Порано и умирале на пораѓај, еве мојот случај беше таков, ако не постоеше царски и јас и бебче ќе умревме. Среќа постои царски па ете сега сме и двајцата живи и здрави..
Абе ќе бидам малку офф топик, ама да те прашам вака нешто, заб со анестезија вадиш? Ако не си вадела, доколку треба пример, со анестезија или ќе одбереш на стар традиционален начин како порано кога сите ваделе заби без анестезија? Урлале жените околу нејзе, урлала и таа и тоа било нормално, дека така порано сите раѓале и тоа пораѓај било (се осеќам од твојов пост ко казна да е, не благослов), не било масажа. Ако веќе си се јавувала по психијатри и си барала да ти дадат ‘потврда за паника’, што солиш сега памет тука по форумов колку тоа е штетно по здравјето на други родилки. Да си била со царски, па да кажуваш од искуство, ајде де, а вака каде?
@Jana06 е па и јас исто како тебе, после два дена мачење со болки, па чекање бебче да се спушти конечно, отварање 1цм на 3 сати, се исцрпив толку многу, после добив температура и така цела шокирана со мисла дека може ќе умрам на царски. Значи психички шок додека ме носеа во салата, па плачење таму, осеќав како го иставаат бебе од мене, па видов горе на рефлекторот како ме шијат после следуваа депресии и тн.. Не е лесно царски, а не е лесно ни природно, зависи каков пораѓај ќе имаш и колкава си среќничка.
Да ја прашам докторката Какао @Kakao2 кои се долготрајните последици од царски рез? Кажи ни како да го препознаеме послабиот и појакиот гел и кој доктор побогу вака се изразува?
Не е тоа таква паника како што замислуваш ти. Паника е пример мојот пулс од 200 и аритмија од страв. Тоа е ризик и за бебе и за мајка. Двајца гинеколози истото го кажаа, нема шанси да се ризикува природно и покрај тоа што имаше и други индикации.
Аха да заборавив да спомнам, додека ме шиеа ми се покачи пулсот па почнав воздух и свест да губам, ама одма ставија нешто во инфузијата и се повратив. Не е лесно царски како што многу мислат..
Postoi rizik pri carski, da. No pobodu shto tolku napnuvash?! Ako ja sakam da se porodam so carski, sigurno nema tvoite mislenja tuka na forumot da me premislat, doktorke. I prekini so osuduvanje, koja kako saka neka ragja, privatna rabota e toa! Si imaat site ginekolozi koi im vodat bremenost, pa so niv se konsultiraat!
Не е лесно ни природно како што многу мислат. Мене една жена породена царски во болница ми кажа дека ништо не сум видела од болки оти сум била природно породена. Еве јас па ништо не прокоментирав за нејзиниот царски и дали осеќала болки. Можеби за неа не се ништо јаки болки кои се на 2 минути и траат 20 секунди и само броеш до 20 и си викаш ќе помине, ќе помине, можеби за неа не се ништо јаки напони од кои не можеш на бокс да се качеш и само викаш. Не знам. Јас сум за право на избор. Кој како сака така да се пораѓа и да нема натпревар која е помајка во зависност од тоа која како раѓала.
Можеби коментарот бил за болки по пораѓај. По царски боли, не е битно ни каде си породена, ни кој сечел, ништо, а по природен пораѓај некои жени за неколку часа се на нозе. Секогаш има исклучоци, ама на 10 жени природно, 1 ја боли, кај царски е обратно.
Викајте добро што има царски и епидурал, за мене и природно ќе беше кошмар без епидурал. Добро што сме во 21век па имаме доста опции.
Заб не сум вадела а кариес забарот ми поправа без анестезија, се породив исто така без анестезија по своја желба не сакав да го повредам бебето и ми беше страв да не ми ја повредат кичмата, да болки беа големи но брзо помина и веднаш бев на нозе за разлика од цимерката моја која што ме замолуваше вода да и носам не можеше од кревет да стане оперирана царски рез. Небитно нека сме здрави сите природно би се породила пак.
За болки после природен пораѓај, т.е за епизиотомијата можам книга да напишам, оти 2 месеци не можев да одам нормалноумирав од болки доле што секоја вечер пиев аналгетик за да заспијам, имав и јаки главоболки, болки во грб и кичма. Едино од тоа ми беше страв во втората бременост, не сакав да ги трпам истите болки 2 месеци. Ама кај мене било проблем тоа што сум била алергична на конците, а јас не знаев. А сега после вториот пораѓај исто како да не сум раѓала. Немав ништо од тоа. Целосно различно опоравување имав.
Еве јас по неколку саати од царски станав од интензивна до соба одев сама, нареден ден се истуширав со помош, од петти ден функционирав скоро нормално се со дете правев сама. Искуства милион различни, иста жена нема два пати ист пораѓај, а не вака. Има и со природен што имаат проблеми и болки, пример другарка со повреда на мочен меур, па мораше зафат да се прави, и цел месец лежеше. И повреди на кичма се екстремно ретки, особено со искусен анестезиолог.
Прашањето ми беше дали ќе вадиш без анестезија? Еве и јас одам на гинеколог и ми земаат брисеви без анестезија. Ама за пораѓај секогаш ќе изберам со. И заби поправам со, зошто порано ко имаше само државни стоматолози и ми пораваа без, знам како ми беше и не си одев низ прозор како Ironman после тоа. Туку имав трауми да одам следно пак.
Овде виде дека е аДхезии ,btw преводов крш,очекував подобро и пообемно објаснување за ова од тебе како доктор,а не линкче од крш статија. Се надевам админите ќе ти ги прочешлаат мислењата,ем незнаење,ем ширење паники воопшто не е во ред. Каков доктор си? Општ?
Лелееее, што ме натера да ја отворам темава??? Треба да се пораѓам за скоро, и тоа на државно, сега после сите коментари, како што сум паничар, уште повеќе ме фати паника искрено.
Se soglasuvam. Gospode Isuse, kaj nas se debatira dali sum nemajka ili pomalku majka vrz osnova na moeto poroduvanje?! Vo svetot ima surogat majki i shto ushte ne, ama nie ushte sme vo kameno doba izglea