Која царица? Во исти ден во исто време породена со цимерката јас царски она природно, јас како струја одев станав утрото без проблем, се истуширав и почна шпартањето. Многу значи и позитивна енергија кога ти дава некој.
Ама тебе нема да те прашам дали ми е исто или не. Кој дел од се советувам со доктори од различни специјалности не ти е јасен, се' уште?
А што те испровоцира тоа толку? Те погоди кајшто не треба? Јас сурова, тоа може да се каже, ама јас да речам лигави, не може. Како што ти тврдиш цело време дека природно породување е хорор и дека само царски е опција, јас исто така велам дека природно си е природно и да, има лигави, имам видено, таквите одст на царски со индикација-лична желба.
Мене на ГАК ме вратија да почекам во чекална, јас 8 прсти отворена, дека наводно поитни случаеви имале, додека јас се жалев на контракции а кај мене оној нивниот старомоден апарат на итна не покажуваше никакви контракции. Викенд беше. А јас 8 прста отворена. Ни јас не знаев што се случува. И така седам сама во чекална и се мислев да се вратам, во тој момент и болките престанаа, додека мм ме чекаше во кола со син ми кој беше заспал па да не го будиме. И ете ги, ме повикаа, по гласот и осеќаш дека мисли: ајде и неа да ја прегледаме, уште една панична трудница; кога ме прегледа вагинално, се шокира жената, итно за секунда прати по количка и ме однесоја во родилна сала. После 15 минути дали, бев породена. Експресно Ни мм а ниту јас знаевме дека ќе се породам Ама добро, второротка бев @Cosmi одев кај Мерије, со намера да ме породува во Тетово, ама она не може да биде матичен, и после тоа искуство се предомислив.
Па таков ти беше ставот, попрво сонцето од запад ќе изгрее, отколку прворотка брзо да се отвори. Ако си бабица, врз база на искуство, или си спровела или барем читала клинички студии, искуство е, во останати случаи е предрасуда. И јас и снаа прворотки, природно, за 5-6 саати во болница сме се породиле. Дали и колку сме се отвориле не знам.
Јас ти зборам дека не може ти да планираш каква анестезија ќе ти стават. Тоа ти зборам. Пак ќе одлучи тој што ќе те породи. Може лајт спинал ќе одлучи од кај знаеш. Може царски ќе те прави во последен момент. Може тотална ќе ти стават. Не можеш ти да избереш што сакаш и тој по твоја директива да те породува. Па и ти сама не сакаш да ти кажува пациент како да работиш.
Е така де, јас никаде не реков дека сакам да бирам вид на анестезија само дека не сакам да раѓам без обезболување. Изборот на начин на вадење на дете е на докторот, мој избор е дека не сакам природни болки да осеќам. Како ќе ме обезболи е веќе негов проблем. А во РСМ има толку царски затоа што единствен начин да добиеш анестезија, најчесто е тој. Нека воведат можност за обезболување секаде, па ајде пак да правиме муабет дали толку ќе се трудат за царски.
тоа убаво све што си планираш во животот АМА бременост и не е нешто планирана работа, парови години се мачат да имаат бебе, планирале по свадба па останале после долги години, вакви случаеви се се почести, не е тоа да му речеш на сопругот, мажу токму вечерва ќе зачнеме бебенце. Дефинитивно не е место темава за оние кои не родиле, да немав родено ни на крај памет не би ја отворила темава, какво искуство ти ќе споделиш или паралела ќе направиш ако не си се породила? мој совет-што помалку знаеш, читаш поубаво ќе поминеш
Немањето избор е проблем. Да планираш ништо не можеш, јер како беше она, кажи и го планот на судбината, за да ти се насмее во фаца. Треба да ги имаш сите можни опции на располагање, ама како ќе испадне никој не може да знае. Не си прај overthinking, како и да испадне, ќе бидете во ред -ќе отидете двајца, ќе се вратите тројца
Како ма двајца, на мажот ли мислиш? Не давам дел од жртвата, шанса нема. Идам јас, излагам јас. Жена, мајка, кралица
Ај да се повторам, како не е јасно. Не би станала никогаш мајка, да немам избори. Тоа лично јас. Втора работа, тек посебно ивф е планирано семејство, не е случајно па ај не знаеме што ќе правиме.
И за тоа ќе смениш мислење, мнооогу голема поддршка е, не за џабе е во опциите за избор. Да си го избереш.
Е не по врат по шија работава. Врти сучи на исто сме. Јас не те убедувам да раѓаш без обезболување Туку и да се случи такво нешто е нешто нормално,не е хорор и нема да умреш од болка и стравови,побогу
Плукни у пазуви, чукни у дрво три пати, ако недајбожескрајабило ме заболи, ќе речам Космовската ме подрече
Јас знам три прворотки кои се породија за 5 6 часа се на се. Ова зборувам искуства од пред година две. На едната водењак и пукнал во болница, на друга дома, не и верувале дека има нап за раѓање.