал пороѓај, ама бебето ме изненади. Така да се породив и без мојата докторка и без епидурал. Јас многу лесно поминав и со двете деца, ама ако би раѓала трето би сакала епидурал. И по можност (можеби) приватна болница. Додуша, жал ми е само искрено за толку пари што би требала да дадам во приватна за само да добијам човечки третман, кога тоа би требало да биде нешто што се подразбира. Царски никогаш не би посакала како опција да можам да бирам.
Не е вадење од контекст,упорно правиш драма од раѓање. Јас зборам за допирот кожа со кожа и радоста која се појавува во тој момент ти за појавување на инстинкти и дека сите биле мртви уморни па сакале да спијат. Како па да не. Сакаш да го гледаш бебето,се вљубуваш и се топиш. И те молам допри со хорори од рекла казала муабети како требало колешката ти да се породи. Три дена болки со ист интензитет немала. И мене ми пукна водењак во петок,се породив во недела,аман нормално е ако е високо пукнат водењакот или чепот полека излегува. Ќе испадне и десет дена раѓале. На ГАК не е ни приближно толку хорор колку ти го претставуваш. А лично тебе никој не ти се меша како ќе родиш. Оди и царски плати ако толку ти е страв. Ама докторите кои ќе те породат би требало да одлучат. Што ако се отвориш 8 прста брзо и докторот одлучи нема епи? @Sky-butterfly Видиш колку различни искуства,ако се сеќавам добро @Kate Rina 93 се породи во Тетово и беше задоволна. А имам и доста роднини кои родија таму и сите беа задоволни особено од сестрите.
Да се самоцитирам од 2017. Истото го мислам. Засекогаш ќе го мислам. Не го знаете туѓото тело подобро од тој што го има. Не судете без врска. Споделување инфо, и етикетирање, не е исто, никогаш нема да биде. Во контекстот на тоа трудни сме не сме, сме родиле или не, всушност баш ние што не сме родиле тука ни' е место. Се вика планирање на семејство, а породувањето е дел од истото. Малце е касно откако си трудна допрва да премериш ти одговара или не. Или можеби за мене е тоа прекасно. Преферирам да си го планирам и контролирам животот највеќе што можам. А бременост дефинитивно спаѓа во планирани настани.
Тоа е непредвидливо, се надеваме нема. Оти 99% ќе се изгубам од страв, што секогаш се случува ако баш се исплашам. Не можеш Косми да ми кажеш дека ме лажат Мислам, зборуваш за реални луѓе од мојот живот, зошто повеќе вам би ви верувала тука, него на блиски луѓе приватно? За давање на бебе на гради и слично не ни коментиравме, муабетот беше сосема друг, дека не може да очекуваме да не ни' е ништо и песна да е се'. Едноставно го извади муабетот од контекст и нема повеќе за тоа да коментирам, арно жива да родам, после цел живот ќе имам да се сакам со детето.
И уште нешто. Најдобрата другарка ми се јави дур беше на бокс уште, самошто породена. Се' што сакаше е да спие. Буквално ништо друго не сакаше. А таа е најсмирена жена на светов што познавам. Баш така - ако треба да боли, нека боли. И пак најпрво од се' сакаше да спие. И воопшто не беше на нозе за 1 саат, ни за 2 ни за 5. Првиот месец бебето и' го носеа да цица, до вц не можеше да оди. И ете, после тоа искуство поминаа години, не сака ни да помисли да раѓа ако треба пак исто. Се отсели, па сега кај што е, била веќе на муабет за план. Секако дека епи и гас и' понудиле од одма, се подразбира. Па ете, почнува полека да мисли на второ. Тука рече нема шанси да се нафати. И со години не се нафаќаше.
Има еден момент на мајчинството, што ти дава сила за се. Најозбилно, ти ја читам дискусијата, те разбирам и те поддржувам. Ама има нека тајна веза, што стварно дава сила. Знаеш колку се плашев? Сите се плашат. Верувај. И со второ и со трето. Можеби различни стравови. Ама сите до една. На ниеден страв не ми текна додека течеше процесот. Плачка сум, страшливка сум. На паркинг пред болница плачев, престанав и влегов. Те поддржувам во ставот, можеби некогаш сум размислувала исто. Убаво е да си свесна, спремна и да планираш. Битна работа во животот е планирањето на семејството. Веривај дека си на добар пат и убаво е што знаеш што сакаш. Не си ни лигава, туку си реална со сама себе. Ама верувај во силата што доаѓа од самите нас, што се открива во тие моменти, зборам за било каков пораѓај и болка која произлегува од истиот. На англиски би ти рекла: Give yourself a little credit. Едвај чекам да имаш бебе.
Кој да се отвори брзо до 8? Прворотка брзо до 8 ќе се отвори? Појќе шанси има сонце на север да се појави, отколку прворотка до 8 да се отвори брзо
Индивидуални искуства Каме. Јас немав големи бплки, а ми се тресеше цело тело, кога прашав зашто, адреналин ми рекоа. Не бев спиена цела ноќ. И не ми се спиеше. После неколку часа, кога спадна адреналинот да, одма не. Нема ист пораѓај никаде, една жена па нема два исти пораѓаи.
Јас лежев таму, во Те неколку дена, на гинекологија, не акушерство, бидејќи во 4.месец имав некои болки. Вода немаше во тоалети, страшни услови. За основни услови зборувам. Нестручен кадар. Не можеше инфузија да ми погоди во вена. Жените се пораѓале и ќе се пораѓаат таму и понатаму, ама можев да бирам и не избрав таму. Јас сум инаку многу прилагодлива личност, ама за таму посебно имав страшна одбивност.
Прв природен пораѓај откако ставија провокација за два часа се породив. Втор пораѓај 12 часа со болки до коска 8 прсти отворена, напоните ги имав а бебе не искачаш. Така да по мое лично искуство не мора да значи дека второ иде лесно.
На твое место, ја уште од сега би си закажала царски и мирна глава. Пишав погоре, се имам онесвестено на забар, затоа што ја видов иглата. Глеам и ти имаш такво искуство. Исто као другарка ти, и јас од бокс и се јавив на другарка ми, додека чекав да дојдат да ме сошијат. И замисли, нит ми се спиеше, нит бутур, само чекав да заврши се и да ме однесат во соба, да се гушкам со бебето. И да само што ме префрлија во соба веднаш отидов под туш. Саат, врв два после епизиотомијата. Ама не, сепак царски, царица да се биде.
Тоа, тоа. Адреналин е најголема контраиндикација кај мене, за секоја процедура до сега. За некој лигавост, за некој вистинска дијагноза... Без да ме пипне забарот, без уста да отворам, таков шок сум имала, да не можам да дишам, не само паничен напад, него и раце и нозе тресење, да не можам да контролирам, на крај сто апови да дојдам на себе. Се согласувам потполно дека е индивидуално, затоа потенцирав дека не можам родилки да судам, можам доктори ако не се ок со нив. Приватно или државно, сеедно.
1. Не знам, јас се надоврзав на тоа брзото од на Косми. Прашај ја на што мисли. 2. На моето само. Со царски, патем. Треба на многу породувања да имам присуствувано за да знам? @mssuniquee таман си ти, 9 часа за со провокација дури и многу е
Не го извадив од контекст,не е песна но е нешто нормално и е најубав момент тој контакт кожа со кожа. Дека некој би одбрал да спие место допир со бебето што го родила баш и не можам да поверувам и не реков дека лажат,или треба на нас тука да ни веруваш,туку дека претеруваат за нешто што е нормално и те уплашиле. Јас ич не спиев,ги гледав цела ноќ и висев на телефон. Ненормални емоции се тоа. А ти можеш и треба да планираш бременост, какво ќе биде породувањето ќе го планира тој што ќе те породи,ти баш и не. @fana Има и такви, брзо кај што оди,јатрва ми со прво бебе болки и почнаа во 23 ,отворена 7 прста,во 02 бебе. Јас мислев за два дена ќе се породи,ама ете. @Sky-butterfly Имаше добар кадар порано во Тетово. Др.Абаз,Др.Оливера,Др.Мерие Тој што им беше началник не ми текнува како се викаше со две специјализации во Загреб. Кога Др Абаз бил началник светело таму од хигиена.
Ама ти друг проблем имаш, всушност твоето мислење ме испровоцира. Лигави рече? Нема лигава родилка. А пошто мислиш ти дека има, не гледам логика да дискутирам со тебе, затоа што си сурова. Што се однесува до мене, иди раѓај ол нејчурал до Нијагарини водопади без лекарска помош. Јас ќе се чудам, ама нема да ти кажам дека си несаглам ако такво искуство ни' споделиш. Поздрав4е.
Како нема јас да планирам жити Бога, кога можам да прифатам или одбијам епидурал, да клечам или да лежам, да се пораѓам во када или да држам маж за рака ако така сакам? Тој избор го немаме Косми, и ти исто мислам, си родила ваљда како што си сакала, без епи, твоја работа. Не знам зашто би следел некој твој пример, твој си е, ти си знаеш.