Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спонтано породување или со царски рез?

Дискусија во 'Бременост' започната од Cka, 30 јули 2017.

?

Каде и како се породивте?

  1. Природно, во приватна клиника

    100 глас(а)
    17,6%
  2. Природно, во државна клиника

    211 глас(а)
    37,2%
  3. Со царски рез, во приватна клиника

    118 глас(а)
    20,8%
  4. Со царски рез, во државна клиника

    158 глас(а)
    27,9%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.257
    Допаѓања:
    112.390
    Пол:
    Женски
    @Kaetana значи имаат огрооооомен избор што да прават со себе за породување. Сама пиша, када, дула, акупунктура и да, дури иако мислеле дека можат без епидурална ќе ја добијат ако меѓувремено се премислат.

    Овде епидурална нема, дула нема (има акушерка шо ти вели, а што мислеше ти како се раѓа дете? :puke: ), советник за доење нема, бебето го земаат после раѓање и го враќаат кога ќе заврши паузата за кафе и цигара.
    И така.
     
    На gjoker4e, dromka, Milkiway и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Мислам друга беше поентата на @Kaetana, дека жените во странство се враќаат баш на она примитивното- "раѓање во штала и на нива", бидејќи што поприродно тоа подобро. Ради муабетите поназад дека раѓање природно е хорор за секоја жена, се плашеле па затоа бирале царски рез.
    Значи германките сами решаваат да се "мачат" :)
     
    На nadenadia, deskarada, mssuniquee и 9 други им се допаѓа ова.
  3. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.753
    Пол:
    Женски
    Само што има голема разлика помеѓу " раѓање во штала и на нива" и она што го нудат родилиштата денеска
     
  4. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Значи не зборуваме за тоа. Пак ќе кажам, жените решавале да не користат никаква помош при породување а сепак не сметаат дека одат на измачување и колење. Па дури и раѓаат дома.
     
    На Cosmi, Yowannty, Kaetana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    @Kaetana мене на ехо ми виде два пати колку е спуштено бебето.
    Вагинален преглед, отварање на цервикс на сила немам.
     
    На Fatalnata и Kaetana им се допаѓа ова.
  6. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.753
    Пол:
    Женски
    Ама како не е помош базен со топла вода, дула, акупунктура, хипноза и не знам ти што друго кон кое се свртени. Не е само провокацијата и епидуралот помош при пораѓај.
     
    На ..barbie.., Sky-butterfly и ...Arthemisia... им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.908
    Допаѓања:
    267.409
    А баш такви спомнав, конкретно во САД, и секако - нивен избор, нивно право, која сум да им судам? Ако лично не би сакала ни да се шегува некој со мене со хомеопатии и ароматерапии за смирување, ама ако на некој делува, гоу фор ит.
    Грд е осудувачкиот тон на темиве кон “неприродните“.
     
    На Sky-butterfly, fana и Jana06 им се допаѓа ова.
  8. ...Arthemisia...

    ...Arthemisia... Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
    Сечиј став е правилен за себе, вака само во лимбо се препукуваме кој е во право. Секој е во право, и не е. :D
     
    На ..barbie.., ivance.. и Kaetana им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.908
    Допаѓања:
    267.409
    Тоа и кажувам.
    Да ме тепаат не би прифатила нешто што не се вика болница со екшуал доктори и лекови и наркотици вклучено.
    Па да одам наоколу да објаснувам ако не колку ми е богдачува натуралистичкиов мувмент, во секој поглед.
    Следно е шо ќе им вакцини, природен имунитет имаат |(

    И да, инспо имам од фрибиртерска група, кај што повеќе од еднаш имаа stillbirth, затоа што скроз природно "е" подобро него контролирани болнички услови.
     
    На Autumn_, JoyJoy, Sky-butterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Одамна гледав едно видео жена, маж и две мали деца отидоа во природа за жената да се породи таму. Си седна во реката и буквално со неколку напони го роди бебето без да пушти глас. Која не би сакала вака брзо и лесно да се породи? Која будала би барала анестезии, царски ако сите раѓаме така? Тенка е линијата меѓу храброст и лудост.
    Хомеопатијата и хипноза нема ни да ги коментирам.
    Живееме во хаотично време, не гледам како веќе би можеле да се вратиме на природно. Ништо повеќе не е природно.
     
    На Autumn_, Fatalnata и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.908
    Допаѓања:
    267.409
    Да ти ја пратам групава, да ја видиш и хорор варијантата.
    Не од чув, тетка, вујна, туку членки нивни на што се нафаќаат и неретко какви последици има.
     
  12. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.257
    Допаѓања:
    112.390
    Пол:
    Женски
    Јас си велам најпаметно е да ја напуштиш групата :|
     
    На Annath, Biljarkata, Cherry333 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Која група? Не би сакала да гледам и слушам, чисто ме интересира каква група постои.
    Инаку, јас воопшто немам страв од втора бременост и пораѓај, имам страв од мачнини и грчеви кај бебето :)
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Ем знаеш каков страв имаш, ем читаш такви работи. Наместо да земеш позитивни искуства да слушаш, така да размислуваш, зошто воопшто се оптоваруваш со хорор приказните? За сè има хорор приказни, ама ние сами одбираме што ќе слушаме и читаме. Имаш тука група за прекрасни искуства, а ти викаш, ама чекај, да видиш каква има со хорор искуства. Треба малку полајт.
    Јас отидов на пораѓај имајќи на ум дека е искуство што еднаш во животот ќе го доживеам и дека ќе е интересно и возбудливо. И баш така ми беше. Мора да се намали стравот малку, зашто инаку само се долева масло на огнот.
     
    На gjoker4e, elimkd, azelea и 17 други им се допаѓа ова.
  15. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.263
    Пол:
    Женски
    За ова имаш огромен (y) од мене.
     
    На DELFINA81 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.908
    Допаѓања:
    267.409
    Не ги барам намерно хорор искуствата, ама немојте да продавате колку е тоа добро и позитивно и кул да раѓаш у река, во заден двор и не знам веќе каде.
    Мислам, кул е ако си лично желна за егзибиционизам, никако не е кул да промовираме нешто како бек ту нејчр, пошто да, опасно е.
    На природата генерално не и' треба волкава популација, не би оставила баш да одлучи дали сум вишак.
     
    На ..barbie.. и JoyJoy им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.908
    Допаѓања:
    267.409
    Ќе ти пратам пп, не мислам дека е за во темава, нејќам никој да поттикнам.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Не промовирав ништо јас, мислев на твоето општо размислување и страв за пораѓајот. Дека премногу се фокусираш на лошото.
     
    На Kaetana и Annath им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.908
    Допаѓања:
    267.409
    Таков "пациент" сум.

    Да се разбереме, јас никому не кажувам на кој начин да раѓа или за било што поврзано.
    Ама пропаганда е тоа, жените почнале да се освестуваат, седи раат.
    Не се освестени, само се осеќаат преобични ако родат како сите други, а сите си патиме од посебнитис.
    Ако тебе (ова не ти лично, било која) смета дека е попаметна од доктори, акушери итн. слободно, ама да се пропагира тоа како "исправниот" начин или "природното (без никаква асистенција) е најдобро" и сопственото вц, блиската река, водопади, шуми, заден двор се соодветно место за раѓање, тотално е нон-сенс.

    Кај нас другиот крај на спектрумот може да се забележи, кај што јавни ликови деградираат жени што природно родиле.
     
    На ..barbie.. и JoyJoy им се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Видиш, јас не видов никоја тука да е против царски со индикација, така а не знам од каде го вадиш тоа "попаметна од доктори". Оти сигурна сум, кога доктор каже така мора, тогаш ни една нема да рече "не докторе јас природно ќе раѓам, па макар умреле и јас и дете."
     
    На deskarada, Cherry333, Kaetana и 3 други им се допаѓа ова.