Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спонтано породување или со царски рез?

Дискусија во 'Бременост' започната од Cka, 30 јули 2017.

?

Каде и како се породивте?

  1. Природно, во приватна клиника

    100 глас(а)
    17,6%
  2. Природно, во државна клиника

    211 глас(а)
    37,2%
  3. Со царски рез, во приватна клиника

    118 глас(а)
    20,8%
  4. Со царски рез, во државна клиника

    158 глас(а)
    27,9%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.722
    Еве јас да раскажам за мојот случај.
    Цела бременост бебето беше свртено со главчето надолу како за природен пораѓај. Дојде денот кога почнав да имам породилни болки, пукна водењакот и за нецел саат бев на болница. Не бев отворена воопшто. Ми дадоа таблета за омекнување на матка, 2 системи за провокација и џабе беше се, едноставно јас не се отварав долу,а бев со надминат термин од 3 дена. 15 часа трпев невидени болки а напредок немаше,бебето не се спушташе никако. Иако претходно бевме договорени со докторката за прородно заради наместеноста на бебето сега дојде до промена на планот. Откако ми се замати плдовата вода и фативме инфекција и јас и бебето прифатив некако да одам царски. Со плачење му се јавив на сошругот да му кажам.Сега се прашувам како можев да бидам толку голема будала да го доведувам во опасност и него и самата себе, само поради што бев убедена дека природно ќе одам.
    И сега, ова ме прави помалку мајка од некоја што родила природно? Се разбира дека не.
    Да го вратам назад врмето одма ќе одев царски, а не да се мачам како грешен ѓавол 15 саати со болки до несвестица.
     
    На Butterfly1107, Elena878, Larahappy и 18 други им се допаѓа ова.
  2. Lizi

    Lizi Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    1.394
    Пол:
    Женски
    Со првото бебе, ми пукна водењакот филмски дома, во 21ч навечер, се туширав брзински, се средив, се јавивме кај докторката што ме водеше, емоции страв и сл испомешано тука се... и за 30мин бевме во болница.
    Отворена само 2 цм, бебе надолу свртено, се супер. Неиздржливите болки почнаа некаде после 1 часот по полноќ, провокации измеѓу, проверки со рака, отворена 3цм. Повраќав желудникова киселина (како и да се вика) на секоја трета контракција ми се чини дури чекавме да се отворам.
    Кај 7 наутро ми дадоа уште една провокација и нешто пред 8 имав преглед со рака, каде што др утврди дека бебе се свртило и заглавило и така завршив со итен царски после 10+ часа трпење болки. Бев отворена само 5цм.

    Би сакала овој пат пак да пробам природно да се пораѓам.

    Секако и во првиот случај и сега, најбитно од моите желби како и мислењата од народот се препораките и мислењата од докторите кои што ме водеа/водат.
     
    На thelittle17, Stressed Out, Kaetana и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Kakao2

    Kakao2 Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2020
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Не се родилките криви, јас сум породена во странство и има разлика од гел за контракции до гел за контракции, првиот пат кога ме намачкаа со слабиот гел немав никакво отварање вториот пат гелот беше јак и веднаш се отворив за саат време родив, исто саат време лежење станав од кревет и си отидов во собата да спијам со бебето во количката, значи сепак докторите го знаат ова(во зависност од јачината на гелот) и знаат дали сакаат да ве породат царски или природно, што сепак е нивна одлука( ако ве намачкаат со слаб гел за контракции-што во повеќето случаи го прават тоа, нема да имате отварање-логично), кај нас се наплаќа за царски повеќе, и државно го рачунаат како операција за докторот 100 евра плус, а приватно 1000 евра природен 1500 царски, затоа докторите форсираат царски, секако без вина на родилките, а исто така и селективниот царски е забранет во странство еу и америка за разлика од кај нас кој сака оди на царски во Еу и останатиот свет не може така, мораш да имаш здравствени причини за да одиш на царски. Како и да е царскиот рез во последната деценија е пораснат, многу ако во 70тите само 5% царски резови се извршуваа, сега се 50% кај нас, во странство се некаде 20% но како и да е е голем пораст на царските резови, се е тоа за докторите да се богатат на сметка на пациентите.( а затоа што не се знаат последиците на долгорочен план, сеуште не е познато кои се крајните контраефекти, здравје по 10 години ќе бидат некој работи појасни што се однесува до царскиот рез и последиците на долгорочен план, затоа што оваа генерација се прави масовно царски рез, сеуште е рано да се знаат последиците)
     
    Последна измена: 26 февруари 2021
  4. Estella

    Estella Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2021
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    520
    Пол:
    Женски
    Разбери дека некогаш е неопходен за да се роди бебето живо и здраво. Сите ги ставаш во ист кош ,и тие што можеби одат на договорен без индикација и оние што морале царски од х причини па и им се ситиш дури да си уживаат во болките и што уште не кажа. Никој не подржува нарачан царски нормално ама има милион ситуации кога да не бил царскиот ништо немало да заврши добро. Па може и некоја жена има тотален страв од природен пораѓај па сака царски,зар таа никогаш да не роди.И веќе го кажа твојот став повеќе пати.
     
    На thelittle17, BabyD0ll, Watermelon96 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Natashka1988

    Natashka1988 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2020
    Пораки:
    1.060
    Допаѓања:
    4.463
    Пол:
    Женски
    Елективен, "докторке" елективен царски рез, не селективен.
    Елективен значи по свој избор, селекција е сосема друг поим.
    Не се знаат долгорочните последици од царски? О Боже... првиот е изведен во 1500 год во Швајцарија, 1700 во УСА...
    Си се смеам.... (facepalm)
     
    На Butterfly1107, Just.do.it, thelittle17 и 14 други им се допаѓа ова.
  6. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    955
    Неточно за ЕУ. За Америка исто не верувам ама не можам да тврдам кога не знам.

    Царски е секаде операција, не само во Мк.
     
    На Estella и Natashka1988 им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.617
    Допаѓања:
    35.159
    Пол:
    Женски
    Сакаш да кажеш дека во ЕУ и Америка можеш исто како кај нас да му кажеш на докторот сакам царски и тој ќе те направи? Без индикација? :^)
     
  8. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.976
    Допаѓања:
    5.317
    Ооо па овде цела наука била разврзана :rofl:.
    Да не бидам оф топик, да го кажам моето мислење во врска со темава.

    Право на избор. Секогаш!

    Право на избор за секоја жена да забремени, да ја задржи или не бременоста, да раѓа природно или царски. Секој да има право да одлучува за своето тело. Секој да има право да не трпи болка и да добие обезболување.
    А сметам дека доколку кај нас се воведе епидуралот како рутинска процедура при природен пораѓај (на државно, нели) ќе почне да опаѓа бројот на пораѓаи со царски рез.

    Е сега, настрана муабетот кога постои медицинска индикација за царски, реално неколку индикации се, ама ако после толку години медицина и наука решиле дека мора во некој случај, мора, затоа што поинаку некој смета дека е опасно по нечиј живот, дали на мајката или на бебето.


    Во нашиот литературен јазик е АТХЕЗИЈА, а ова е македонски форум, на англиски е adhesion. Така да, ‘атхезија’ е.
     
    На Just.do.it, Pacient srna, thelittle17 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.906
    Допаѓања:
    267.390
    А што е "сакам"?
    Страв/паника Е индикација.
    Никој не сака, не пука од желба да го сечат.
    Сакам = паничам, е индикација.

    И ако не сте почувствувале таков парализирачки страв, поима немате искрено.
    Не секоја жена го чувствува, ама кај оние што го чувствуваат е индикација не само за царски, туку некогаш и за општа анестезија при било која процедура.

    И да, на докторот е да работи за да се надмине паниката АКО МОЖЕ. Не секогаш може, и тогаш, и тука, и во Австралија, и во САД и сегде се смета дека постои индикација за царски.
     
    На thelittle17, Stressed Out, Frosty! и 4 други им се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.617
    Допаѓања:
    35.159
    Пол:
    Женски
    Многу добро знам што е паника. Се борам со анкс долго време ;)
    Друг е тука муабетот. Еве прочитај го постот над тебе, право на избор било? Докторот својата диплома може слободно да ја искине, пошто врска нема он! Пациентките ќе си кажат како сакаат да се пораѓаат :rock: Небаре се работи за едноставен зафат, а не сериозна хируршка интервенција, многу често со долготрајни последици. Ама.... што знаат докторите бе!?
     
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.906
    Допаѓања:
    267.390
    Докторите СЕКАДЕ се грижат и треба да се грижат за добробитта на пациентот, вклучително и психичката добробит.

    Не е нормално пораѓај да ти стане траума психичка. Никаде на светот.

    И доктор што не смета дека треба читава психички да излезеш, не е добар доктор.

    Не, пациентките не знаат, има стручни лица што знаат.

    Ти имај анкс колку сакаш, чим си родила природно, без епи, очигледно си соработувала со докторот/акушерот.

    Колку е тешко да замислиш дека постојат жени што при најмала болка од страв не соработуваат?

    Или мора да ги истрауматизираме уште толку?

    И кој е уствари твојот (и на било која) проблем, како некоја друга раѓа?

    Како моето раѓање влијае на твојот живот?
     
    На Stressed Out, Martka, Lizi и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.419
    Пол:
    Женски
    Toa e izbor samo na zhenata. Ne smee nikoj od strana da se mesha, ni soprugot ni nikoj drug. Na primer jas reshena sum deka ke ragjam so carski i ne mozhe nikoj da me ubedi vo sprotivnoto. Tuka nema pravilno i pogreshno. Kako sho se chuvstvuva zhenata, taka, nejzina zhelba e.
     
    На Butterfly1107, Just.do.it, thelittle17 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.617
    Допаѓања:
    35.159
    Пол:
    Женски
    Никако. Раѓај како сакаш. Ама.... немој да пропагираш дека е нормално ти да одлучуваш како ќе раѓаш. Не е. Има стручни лица кои учеле за тоа. Не им го девалвирај трудот.
     
    На Kakao2 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.419
    Пол:
    Женски
    Moe e da odlucham kako ke ragjam, zatoa shto moeto telo i moeto bebe pominuva niz cel toj proces.Ne sfakjam kako so mojot izbor ja im go devalviram trudot.
     
    На Butterfly1107, Just.do.it, Stressed Out и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.630
    Пол:
    Женски
    Секоја жена има право на безболно и нетрауматично породување, ама крајниот збор го има докторот. Секогаш. Не може пациентката сама да одлучува, дури ни во случаи на парализа и несоработување од страв и паника - ако докторот ја познава добро пациентката и знае дека се блокира ако испаничи, самиот ќе сугерира царски, односно го бира она што е најдобро за пациентката. Ама затоа еден доктор треба да те следи од почеток на бременоста и да те запознае како реагираш во одредени ситуации.

    Реално, и царскиот не е мачкина кашлица.
    @Kakao2 нема јак и слаб гел... едноставно првиот пат телото не одговарало на провокацијата, можело и вториот пат да се случи истото. И моето тело не одговараше на провокацијата, и завршив царски, не по свој избор.

    Кога ќе биде задолжителен епидуралот секаде по клиникиве, небитно дали државно или приватно, ќе се намали бројот на цезареи. Сега е навистина голем процентот на операции, и тоа не е добро ако гледаме во насока на еволуцијата. Но за таа дискусија не е овде место.
     
    На Cherry333, Biljarkata, Autumn_ и 4 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.906
    Допаѓања:
    267.390
    Никаде тоа го немам ниту кажано.
    Но со оглед дека во оваа држава немаш избор за тоа што треба да имаш избор (епи, гас, положба, када, итн.) разбирливо ми е зошто многу жени едноставно не се ни обидуваат природно. Не наоѓам начин да осудам затоа што условите за природно раѓање се очајни.

    Од друга страна, најголемиот дел од оние кои лично ги познавам, а се пораѓаа приватно, се породија природно но со епи.
    Мал дел се царски кој беше индициран - дали поради сериозна паника, дали поради други состојби поради кои мораше царски.

    А ниту една, една единствена, не познавам што баш многу сакала да ја сечат, па затоа биднал царскиот.

    По форумов читај и доволно е, се онесвестуваат по боксови, ништо за болка не добиваат, а тоа трае и трае.

    Не е нормално така и не треба да биде така.

    Има жени кои сами со себе би родиле дома дете, и такви кои се нивна спротивност.

    Не е мое, ни твое, да ги осудуваме, знаеш?

    Зошто ако погледеш малце пошироко, ќе ти стане јасно дека во државава, во овој момент, жените немаат избор ниту за тоа што треба да имаат, па од мака бараат царски, а не од ќеиф.
     
    На Autumn_, fana, BabyD0ll и 5 други им се допаѓа ова.
  17. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    955
    Пишав за Америка не знам, за ЕУ да.
     
  18. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.419
    Пол:
    Женски
    Zhenata mora da ima pravo na izbor, zatoa shto ona pominuva niz toj proces. Primer ja ne bi se nafatila i se da e vo red so postavenosta na bebeto da ragjam prirodno. I nema tuka mesto za diskusija. Koja kako saka taka, nema potreba od strana solenje pamet. Taka da se soglasuvam so se sho napisha.
     
    На Just.do.it, Stressed Out и Moce19 им се допаѓа ова.
  19. Natashka1988

    Natashka1988 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2020
    Пораки:
    1.060
    Допаѓања:
    4.463
    Пол:
    Женски
    Не навлегувам во причини, тоа е како што кажавте друга, голема тема, единствено се бунам за вадење информации од ракав, големо незнаење, а пропагирање на истото. Не е во ред да во 2021 се верува во "ми стаи од слабиот гел", плашење со лични убедувања, а обид да се претстават како светски став.
    Не е фер. Толку едноставно.
     
    На Butterfly1107, Stressed Out, Lizi и 5 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.906
    Допаѓања:
    267.390
    Жената мора да има право на избор, АМА информиран избор.
    Не може и не треба докторот слепо да ја слуша. Не само при раѓање, не можеш да одиш и да кажеш како сакаш да ти оперираат колено, нели?

    НО, ние немаме избор државно.
    Или одиш природно без олеснување па Господ на помош, или царски.

    Кога ќе имаш куп опции за олеснување, царски ќе остане за само кога навистина нема шанса природно.

    До тогаш, кој има пари ќе си оди приватно и ќе добие хумани услови за природно да раѓа, кој нема, или ќе фаќа врски за царски, врски за епи, или ќе се моли да не се истрауматизира.
     
    На Autumn_, thelittle17, Grasiela** и 3 други им се допаѓа ова.