Не сме слушнале,во самиот линк самите напишале. Значи не работат по процедура.Зошто не работат по процедура? Какви се овие останати драми што ги напиша? Самите вие жртви се правите.Нит ве осуди некој нит ве нападна за да пишувате плачки. Зборевме за царски без индикација по желба.
Леле и она била мајка, леле и она си ги сакала децата. За малце ќе се раплачев од сентименталности. Јас пак сакам барем во една тема да не драматизирате беспотребно. Ама валда и тоа е женска одлика, рациото послабо ни работи. Никој ама баш никој не рече ни дека сте помалку мајки, ни дека не си ги сакате бебињата. Никој.
Абе еве јас се изнаплакав и направив драми како 5кг бебе искочило од мене, па како ме мачеле 3 дена ама wow најголемиот успех во животот го постигнав. Јас не се претставив како жртва напротив, ви кажав дека сите го правиме истото, само некои не се жалат нонстоп. Лелекајте до сабајле, мене баш мислењата од некоја женичка на форум не ме дираат, особено не од најгласните што не ни осетиле пораѓај туку сервираат Google литература.
Ај малце да ја смениме насоката за разлика од другите, мене ми е многу страв од царски. Јануарито поминав низ хистероскопска операција и им се разбудив на пред време од паника и ќе се угушев од цревото што ми беше во грло. Така што, им завидувам на тие што се спремни за царски, сигурно е многу потежок, пошто треба да те исечат плус. Од овој аспект, мислам дека секоја болка ќе ја издржам, само да не ме заспиваат Туку, друго сакав да ве прашам. Дали предходно се спремавте некако за природниот пораѓај? Тактики на дишење, опуштање на телото и сл? И дали воопшто кај нас има Дула? П.с. За отварањето, сестра ми првородка, во 3 часа се отвори 10см, внука ми ќе се родеше на пат за во болница нема правила.
Многу ретко сега се прават царски со целосна анестезија. Нема заспивање, нема црево, свесен си за време на пораѓај.
Царски со целосна анестезија бебето не ти го ставаат на гради одма, не го ни гледаш кога ќе те разбудат. Ти кажуваат само дали е живо и добро. Ме однесоа во шок соба и ме набљудуваа доктори и сестри. Со катетар и инфузии во рака лежев долги саати пред да ме префрлат во соба и да ми го донесат бебето да го видам и допрам.
Јас не мислам дека во приватните форсираат царски за кеш. Еден куп жени знам природно што се породени во приватно. И јас сум една од нив. Е сега, друга работа е практиката да те прашаат како сакаш, пошо нели ти си даваш пари имаш можност да си одлучиш (иако не ја оправдувам, а бев прашана и јас) Ама! Прав доктор додека не гледа причина за царски треба да ти предложи да се тргне природно и да ти објасни кои се ризиците и од едниот и другиот пораѓај. Ама потенцирам-тоа е индивидуален пристап кон пациентката а не генерален дека по секоја цена мора да е природно пошо така е најубаво. Ако од старт си процени докторот дека мора царски, е тука е крај на дискусија. Нема што да си наметнувате вина. А дека го прават за пари, барем во приватните сигурна сум дека не.
Можеби ќе најдеш дула иако тешко, ама прескапи се, а зошто сакаш дула? Курсеви има, астарта мислам дека организираат, лулка.
Јас сум од Битола, и на приватно и во државно сите што ги знам царски се со спинална. И за докторите е помал ризик спиналната.
И во Штип е со спинална. Инаку со царски прво се дава бебето педијатар да го виде, го повиваат после го даваат на мајката
Епа, во Струга немаме анестезиолог што ќе ти стави спинална. Сите ги пораѓаат со заспивање. Така што стравот си стои. Па, сестра ми имаше одлично искуство со дулата, одлично ја подготви, можеби затоа. Ама и твоево инфо ми е од корист, фала
Препорака душо, препорака. Не процедура ама кој да прочита. Знаеш дека случај е различен или тоа не го најде? Тогаш не знам ни статистиката колку ти држи. Не знам кој дел ти изгледаше како драма или плачки Мене ми личи дека се истрча да напишеш нешто Како и да е, пак морам да повторам дека се согласувам дека природниот пораѓај секогаш треба да биде прва опција, доколку има потреба да се оди на царски. Е сега, 'таа потреба' за некој е паника (или лигавење како онаа измачената душа што вергла), за други е голема медицинска пречка. И пак јас никако да сфатам зошто толку ве погодува како ќе се породи Стојна од фемина Аман луѓе, гледајте си бе за себе.
Јас имам познаничка што се пораѓаше Систина, имаше можност за епидурал, не стигна да го добие зошто во ходник ќе се породеше. И таа викаше читала прворотки се пораѓале најмалку 12 саати и слично. И за малку во кола на маж и ќе му се породеше. Секакви искуства има, не мора да се фаќаме само за хорорите