И јас првиот пораѓај се отворив брзо, вториот во 24 саати само 3 см Ама џабе, првиот пат папочната зезна работа Така да, ич немаат врска муабетите со прворотките дека тешко се отварале. Нема правила.
Се прашувам зошто ве погоди толку лигавењето, па на секоја страна цвилите за тоа Ако баш толку не ве засега, што се оптеретувате?
Јас за 40 саати се отворив 4 прсти на гурање, среќа не осеќав никаква болка иначе не знам што ќе беше
Јас бев вака ко Каме преплашена, мислам дека цел 9ти месец само тоа ми беше во глава, како ќе раѓам природно Имав опција да одам приватно, ама не сакав поради докторот што ме пратеше цела бременост, дека освен кај матичен одев и кај овој што ме породи. 8 прста дома се отворив со минимални болки, помали од оние за добивање. Таму отидов само за да родам Ама дома саат време некаде пред да одам во болница, ми ставаше мм топли облоги на кичмата. Дали од тоа брзо се отворив не знам. Ама мене облогите ми помогнаа, да ми се намали болката. Позз @CameliaMiller Ако решиш природно,тука сум. Облоги дома ќе ти ставам и те носам директно на бокс само пушш, пушш да правиш А да и баш пишував на фемина во труднички мислам. Не знаев дали да одам во болница, дека немав големи болки Во 5ипол стигнав во болница во 7 се породив. Толку Јас мислам дека човечки е да имаме право на епи и во државниве. Мислам кој век сме.. сеуште ли треба да раѓаме ко порано. Медицината оди напред. Која жена сака без епи да раѓа,слободно. Ама нека има право на избор.
4 сантима ништо не е. Енос почнуват болките. Другарка 7 сантима отворена, не можела да ги издрже болките и фаќаа врски за царски да ја прават. И кога дозна дека сум бремена ми рече браво за храброста
Јас бев 6цм отворена со неподносливи болки. Ме мачеа и на крајот кога дојде ред да раѓам немав сили да напнувам, бебето ќе се задушеше, ми се качуваа по стомакот едвај го извадиа.
Проблемот во тоа што има многу царски, е што се тргнува од тоа дека природниот пораѓај боли во одреден момент. Скроз се игнорира фактот дека царскиот боли повеќе од многу аспекти, без разлика кој како поминал. Се зема за релевантен само и само моментот на раѓање, а последиците од истото се оставени за отом потом. При тоа, доколку постои страв, имаш 9 месеци да работиш на него со експерти кои ќе ти дадат добри насоки зошто сепак, стравот е состојба на умот. Едноставно, ништо не се почнува, особено па не бременост, со одреден став, посебно не со став дека твојата потреба е побитна од потребата на бебето да ги собере сите бенефити по патот од матката, преку родниот канал и низ твојата дунда. Бебето не бара да биде родено, ти одлучуваш да родиш, затоа дозволи му да се донесе на светов на начин како што за него е најдобро. @...Arthemisia... Најбитно за тебе е да научиш правилно да дишиш, и да не врескаш од паника зошто дополнително ќе те исцрпи, туку целиот фокус да ти биде во дишењето. Е сега колку ќе успееш да се исконтролираш за врескање зависи индивидуално. Ама кај природниот пораѓај, воглавно најбитното се врти околу правилното дишење и соработката со докторот. На интернет имаш видеа со совети.
Конечно некој да напише што се нуди во приватните клиники. Ова не смее да го има. Не е професионално ни етички. Во држави со закон нема вакви работи.
Ама жено никако не можам да сфатам каде виде 'цвилење'. Второ, не знам зашто мислиш дека ме погодило лично. Еве образложи ми за да те разберам. Те нападнаа поради твојата некултура и мржња спрема женскиот пол што кажа дека некоја е лигава пошо се плаши од пораѓај. А ти краљица семоќна нели Како да прочитав дека тебе мачен и болен ти бил пораѓајот или брзо го заборави?
*Ќе едитирам зашто не ја знам туѓата приказна ама еве ја мојата што ја знам. Ако си за царски нели тоа треба да е итно? А не за месец дена ? Мене во систина ми рекоа ајде од 35та да договориме термин за пораѓање зашто е ниско бебето. Тоа не е за кеш ? Грлото со должина 30мм, плодова на место, постелка на место. Која е индикацијата за пораѓај царски тука?
не ги вадете работите од контекст и не пишувајте без врска само колку да се најдете во муабет , со членкава комуницираме од поддршка па еве се до моментов , има комплицирана бременост и ако тука не пишува често и не ја споделува својата приказна пред секого, неможете ни под разно да си претпоставите дека неа ќе и биде без индикација и без причина царскиот ..... тагни ја направи муабет со неа она нека си каже па после донесувај заклучоци... комплетно ја уплескавте работава и ја претеравте дискусијата на темава срамота , толку ниско да се падне па да повлекувате рандом разговори колку да докажете поента нема смисла .... мислев дека дискутираме , а не дека осудуваме
Јас од 5 натака почнав да осеќам болки, ама се трпеа до 8 прсти додека не добив венска провокација, после се мрднав. А 2 дена претходно не ни јадев ни пиев саглам зошто висев за царски цело време. И исто двајца ми рипаа врз стомак, 10 души околу мене.. Ама не мислам дека ме мачеа, така е процедура. Со поминат термин требаше да пробам да се породам природно..
Секое раѓање е различно само по себе, па и опоравувањето. Јас имав многу јака главоболка, што само седење во темно помагаше. Имав и јака болка во грбот и половината, се укочував и не можев да се исправам. За епизиотомијата многу пати имав пишувано и во оваа бременост имам проблеми од неа. Етрвата исто природно породена, немаше ништо од ова. Другарка породена царски исто лесно си поминала. Секој со своето искуство.
Се виде од почеток дека е проблем приватната болница, а не царскиот. Имаше дискусија и за царски без индикација ама повеќето од овие што скокаат маката им е приватната болница, па упорно убедуваат дека е подобро да трпиш болки 3 дена отколку да примиш епидурална. Само ги читам 'Аха! Ете во приватна можело по желба царски'. Само тоа чекаат. Може и во државни само не сте се информирале доволно, прашајте следен пат
И уште некој пак по седумстоосумдесеипетти пат да пише дека во странство многу помал е процентот на царски и дека таму мора да имаш индикација за царски и да ја прогласиме темава за умрено