Еве јас се породив на 15 октомври со царски поради индикација. Да треба да раѓам пак, одма би решила со царски. Како д снемам родено ни болки, нит ништо. Петок се породив во понеделник бев дома. Првите неколку дена имав потешкотии со станување и легнување ама сега сум одлично. Сама се грижам за Бебка, средувам дома. Најважно од се е поминав лесно и на сите посакувам да имаат пораѓај како мојот. Во 12 и 26 во сала, 12 и 48 е родена мојата Леона.
Поради индикација е твоето, иначе по желба другарки одеа приватно, баш поради страв од болка или бидејќи може да плати.
Не те убедувам во ништо.Споделив мое искуство,може ке им служи на идните мајки кои мораат на царски а се преплашени како да е царскиот кланица.Не е Повеќе ме болеше шиењето на живо при природен отколку царскиот.Со бебето остварив одма контакт.Ми ја ставиа образ до образ,не сликаа,ја бакнав.Дека со спинална свесна си бев целосно и со анестезиологот муабет си теравме за рандом теми Среќа ете 21 век па може да се бираат и анестезии и начини.Па кој како се осеќа подобро така нека раѓа Инаку стерилна средина немаш ни при природен.Бебето секогаш го зема педијатар прво да го прегледа измери исчисти…До тогаш веќе дошло до мн контаминирани предмети. Ајде со лесно сите идни мамички
https://pedijatar.mk/tsarski-rez-il...-protsedurata-oporavuvaneto-i-komplikatsiite/ Некој направил истражување, секако секој си одлучува, овде само дебатираме, не се убедуваме. Се слагам со @Razvigorec, има разлика, ама не секој може да поднесе болка. Некој и се плаши па сака целосна анестезија.
Добро да, само што муабетот е ако природно не поминеш со само "шиење кожичка" туку ако пукне и грло на матка, ако пукне и родилен канал и ако те шијат еден сат за да те состават. И по една недела да те прешијат оти утнале нешто( ко во случај од другарка). Да знам дека ќе поминам како тебе, а не како нејзе би одела 100% на природно. Ама кој може да знае, затоа е и дилемата
Јас колку што знам, при природен пораѓај главчето на бебенцето голема е веројатноста да е малце издолжена ради што поминува низ родилниот канал, но потоа брзо се враќа во нормала, сакав да те прашам како тоа на бебенцето ја скршиле клучната коска? Дали е тоа кривица на тимот кој го вршел пораѓајот или е резултат на можна состојба при природен пораѓај?
Ако морам не би се мислела ни една секунда ни јас, ако има индикација и опасност за бебе. Ама индикација да биде да не ми биде 'унаказена' за маж ми не иде у предвид
Реални да бидеме, природата не створила да раѓаме природно. Значи природно. Е сеа тоа што може да се случи ако се случи е само што ако. Најдобро е единствена опција да е дали сакаш епидурал, дали без, дали во вода или некои и дома раѓаат. Царски да се прави по индикации и тоагаш се знае се спремаш за природно и нем амногу мислење а вака па царски можело па природно па оној новиот тип на царски само го испрпмовираа без врска народот да си мисли рутинска оп е и тој. И на крјаот не знаеш главата кај ти е од мислење како да го родиш. Јас царски бев илесно поминав ама следно размислувам за природно здравје. Ризици има и од тоа и тоа и никој незнае што може да се деси.
Бебето за време на пораѓај се поставило некако бочно.И се заглавило.И покрај тоа инсистирале на природно.Околу 6-7 часа се обидувале(со епидурал).На пораѓај биле Петровска и Сарџоски(Систина).Нејзе првиот ден не и кажаа ништо освен дека бебето е измачено мн и дека поради тоа ќе биде под надзор.Наредниот ден на визита дојде дојде ортопедот Каличанин.И она и кажа на жената дека при породувањето е скршена клучната коска ама да не се секира дека тоа се дешавало често при природен.Главата беше баш баш деформирана а бебето и го донесоа со бело на него цело,бидејки неможеле да го избањат(требало да се совземе).Мене ме пуштиа да си одам следен ден ,она остана поради бебчето уште.Што се деси понатака незнам ,се надевам добро се сега.
Јас родив крупно бебе со царски рез ама не беше тоа индикцијата. Сакав природно ама немаше можност. За второ не би пробала природно. Ама да можев за синко да бирам никогаш не би отишла царски. Природно со епидурал би била мојата одлука. Ама последици од царски имам. Болки во рана на секоја промена на време. Болки при поголем напор. Болки ако стојам долго време. Поминаа 2 г и 3 м. Веднаш по пораѓај имав големи болки. Две недели не знаев каде сум. Станав откако ми го извадија катетарот и се движев колку можам ама таа болка не се заборава. Боли црева ке испаднат. Добивав лекови за болка ама не е тоа тоа.
Не само за маж ми туку и за себе, мое тело и моја интима, јас ќе си имам комплекс ако нешто не "штима" долу. И тоа со постпородилна инконтиненција ако сум среќа да ме снајде абе на се мислам мене ми е битно ете, нормално прво и најважно да биде се ок со бебе. Ама ако можам да избегнам некои непријатни работи или последици зошто да не
@Honny ти си допрва 27ма недела и колку и да имаш избор, баш и немаш со работа како пораѓај освен ако не се одлучиш на директен царски. Во спротивно, одлуката ќе падне кога ќе дојде моментот, зависно како е наместено детето.
Гледам, во некое странство си. Ако си во поголемо место, значи да не е ептен село, верувај, докторите се доволно искусни и стручни за било која опција, само доверба треба. И јас така, мислев на се можно и неможно, најпосле сфатив само верба и доверба требало. Не можеш да ставаш на кантар, ниту едното ниту другото не се гарант за непријатни последици или избегнување на истите. Како и да е, се добро да испадне
Или ќе се омажиш за доктор или министер за здр. и се е гага На темава би сакала спонтано, ама ако имам индикација за царски тоа е што е. Читав екстраперитонаелен царски рез за прв пат направиле на ГАК, а ние тука ќе се наддаваме која што и како.
Имам термин за договарање за 2 недели, и треба да се изјаснам тогаш. Како што читав треба да потполнам некој анкетен лист со "желби" така го нарекуваат, каде ќе наведам каков пораѓај, со или без епи. , со или без епизиотомија( ако пукнеш, пукнеш битно си пишал без и они не сечат) или дирек царски. Чак и музика да си донесам по желба во сала пишаа, а замисли сето тоа државно здравство покрива осигурувањето. Од толку многу избор да останеш збунета иначе бебе од старт е со главчето надолу.