Не сум сигурна дека кај нас може, ваљда во приватниве може Мада како тргнало, може и корона уште ќе има, ништо од маж, татко, крал ќе биде
Нема, апсолутно. Ама убо е да не ја боли во 21 век. Пошто и без интернет не се умира, ама па убо е да го имаш мме
Па нели епи ставаат на колку, 4 5 цм отвор? Јас болки имав до тие 4 5 цм, значителни, почнува болка и нема мрдање. Значи единствен тотално безболен начин да родиш е договорен царски. Пред да родиш болки нема а потоа, кој како. Јас не можев да летамз овде има жени кои копале бунари.
Oh dear lord. И кораната ја зеде предвид, уште хороскопски аспекти да консултираш. Да те банираат од темава, ма од цел под форум, дури не пријавиш 2 цртки. Предлогот го ставам на гласање
Така е де. Ама па боли процесот,како и да го вртиш,малку, многу, пред или после ,ќе ја потболнува. Е тоа да го прифати дека е нормално, и дека не е болка за умирање ,ниту хорори два дена тука да ни пишува. А тек кога ќе биде трудна,ќе не умре.
Ова не знам каде е вака, јас на прва болка викнав анестезиолог. На 1 прст ми стави. Воедно, и докторот ме советуваше на првата болка да си побарам, да не трпам ич. Послушна бев
Да ми извиниш, јас со време си кажав психијатар на спид дајл да си имате кога ќе бидам трудна. Страшно е мме.
Страшно е, дури не си труден, вака кога контемплираш и си викаш, па мајку му стара, зошто да ме боли. Ко ќе бидеш труден 9 месеци си викаш ај побрзо нека излезе, доста ми игра фудбал со бешиката, нека си игра во креветче. Оти секоја перспектива е различна
Леле луѓе. Прво за односот да ви кажам. Јас не знам дали сум глупа и не капирам зошто некои упорно изедначувате - царски ќе одберам пошто се понашаат ко стока со трудниците. Жал ми е да ви скршам филм, ама се понашаат ко стока и со оние со царски што се породуваат. Второ. Како може уште да збориме дека страв бил индикација за царски. Не е. Значи не е. Телото трпи страв, најнормална емоција е стравот и стравот е дел од животот. Е сега, ако е случај како Каме кај што психијатар дава препорака, ако се работи за некаква специфична ситуација, тука веќе доктор кажува како. Ама - страв ми е од болка, ќе одам царски - нормален доктор не смее да помисли ова да го спроведе во пракса. На секоја и е страв. Која е таа што оди на пораѓај без страв. Полно жени што имаат родено коментираа на темава дека не е страшно и дека и да било болно, се издржува. Ама хорор приказните повеќе се памтат, така ни функционираат мозоците. А пак ќе видите, кога ќе сте трудни, сите околу вас ќе добијат желба да ви ги раскажат само оние најстрашните приказни. Немојте да си викате дека никогаш не би родиле ако немаше анестезија. Дајте си повеќе кураж себе си. Ќе родевме сите, и да немаше анестезија. Телото знае што прави. Затоа таму некаде во светот, царскиот го држат ко последна опција. Затоа што ако беше "за мое тело јас одлучувам" немаше во развиени здравствени системи да го држат царскиот ко последна опција. Ќе ви кажеа - одлучете си вие како сакате, уште од старт. Немаше ништо да потпишувате. Не може за мое тело одлучувам јас, кога друг ме сече. Ко демек сама ќе се правам царски па ај ќе одлучам сама. Нели затоа учеле докторите. Нели влегувате во болница за некој друг да одлучи, постручен од вас. Не го потценувајте царскиот, огромна операција е. И не се споредува со други видови операции, еден царски можеш да споредиш со друг царски, а со сосем друг вид на операција не се споредува. Пораѓајте се како сакате. Само, немојте ич да мислите дека е лесно царски. Опоравувањето е тешко, тешко. Пазење многу повеќе. На почеток имавте пишано дека природното било како одење на колење. Како може да е така, не е така. Никако не би одбрала царски пред природно ако нема причина.
Епи се става на 3-5 отвореност,или не правеле ко што треба или си била веќе повеќе отворена. https://acibademsistinababy.mk/inde...zlika-pome-u-epiduralna-i-spinalna-anestezija
Јас не знам со сигурност, државно бев со царски. Сега читам дека @Cosmi напишала дека е точно, се става на 3 5 цм отвореност, добро ме служи меморијата.
Не бев повеќе, така со докторката беше планот, ваљда зашто не ни очекуваше да се отварам после, да не трпам болки. Претпоставувам. Отпосле ова го имам прочитано инаку ќе прашав.
Ете ја сум родила. Ист ми беше ставот и пред да родам. Сакав безболно, коа ми рече докторката природно ми се стемни ама ќутев. Си реков, приватно сум, ќе барам епи, ќе трпам и тоа е. Ама па снемав плодова и итен царски завршив. (Замислете од страв водев на две места прва бременост, не верував од лево на десно око, не на доктор, тој што не е у Систина, матичниот од 7ми виде дека полека истекува плодовата, не е наместен. Шок, шок, шок!) Еве ме и второ родив. Си кажав одма, знам има 4 години, ама си сакам царски. Си добив болки, па завршив итно у болница, си се породив ко царица вие што би рекле. Смешно е што мислите дека со 473628281919838 пати кажување ќе убедите некој што е добро ЗА негово добро. Тој доктор што знае историја на пациент, што го следел, знае што е најдобро. Ако си има избор и го направи пак е кул. На мајка ми и се чуделе у Америка у 80тите како ние у Мк имаме тушеви бре , е до толку не сметаат заостанати. И ич не се трудиме некако бар да одиме понапред. Аман доста кажувате што е боље. Мое тело, сакам го тетовирам, пирсам, сечам, јадам трева, месо, раѓам вака или онака, доста со предрасуди. Еднаш веќе у една тема глејте за себе. Сите божем либерте, уствари далеку .
Ми понудија епидурална само што ме примија во болница, најмногу што се отворив беше 1цм. Не чекаа да се отворам 3-4 или колку и да сте слушнале дека треба. И на царски породените им ги даваат бебињата веднаш на гради, верувале или не и тие си ги сакаат бебињата и покрај тоа што завршиле на царски. И мене ми се спиеше после царски зашто цела ноќ трпев болки и без спиење останав. И замислете спиев и кога се разбудив ги имав тие силни емоции што сте ги имале и вие. Многу жени жртви тука се собрале. Замислете сите си ги сакаме децата и покрај тоа што сме издвоиле време да дремнеме, да одмориме, да собереме сила да ги издржиме сите плачки, грчеви, неспиени ноќи. Што е со набивањето вина? Толку ви е очај животот што се храните од таков низок напад кон некој? Има и надвор свет, излезете, излуфтирајте ги главите.
Жени Не е помајка ни таа што се породила природно, ни таа што се породила царски. Едниствено мене што ми крева коса е иницијативата на приватните да се иде царски за кеш. Генетскиот код ќе го измениме, телото ќе научи да не раѓа и жената ќе учи во учебници дека некогаш примитивно се раѓало природно. За кеш.