Комплетно не се согласувам. 1. Јас сфатив колку е МК утепана, ЗАТОА отидов во странство. 2. Секогаш човек има избор. 3. Во случај кога нема избор да смени локација, има избор да се побуни за свое подобро утро, и најважно за подобро утро на своите деца. А, ако сакате, терајте со иронија и сарказам, и пишувајте постови со скриена конотација дека јас ете заминав, што ми е убаво, и сега вас ве замарам и интригирам со гупости. It is your choice. Не се лутам. Ама одбивам да верувам дека некој кој има шанса да направи промена, уште седи под капата на тоа „што да правиме, тоа е. Не дека јас ќе сменам нешто“. И сите ако си ги кажеме тоа, станува апсолутна вистина.
Ама чекај малку Каетана Зошто тогаш не остана да се бориш за подобро "утре"? Зошто си избегала од утепанава МК и сега нас ни викаш барајте си ги правата? Многу идеме оф топик, ама не е баш така "Барајте си правата" и ме лути тоа што сите така се понашате. Еден куп отидоа во странство мои драги луѓе и одма лупетаат како не чини. А истите вие сте тука израснати, ти си родена без да ти отстои папочна врвца ехее ако навлеземе во теории не стигаме далеку. И мислам дека не е фер да кажуваме од страна што и како. Слободно сподели информација ама да не' притискаш што да бараме не е фер затоа што не се бориш секојдневно со тукашниот систем. Да се согласиме дека не се согласуваме
Ама и мене не ми чини и на грото жени што се пораѓааѕ на гак. Ти си се пораѓала тука во ремедика не си репер да кажуваш. Иначе тука има доктори, правници, психолози инред други што без денар помагаат. И мојата струка некому да помогне без проблем ќе дадам помош не очејувајќи денар. Помагаме затоа што сакаме. Ајде са не ја продолжувамр дискусијата повеќе и не знам зошто го потенцираш ова со Ла Лече не го прајш за мене ни за Станка го правиш за себе. Не мора да потенцираш за сега останатите да кренат бунт некаков дека ете јас сум те Увредила. Океј е ова е мој последен коментар овде.
Да бараш сѐ што мислиш дека треба Јас барав да поминеме и без сечење, акушерката рече ДА, ама после 10мин докторот ни го поби договорот, и рече "сечи"... *еби га
Епа ќе си го вратам мислењето пак и ќе ти реплицирам на тоа што ти ми пиша погоре. Тотално не си во право, и е време да се преиспиташ што пишуваш. Ако јас не се породив на ГАК не сум репер кога ќе кажам дека ве поддржувам и сочувствувам со маките низ кои сте поминале заради расипан систем? Дека имам осет за емпатија? Репер за што? Глупости. Супер што има правници, и ред други што помагаат. Сакаш да ми кажеш дека тие што ги имате во МК локално ви се доволни? И најмала ронка помош ви е одвишок? Макар било идеја, студија, информација која би била корисна за вас? И дали се читаш што пишуваш? Сигурно твојата струка помага на некој.. зошто тогаш работиш за пари? Помагај цело време. Докторите ја имаат најхуманата професија ако е за тоа, ама зошто земаат пари за да спасат живот? Абе ајде... Башка, да се разбереме, јас НЕ сум лактациски консултант по струка. И што е лошо во тоа лактациски консултант кој седи, плаќа едукација, седи со саати на ден, прави домашни посети, да го наплаќа тоа? За сите други кои ги интересира, оти очигледно Милки не ја интересира да кликне на гугл и да види, Ла Лече е ВОЛОНТЕРСКА организација, која е предводена од мајки кои се едуцирале години на тема доење, и сакаат да помогнат на мајки кои треба да дојат, и ВОЛОНТИРААТ во своето слободно време. Па затоа, секоја мајка што е Ла Лече Лидер го прави тоа за тебе, и за Станка. И убаво си пиша, за тоа се согласувам. Треба да ти е последен коментар во оваа наша дискусија.
Кој ти рече нешто за твојата бесплатна работа? Каде јас те навредив и ти реков нешто? Не е ништо лошо да наплаќаш јас те поддржува отвори онлајн и наплаќај Јас платив 10$ за пола саат консултација со ла лече од Мичиген онлајн. Кога јас побогу ти реков да работиш бесплатно или да не работиш воопшто? Секој треба својот труд да го наплаќа а волонтерски работи си на форумот ако ти сакаш а не ради да се докажуваме. И ај стварно е доста те молам не ми реплицирај
Работата е што прво кај нас докторите треба да се свесни што прават еве и да им кажеш дај покажи ми како да дојам бегаат од врата што во тој случај да ги бркаме по ходници канцеларии или каде што пушат цигари? Треба тотално да се смени нашето здравство па после тоа да има емпатија меѓу луѓето се додека има понижување од некој сестри и доктори не може ништо да се очекува да се смени во земјава и се додека е се преку врски.
Леле, кога ве читам вака, без мајчински инстикт, со плачки, што за доење, што за нас, што за бебе, знам дека тоа нема да ме заобиколи и мене, и дека ќе западнам во некоја депресија, и дека нон стоп ќе плачам заедно со бебето.
Не можеш да знаеш додека не се породиш. Ме знаеш каква ке те "направат" хормоните. Јас додека бев бремена прочитав се што можам да прочитам, што мислев ке ми користи, цела бременост бев во тек со се. Кога се породив инстинктот ме водеше. Од тоа како да го земам во раце, памперс да сменам и да го пресоблечам. Претходно немав земено бебе во раце.
Јас многу сакам деца, сум чувала, сум држела, сум пресоблакала, се.. ама, ова сега со умор, па потешкотии за доење ако има, кој знае, само се да излезе добро, другото ќе се навикнеме и научиме.
Не се ориентирај по никого јас ако сум немала не значи автоматски и ти ддка ќр го немаш инстинктот Ако сакаш во болница да одмориш и поспиеш не те прави лоша мајка, ако не доиш исто мал милион се на ад, ако не знаеш да го држиш ќе научиш. Самото тоа што носиш нов живот во светот е бесценето другото се учи и оправа
Не се плаши воопшто, секогаш ќе најдеш сила за се колку и да си уморна. Јас седум месеци не сум спиена како човек и еве по цел ден не седнувам. Од каде ми е силата, не знам. Спојлер: Оф топик Случка од сабајле: Вчера со мм заглавивме до покасно он со винце, јас со сок и сега во 9h го будам да го бањаме малиот и ме моли да го оставам уште малку, преуморен бил Па викам јас нели сум уморна, како можам да станам? Ааа вика ти си навикната, како робот си Така да, ќе се навикнеш ќе станеш робот, секогаш на готовс
Мажите се секогаш цвикатори Јас станувам во 6:30, спремам доручек за големата за во школо, седнувам работам, кога ќе завршам во 12 продолжувам да чувам деца, правам ручек и све што треба....Тој само станува во 7 ја спрема и ја носи-зима од школо, и кога треба да размениме места (тој да почне да работи во 12) ми вика "нешто сум уморен, ќе одам да прилегнам 1 саат" Извинете на офтопикот, ама он-топик мажите никогаш нема да можат да го издржат сето тоа што жените го издржуваме во врска со породување и одгледување деца. Навистина како да сме "програмирани".
Izvinete dali ako baram carski vo gak kje me napravat bidejki imam strabizam i ne sakam da rizikuvam so spontano poroduvanje? Nesto i tie spomnaa deka e rizik ama za sekoj slucaj da ve prasam
Со извештај од очен лекар, само не знам дали има врска дали на приватен или матичен ќе отидеш и обавезно да ги потсетиш на ГАК дека мораш со царски рез, за да не изумат, а извештајот со тебе и кога ќе почнеш да одиш на цтг и кога ќе се пораѓаш.
Се плашев многу од природен пороѓај, но сега 3 месеци после немам ама никакви последици, сексот си е нормален, дури сум потесна и од претходно, маж ми е задоволен и јас исто, лузна немам, не сум сечена, не ми излегоа стрии, се на се презадоволна, едино болките се големи на пораѓајот, иначе пак да раѓам пак би се одлучила за природно.
Поширока не туку зависи како ке те сошијат.... на првата јас ме соши ама не баш а второто кога го родив мислам дека подобро бев спастрена и како не родено воопшто
Е ајде де, така ме плашеа, демек.. нема врска сега ми е во уште подобра форма, и внатрешно и надворешно е потесна, не знам дал заради шиењето или кегелот,башка што спортувам а царскиот ќе ми пречеше и не сакав највеќе ради тоа, немаше да можам да продолжам физички да се напрегам, што и за сексот лошо влијае, кога не си во добра физичка форма, при секс се напрегаат стомачните мускули.
Многу некако аматерска анатомија... при секс не се напрега ништо, тоа е синхронизирана движба, а и да се напрега се мускулчињата и нервите во мала карлица, при оргазам..После одреден период секако дека и со царски можеш да спортуваш, тие што се со царски апсолутно не значи дека имаат хендикеп и не може да спортуваат... Џеј ло е царски, да терам даље треба?