Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спонтано породување или со царски рез?

Дискусија во 'Бременост' започната од Cka, 30 јули 2017.

?

Каде и како се породивте?

  1. Природно, во приватна клиника

    100 глас(а)
    17,6%
  2. Природно, во државна клиника

    211 глас(а)
    37,2%
  3. Со царски рез, во приватна клиника

    118 глас(а)
    20,8%
  4. Со царски рез, во државна клиника

    158 глас(а)
    27,9%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Женски
    Е па моето беше со газето надолу, 3100 се роди, со надминат термин 1 недела. Ама затоа второво, исто карлично ама покрупно, обем на глава 100,мораше царски. А твоето ем крупно, ем попречно... Тешка работа за спонтано.
     
    На CareTee му/ѝ се допаѓа ова.
  2. CareTee

    CareTee Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    3.595
    Пол:
    Женски
    Моево 37 недела, 3100 и обем на глава 95, докторов вика ова за твоево тело многу големо бебе. Баш ме интересира колку ќе погодат, ако се роди помала ќе ги потепам:rofl:, сите до сега што ме гледаа големо бебе рекоа.
     
    На manako1 и GolemaMala им се допаѓа ова.
  3. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Женски
    Со второво, докторот се мачеше да измери точно. На еден преглед мерките беа 97,на другиот 100... 1 недела натегање, јас не сакав царски, ама веќе и на третиот преглед кога испадна пак 100, морав да се согласам за царски. Се роди со обем на глава 100. Барем се тешам дека мораше така.
     
  4. ...Arthemisia...

    ...Arthemisia... Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
    Ама точно тоа и ми беше поентата во предходен коментар наназад. Секое породување е неизвесност, и може да се искомплицира. Ама, не може да коментира некој дека си немајка само затоа што си со царски, а притоа не бил во сала со докторите па да ја знае причината за истиот. Исто, воопшто не ми смета ако некоја се одлучила на договорен царски, и не разбрав воопшто зошто би ми сметало?И да, разбирањето за психичката спремност за пораѓај според мене е многу важна, исто онолку колку што е важно да се разбере и пост породилната депресија.
     
    На Autumn Love, CameliaMiller и CareTee им се допаѓа ова.
  5. mimi6

    mimi6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2020
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Женски
    Не е битно како се родило детето на каков начин, само да е успешно породувањето и живи и здрави да се мајката и бебето тоа е најбитно.. знаете сите кој се породивте кога ќе дојде моментот детето да излезе од телото само помислуваме на тоа дали ќе заплаче и дали е цело.
    Некој што сонуваат да имаат деца, да ги прашаме дали сакат природно или царски ќе ви кажат и низ око да излезе нема да бираат само да го имаат.
    Само такви сме ние не помислуваме на нештата,,,што ако немаме да бираме или да осетиме на благородните нешта..
    А за мојата ситуација со породувањето, пишав нешто во мајчински муабети, немаше некој пострашлив од мене.. од болката мислев ќе се фрлам низ прозорецот ама кога го гледам ангелот до мене помислувам не е битно царски или природно пак, пак и пак би го поминала истото што и да ми е пишано само да го имам непроценливото нешто до мене.
     
    На teddy85, Autumn Love, Autumn_ и 5 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.899
    Допаѓања:
    267.373
    Ако си ти доктор, јас сум космонаут.
    Толку на темава со тебе.
     
    На LucyLu, kristina.k, Just.do.it и 8 други им се допаѓа ова.
  7. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.628
    Допаѓања:
    39.752
    Пол:
    Женски
    Која недела си? И моето беше во таа положба ама си се сврте на крај.
    За доењето потврдувам дека е страшно на почетокот. Со второто буквално се утепав плачејќи цели два дена, гради преполни а млеко не тече, запушени канали. Само ми викаа ставај топла вода, а од неа мислам бетер станаа.
     
    На Autumn_ му/ѝ се допаѓа ова.
  8. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.628
    Допаѓања:
    39.752
    Пол:
    Женски
    Има и кај нас сурогат мајки.
     
  9. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Леле што читаш тука недела дена пред породување?
    Отвори подфорум бебе, доење тема ќе ти треба.
    Секоја жена и породување е различно..
     
    На thelittle17 и jarec6 им се допаѓа ова.
  10. Kakao2

    Kakao2 Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2020
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    https://www.theatlantic.com/ideas/archive/2019/10/c-section-rate-high/600172/ во овој линк е објаснето се. Македонија не ги следи препораките на Светската здравствена организација,

    каде што се препорачува операцијата царски рез да не ги надминува тие 10%, солуцијата на проблемот како што е тука објаснето е во покачувањето на цената на природните породи, кога прородниот пораѓај би бил поплатен од царскиот, секој доктор ќе гледа да ја избегне операцијата царски рез како операција со големи ризици и последици.
     
  11. ...Arthemisia...

    ...Arthemisia... Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
    Е токму така е драга, како што си напишала,. Македонија НЕ ги следи препораките на СЗО. Можеби на хартија ги следи, но, во пракса не. Еве една од многуте препораки на СЗО што никој не ја зема во предвид - да се обрне внимание на важноста на менталното здравје на мајката/бремената жена. Во мк, ова не постои. Па дури ни ти си глува за оваа “глупост”, а велиш доктор си. Еве официјален линк од СЗО, види кој е во ризични категории за развивање на ваква состојба - пола држава, може и повеќе.
    https://www.who.int/teams/maternal-...health/about/mental-health-and-substances-use
    Па свесни ли сте дека овде немаме центри за подготовка на новите родители? За најобична подготовка немаме, камо ли за психо-ментална. Гледате ли дека за секоја болка или несигурност во бременост се обраќаме по форуми? Колку од сите породени досега на форумов кажале дека тимот кој те пораѓал покажал емпатија? Погодивте, тие што се породиле во приватна болница, или во странство. Затоа, не е фер да дискутираме кој како се породил и од која причина. Посакувам сите живи и здрави да си ги гушнете бебињата, и не се многу оптеретувајте како ќе биде.
     
    На kristina.k, CameliaMiller, Kaetana и 4 други им се допаѓа ова.
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    За некои работи треба да рипнеш, па да кажеш оп.

    има анестезиолог и анестезиолошка сестра кои те следат цело време. Ако почнеш да паничиш, одма добиваш лек интравенозно, ако треба и ќе те дремнат. Нема по дифолт да те стават на општа заради тоа.
     
    На mssuniquee, eli25 и Kaetana им се допаѓа ова.
  13. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Не е толку страшно ни без епидурална :)
    Многу ретко некоја да паднала во несвест. Телото си го прави своето.

    Имам доста пати прочитано на форумов за ова, посебно за болницата Чаир. Акушерките со кураж зборуваат, а на крај кога ме шиеја од нигде се појави една многу убава девојка со милозвучен глас, ме галеше по рака и ми правеше смирувачки муабет :D

    Единствено што ми е жално, поради никаквите услови што ни ги даваат во Мк (и на приватно, зашто реално и таму баш ги нема), е дека многу жени сами го бираат царскиот наместо да доживеат едно преубаво искуство и емотивен момент што ќе им остане во сеќавање. Моментот на искачање на бебето од родилниот канал, па кога ќе ти го дадат на гради цело замачкано да си го погушкаш, незаменлив е :inlove: Уште и сопругот кога би бил присутен, најемотивен момент е кога станувате комплетна фамилија. Е ова второво мене многу ми фалеше :(

    Многу жени немале можност да родат спонтано, не поради нивна желба, и се осеќа таа "тага" кај нив. Затоа ми е жално што некои сами бираат да легнат на операциона маса и да завршат работа :(
     
    На Kom.pot, Chanell*, azelea и 9 други им се допаѓа ова.
  14. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Каква тага сестро, ми го дадоа на гради додека се шиев и сопругот беше тука и двајцата го гледавме и восхитувавме, а тоа ме гледаше право во очи, го осетив како излегува од стомак , го слушнав.
     
    На Natashka1988, Snowflake92, Kakao2 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.606
    Пол:
    Женски
    Трансверзална позиција е 100% индикација за царски рез. Речиси од сите положби може да се роди бебе природно (теоретски) ама од оваа положба шанси нема. Второто дете 90% од бременоста го носев трансверзално. И се вртеше нон стоп ама цело време за 180 степени - значи пак трансферзално. Е сега. Кај жени кои немаат ништо со матката (како кај тебе пример што се сомневаат на преграда) може да се закаже рачно вртење на бебето. Ама тоа знае да е навистина тешка и релативно болна процедура, и во секој момент се спремни со сала подготвена за царски.

    Обем на глава 100? На што мислиш 100? Во 100 перцентила? Затоа што цм сигурно не се...

    Амин на муабетов.

    Тага затоа што во Македонија не можат да го искусат доаѓањето на своето бебе на свет така како што ти го опиша. Мажите не смеат да присуствуваат на породување, ептен ретко во приватните и тоа само на природно. Често се навредувани, односот кон родилките е нечовечки, немаат никаква емотивна поддршка од персоналот.

    - - -

    Настрана од сѐ. Не навлегувам повеќе во овие дискусии. Сакам само да кажам дека најголем проблем е едукација. И на бремените, и на мајките. Свесност за чинот. И еден од поголемите проблеми е што овој чин ѝ е одземен на мајката, мајката е пациент, а не е активен учесник во породувањето. Ако една мајка сфати и ја има целата психичка и физичка поддршка за да помине низ тој процес, со многу други очи ќе гледа на работите. И желбите ќе ѝ се комплетно подруги. Ама кога живее човек во едно опкружување кое едноставно ги ограничува погледите, спонтано и со години, исходот ќе е тој што е.
     
    На CareTee, azelea, Biljarkata и 9 други им се допаѓа ова.
  16. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    @Kaetana за тоа што пиша ти се сложувам, ама нејзината поента беше друга.
    Ние со царски сме имале тага затоа што не сме го осетиле бебче како излегува од канал и не сме ја имале таа поврзаност.
    Чиста глупост...
    Баш поради тоа што сум со царски породена со бебче сум поврзана до максимум значи немам зборови да опишам.
     
    На Natashka1988, Autumn_, Moce19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Ај сега корона, ама зошто во Мк не дозволуваат мажите да се присутни за време на пораѓајот?
    Дали е тоа поради што сме насилници и би можеле за време на чинот да излезат од контрола према бабиците?:D Или поради други причини?
     
    На GolemaMala му/ѝ се допаѓа ова.
  18. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.350
    Допаѓања:
    26.223
    Пол:
    Женски
    Охрид беше дозволено присуство на таткото сега незнам како е ке видиме
     
    На GolemaMala и BabyD0ll им се допаѓа ова.
  19. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.606
    Пол:
    Женски
    Јас пример имам. Не е тага, не е фрустрација, ама имаше едно добри 6-7 месеци во кои кога почнував да ја раскажувам мојата породилна приказна не можев да се воздржам да не заплачам. Некоја мала грутка дека она што сакав да го доживеам не ми се оствари. И нема врска дали е природно или царски - едноставно како жена која 9 месеци го носи своето бебе во себе, си гаев идеја и желба како сакам да го пречекам од оваа страна на стомакот. И бев на два чекори од таа идеја. Договорено со болницата, термин одбран, родилен план направен.. Фала богу живи сме и здрави, сѐ е супер, и моето породување со царски беше најубавото породување на светот, не зборувам ни за закрепнување, и тоа беше многу побрзо од првото... ама лично за себе зборувам (без никој да навредам) повторно сум сега силом прилике во ситуација да морам да се прилагодам на животни планови.

    Фала богу дека сум поврзана со своите деца. Поврзаноста и влогот во воспитувањето и љубењето на децата се нешто сосем друго.

    И не. Не велам дека на секоја жена тоа би ѝ се случило. Лично си кажувам дека знаејќи ги сите медицински бенефити од природното породување, жал ми е што шансите да го доживеам со втор царски рез уште толку драстично ми се намалија. А човек сум кој сака животот да го изживее до максимум, па дури и кога се работи за болка од тој крактер, едноставно сакав да ја поминам. Тоа ти е. Љубопитност до максимум.

    Пак ќе речам. Ова се мои лични емоции и согледувања. Немаат никаква врска со никакви сугестии или генерални ставови.
     
    На Pacient srna, Chanell*, azelea и 7 други им се допаѓа ова.
  20. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Женски
    BPD - бипариентален дијаметар-пречник помеѓу двете темени коски на главата. Во мм се изразува.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.