Треба да мислеш на убаво. Дека сѐ ќе биде во ред и без лоши мисли и страв. Ако другите можат да издржат, зошто не и јас, силна сум. Боле, ама поминува и се заборава. Јас се многу молев сѐ да биде во ред. И се беше во најдобар ред, никакви проблеми со породувањето немав
Мене ми го донесоа во 5 сабајле се породив во 3 ама ми го ставија до мене да лежи. Јас не можев да мрдам не па на цицка да го ставам уште бев во бесознание. И секако после ми дојде млеко не знам што е ова паѓање во несвест ако бебето не било на цицка Одма Ај да се утепаме пошо адаптирано ни пијат Мислам само во МК е вака Отворете дечки форуми амерички да видите каква поддршка мајките си даваат една на друга. Таму дојат 3-4 недели повеќе од тоа ретко која успева што заради работа што ради болки... Како што пиша Реин ја бев цел живот плашлива сакав царски само за да не одам природно Ама после спбрав храброст реков нема зошто царски и на крај толку ми се смачи што ме ставија на бокс и бев породена со 3 напони Инаку земав епидурал без епи немаше шанси да одам природно
Муабетов е баш тоа... јust saying. Ако не беше само just saying without reading, research, ќе знаеше дека наталитетот е опаднат одамна и се должи на лошите услови кои Германија до неодамна ги нудеше на жените како породилно отсуство кое беше како што е сѐ уште во Швајцарија, во комбинација со недостаток на градинки и добри услови за чување на деца од 0/3 години, како и сѐ подоцнежните години во кои паровите се одлучуваат за деца. Ама скриениот контекст на твојов муабет, уау. Германките не треба да се репер, раѓаат во нива, и плус намален наталитет. Сигурно е намален оти сфаќаат дека не е убаво да се породат без епидурал, или децата на нивата им умираат. Нека не ви се репер, слободно. Родив и во МК, родив и во Германија. И кога се трудам да споделам искуство, не е за да направам да се чивствувате полошо, туку за да покренам една поглобална свест меѓу вас (нас), дека нешто мора да се смени. Дека секоја жена заслужува многу повеќе. И стварно се трудам да ви објаснам зошто и тоа преку студии, докажани. Ова посебно сакам да ти го цитирам. Затоа што тука започнува онаа форумска култура од аспект на претпазливост, која што ја зборуваш кај сите амерички форуми. Дали си видела некоја жена да ѝ каже на друга „абе јас така направив, па ништо не ми беше“. Тоа таму го нема. Споделува искуство, но знаеш тоа како изгледа? Нешто во овој стил: „Мене ми го донесоа во 5 сабајле, а се породив во 3. Го ставија до мене да лежи. Не можев да мрдам, и не можев да го земам на гради. Се чувствував како да бев во бесознание. Мене ми надојде млеко иако го немавме тој бондинг веднаш. Би сакала да ми објасни некоја зошто е тој бондинг толку важен? Кај нас,на жалост, доењето не испадна како што очекував и сега сме на формула“. Зошто ова го пишувам? Само од следното. Тебе ти надојде млеко. Ама нема да ѝ надојде на секоја мајка. Тебе нешто ти успеало. Ама нема да ѝ успее на секоја жена. Тоа е исто како некоја да пише: „јас не знам како ќенкате и викате дека не можете природно без епидурал? Боже мили, болки се, и сите можеме да ги поминеме... колку жени раѓале порано без епидурал. Јас не знам што ќе да беше ова драматизирање“ И ова, а и она што ти го пиша не е поддршка. А се бориш за поддршка.... Првиот час на поврзување со бебето не е важен само за доењето, туку е важен за многу други фактори. Со поставувањето на бебето на стомакот на мајката, се успорува производството на адреналин, овозможувајќи да се покачат нивоата на пролактин и окситоцин кои се одговорни за поврзување со бебето и доење. Ослободувањето на окситоцин продолжува преку доењето, што пак прави контракции на матката и со тоа помага во нејзиното собирање т.е. враќање во првобитната големина, драстично намалувајќи го ризикот од постпартално крварење од местото каде била плацентата. Бебињата кои се кожа на кожа со мајките многу подобро ја регулираат температурата (отколку ставени во вормер... мислам што подобар вормер од човечко тело), не се под стрес, па се регулира глукозното ниво во крвта (шеќерот), се регулира срцевото биење, и се подобрува респираторната состојба. Кај бебиња кои се ставени кај мајката на стомак се одложува сечењето на папочната врвка веднаш, што овозможува бебето да го добие целиот доток на крв од плацентата, а со тоа да добие скоро третина од резервите на железо кои и те како се важни понатаму. Антрополошки гледано, мајките кои имале бондинг статистички многу побрзо се респонсивни према потребите на бебињата, како резултат на лачење на окситоцинот кој е одговорен и за развој на мајчинскиот инстинкт и перцепција. Бебињата пак кои се поставени на мајката ги добиваат првите сензорни стимулации преку своите сетила, значи го спознаваат мирисот на мајката, нејзината кожа, топлина, срцевото биење, добиваат млеко од градата, кое и те како е огромна стимулација на мозокот и нуди одличен развој на нервниот систем и однесувањето на бебето. Нивото на кортизол се намалува. Бебето не плаче бидејќи е згрижено од мајката. Бебиња кои не иницирале доење во првиот час имаат значително поголем ризик од проблеми со доењето понатаму. Препораката е дури да се остави бебето само да ја најде градата и да ја фати. Тоа се нарекува Breast Crawl, и нуди одлични резултати во доењето бидејќи бебето учи да го позиционира јазикот во тој момент на прво фаќање на градата, и најчесто остварува добар фат со таа биолошка позиција, што е клучен во успешно доење, и кој ако не е добар и длабок е главен фактор за сите проблеми кои ги имаат жените со доењето. Го поттикнува имунолошкиот систем на бебето, преку изложување на сите бактерии кои постојат на нашите тела, плус со првото доење бебето добива колострум кој е наречен и природна вакцина на бебето. Особено е важно кај бебиња кои се родени со царски рез да бидат изложени на тие бактерии, бидејќи немале прилика на култизација од бактериите што ја имаат бебињата родени вагинално. Бебето е плус заштитено од ефектот на одвојување од мајката. Сите цицачи, без исклучок, по раѓањето се веднаш до мајката и цицаат. Сите. Само ние луѓето користиме вормери, бањаме бебиња додека уште пустите не можат да регулираат температура, не иницираме доење веднаш што е од огромно значење не само за количината на мајката, туку и за имунитетот на бебето. Сите презентации за доење организирани од сите организации во Македонија брмчат за тоа колку колострумот е добар за бебето, ама ситуацијата е дека доаѓаат сестрите во родилиштата, стегаат гради на мајките и им викаат „уште немаш млеко“ ИАКО мајката има колострум уште од 16 недела од бременоста, и тие две капки што ќе излезат се де факто колострум. И уште ве оставаат без стимулации после породување, кои кај некои жени се погубни по лактацијата, погубни! Бебињата се налокани формула, и тоа веднаш големи количини кои само го шират желудникот на бебето. Уште многу има да се зборува на темава, ама оставам на вас дали ќе останете на мислење дека е „паѓање во несвест“ или ќе направите еден најобичен google search и ќе пишете the golden hour after birth па дури бирајте која статија сакате да ја прочитате: https://www.google.com/search?clien...hUKEwj_1Yah_cftAhUMkhQKHc2jACAQ4dUDCAw&uact=5 Точно. Можеби нема да ти признаат, ама често ги даваат за да не чекаат пример долго, да убрзаат за да си легнат, и ред други ситуации. А проблемот со провокациите е што прават константни болки без паузи, матката многу полошо реагира, многу се поинтензивни. Природниот окситоцин го лачи хипофизата, и самото тело знае кога да направи пауза, во зависност од тоа колку може да издржи. А со доток на синтетички окситоцин телото нема контрола врз себе. И најголемиот процент на родилки кај даден синтетички окситоцин на мала отвореност завршуваат на царски рез, како резултат на лоши тонови на бебето.
Сосема точно е ова последното што го пиша и мене да чекаа да ме фатат природно болки да не ставеа провокација можеби ќе беше супер али тука играше улога поместена матка и неправилни контракции 100% бев сигурна да беше се на место ќе се породев експресно можеби и не чекаа зошто веќе 12 саата бев со пукнат водењак па затоа и шибнаа провокација али во секој случај со провокавија е лошо болките се поголеми плус што не можеш да мрднеш нигде закачен на цтг и инфузија
И жени најбитно од се да сте најадени пред пораѓај да имате сила и добро одморени. Јас бев повеќе од 12 саати нејадена највеќе мислев на јадењето на бокс зошто немав сила за ништо
Дали знаеш (веројатно да) дека ова што го изнапиша го нема во ниедно родилиште во Мк? Да, ги ставаат на гради за да направат фотка и го земаат бебето на бањање, мерење, прегледи, а мајката лежи на бокс уште неколку саати? Ти ја разбирам борбеноста да се направат промени ама како? Па тие доктори и сестри ако ова не го научиле на факултет или ако не прогуглале малку, како можеме ние да ги натераме? Ајде за второто ќе знам ама за првото секоја родилка е збунета, па и за докторот е понижување пациентот да му кажува што треба да направи. И јас сакав бебето да ми лежи на гради, да цица одма како на видеата што ги гледам по нет и плачам. Душата ми се скрши на илјада парчиња кога ми дадоа на 2 метри од мене да го видам зашто немав валиден корона тест. Многу неубаво ми е кога прочитав кои се придобивки ги има од првиот бондинг веднаш после раѓање, а јас ништо од тоа немав. Како да сум пропуштила еден цел chapter од животот.
Затоа ви пишав дека целта не е да се паничиме и да се чувствуваме дека сме пропуштиле нешто. И јас со првото дете ништо од ова немав. Ама не се нервирам. Не плачам. Не ми е неубаво. Затоа што не знаев подобро во тој момент. Не знаев како треба. Можеби немаше ни да добијам и да сакам. Ама кога не е до мене, ок е. Немам лоши чувства околу тоа. Но, дека може да се реагира, секогаш сметам дека може. Од невладини здруженија, од петиции, барање на реформи во начинот на кој се породуваме.. знам дека сето тоа изгледа невозможно и ќе си речете, тука пиле веќе не пее, не па да се замара некој со нас родилките... ама па на пример, ако ништо не се прави, тогаш со сигурност нема ништо да се смени! И баш сум позитивно изненадена дека ми имаа пишано некои од жените што родиле во МК дека успеале да го добијат бебето на стомак и да иницираат доење и да се заедно да се гушкаат во тој час. Можеби ако децидно кажете, некој ќе ве чуе. Така да, не е сѐ толку црно. Се мрда од статус кво. Милиметар, милиметар. Ама ако никој не пише, и никој не прочита, и никој не праша... ништо нема да се смени, нели. Едит: не секогаш може да се оствари тој бондинг веднаш. Па затоа се вика, остварете го во првата можност која ја имате. Ама кожа на кожа. Голо бебе. Гола мајка. Затоа и мојот совет за сите бремени би бил тој. Што побрзо, нека не е веднаш. Ставете го во првата прилика на гради. И нека цица. Не давајте да ви го носат најадено. Пробајте да имате вие збор во болница. Ако персоналот не сака да помогне, барем едуцирајте се вие за да овозможите што подобри шанси за успех.
Мене ми ја ставија на гради после пораѓај, ама ја земаа веднаш и ми ја дадеа наредниот ден. Почна со цицање после 3 дена, градите ми беа камен, не знаев како треба, немаше кој да ми покаже. Среќа пред одење дојде една сестра и ми помогна многу. После пораѓај кога ме оставија во соба, ќе умрев од глад мислам. Цел ден само на едно чоколадо и мала кока кола бев. Не носев ништо со мене, среќа се најде една жена и ми даде некое благце колку да се вратам во нормала. Ама за нареден пат ќе знам да си носам јадење
Искрено @Kaetana немам време да те читам ниту јас лично тебе те цитирав. Ајде ќе пишуваме сите реферати со линкови. Животот не е статија, книга и процент. Многу е лесно од далеку да се збори нели.
Баш штета што ни си ја прочитала, куп корисни работи има. И мене само ми ја ставија на гради после пораѓај и ја тргнаа веднаш. Исто дури следниот ден ми ја донесоа. Тогаш немав ни прочитано колку е важно првиот саат после раѓање да се стави на града. Не ни знаев за тоа, а не па да побарам. Зашто сè е свртено околу пораѓајот, а малку за после тоа. А нормално, они тоа не го кажуваат. Јас бев упорна за доењето да дојде сестра и да ми покаже. Не се нафатив сама да ја ставам на града зашто знаев дека нема да успеам, поим немав. Викав два саати по сестра, кој како помине, да дојде сестра и да дојде сестра. И дојде на крај, им се здосади ваљда, не можев да седам, па легната ме намести, ми покажа како да ја држам градата со палецот да не падне врз бебето и виде дали е добро. Е да, ми рече каква мајка сум била што не сум знаела да му дадам на бебето да цица, ама па не може сè убаво да е. Ама, мислам да не беше тоа, да не ме наместеше така убаво, брзо ќе му дојдеше крајот на моето доење. Така легната си доев цело време зашто еден месец не можев да седнам. Можеби да не сме толку пасивни ние родилките и они ќе видат дека не оди веќе така, тоа кажува Каетана. И како може така да ставаат провокација, без согласност без ништо? Дури не ни кажуваат што е, редат само инфузијата. Можеби и треба да се смени нешто.
Таман си е, немај гајле. Кога цитирам некој, скоро НИКОГАШ не е за тој да ме прочита. И животот не е ни само едно индивидуално лично искуство. Hence - статии, статистики и докази. @RainBow точно тоа и ми е муабетот. Породувањето ни е препуштено комплетно во рацете на докторите. Што теоретски нема ништо лошо во тоа, нели. И така треба да биде. Но, реалноста е поразлична, се прават работи кои НЕ СМЕАТ да се направат. А на крај, се работи за мое искуство. Нели, мое тело. Мој избор. Или тоа не е апликативно секогаш...
Баш заради тоа нефорсирање на града на почеток, сега имаме проблеми. За жал немаме такви консултанти кои ќе ни дадат веднаш поддршка на лице место во нашите болници. И да не е @Kaetana многу од нас немаа да дојат. Вклучувајќи ме и мене.
Јас баш сакав да го имам тој филмски прв момент и го побарав, но како што пишав заради резултатот од корона тестот кој го чекав не ми го дадоа само ми го покажаа. Претходниот тест бил невалиден бидејќи го правев пред 3 недели. Не знам да не беше короната дали ќе ми го оставеа врз мене да го ставам на града, не можам да коментирам. Јас генерално сум задоволна од мојот пораѓај и третманот после тоа, јас прва се откажав од доење зашто се фрустрирав дека бебето не знаеше нит да фати, нит да повлече. Затоа на сестрите сум им преблагодарна и сеуште дојам. Но, не сум само јас, знам дека во родилиштата низ Мк основните права и услови се луксуз затоа доколку некоја има волја и надеж да покрене иницијатива, прва ќе се приклучам.
@Kaetana алал да ти е, секој збор ти е на место. И секоја чест на трпението. Само што тие што треба нешто да сфатат од твоиве долги писанија, ги мрзи да читаат. А и да прочитаат, пак они поинаку направиле и ништо не им фали. Фала богу што не ви фали, но не треба да ги негирате фактите.
Не е ама не е ни статија животот. Многу што ги знам успешно дојат иако не им биле бебињата и по 2 дена носени. Во приватниве ако се договориш ќе ти го дадат. Мене прво ме прашаа дали сакам. Пази има разни жени некои од болки не сакаат во истиот момент да го видат и тука такви приказни сум читала и сега што со нив? Стварно индивидуалното искуство е мбогу поразлично. Многу жени надвор од форумов дојат иако бебињата не им биле донесени. Имало некој што ќе им поногне. Иначе мислев дискусијата е за епидурална...ама ок
Во мојот случај Еве јас сум пример исто како @Jana06 што ми се скрши филмот што не ми го дадоа бебето на гради веднаш кога се породив, зошто малку подолго време остана во родилниот канал и излезе измачено, не дишеше веднаш, не заплака. Ајде тоа беше првата минута-две но еве уште не ми е јасно зошто не ми ја дадоа кога си дојде на себе. Ми ја крена педијатарот само да ја видам и ја однесоа. Читајќи претходно кои се придобивките од кожа на кожа првиот контакт во моментот на раѓање, одложеното сечење папочна врвца, сите тие видеа што пред да се породам ги гледав и плачев, си замислував дека тоа ќе биде нешто за мене најубаво искуство на свет-сето тоа падна во вода. Заради тоа што не го доживеав првиот контакт со бебе како што замислував, јас западнав во блага депресија и 2 недели постојано плачев и се обвинував себеси дека заради тоа што снемав сила последните минути на бокс, не гушнав бебе одма. Бебето ми го ставија во инкубатор 2 дена и првиот телесен контакт го имавме третиот ден откако се роди. На града. Не на голо. Веднаш фати да цица. Јас како дрво, никакво мајчинско чувство. Ако се сеќавате пишував тука како сестрите веднаш ми тутнаа силиконски брадавици и бев исфрустрирана зошто мислев дека не ми се обрнува доволно внимание. Ама кога читам по форумов други искуства, и што се случува во други родилишта сфатив дека уствари сум го добила тоа внимание- цело време ми ги проверуваа градите, ме бодреа кога сакав да пробам да дојам без силиконски, ми носеа термофори да се масирам за да ми олесни кога ми надојде млеко, ми дадоа пумпа во соба да се одмолзувам на секои 2-3 часа. Додека бебе беше во инкубатор, јас се одмарав тие 2 дена. Одев само да ја видам на кратко на секој саат-два. Мислам дека и тоа што бев одморена и наспана играше голема улога... Јас веќе една недела дојам без силиконски брадавици. Никој не ми помогна, само бев упорна. Сама дома со бебе после 2 недели откако се роди. Е дури тогаш можам да кажам дека го остваривме бондингот кој си имав замислено дека ќе го оствариме во првите мигови во болница. И покрај се што поминавме, мислам дека сме на прав пат со доењето. Бебе има 1 месец и скоро 1кг плус од родилната тежина, а секој подој ми е уживање.
Не треба грижа да си ставаш дополнителна јас тоа го зборам Само затоа што си го немала контактот! А токму тоа се форсира и сега ајде осеќај се лошо... Јас го имав, бебе беше со мене и што дека? Јас не знаев да го држам во раце, инстинктот ми дојде после 2нед дома дури. Се осеќав ко бебево на чување да ми беше како да не е мое. И јас бев во депресија дека сум небитна и дека маж ми може сам и дека освен да го дојам не сум му потребна. Мене па доењето ми направи да ми биде борба и ме бутна во депресија што од болки што од бебе што плачеше. И бондингот се случи откако прекинав да дојдам после 1 месец. Затоа и се објаснувам овде дека не треба некои работи премногу да се форсираат не се сите исти ама секоја животот би си го дала подеднакво за бебето!
Ве читам и значи јас како дрво отидов да рајѓам две деца. Труп жени, ништо ни сум прочитала ни сум знаела ни контакт кожа ни доење ништо. А прв контакт со двете ми беше бакнување,доев 10 месеци со едното. Далеку е полесно од тоа да храниш бебе со ад. Јас и онака не сакав да сум трудна сакав само бебе да имам.