@GolemaMala тоа е веќе друго. ) Оти обем на глава е нешто сосем друго од BPD. А BPD многу добро знам што е.. не еднаш имам рикано за вредностите од скрининзи и изјавите на мојата докторка... која после контролни прегледи на фина дијагностика под итно ја сменив.
@Kaetana и јас сакав и ме форсираа до крај за природно, со секакви аналгези, венски провокации да се отворам едвај 10цм, и бебе да не се спуште долу и да почне да му се покачива пулсот, јас добив температура. Јас не знам како тоа @Kakao2 вика дека докторите намерно ни го правеле да се породуваме царски кога до крај пробавме за природно.. И јас сум во депресија сеуште поради мојот пораѓај, а бев во поголема катастрофална депресија. А за поврзување со бебче од првиот ден сум поврзана значи, на почеток не го давав на никого си бегав сама во соба, му бдеев додека спиеше, ќе испуштеше звук јас ќе скокнев. И мислата што ако му се случи нешто, сама знам како си го родив, јас сум лимитирана за да имам повеќе деца поради царски, максимум 3, па со тоа уште повеќе се поврзуваш со бебче.
Се породив и природно и царски. Не би го нарекла тоа тага, ама секако се чувствував поинаку, чувството кога се пораѓаш природно и ќе го земеш бебето одма во раце не ми беше исто со чувството кога го држев после царскиот. Имав чувство дека нешто сум пропуштила, дека нешто недостасува. А дека си го сакаш бебето како и да го родиш, за тоа нема што да се зборува.
Не е баш така. Ако веќе еднаш родиш природно после царскиот, многу е подруго. Можеш да одиш и на четири деца. А ако после првиот царски одиш на втор, шансите за трето природно драстично се помали. Истражувам многу на темава, од таму знам.
Знам тука како е во Швајцарија, ако сѐ е во ред да родиш природно после царски, ќе те породат, ама да потпишеш ако нешто се случи дека сѐ е на твоја одговорност. И ајде кај да потпишувам такви документи? Сигурно ќе одам одма на втори царски..
Еднаш мислам пишувавме ама не можам да се сетам. Јас многу сакам да пробам природно баш од таа причина зашто сакам повеќе деца (ако успеам да ги имам). Кое е минималното време што треба да помине од царскиот за да се проба природно и дали е точно дека старата рана може да пукне од контракции?
Ама па и пред секој царски се потпишува. Секако има ризик. Докторот нека ти образложи кои се ризиците, па одбери што да потпишеш
Друго објаснува членката. Пред природен пораѓај не потпишуваш ништо. 5 роди, ни еден документ не потпишуваш. А ако по царски сакаш природно, тогаш потпишуваш. За царски секако потпишуваш, и за анестезија плус.
Јас па и не донесов сама одлука да потпишам, морав неизбежно беше. За разлика од тоа ако сакам втор пат природно сама би донесувала одлуки за потпишување..
И јас исто, немаше сакам не сакам. Не ни видов што потпишувам, еден лист ми дадоа пред да ме носат во сала, еден во сала, легната да ме сечат. Знам што е одприлила, ама не прочитав што точно е напишано.
Незнам зошто се осеќаш прозвана, не мора да си толку дрска. Не мора да значи дека сите го имаат истото чувство, но повеќето да. И зборот беше напишан во наводници "тага" зашто неможе да се долови со зборови чувството, ете тоа зборче прво ми дојде на памет. На форум све мора да се испреврти. Па дури и спомнуваш поврзаност со бебето дека било поголемо после спонтано породување, за кое јас воопшто не спомнав никаде! Баш од тебе не очекував ваква реакција, ептен сочувствува со тебе, те читав и знам дека ти беше мака низ се' што помина.. Меѓу другото ти не си од Мк, тука во сите наши болници родилката за царски е врзана, или само и го покажуваат бебче или ќе и го стават до неа да го сликнат ( и во повеќето случаи веќе избришано, замотано, средено) и толку! Секоја убава емоција што треба да ја доживееме ни ја одземаат. Ако се решам да раѓам трето дете, ќе си го раѓам дома и мртва сериозна сум
Не се осеќам прозвана, кажав за мене само дека не осеќам тага никаква. Да точно сигурно не се осеќаат сите исто. Битно на крај сите да сме живи и здрави со бебушките па нема врска како се породени. Добро е што има и царски и напредна медицина оти лошо ќе беше. А за Мк многу ми е жал за жените и пишував погоре дека заслужуваат макар епидурал како опција затоа што сите жени немаат исти степен на поднесување болки, па плус и со провокација да е, ќе се издржат ама сепак се тешки. Иначе и јас бев врзана едноставно рацете ти се лево и десно раширени полни со инфузии апарати за притисок и триста чуда, додека природно можеш како сакаш да ги движиш. Јас не можев да го допрам бебче со раце кога ми го ставија на гради, ама нема врска не осеќам тага си го допрев и си го доев истата вечер во соба.
https://www.mayoclinic.org/tests-pr... you attempt,might affect a vaginal delivery? еве некои информации околу порироден пораѓај по царскиот.
@Kakao2 ме мрзеше да побарам официјални податоци од ЕУ, ама еве ти официјално тело од САД, баш разгледај колкава е стапката на царски рез, околу 30%. https://www.cdc.gov/nchs/pressroom/sosmap/cesarean_births/cesareans.htm. Ништо подобро не е во Европа, освен во скандинавските земји, ако живееш баш таму во ред, ама не се расфрлај со попувања како "урлај колку сакаш царски нема" зашто условите за "урлање" не се исти. Зашто си побара лажна потврда за дијагноза? Ниеден доктор нема да те стави на ризик на пораѓај само за да не отидеш на царски рез, ако навистина си имала дијагноза која е контраиндоцирана, очигледно свесно си пробувала да избегнеш вагинално породување и тоа во претпоставувам високоразвиена европска земја, па дојде овде да ги подучиш дека не се храбри тие што се спремаат за на ГАК. Атхезии после секој прв царски рез... како тоа си потесна и маж ти приметил... немам коментар. Уште чекам за епидурал да ми одвовориш, како тоа ќе си го повредела бебето и кичмата, класично необразовано ширење паника. Страници наназад се и сешто изнакажа, со се давањето вода на цимерката... уште да не и носиш вода? Или збориш за први 6-12h кога логично не можела да стане. Дезинформации кои носат до страв кај трудници слободно можат да се ширатна форумов, ама моево како навреда може да се сфати и да пијам бан. Затоа уште една поука до трудните да не читаат овде, тотално нема врска со реалноста и јас го искусив истото. Злоуптреба на царски рез има секаде, има скандали за цели болници, ама таму плеј листа можеш да си одбереш, када на располагање, храна вода, кислород, епидурал, а сте се запнале на гак зашто некоја се плашела природно да проба и сакала царски...
@Autumn_ Во врска со епидурал, колку дезинформации се шират, мене ми беше речено, немој епидурал да ставаш поради кичмата и бебче ќе ти се роди така здрвено под анестезија. Еве го здрвен како да не, не може да застане од што е жив душа ми вади, ниту пак јас се парализирав ниту имам некаква мака од кичма. Со епидурал за време на најјаките контракции со венска провокација јас спиев се одморив малку!
Devojki dali nekoja skoro se porodila na GAK so zakazan carski i kakvo iskustvo imate? Jas najverojatno ke moram taka da se porodam pa me interesira
Супер искуство имав, се помина во најдобар ред, втор царски ми беше и освен првото станување не ми требаше никаква помош, па не ни приметив дали има или не персонал, бебето одма беше со мене во соба. Од педијатриската грижа не сум најзадоволна ама веројатно беше таква затоа што бебето си беше супер, во приватна и превентивно повеќе ги прегледуваат па си имав некои очекувања. Ако ти е прв царски, нема бебето да е нон стоп со тебе, и ќе одмараш за да закренеш, и сама можеш да им речеш да го земат, нема храбрење првите денови, со лесно