Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спонтано породување или со царски рез?

Дискусија во 'Бременост' започната од Cka, 30 јули 2017.

?

Каде и како се породивте?

  1. Природно, во приватна клиника

    100 глас(а)
    17,6%
  2. Природно, во државна клиника

    211 глас(а)
    37,2%
  3. Со царски рез, во приватна клиника

    118 глас(а)
    20,8%
  4. Со царски рез, во државна клиника

    158 глас(а)
    27,9%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.116
    Допаѓања:
    88.075
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller дефинитивно си наоѓаш начин да го храниш стравот.
    Што мајка бараш во такви групи,жити се?!
     
    На Fatalnata, DAngel и Biljarkata им се допаѓа ова.
  2. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.914
    Допаѓања:
    31.553
    Пол:
    Женски
    @Daydream само оди со отворен ум на пороѓај. Како ќе каже лекарот така и ќе се породиш. Кај мене до последно не се знаеше како ќе ме породат. На крај со 9 прста отворена (без епидурал и со минимални болки кои траеја два саати) завршив на царски заради лекарско мислење. И испадна дека лекарот е во право за мене ќе беше опасно да се породам природно. Бебето ќе беше во ред, јас ќе бев со пукната матка заради претходни интервенции на матката. Така што како требало да биде, ќе биде. Инаку со царскиот станав вечерта на денот кога се породив (се породив рано сабајлето, вечерта станав од кревет). Утредента се избањав со помош на сестрата, а потоа веќе се сама правев. КОга дојдов дома вечерта си го бањав бебето, се избањав јас. Не е ни царски толку тешко. Или мене не ми се виде толку тешко како што читав. И јас навивав за природно ама не бидна. Битно се заврши како што треба. Цимерката во соба ми беше со пукнат цервикс од природен пороѓај па и неа станувањето и седењето и беа тешки. Се си е случај за себе.
    @CameliaMiller браво за постовите околу „Back to nature" глупости.
     
    На Autumn_, lovely91, ..barbie.. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.908
    Допаѓања:
    267.408
    Зборуваме за раѓање дома без доктори, во шуми и слично.
    Се случува, среќа па не тука, ама светот го коментираме, и да, умираат.
    Најчесто бебињата.
    Можам и тебе да ти најдам линкови, имаше еден куп медиско внимание пред година или две, бидејќи баш се заредија неколку случаеви, кај што новороденчињата ќе биле живи родени ако биле раѓани во болница.

    Природно не значи секогаш најдобро, за ништо, не само за раѓање, да оставевме се' во раце на природата, немаше да сме во толкав број.

    Жениве кои сега ги коментирам се на ниво на антиваксери и не треба да се спомнуваат како добар пример, затоа што не се.

    Во однос на тоа што ме цитираш, јас засекогаш сум на ставот - доктор одлучува - но не можам тука (во земјава) да ги осудам родилките затоа што немаат никаква поддршка ниту олеснување за природното раѓање. Да имаа барем малку од малку опции, набројавме многу што добиваат по светот, секако дека нејзино е да прифати или одбие "помагала", а не да одлучи за операција.

    Ни тука не е легално, ама како што ги сфаќам оние што абортираат на црно кај што абортус не е легален, така ги сфаќам и овие што фаќаат врски за царски, затоа што така најкратко им трае агонијата.

    Не може да споредуваме праг на толеранција на болка, индивидуална работа е.

    Кај мене за една иста процедура некои бираат обезболени да бидат, некои мислат дека не боли доволно и ок се.
    Ние можеме само да ги испочитуваме, дали да се обезболат или не, не можеме да им кажеме дали можат или не да истрпат.
     
    На Meckicja, ..barbie.., Snowflake92 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.534
    Допаѓања:
    201.644
    Пол:
    Женски
    Факт е дека има и такви "посебни", што сакаат да се истакнат. Секаде ќе ги има, во секоја сфера. Живееме во време кога вредностите и приоритетите се испревртени и цели животи се сервираат на социјалните мрежи, притоа не бирајќи начин да се биде поразличен од другите. Во однос на породувањето, сум за тоа лекарот да одлучи како е најдобро, имајќи ја предвид целокупната ситуација.
    Секое искуство е посебна приказна. Затоа фокусирајте се на себеси, не се оптоварувајте со туѓи приказни, како треба да биде, ќе биде. Слушајте си го лекарот и верувајте му.
     
    На ivance.., azelea, BabyD0ll и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би се пораѓала дома, на река, во природа, и мене исто ме нервира форсирање на таков тип на пораѓај пошто природата знае се'.
    Исто така никогаш не би се пораѓала со царски без индикација.
    Полошо е за мајката, полошо е за бебето.
    Многу фокус се става на моментот на раѓање, а да се соберат искуства од многу жени што се породиле царски, ќе бидат многу повеќе оние кои претешко им било опоравувањето одколку оние кои лесно поминале после царскиот.
    Не боли само раната, боли секое ковче и мускулче на телото, исцрпена си до степен да не можеш заби да измиеш, и ретко која се грижи за бебето сама после царски, обавезно некој доаѓа на помош.
    Царски е масивна операција и секоја масивна операција бара опоравување.
    Околу 6 месеци, за да се чувствувате целосно како претходно.
    А за доктор, не може да е присилен да ја пораѓа царски, ако смета дека нема причина.
    Едноставно нема да ја носи во сала, што ќе прави, ќе се пораѓа природно, тоа е.
    И така треба да биде.
    Треба да се посвети повеќе внимание на тоа да се смират трудниците, да се учат да не се плашат од пораѓајот, да се учат на техники на дишење кои премногу помагаат, да се охрабруваат и да веруваат во себе.
    И да ги тргните сите луѓе од својот живот кои кога ќе видат трудница, одма трчаат да ја раскажат најхорор приказната што ја знаат.
    Има и прекрасни приказни, ама ги игнорираме таквите.
     
    На Freyja, ivance.., lovely91 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.908
    Допаѓања:
    267.408
    Не барав јас група, туку бев во група за сосема друго (конкретно против антиваксери), и имаа споделено линк.
    Така ме "освестија" какви се' луѓе постојат.
    И воопшто не станува збор за природно вс царски, туку за жени кои целосно занемаруваат медицина и на сами себе експериментираат и тоа го пропагираат како правилен начин на живот.

    Тука завршувам со коментар за "тие" луѓе.
     
    На Cosmi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Ги знаеме кои се, ама не дозволувај такви жени да ти бидат насока за било што во животот.
    А ни аргумент за да докажеш поента.
     
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.908
    Допаѓања:
    267.408
    И сама имаш пишано дека би одбрала епидурал.
    Тоа е целиот муабет, секако дека с(м)е преплашени, знаеме дека нема да добиеме макар плачеле и молеле.

    За себе зборам, и не мора да е раѓање, каква сака процедура нека е, полесно ќе се справам со подолго и помачно лечење, него одеднаш да истрпам.
    А гледам дека многу и размислуваат така, не знам дали постои анкета, оваа е after the fact, него некоја, да можете да бирате, пример: природно без епидурал/лајт спинал/гас, природно со наведениве, или царски, мислам дека најголем број ќе одберат второто. Кога тоа не е достапно, ако имаат врски/пари, одат на третото..

    Не ги ни спомнав прва, се надоврзав.

    Напуштена е, одамна не користам активно фејс.
    И ми се здосмачи и од антиваксери, за нив беше уствари :D
     
    Последна измена од модератор: 9 декември 2020
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.606
    Пол:
    Женски
    Баш базен со топла вода, дула, акупунктура и хипноза се помош, додека провокација и епидурал можат да направат контра ефект.

    Значи Камелија, ок е, смирено малце.. ако @Jana06 спомна видео за некоја што раѓа во река, не значи дека јас се залагав за такво нешто. Комплетно се согласувам со тебе и мојот став е дека не би ни помислила да одам сама да раѓам во природа. Но, зошто мислите дека не можеме да имаме „природен тек“ во контролирани услови? Сите тие кади, акупунктури што ги спомнувам се во болницата. Не се во некое поле у сред шума. Значи сите услови се така направени да во самата болница имаш секаква можност да доживееш едно породување онака како што си го замислила, секако, ако е сѐ во ред. Ако не, фала богу дека имаат спремна сала и персонал да се реагира во најбрзо можно време. И фала богу дека сето тоа го правиш под надзор на акушерка која вика доктор за мислење.


    И не се работи за занес потрес или „посебнитис“, се работи за една подлабока емоција од тоа да дадеш мислење без при тоа да имаш поминато низ тој процес. Најди мои мислења со првото дете, фала богу дека и јас пишував дека зошто некој би раѓал без епидурал во време на епидурал?
    И се зборува за природно без никаква НЕПОТРЕБНА асистенција, а фала богу дека ако е потребна, и те како докторот ја примебува без твоја согласност. И фала богу дека за животозагрозувачка состојба и те како докторот одлучува.

    И да. Се работи за поголема свест. За читање докажани и актуелни студии. За желбата да му се овозможи на бебето најдоброто. Па на крајот, и себеси да си овозможиш најдобар исход. Многу работи не ги знаеме и многу лесно улетуваме со клизачи во целиот процес на раѓање. Некако си мислиме дека „еволуиравме“ и медицината го има само најдоброто да ни го понуди, но едно време така се мислело и за рендгенот кога масовно бил применуван за време на бременост особено при крајот за мерки на карлица и поставеност на бебето, додека немало милион бебиња на кои страшно им се наштетило со тоа, од канцери и чуда. После формулата била промовирана како подобра и од мајчино млеко. Па после морале да се склопуваат кодекси за забрана на реклами до толку што потиснала доење. Се промовирале и книги за дитачмент начин на гледање на бебиња, па денес се трудат да го вратат моментот со атачмент. Многу работи се менуваат, многу работи што се и во медицината актуелни, не значи дека се правилни.

    Еве јас како лаик кој се едуцира во моментов би ти навела следните три прични зошто од првичните мои мислења од пред 6 години, и мислењата од пред година и пол кога бев бремена со второто тука (и тоа уште бев растргана меѓу два света) сега сфаќам зошто начинот на раѓање тука и те како е многу подобар, дури и кога се работи за породувања дома (кои се секогаш во присуство на акушерка која има спремно возило на брза помош и болница во случај да треба да се реагира): епидуралот има шанси да го попречи рефлексот за цицање на бебето; окситоцинот кој е синтетички и кој се користи за провокации го одложува лачењето на природниот окситоцин (кој помага да се контрахира матката и е одговорен за рефлексот на испуштање на млекото); царски рез носи квази рестрикции за следна бременост особено во следните две години (а има жени кои од Х причини сакаат бременост побрзо), башка носи ризик од плацента превија и општо од поставеност на плацентата понатаму, ризик од руптура при контракции и др. Во принцип има многу работи кои треба да се земат во предвид, ама нам никој не ни ги кажува, туку уште живееме во свет каде буквално се случува насилство за време на породување.

    Ама ако вие мислите дека се работи за „посебнитис“ очигледно не сте доволно информирани... или пак што е уште потрагично, (по свој избор) ограничени во размислувањата.
     
    На gjoker4e, Nd_sk, Chantal и 18 други им се допаѓа ова.
  10. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.753
    Пол:
    Женски
    Истото го мислам и јас
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.908
    Допаѓања:
    267.408
    Да сакав лично тебе да ти се обратам, ќе те цитирав.
    Мислење дадов за целиот тек и насока на дискусија.
    Нека сум засекогаш неинформирана, егзибиционизам не разбирам и не поддржувам во ништо - и точно ги кажав примерите.

    Кадите во болница во позитивен контекст ги имам спомнато претходно. А хомеопатија... да речеме дека не верувам во неа и да останеме на тоа.

    Јасна ми е целата твоја заложба околу доењето и браво, ете и таму уште сега знам дека ќе потфрлам бидејќи поради други дијагнози нема да смеам да дојам никогаш, па не ни размислувам во тој правец ниту е нешто што би го искусила, па да го ставам на листата за планирање.
     
  12. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.434
    Допаѓања:
    17.012
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller
    Не секогаш во бременоста можат да се планираат работите.Еве на пример мојот пораѓај како се одвиваше.Спиев и водењакот ми пукна во 11 навечер.Наеднаш ме фатија породилните болки.Набрзина се истуширав и правец во Чаир.Таму бев во 12.Ме проверуваат 8 прста отворена.Значи тука нема време и да сакам епидурал,веќе си отворена.Останува да се качиш на бокс и напнуваш.Во твојот случај би морало да се побрза со пораѓај за да не те фатат болките.А реално незнаеш кога ќе те фатат,и во која недела.
     
    На thelittle17, Cherry333, Kaetana и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Ретки се тие што одат со 8 прста отворени и раѓаат тоа е целиот муабет и затоа е стравот. Ако природното е најдобро зошто тогаш постои опцијата за провокација затоа што ако пукне водењак и немаш болки мора некако да направат бебе да искочи(пак не е сосема природно) кога е надминат термин пак провокација.Многу жени едвај издржале 9 месеци само бебе да биде добро и мислат дека царскиот е најбезбедната опција да излезе се како што треба.Природното е добро се додека природниот процес почне природно.Али сепак ако веќе има опција за епидурал треба да ја дадат а не врски дасе бараат за нешто што ти следи.

    Во врска со раѓањето во шуми и ред други работи и по видеа како се пораѓаат жени надвор од болница никој не знае што се случило со тие бебиња понатака,не се знае каков ризик има да би било нормално да се раѓа во природа не би постоеле бабиците и клиниките за гинекологија и акушерија.Порано и по дома раѓале али кој бил процентот на смртност и проблеми при бременоста порано и сега. Сега колку жени има со спонтани и проблеми со забременување да не кажам реткост е некоја од прва да останала трудна да немала никаков проблем и да се породила без компликации. Треба да има советувалиште за трудници и да им се објасни целиот процес и да се едуцираат од Лулка се трудат колку што можат да објаснат убаво.Премногу жени се исплашени прво од зачнувањето дали ќе успее,после следи терапија,прегледи,крварења,лежење(највише на психа мава) и ред други работи не е се сјајно и некои се слаби на психа од што се измалтретирани во животот од што прошле сито и решето и имаат страв затоа не се суди за тоа како жената сака да се пораѓа
     
    На fana, lovely91, Milkiway и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.606
    Пол:
    Женски
    Те цитирав (и еве пак) ама не дека е злонамерно. И не беше целта демек лично за тебе муабетам - реално зборувам за генералната слика во Македонија, и поентата ми е дека ако самите ние не смениме некои работи, никој нема да ги смени за нас.

    Ме заинтригира доста со ситуацијата со доењето.. for educational purposes only, секако. Па ако би сакала да споделиш во порака подетално би ти била благодарна. Ако не, игнорирај го муабетов. Оставам на тебе.

    Патем, кога велам хомеопатија, сакам да кажам пример чаеви кои помагаат во секреција на млеко, поттикнување на контракции, и сл. А не дека бактериски бронхопневмонии ќе лечиме со чајче и гранули.

    Доста беше од мене на темава. Си кажав што имам да кажам. :)
     
    На gjoker4e, ivance.., Biljarkata и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Ја за чистење каменец добивам анестезија. Не сакам болка.
    И со бебето имавме бондинг дома кога дојдовме.
    Да во болница спиев повеќе затоа што крварев ненормално...
    Не разбирам зошто бебето да цица одма во прв час?
    Па јас откако се породив ми рекоа дека 3 часа треба да лежам мокрев во патка

    Значи малку се оди во некоја друга крајност...

    А и да се едитирам
    Што одат во болница германките ако се пораѓаат како на нива? Па нека одат на нива и во штали...
    Стално се дискутираат некои работи што не треба да бидат предмет на дискусија како која попрво на цицка го стајла, која попрво во агонија и болка напрајла бондинг, се критикува таа со царски.

    Инаку ако ѕирнете статистика народот во Германија старее и дтапката на наталитет е доста опадната just saying
     
    На Autumn_, thelittle17, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.753
    Пол:
    Женски
    И мене не ми е јасно зошто мора првиот час да се дое бебето. Овде после раѓање го ставаат на вормер, а мајката 2 часа леже на бокс. Јас се породив во 7 попладне, а ми ја донесеа наредниот ден на пладне. Во странство како е не знам
     
    На fana, Snowflake92, Lovebug01 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    39.639
    Пол:
    Женски
    Од каде ви е тоа дела германките раѓаат во шуми, штали? Пре да речам дека во нашите рурални средини се погодуваат така него ли во Германија.
    Има мајки кои се решаваат на пород во специјални родилишта, со својата патронажна или како и да се вика. Предуслов за домашен пород има нормално.
    Не секоја смее да се породи дома. Гинекологот одлучува дали смее да се породи дома. Па помош на бабица.
    Јас искрено не познавам некоја која се породила во Шума или штала. Или живеам во некоја друга Германија.

    Инаку после пород безразлика дали природен или царски бебето го добива мајката веднаш. Додека бев уште во операциона сала да ме средат (сошијат) бебето после преглед го доби сопруг. Му го дадоа на гради, да имаат кожа на кожа контакт. После кај мене на гради, си фати да цица бебе од прв момент.

    За обезболување, што ќе правите после царскиот. Ќе ве стават исто под морфиум некој 3 до 4 дена или како мислите да ги поминитете деновите после операција.
    И тоа не боли, ве молам да се користи често зашто тие што го искусиле тоа ќе мислат дека одат на заб вадење.
    Боли и те како. Првиот ден си под инфузија. Ама те стануваат после неколку саати. И ќе станеш и ќе одиш, што ќе правиш. Кога си мајка добиваш некоја виша сила.
    Веќе втор, трет ден ќе шеташ по малку. Ама немојте да го правите безболен царскиот. Боли стомакот, раната кај што си сечен.
    Јас после 4от ден можев се да правам. И фала богу што беше така.. Ама дека е лесно, не е.
     
    На gjoker4e, duffi, azelea и 9 други им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Провокација ставаат и кога треба и кога не треба. Веднаш ја ставаат за побрзо да оди породувањето, не дека е потребна. Јас кога се пораѓав ќе донесеа трудница, два прста отворена и одма провокација, за побрзо да се отвори. Нема време да се чека природно да тече работата, нема место, нема доктори и мора побрзо, за жал.
     
    На gjoker4e, azelea и Kaetana им се допаѓа ова.
  19. ...Arthemisia...

    ...Arthemisia... Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
    Ај малце сега позитивни искуства дајте и од природен и од царски, да ги ублажиме стравовите и од едното и од другото, м? :)
     
    На thelittle17, merina.93 и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Прво, едно е кога си мислиш на пораѓај, а не си ни трудна, друго е кога ќе си трудна и се приближуваш до пораѓајот. Телото се спрема девет месеци за тоа и поинаку се размислува. На крај си викаш, само нека искача, ма како и да е.:rofl:
    Јас се породив природно, без провокации, без епидурал. Така требаше од здравствена гледна точка. Отидов да се пораѓам возбудена, и баш беше како на филм кога викаа туркаааај.:D Тогаш и си во некакво бунило, не дека размислуваш, правиш само, на бокс кога си, туркаш, дишиш, правиш што ќе ти кажат и толку.
    Интересно е, да сакав уште едно само од пораѓајот немаше да ми е страв. Пораѓајот е нешто на кое толку се фокусираме, а трае толку кратко, е после доаѓа работата.:smirk:
     
    На gjoker4e, azelea, ivance.. и 13 други им се допаѓа ова.