Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спонтано породување или со царски рез?

Дискусија во 'Бременост' започната од Cka, 30 јули 2017.

?

Каде и како се породивте?

  1. Природно, во приватна клиника

    100 глас(а)
    17,6%
  2. Природно, во државна клиника

    211 глас(а)
    37,2%
  3. Со царски рез, во приватна клиника

    118 глас(а)
    20,8%
  4. Со царски рез, во државна клиника

    158 глас(а)
    27,9%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Кај мене немаше бидејќи беше хитен царски и брзо ме средија ми дадоа дете да го бацам и ми го држеа до лице едно 5 минути беше многу вруќо и убаво :D си викав барем топло му било внатре:D
     
    На Milkiway и Meckicja им се допаѓа ова.
  2. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Мислам дека повеќето не сме свесни дека дрка имаме бебе па затоа е тоа после две недели поврзувањето и јас исто после две недели се поврзав со него ме фати страв дека никогаш нема да се осеќам дека е мое и дека ќе ми биде се али со тек на време како што проаѓа се повеќе и повеќе сум приврзана за него особено кога ќе увидам дека прави нови работи:D
     
    На azelea, Milkiway, Snowflake92 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.606
    Пол:
    Женски
    Тоа по договор со докторот. Разговарај, немаш што да изгубиш. Можно е, но докторот не би можел да ти вети, затоа што ќе зависи од самата ситуација во тој момент. За одложено се смета периодот од 1 до 3 минути. Минута да е, од корист е.
     
    На Fatalnata и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  4. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Оддамна те викам Доктор тука бидејќи од тебе читам многу многу совети што никој не би ти ги кажал. И да сум прашала сигурно би ми кажале абе ајде што се замараш со такви работи битно се е ок:nod:.
    Која е придобивката од одложено сечење на папочна?
    Никогаш не сум прочитала.
    Ви викам јас дрво родив две деца.:)
     
    На Meckicja, ivance.., Kaetana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.606
    Пол:
    Женски

    https://www.instagram.com/p/CEjKzpGDHMW/?utm_source=ig_web_copy_link

    Со тоа што подобар термин е одложено отколку задоцнето. Ама ај... тогаш така ми дојде да го преведам. Задоцнето би било према нашите стандарди... :D
     
    На Pacient srna, Yowannty и Happyinlove им се допаѓа ова.
  6. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Господ не ги оправа овие тука кај нас најискрено 10% дали има од докторите што се однесуваат нормално. Овие нашиве ем дел немаат знаење ем се препукаваат со тебе и се однесуваат мизерно(facepalm) далеку сме ние од Европа па и такви стандарди
     
  7. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.257
    Допаѓања:
    112.387
    Пол:
    Женски
    Нели пишав пред некој ден дека се брзаат за кафето да не им се олади ти пишуваш да почекале една минута за папочната врвца.
    Дури смешно ми е од шо е трагично.
     
    На Biljarkata, azelea, ivance.. и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Јас кога се породив не го земаа одма бебето.
    Прво го видов на бокс помина може нецела минута(сега не памтам точно ама седеше на боксот) па го земаа и ја пресекоа папочната. Па после плацентата излезе ама ја многу искрварев.

    Не го земаа одма пошто бев многу свесна бар така мислам и бев многу одморена. Додека траеа болките за отварање некои 6 саати јас спиев и гледав серии.

    Не знаев дека има посебни бенефиции супер.
    Жално што ова го немаме по државните...
     
    На azelea, Brpbrp, Happyinlove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.305
    Пол:
    Женски
    Не сум знаела дека постои ваква опција. Сепак, одлучив да сочувам клетки и крв, па не знам дали воопшто може да се реализира во ваков случај.
    Интересно е што прочитав дека бебето може да добие 80 до 100 мл крв од врвцата, јас тие милилитри ги ставив во банка. Не знам колку беа, над 110 мл.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Исто и кај мене прво седеше на бокс некој дел од минута (го памтам тој момент зошто тогаш се освестив и само видов бебе меѓу нозе), ама пошо не заплака, ја кренаа ја земаа одма.. Не знам дали тоа беше тоа-одложеното сечење папочна врвца ама сигурна сум дека малку лежеше откако ја извадија.
     
    На Happyinlove и Milkiway им се допаѓа ова.
  11. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Да не знам ни јас дали е тоа
    Кај бебе заплака бебето одма така го оставија си праевме муабет да одморам па ме прашаа дали да ми го дадат да го видам.
    Ја повеќе бев возбудена колкѕ брзо се породив него бебе дека има :rofl::rofl::rofl:
    Ајде вториот пат ќе ни биде уште подобро сега знаеме :muscle:
     
    На Meckicja, azelea, Brpbrp и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Кај мене имаше одложено сечење папочна, на мое барање, во болницата во Чаир. Им побарав и да ме сликаат, и тоа добив (fingers)
    Ова со второ дете. Со првото ко со прво, бев позамајана.
     
    На Meckicja, azelea, mssuniquee и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    За второ друг муабет ќе е, веќе знам горе доле да си прашам и да си кажам дека не сакам провокации ако нема потреба и ќе си слушам Др за анестезија.
    Ќе си барам и положба за раѓање што ќе ми е најлесна и најудобна. Овој пат бев ко теле буквално. Што ќе ми речеа правев а очигледно некои работи моето тело не ги прифаќаше "ко по книга".
     
    На azelea, Brpbrp, Happyinlove и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.606
    Пол:
    Женски
    Еве ко @Kitten што пиша, прашала, на нејзино барање ѝ дозволиле, на државно, во Чаир.
    Знам какви се условите, јасно ми е сѐ. Ама само со некаква реакција, прашување, барање, може да има некаква промена. Ако си молчиме и си траеме, што сакаме да се смени. Ништо. А не дека сакам тука да ви продавам м***** за бубрези. Муабетот ми е да го тргнеме оној момент на „не знаев, да знаев поинаку ќе направев“. И да сме малку поотворени према она што се случува во светот. Ако не сака нашата земја да ни го пружа, тогаш можеби ние треба да си го побараме. Пример, ако видат многу клиники дека меѓу жените има интерес за Х момент, тогаш може некоја да го примени тој Х момент, макар била приватна и сака повеќе клиентела. Од некаде да почне. (макар било кенгур грижа, бондинг, моментот со врвката, или да вработат лактациски консултанти кои уште во болница детално ќе работат со жените на тема доење)....

    И затоа сметам дека е важно и на првото породување да одиме спремни речиси како за второто. Барем теоретски спремни. Тоа е она што го викаат тука дека жената е дел од својата породилна приказна, активен учесник во истата. А не пациент. Нејзе не ѝ се случува породување, туку таа е активен учесник во истото.

    Се распрашував и јас околу ова, и читав многу. Може, ама работата е тој што те пораѓа треба да е навистина умешен и да има искуство во земање материјал, за да има осет до каде може да остави да добие бебето доволно доток, а и да е навремено пресечена врвцата за да собере употреблив материјал.
    Сѐ е до вештината на гинекологот.
     
    На azelea, ivance.., Lovebug01 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.305
    Пол:
    Женски
    @Kaetana да да, јас се советував и со докторот, се беше синхронизирано.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.165
    Допаѓања:
    15.455
    Многу лошо звучи ова, како некој на сила да не' тера да се едуцираме. Сами ако не се информирате пред пораѓај, немојте да мислите дека во болницата некој ќе ве гледа и третира на некој посебен начин. Без разлика каде се пораѓаме, за нив таму сме само бројка, една капка во морето.

    Ете јас не се породив во Македонија, од пораѓајот сум крајно задоволна, ми го ставија бебето на гради, го оставија со непресечена папочна врвца одредено време, но никој не ми кажа ни кога ни како да дојам. Го држев бебето врз мене цело време, освен кога го земаа да го мерат и прегледаат, цел саат ме шиеја од што распукав но ниту бабицата ниту докторката ми рече стави го на града. Бабицата и она самата не знаеше колку жени породи таа ноќ, цело време беше растрчана и сигурно дека нема да ми виси над града да ме учи да дојам.

    Многу лош менталитет имаме, и кога човек сака да помогне ние го сфаќаме тоа лично и на лош начин, као демек "кој си ти на мене да ми кажеш".

    Да животот не е статија, ама во денешно време баш од тие статии можеме многу да научиме за животот, нешто за што нашите мајки немале можност, па биле приморани да слушаат што ќе кажат бабите.

    Треба да бидеме среќни што имаме некој како @Kaetana , што неуморно се труди да ни го дигистира и да ни го објасни на за нас разбирлив јазик сето тоа што со голем жар го истражува и проучува, а тоа никој друг не ни го кажал кога требало.

    Знаеме да се жалиме дека свекрвите и мајките не' напињаат со нивни старовремски правила а не знаеме да го цениме тоа што некој сака да ни ги отвори очите и да не просветли.

    Јас од тука прв пат прочитав за сите тие работи и благодарение на темата за доење успеав во доењето. И затоа секогаш со задоволство ги читам рефератите за кои велите дека не вреди да се троши скапоценото време (кое и онака го трошиме висејќи на социјалните мрежи или на многу други поневажни теми на форумов). Баш штета.
     
    Последна измена: 15 декември 2020
    На Biljarkata, Chantal, Annath и 12 други им се допаѓа ова.
  17. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Да така е баш штета што во МК сме неедуцирани.
     
  18. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.576
    Допаѓања:
    15.610
    Шо збориш? Ако така да барам сега м?:wasntme:
     
  19. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.257
    Допаѓања:
    112.387
    Пол:
    Женски
    За жал не сме. И нема лутиш тука. Али ништо страшно. И неедуцирани родивме и пораснавме деца.
    Тоа е.
     
    На Milkiway и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  20. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Да де не се лутам јас така е. Ќе отидеш во странство и сфаќаш колку е Мк утепана. Тоа е ние немаме избор мора да продолжиме да живееме тука.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.