Во принцип минимално време викаат околу две години од еден до втор пороѓај. Е сега... јас членувам во група тука на жени кои пробуваат да се породат природно после царски. Кога една членка тука остана набрзо бремена после првиот царски, пишав во групата за нивни мислења. Не сте свесни колку жени има што со следното бебе останале бремени помалку од година по породувањето (некои дури 3-4 месеци) и отишле да се породат природно. Поголем дел од нив успеале. Препораките се да има одредено растојание за да се намали процентот на компликации при природно породување и да се намалат шансите да завршиш на втор царски. Ама тоа се статистики. Има многу жени кои се породиле набрзо вагинално, има жени кои со чекање а пак морале царски заради руптура. Руптура како појава е секогаш ризик, дури и кај први бремености (иако бескрајно ретко) и најголем е ризикот доколку породувањето е индуцирано т.е. со провокации (вештачки предизвикани). Ама реално руптурата како причина е доста ретка и гинеколозите се спремни да ја детектираат и да те стават одма на царски. Инаку тука, жени кои второто го родиле спонтано после царски, третото го раѓаат дома во базен. Ова на муабетот на @Kitten ... И најискрено.. тоа би ми било идеално породување, иако не знам колку би имала храброст да пробам такво нешто. Групава е многу интересна, ми влева надеж, многу се сериозни - значи со анкети, статистики, прашалници, премногу професионално водена и сите жени се со култура на завидно ниво. Никој не суди никому за овие работи, и да, не сум воопшто ни прва ни последна која додека уште не си го осеќа стомакот знае со мала грутка да си помисли "што би било кога би било". Ако сакаш, можам во лична порака да ти пратам статистики (бидејќи во принцип не смеам да превземам документи без прашање). Исто така, има еден акаунт на Инстаграм - vbacfacts и убаво и транспарентно се наведени сите факти и истражувања за оваа тема.
7 дена надносена, 36ч напукнат водењак високо (ми течеше полека), провокации добив, болки, пукна скроз водењакот со тон мекониум во него, паднаа тонови на малата.. бев само 3 прста отворена и итен царски со трчање буквално.. имавме голема среќа, затоа што се имаше и наголтано и вдишано од мекониумот... она беше 3800,51цм и мислам дека да беше природно полесно ќе излезеше. Но најбитно сме живи, здрави и сега е женска 3г
Фала му на Бога што поминавте живи, здрави и добро Ете никогаш не се знае до последен момент како ќе биде крајот. Само силни да сме за понатаму
39та со закажан, ама беше сигурно дека ќе е царски, кога има простор нешто да се смени може и покасно да е
@CareTee и јас бев со закажан царски поради поставеноста на бебето. Битно е ти и бебка да сте добро, друго нека не те интересира. Инаку во однос на тоа дека сега повеќе е застапен царскиот за мене тоа е нормално. Сега докторите на државно/приватно не ги ставаат во ризик родилките. Еве ќе ви кажам пример од комшиката на свеки. Немале кола децава па свекорот ја носел девојката на пораѓај во струмица. Бебето било во лоша положба и докториве побарале пари од таткото за да ја породат царски. Демек дај пари ако сакаш да не се мачи жена ти. Ама овој не сакал да даде. Ај што ја измачија жената, него заради лошата положба го повредија бебето при влечење. Девојчето моментално има 7 години и трајно оштетување на колкот поради кое криви... Да, може да се форсира природно ама зарем вреди ризикот? Искрено како мајка, кај сакаат нека ме сечат, детето здраво право нека ми биде.
Абе што сте сите ко побудалени за царски vs природен пораѓај? Мислам, гледам тој е насловот на темата ама ова се претвори во натпревар кој пораѓај бил поубав, кој болел повеќе кој помалце, која жена имала поголем праг на болка која помал... која е поентата?? Да можете да кажете јас родив ти не? Мојот пораѓај за мене беше најубав и точка! Каков и да беше, ја на крај си добив преубаво, здраво бебенце. Крајниот резултат за мене е тој. Не е краен резултат дали не можам да седнам од што сум распукана или не можам да станам од што сум шиена. И не може некој да ми каже дека не сум родила затоа што не сум напнала или не сум добила контракција или не сум осетила болка!
Женска работа, сами си наметнуваме стандарди, сами се разочаруваме ако не ги постигнеме. Убаво кажа, натпревар, која повеќе се намалила Ги претерувате сите граници, еден куп трудници ве читаат, знаете ли каков хорор им се прави во главата?
Ветив дека ќе се вратам на темава откако ќе се породам. Се случи тоа што не го сакав, се породив царски. Последниот месец веќе сите доктори ми кажуваа дека 99% ќе бидам царски, па некако сакала-нејќела се припремив психички. Кога дојде моментот бев скроз опуштена. Самиот чин не е воопшто страшен, не знам што ми имаа изнаставано во инфузијата ама јас бев со чувствата на off. Ни кога го извадија бебето не ми дојдоа емоции, не знам зошто така. Бев као среќна, ама нереално среќна, како под дрога. Барем јас таков доживљај имав. Целата операција трае не повеќе од 20 минути. Многу брзо се завршува. Многу ми беше страв дека ќе ми биде језиво чувството кога нема да ги осеќам нозете. Ни тоа не било страшно. На тоа помислив дури дома кога си дојдов, тогаш во моментот не ми ни текна. Опоравувањето мене лично ми одеше многу брзо. Вториот ден во соба веќе си се истуширав, се средив, бебето си беше со мене цело време. Станав 4 саати после операцијата. Болно е страшно многу првиот пат, ама секој нареден е полесен. Мене не ми беше толку болката одвратна, колку што не можев да се гледам и поднесам дека катетарот ти се влече, не можеш да се измочаш како човек, и цела бев лом, крвариш, тоа по нозе ти тече, не можеш да се измиеш. Иако морам да кажам, јас се породив во Чаир, во шок соба бев презадоволна како се грижеа за нас и колку ни помагаа. Совет до сите што ќе бидете царски. Опоравувањето зависи од вас самите. Колку и да ви е тешко и болно, морате да станувате, морате, цело време. Уште одма кога ќе ве прашаат, да станете. И со сите сили да се трудите да удрите еден туш кога ќе бидете во соба, ќе се преродите. Дома кога дојдов после 4 дена, како ништо да не било, комплетно нормално си функционирав. Тоа што се плашев дека ќе бидам врзана за кревет, не се оствари, за среќа. Пак ќе кажам, опоравувањето зависи од нас самите. Се на се кога ќе соберам, мене пораѓајот ми беше убаво искуство, иако царски не сакав. Меѓутоа да можам да се вратам назад и да можам да се породам природно, јас не би одела царски на договорено како што прават. Убаво сум пишала и во првиот пост, иако се опоравив многу побрзо од некои природно породени, со царскиот си одат повеќе ограничувања и ризици. Како и да е, кога се ќе помине во еден нормален тек, и царскиот воопшто не бил страшен како што мислев. Уште нешто, вистина било дека во тие моменти Господ дава сила, кога ќе го видите бебето, кога ќе го помирисате, навистина се заборавало се.
Здраво. Со првото се породив царски во Чаир пред две години. Сега планирам да си се пораѓам во Охрид, така да матичниот ми рече дека штом овде ќе се пораѓам тогаш сигурно ќе биде со царски. Па сакав да прашам девојки од Охрид породени царски ако има да ми споделите искуство кој ве породи, како поминавте, колку дена ве задржаа и како сте задоволни од условите во самата болница? Благодарам.
Јас се породив исто со второ во Охрид со царски рез пред 6 месеци. Ме породи др. Мимоза, жената беше одлична само премногу во гужва. Во текот на престој во болница се запознав со др. Кате, др.Владо и др. Горан и искрено да ти кажам сите беа одлични, многу фини и достапни во секое време. Исто така морам да ги пофалам и сестрите, си ја бркаа својата работа и професионално се однесуваа со сите родилки, но секако за нивни познати имаа посебен пристап. Операцијата помина со целосна анестезија па три дена не ми даваа ни вода да се напијам, четвритот ден ми донесоа крофна и какао, па за 5 минути поминаа сестрите ми кажаа несмеам да го јадам тоа па си ги собраа крофните од сите за да си поручаат Најтешкиот дел во цел престој ми беше тоа што 5 дена бев прегладнета. Три дена без ништо, следните два менито не им беше прилагодено за човек по операција па повторно останав гладна, а бидејќи не сум од Охрид немав кој да ми носи поручек, ручек, вечера. Не ми се допадна педијатарот неонатолог и неонатолошките сестри. Педијатарот пет дена реагираше дека бебето има изразена жолтица, а денот кога си одев т.е дури петтиот ден се сети дека треба да го стави бебе на сончање иако предходно неколку пати ја прашав дали треба да се сонча. Исто така приметив дека со едно шише им даваат ад на бебињата, едно пие колку може, остатокот го даваат на друго.. Кога си дојдов дома бебето имаше многу јак пеленски осип, не беа пресоблекувани редовно кога беа со нив, ако реагирав да го донесат се лутеа сестрите. Исто така навечер тешко да начекаш сестра. Додека си во шок соба имаш во секое време сестра, кога ќе те префрлат на одделение снаоѓај се е работата. Хигиената во болницата е ок. Севкупно немав некое лошо искуство, прифатливо ми беше бидејки не ни очекував повеќе. Не е приватна болница. Со лесно
Фала многу на споделеното искуство Нешто слично беше и во Чаир само што таму не држеа 3 дена после породувањето, бев со спинална анестезија и бев свесна додека го правеа царскиот Ти благодарам уште еднаш
Моја братучетка се породи пред неколку месеци таму. Незнам кој др ја пораѓал но кажуваше дека сите на гинекологогија се ок. Со царски се породи со спинална. Ѝ закажаа царски зошто бебето било големо иако она сакала да проба природно ама не ѝ дозволиле, не сакале да ризикуваат. Се жалеше од постнаталната нега, ништо не им покажувале ни за доење ни околу бебето. И на храната се жалеше, од дома ѝ носеа храна. Останала во болница 7 дена незнам зашто толку многу.
Јана сега ти го читам мислењето и баш се сетив, една пријателка првото го роди со царски а второто природно после 16 месеци од царскиот. Ама второто во странство го роди и баш кажуваше дека докторите викале нема индикација за царски и ќе одат природно но за секој случај ќе имаат и спремна сала за царски. Ептен лесно поминала со второто породување, за 4 саати од прием во болница се породила без епидурал.
Јас имам договорен царски за во Чаир, се мислам дали спинална или целосна. Иначе од почеток сум нс клексан
Јас кога се пораѓав немав право да одлучам дали спинална или целосна ќе биде, тоа одлучива анестезиологот. Во секој случај мислам дека спинална е подобро и во однос на последиците од неа и тоа дека си свесна и ќе си го видиш и бациш бебенцето веднаш што го извадат од тебе
Клексанот не е индикација за целосна анестезија. Има многу членки кои примале и се породиле со спинална. Ако веќе ти дадат сама да одбериш, одбери спинална. Не само зошто одма ќе си го видиш бебето, туку и помалку несакани ефекти има од целосната.
Здраво мајки, 27 гн врви и кај и да е треба да одлучам и да дефинирам како сакам да се породам. Не сум во Мк и имам тука избор царски, природен, со епидурална или без, во вода или дома (боже ме сачувај). И сето ова колку што е добро, толку и не е, затоа што не знам што да одберам. ( нормално ако се тече нормално и не се деси нешто непредвидливо) Од старт бев за природен, ама како што врви време се премислувам. Искрено не ме плаши болката на денот на пораѓајот, туку дека поголеми се шансите да се искомплицира нешто кај природниот. И ме плашат последиците( епизиотомија, инфекција, компликации, инконтиненција и трајно пореметен сексуален живот ) Царски некако се знае што де се очекува и како ќе се одвива се. Ама сепак сакам од вас искусните да слушнам што би избрале нареден пат ?