Внатрешно е еластично ткиво ама некој тоа не го сфаќаат, се се враќа на старо највеќе за 6 месеци а ако правиш вежби и за побрзо.
И да не те сошие пак нема врска, само заздравува а докторот неможе да не те сошие сегде ги шијат а вежбите се лесни
Епизиотомија нема врска со ширина на вагината. Сечењето е надворешно и БЕЗ разлика како си сошиена неможеш да бидеш потесна од претходно. ОСВЕН ако шиењето било и внатрешно, ако распукал внатрешниот ѕид. Она што сите го толкуваат како "поширока вагина" у суштина се само разлабавени мускули на внатрешните ѕидови. За тоа има решение кое се вика Кегел!
Јас досега не сум прочитала никаде ниту сум слушнала жена што се породила царски да вреѓа жена што се породила природно. Секогаш е обратно. И всушност што ти е поентата?
Од мој поинт оф вју, на ова лежење, хормони, крварење од нигде, како да го срочам, а да не сум вулгарна? Баш и ме заболе Кегелот ако сум за пола сантим поширока или имам "атхезија" (која бај д веј е прираслина, што не се гледа-а се контролира во идни бремености, породувања) А маж ми? Може само да ми симне капа што седечки и лежечки функционирам одлично веќе 18 недели. Гуд најт, доста е за денес
Да не се лажеме дека докторите не печалат од царски. И да не се лажеме дека добар дел од жените кај нас можеби би родиле природно да не запнел докторот царски затоа што му завршува смена. Ако не се сомневаш во одлуката на докторот, дека не си можела природно, зошто реагираш вака?
Ама зошто сте се запнале за платата на докторот не разбирам? Како да реагирам кога некој ме прави наивна и ми наметнува дека сум направила погрешен избор, како ти сега што суптилно сакаш да наметнеш дека јас имам сомнежи за мојот пораѓај? Каде се видело некоја со царски да нападне некоја зошто родила природно? Секоја приказна си е за себе. Ако баш толку ве интересира за мојот доктор имаше уште многу од смената и на крај кога се заврши се, испадна дека царски била правилна одлука. И да ме молеше да се мачам 3 дена, секако дека немаше да се мачам само за да кажам дека природно сум родила.
Јас не ни спомнав ништо за тој дел со напаѓање. Муабетот ми е дека е факт, докторите земаат повеќе пари за царски, и во приватните клиники и на државно. И има жени кои се сомневаат дека можеле природно ама ги исфорсирале за царски од икс причини. Јас сум сигурна дека мојот царски е со причина, двајца доктори кажаа царски. Докторката ми даде шанса, знаеше дека сакам природно, ама повеќе беше да ми ја смири психата.
Не си се информирала добро за адхезиите тоа се и те како сериозни последици што секој царски ги остава, слепување на внатрешните органи доктор сум знам што зборам.
Намали малку со ваквите пишувања, може? Како што ти напишаа некои а и најверојатно самата знаеш некој нема избор па мора царски, ок? Така да не е убаво да се расфрлаш со вакви информации како да се животнозагрозувачки. Има опасност од адхезии, точно е, ама има можност тие отпосле лапароскопски да се отстранат. Тоа што си доктор е причина плус да не пишуваш вака а не обратно. Секаде во светот царскиот рез е операција, не само кај нас. Не се расфрлај со проценти кога не си информирана. Јас живеам во западноевропска држава и не ти е точен податокот. Ако имаш желба можеш и тука да побараш царски без поголема индикација. Клиниките тоа го прават исто замисли за пари. И природен пораѓај може да е опасен и може не дај боже да се искомплицира. Ама ако си доктор како што пишуваш треба да ти е јасно ова.
Жени, дај опрајте се. Значи сите сте во право, и не сте... Секое породување е ризик, факт, ама знаете ли шо ни се дешава нас шо сме пред пораѓај кога го читаме ова? Пример, јас молам Бога да се породам природно, и си се убедувам дека така и ќе биде за да не се паничам, но, сум помислила и што ако дојде ситуација да морам царски? И отварам на групава, и од шо секоја сака да е во право, гледа да напише што поголем хорор за породувањето обратно од нејзиното... стварно од можда од природното има помалку ризици, ама немојте да натурате вина ако некој се породил царски, не бевте вие во сала со докторите. Или глупостите за одење на царски заради проширениот родилен канал па, простете ми за францускиов, ама ако вашите маженца ве зеле ради пи*ките од кај шо ќе излезе нивно дете, па нема веќе да им се “точни” на нивните височества, плукнете му се на бракот уште пред да родите, секако ќе бара тој потесна и ли без лузни и без стрии.
Јас сум лекар, за тебе не знам баш. Малку неумесни коментари, од расфрлање со квази-информации, од цел стомак се грчи за време на секс, до слепување на внатрешните органи. Ако си доктор, тогаш би требало да знаеш дека внатре не е глобално село, имаш слој по слој, кожа, поткожа, масно ткиво, перитонеум итн итн... А атхезии драга моја, се случуваат начесто по трети царски рез во мали временски рамки (3 во 4 години)... Да не си мачиме душа, гугл не знае сепак се...
Ѓ Знам јас кои се симптоми на песок во бубрег сакав само да знам дали некој почувствувал тоа што нашав на темата ова е форум не е научен симпозиум
Не си ја научила лекцијата како што треба, после секој царски се јавуваат адхезии а не (АТхезии како што си напишала "докторке"), впрочем немаме што да се препукуваме овде на форумот, секој од нас има интернет пребарувач и може да напише адхезии и да прочита сам, кои се ризиците од операцијата царски рез. https://mk.womeninahomeoffice.com/zdravje/adkhezii-po-tsarski-rez.html цитирам : Многу млади мајки кои родиле прво дете се дијагностицираат со адхезии по царски рез.
Јас природно го родив првото 4400 Не е повредена, жива и здрава ми е (имав последици 2 год ми пукаше раната што ми беше сецната и шиена). 6г скоро се сега поминати, немам никаква последица. Второ ми е царски, трето ако раѓам пак ќе пробам природно