Да дее дека бесплатно е природно да се породиш па ајде те чекаа тебе да им отидеш и да те заколат за пари. А и не им даваат плата
Абе, секој да си прави онака како што мисли дека е правилно. Ако сакаш да си закажеш царски - закажи си. И царскиот е возможен со догаварање и на државно, барем кај шо живеам јас, за да те породи докторот што те следел. И ок, ако некој така сака. Мене ми смета што, тешко се нафаќаат да те породат природно (пак ќе кажам, зборувам за местово кај шо живеам), се тепаат кој да те породи со царски, или да те фати во смена за да му се рачуна во платата, ако треба и ич да не си отворена провокации ќе ти стават, ама во нивна смена да се породиш. А од аспект на желбите, остајте кој како сака да се породи. За двата начини има страшилишта од приказни, дајте кажете кој поминал лесно, и по некој совет како полесно да се породиме или да се преброди царскиот. Охрабрете наместо да осудите. Пример, јас се молам да се породам природно без никакви анестезии, но што ако морам царски? Мислам дека ќе умрам од страв од царски... И царскиот не бил измислен за да се породиш ко царица, туку за да се спаси наследникот (мајката и помалце важна била).
Ремедика. Таму водев бременост и во 36 недела на првото цтг ме прашаа како е планот за раѓање. И ми објаснаа убаво дека нема никаков проблем за природно засега, да не се плашам и слично. И баш ми напоменаа дека има жени што од старт си инсистираат царски, џабе ги убедувале да пробаат природно, инсистирале и закажувале датуми, па затоа и мене ме прашале. Ова уз муабет беше, може не ги прашуваат сите, што знам.. @MilaSs12 и државно познавам жени што закажувале царски, така да не е само приватните болници. А и што може доктор да направи ако веќе толку инсистира жената за царски. Нема со сила да и ги шири нозете и да го стега стомакот за да излезе бебе. Негово е да ја советува како е најправилно и најбезбедно за нејзиниот случај. Мислам дека жени кои инсистираат царски зашто се плашат, не се лигави туку им фали малку едукација и подрршка.
Женски, јас само да прашам некој да сподели искуство со природно породување после царски. Јас бев царски пред 3 години поради карлично поставено бебе, сега е се како сто треба бебе е наместено, имам и опција да бирам дали сакам пак царски (поради првиот ) или природно. Ако има некоја мајка да каже дали се осеќа болка баш на резот, само од тоа ме фаќа страв
Јас кажав дека во оваа држава за пари се може. И на државно може и епидурал, договорен царски итн. Ама мора да маваш врски, а на приватно си одиш и плаќаш без никого да маваш и молиш. Значи на приватно добиваш што сакаш. Државно со врски исто, а без врски зависиш од одлука на доктор. И тука има две страни, може да те породи и он царски ако му е кеф, ама може и да те чека па да му заврши смена и сосема друг доктор да те породи. Прав професионалец ке одбие да слуша жеби на пациенти. Ке каже да најде друг доктор да ја породи. Ама на приватно не смее да направи такво нешто. На државно не те ни слушаат, прават како што треба.
Кај нас не сум слушнала така да раѓа жена, не се нафаќаат докторите. Јас лично ме би се нафатила да се обидам природно за второ.
Знам жени што без проблем се породиле природно по царски. јас планирам за второто природно ако можам здравје
Во германија ќе се пораѓам, кај нас да бев и јас не би се нафатила. Тука уште кога ќе бирам болница треба да кажам дали сакам природно или царски, па царски ми е во втор план.
Јас било каде не би се нафатила. Синко се роди крупен, над 4 кг и затоа воопшто и не размислувам за природно.
Докторската етика си ја фрлиле низ река. Се сложувам со мислењата погоре (на артемисиа и лавбаг) дека и на државно и секаде е иста ситуација. Пари се во прашање во нашава држава, процентот на плата со секоја извршена операција. Мито со задоволство исто така се зема. Имам три блиски околу мене за кои можам со сигурност да кажам дека можеа природно да се породат, зашто детално им ги знам приказните. Едната на приватно, си закажа царски зашто не сакала вагината да ѝ се прошири Втората прв царски на приватно, ја убедиле дека многу е големо бебето (а тоа се роди 3500 ). Вториот царски на државно после повеќе од 4год, но докторот ја убедил дека ако раѓа природно ќе биде како прворотка и веројатно ќе се помачи За жал и она се плашеше од природно зашто нели, ново искуство, па лесно помина со убедувањево од страна на докторот. А здрава-права и уредна бременост. Жално! Третата, исто на државно, карлично бебе, не сакаа да ја чекаат до крај да се сврти бебето, наводно немало да се сврти (а девојкава со покасна овулација, значи поместен термин за барем 10 дена покасно), па ѝ закажаа во 38ма (а јас се кладам дека ќе го носеше барем уште 3 недели). А колку многу има примери дека карлично бебе се врти во последните 3 дена па и на самиот ден кога треба да се роди. Меѓу другото за двата случаи што ги спомнав на државно се работи за кај ист многу познат и еминентен доктор. Ептен се разочарав. Посебно тешко лично ми падна за третава женска, знам колку сакаше природно, а успеа да ја убеди докторов, не ѝ даде простор да каже НЕ. Ептен сум се разочарала, за него ќе кажам толку од еминентноста. Потоа женскава немаше никаква помош дома после враќање од болница, ми падна тешко што неможам да ѝ помогнам бидејќи и јас имав 7 месечно бебе. Побајаги ме дрмна мојата постпородилната депресија со овој настан. Кај нас навистина освен што фалат анестезиолози, фали едукација и поддршка на трудниците. Премногу, ама премногу ни е крш системов! Раѓаат. Но веројатно на приватно не се нафаќаат. Сепак болнициве сакаат и да си го задржат реномето. На државно знам неколку жени породени природно после царски, и тоа и со само 2 години разлика меѓу деца. По странски форуми сум читала и разлика од 18 месеци меѓу прв царски и втор вагинален. Дури жените си имаат и формирано свои групи за поддршка на тие што сакаат да се породат природно после царски, а не вака ко кај нас што си се вреѓаме меѓу себе
Бремена сум 6ти месец, брзо лета времето, морам да размислувам и за чинот раѓање. Пред да останам бремена викав приватна и никаде на друго место. Е сега откако сум бремена мислењето и чувствата ми се сменија комплетно. Поима немам што ми се исподеси. Да давам 1500 евра за приватна, нема теорија, имам секакви можности ако сакам за приватна, ама не сакам. Од друга страна, моментално, по секоја цена сум со мисла да одам природно. За разлика од повеќето јас имам страв од царски. Не дај Боже да завршам царски, зашто не сум сигурна колку ќе можам да останам смирена и прибрана, па да не треба на крај со целосна да ме породат. Мене паника ми прави моментот кога ќе помислам што се треба да ми сечат за да го извадат бебето. Кожа, мускули, матка, тоа се треба да вратат на место, па внатрешно да те сошијат. Па не е само надворешно раната да заздрави, а внатрешно матката, мускулите сечени кога ќе се вратат во нормала? Паника исто ми предизвикува тоа што не чувствуваш ништо, а знаеш дека буквално те касапат и цела твоја утроба им е во раце. После тоа опоравувањето и ограничувањата кои ги имаш исто ми се страшни. Има исклучоци, секогаш и секаде ама примери околу мене што имам, со царски не можеа ни да се избањаат, рака не можеа да кренат, коса да си измијат, наведнување за дете да си земе, луксуз. Мене тој момент на целосно зависење од друг ме плаши, кога знаеш дека па во моментот има едно мало суштество кое па зависи од тебе. Па не смееш да креваш, па не смееш да вежбаш 6 месеци, па не смееш 2 години ни да помислиш на втора бременост (не дека јас ќе трчам одма за второ ). Сите тие работи ми покажуваат дека царскиот не е ни малку наивна процедура. Да не збориме дека со самиот момент што е операција, стравот од крварење, од нешто да не тргне наопаку итн итн. Јас и крв кога ми земаат сакам да гледам што ми прават и да почувствувам иако повеќето викаат не гледај, не бре сакам да гледам. Може во 9ти ќе се упрпам па ќе одам царски ама сега за сега сум no way. Најмногу ми дава храброст за природно една слика во глава кога отидов братучедка ми да ја видам после природен пораѓај истиот ден кога си дојдоа од болница. Отвара врата, ја гледам како никад да не родила, трча на сите страни, отиде си се избања без никаков проблем додека ние седевме со малото, коса си среди, се со ред. Е сега седеше малку на страна ама за една недела максимум беше ко нова. Додека тие со царски околу мене беа како Бог да чува болни после тешка операција. Не мора никој да ми кажува ништо, гледав сама. Ќе памтам и ќе се вратам на темава откако здравје ќе се породам и ќе пишам и тогаш мислење. Ветувам дека ќе бидам реална и ќе пишам искрено.
Како ја да се читам не сум била сама со стравот од царски. Но, ако мора, спремна сум и на тоа... ама ако мора!
@Daydream и јас имав можност за приватно ама одлучив да фатам врски на државно а да платам за матични клетки.
@Daydream Ме потсети јас кога се породив, и нели ми дојдоа посета од братучедки до баба ми Јас нашминкана, со се маскара средени веѓи карминче па и венче на главата имав ставено. Би стаила и тука слика да ме видите, но ај и не мора Ми се изначудија И за првото и за сега лично финансиите не ми се никаков проблем. Но ете, овој пат си се мислам за Санте само заради гужвите и страв дека во Чаир нема да фатам апартман. Другите приватни никогаш не сум ни помислила на нив. Ете не знам, можеби дека ни една блиска немам породена во Систина, освен снаа ми во Ремедика каде и го сецнаа бебето на лицето при царски рез. А. зборев со повеќето рекоа немале намера да дигаат кредити за пораѓај. Супер било и во Чаир. Ете 300 људи-300 чуди . Уште малце влегувам во 9ти месец. Се надевам ќе бидам природно и со ова бебе, и се надевам нема да биде големо колку бато. 4.360 гр роден природно, без никаква антестезија. Мм и мајка ми ме чекаа во апартманот, истата вечер и се туширав и се шминкав. Барем пола лесно да поминам како првиот пат, ништо друго
Би сакала и јас така на поминам лесно и после пораѓај да сум средена,нашминкана....,али видечемо,видечемоо Ти посакувам и овој пат да ти е така,како првиот ,па дури и поубаво
Скроз не си во право. Еве јас сум во европска земја, и плус читам статистики за околните земји. Тука сѐ повеќе жени сакаат "Interventionslos" пораѓај или тоа значи без НИКАКВА интервенција. Што поприродно. Не сакаат дури ни грлото на матката да им го проверуваат често. Им забрануваат да им брцнат рака. Затоа што добро ги знаат придобивките но и ризиците од епидуралот, и бираат да е без. Затоа што сакаат да го пречекаат бебето и да го имаат бондинг моментот. Бебето да цица во првиот час најдоцна. Сѐ повеќе е во подем раѓањето дома, во домашна атмосфера, во базен, со поддршка од бабица, партнерот и дула. Жени со по еден, два или три царски одат и се обидуваат природно да родат следно дете. Тука знаат точно што се дава како провокација и бираат дали ќе ја примат или не. Најчесто не ни сакаат провокации и ги одбиваат. Свртени се кон хомеопатија, акупунктура и хипноза. Епидуралот (PDA) е далеку од причина за природните породувања. Се работи за подруго ниво на свест... Значи не генерализирајте. Има хорор природни породувања како што има и хорор царски. Има и прекрасни лесни природни, и прекрасни лесни царски. Болката и закрепнувањето се најчесто индивидуални и субјективни. Ама има многу жени кои родиле природно и кои родиле царски. Дел од нив ќе ти кажат дека природното било подобро, дел ќе ти речат царскиот бил подобар. Сѐ е субјективно. Пиши ми ЛП има одлична група за жени како тебе кои сакаат да се породат природно после царски рез. Полна е совети, породилни приказни, информации, бодрења и искуства. Верувам ќе ти е од суштинска помош.
Пишав отпосле дека секој пораѓај е различен. И јас лесно се породив природно, ама опоравувањето ми беше многу тешко, да не се повторувам. Ова погоре, се е тоа убаво што си го напишала, ама е далеку од нас. Кој не сака да се породи во релаксирана атмосфера, без провокација и се друго што си пишала? Ама толку ни се условите на државно. А за приватно е скапо, иако и таму не е така. Кога ќе имаме породилишта како во странство, можеби ќе се сменат работите, а за сега џабе ни се секакви статистики.
Дека во странство се многу посвесни, не е ни дискутабилно. За сѐ се, камо ли па за пораѓај. Кај нас немаш право ни да изустиш дека не сакаш провокација, нити пак позицијата за пораѓај можеш да си ја избереш, партнерот нема шанса да присуствува на пораѓајот не пак да имаш и дула што ќе те води низ процесот... и ред други заостанати регулативи. Се согласувам дека кај нас неинформираноста е на високо ниво, но и да сакаш да избегнеш или добиеш нешто едноставно немаш право на избор. Не знам како е на приватно, ама за државно рака сечам дека е така.
Се надевам дека грешам и дека е вака како што кажуваш. Сепак, ако збориме за Мк пак доаѓаме до тоа дека раѓаме во мизерни услови и секоја се снаоѓа како може и го бара најдоброто за неа.