И јас ова се чудам. Што ги тера еве, километри далеку можда, да седнат и да се грижат за тоа дали јас, Трајанка или Стојанка ќе го ставиме нашиот живот/здравје во ризик ако избереме ваков или таков пораѓај? Прв пат ја отворам темава и се запрепастив дека од жени вакви муабети читам. Си има етички комисии низ светов да се занимаваат со ова прашање, си има стручни лица кои одлучуваат дали царскиот е безбедна опција и дали елективен без медицинска индикација ќе постои како опција или не. Никој нема да дозволи процедура која е опасна по живот да биде легална. И те како е битен психичкиот момент, и те како може да се онесвести на пораѓај, дали од паника, хипервентилација, дали од болка и вазовагална синкопа. Па како што рече, кога ќе се растрчаат тогаш за царски дури и во општа ќе воведат. Убаво објасни за моменталните услови во државново здравство за пораѓај, да не се повторувам. И каде е кај нас пренаталната подготовка за раѓање, во странство самата болница организира школи за едукација и подготовка за раѓање и мајчинство? Јас секогаш ќе изберам природен пред царски, но само со епидурал, спротивната ситуација нема да ја размислувам зошто моментално постојат болници кај нас кои ваков пораѓај овозможуваат. Ама ни на крај на памет нема да ми текне сега да седнам и да осудувам ЖЕНИ зошто избрале вака или така и да ги повредувам дека се помалку мајки, слабаци или не знам уште што, да им ставам грижа на совест или да ги плашам оти ова или она ќе им се деси следно. И да и одговори на членката “постот над тебе”, дека постот алудира на право на избор над сопственото тело и здравје и право да не трпи болка. Ниеден доктор не фаворизира царски пред природен, секој ќе препорача природен доколку не постои медицинска индикација. Може не е запознаена, ама секој може да одбие или прифати било каква интервенција со потпис. Должност на секој лекар е да ги објасни ризиците и бенефитите од секоја процедура/третман, а право на секоја личност е да се согласи/одбие.
Е како бе, кога е за абортус може да е мое тело-мој избор, а за раѓање да си на клада запален, ако психичкиот момент го земаш како причина за царски? Еве, јас ќе ви кажам дека во Швајцарија имаш право да си побараш царски, без посебни индикации, исто имаш право да си побараш и обезболување на природниот пораѓај. Овде, немаш право на обезболување (освен во приватна болница, за кеш), а кој како доаѓа ти раскажува хорори, дека од Славица снаата распукала како лубеница и не можела да седне 2 месеци,па од Веска ќерката ка мачеле со денови за на крај сепак да заврши со царски, дека наместо обезболување акушерките и мантрале “така се станува мајка” и “нели те болеше кога го правеше”....итн итн... така што за во вукојебинава, многу повеќе од оправдано е да си решиш дека не сакаш природно и сакаш царски, па не атхезии (со Т ради едначење по звучност ), шо сака нека е. Неколку пати напоменив, сакам природно, ама искрено, не си го замислувам како едно прекрасно искуство, туку како некоја голгота шо ќе мора да помине, и дај Боже да е сѐ во ред. Така што, не туку споредувајте природен пораѓај во странство со овде, ни приближно не е.
Сум за избор,па зошто да е траума кога може да е прекрасно искуство.Кога имаш можност за епидурал,ама замисли на ГАК нема анестезиолог да ти ја ставидно дна,ама ќерката на дотичната докторка од ГАК опаа се најде,ќе се најде свеи тоа одма,затоа што била нејзината ќерка,снаа,золва,јатрва, братучетка итн..итн.. Не нагаѓам,од искуствои тоа пред мој очи.Јас знам еден случај каде мајката работи во друг одел,ама ќерката да не се мачи греота билоепа и јас сум греота,Што повеќе од ова?Како и да е само Господ да не чува,и бебушите да се здрави и живи,а ние да поминеме лесно,ама во нашево државите тешко.
НЕ е точно, живеам во Еу и не дозволуваат царски на барање, исклучиво мора да постои сериозна медицинска индикација.
Токму болдираниов дел е целата работа опишана на кусо кај нас сите се попаметни од докторот, и не страв не се рачуна како индикација за царски бар не овде, јас пробав да добијам царски базирано на тоа дека ми е страв но не успеав за цела среќа, а тие што ме плашеа да имам парализирачки страв од природно раѓање се овде на форумов, е од такви имав страв а не требаше да го имам, затоа сакам да порачам на идните родилки да немаат страв, нема подобро од природно и без последици да поминат. пукнатото заздравува веднаш а раната од царски сечена преку 3 слоја абдоминални остава долготрајни последици.
Океј, право на избор. Еве, пример, ти сакаш природно, и никако поинаку. Арно ама, бебе високо, не се спушта, се искакало во плодовата вода, мора итен царски. И тогаш ќе биде твое тело-твој избор? И при царскиот рез има компликации, не е дека е лесна и рутинска операција. Друг пример, сакаш царски, сакаш безболно, арно ама, алергична си на анестезија. Тогаш што? И јас сакав природно да раѓам, не сакав царски, уплав имам од анестезија генерално. Ама со цезареа ги родив и двете. Криво ми е, ама ако инсистирав на природно по секоја цена, ќе имаше лоши последици.
Нема да најдеш ти психијатар кој ќе си ја ризикува лиценцата нешто да тргне наопаку на операцијата и да ти ја дијагностицира паниката, се јавив јас кај неколку психијатри ниеден не сакаше да ми даде потврда, тоа е тоа жени, тие што сакаат царски нека си седат во мк поарно нека не помислуваат на селидба зошто тука нема царски.
Аха, важи. Не зборувам да ИЗМИСЛИ психијатарот паника тоа твојот ум така работи, дека е ИЗМИСЛЕНО, а не дека е вистински проблем. Него, чим у еу се пораѓаше, како помина? Епи ти понудија? Гасче малце? Ти рече некој како ти било дур си го правела?
Nema vrska dali e panika vo prashanje ili ne. Ako nekoja saka prirodno i ima shansi za toa, vo red. Ako nekoja saka carski, a mozhe prirodno, zoshto da ne carski Pravo na izbor, bez komentari od niskolinteligentni sushtestva od tipot: kako ti beshe duri go praveshe i sl.
Нема збор така е во Мк имаш право на избор и не ти треба никаква причина да одиш на царски тоа е точно, не мораш ни страв да имаш од пораѓај едноставно така сакаш, по желба, да но тука не е така, ниту во Америка ниту во било која поцивилизирана и развиена држава во светот.
Луѓе кои треба да се оперираат, и планот е спинал да ги оперираат, ако почнат да им хипервентилираат или да паничат и не можат да ги смират, ги воведуваат во општа. Некогаш и пред операцијата докторот договара со анестезиологот да е општа, затоа што си го познава пациентот и знае дека ќе има проблеми со спинал ако одат. Само мислете си дека е ќеиф. Среќни сте што не знаете.
Kade vo moeto mislenje prochita vaka e vo Mk, caka vo Eu vaka vo Amerika i sl?! Jas kazhav stav kako bi trebalo da bide, a ne kako e!
Оф мори мајкооо, паничеле не паничеле, абре жени урлаа по болницана од болки породилни и јас исто врескав на цел глас паника колку сакаш па што? Сакаш ти да легнеш и да се породиш епа нема така, пораѓај е ова не е масажа. Бог да чува со таа паника од кога е тоа индикација, ваму не ја рачунаат, ти корни коси ако сакаш на царски не одиш, ти викам урлаа од болки, па си се породија и никому ништо.
Не ми е јасно овие што на државно сакаат царски со мисла дека полесно ке поминат. Абе персонал на прсти се брои, со врски па треба да почекаш да дојдат. Добро, царскиот е полесен во даден момент, ама потоа?
Абе ти ќе кажеш кој како да се породи. Седи си во еу, уживај ги благодетите и остај не нас нецивилизираните да се избориме за себе.
Искрено Македонија жените заслужуваат да имаат опција епидурал во државните болници. Јас не можам да замислам како би ги истрпела болките без да ми ставеа епидурал, значи на 5цм не можев да ги поднесам, а замисли уште се појаки до 10цм... Може сум слаба на поднесување болки, не секој ги поднесува исто, ама има доста жени како мене..