Што и да потпишеш во врска со оној дел што си пишала ако пукнеш, пукнеш они не сечат мислам дека не е баш така. Ако настане ризична ситуација и со цел да го намалат ризикот по тебе, а и да не наштетат на бебето сечат. Е сега не дај боже да направат нешто за кое не си потпишала и комисии увидат дека е така имаш право да ги тужиш, право на оштета. Повеќе се овие административни работи за да се заштитат од тужби, ама ако некоја решила да профитира и на ваков начин во странство што да кажам. Таму и кај нас во однос на нега и грижа Бог и шеширџија, братучетка се пораѓаше во Шавајцарија презадоволна ем детето од таму си зема државјанство.
Во право си, од старт знам дека е многу индивидуално, само сакав да видам отприлика кој "кука" повеќе овие од царскиот или другите со природен т.с. кој видел повеќе мака вака процентуално. Во голем град сум и верувам во стручноста на болницата, читав супер рејтинг има породилно и со душа чекам да дојде денот. Верувам јас дека ги можам сите опции(само да биде се добро) ама сепак размислувам која е најдобрата кога веќе изборот ми стои.
За епизиотомија прочитав дека не се практикува веќе во странство, кај нас тоа ќе дојде во следниот век. Што се секираш, што и да одбереш, супер ќе пројдеш.
Ама тоа е само анкетен лист. Не може да те пораѓа природно ако детето е поставено попреку на пример, па ти не знам колку пати изјасни се за природен ако сакаш. Тоа е сега така поставено, ама до пораѓај може да се измести уште којзнае колку пати. Избор на епидурал е едно ама за избор на начин на кој што ќе се пораѓаш е многу рано, освен ако не станува збор за договорен царски. А ако е за природно, таму нема дефинитивен договор, затоа што и во моментот на пораѓај може да се сменат условите па да се заврши на царски.
Јас одев на варијанта природно, со епи, па што биде нека биде. Свесна дека и тоа има ризик ама со доверба дека ќе биде добро. Единствен проблем ми беше епито, 3 дена ми бучеше главата како трактор да ми брчи под прозор, ама помина некако. Лично мислам делумно се заебав сама, никој не ми кажа дека треба многу течности да пијам. Значи пуш, пуш и после многу течности. Со господ напред.
Е па тоа ми е муабет, дека треба да си договорам царски за 2 недели на терминот. И се мислам да пресечам и да ми е мирна главава
дилемата е само твоја исто како и одлуката, сите жени на светот да споделат како поминале, твоето искуство ќе биде различно од сите нивни. Јас избрав природно, за епидурална сеуште не сум се одлучила, бидејќи ми е прва бременост ќе видам болките како ќе ги издржувам, па ќе одлучам. Како варијанта би размислила и за породување во вода, но и тоа има свои ризици.. Што и да одлучиш нека ти биде со лесно
Јас распукав мноогу. Родив дете 4кг. тешко. Ме шиеја 1 саат. Се опоравив за нецела недела. Болка на местото не осеќав ниту истиот ден откога помина дејството на анестезијата. Јас досега не сум чула дека поради такви повреди и шиење доле се осеќа промена на време и дека опоровувањето трае со месеци. Тој рез не може да се споредува со операција како што е царскиот рез.
Јас имам слушнато. Искусиле жени хорор и вака и така. Поминале супер и се опоравиле за два дена и од природен и од царски. Значи пак идеме на она секоја со среќата. А јас со среќата ко скарани да сме цел живот како и да е, само добро да е на крај
Почни да си мантраш - се ќе биде добро. Таман имаш време да се убедиш, оти стварно се ќе биде добро .
Какви ризици има породувањето во вода, мислам во Плодност се рекламира дека го нудат ама како да немаше истакнато некои посебни ризици отколку како и при спонтано? Баш како посоодветна средина за бебето да била водата како да читав во рекламата.
Има ризик од инфекции (во водата се испуштааат различни течности од мајката и бебето), бебето да се напие вода, не соодветна температура и да доживее бебето стрес, но мислам повеќе се однесуваат на раѓање во вода дома што се практикува во другите земји. Кај нас сепак е во болница и под надзор, би требало поголем дел од ризиците да се елиминирани. Иначе да, баш поради сличната околина со претходната, и мене ми се допаѓа. Само не ми е во опција Битола, далеку ми е да патувам па ми останува изборот во Скопје. Ако се одлучиш за пораѓај во вода би сакала да слушнам искуство како ќе поминеш.
Важи ќе пишам како сум поминала, ама поверојатно со спонтано или царски ако имам индикација за тоа и препорака од доктор.За во вода и јас се мислам, сега само реклами гледав, некако ми е далеку Битола, а и не за тоа не сакам сите од Скопје, детето во Битола родено. Тука идат во Скопје да родат, а јас пак обратно, некако чудничко така, да не ми го зезаат синето на училиште кога ќе потпорасне.
Не е кривица на тимот, туку едноставно може да се случи тоа, ама не е воопшто страшно и многу бргу заздравува. Кај мене после првиот пораѓај вагиналниот канал ми беше проширен, беше језиво кога се погледнав доле, како пештера беше, ама се врати во нормала. Не знам за вас ама мене после вториот пораѓај с.односи ми се подобри и воопшто немам болки како пред породувањата. На тие услови што ги пишува членката, природно во вода би одбрала
@Honny Во Германија си нели? Како тоа имаш избор природен или царски? Би имала избор само доколку претходниот пат е породена царски жената или сама ако си го платиш царскиот. Во болница ти рекоа дека може да бираш?? Бтв природно си е природно ама сепак секој знае што е најдобро за себе и за своето бебе.
Да, во Германија. Можно било да се плати приватно царскиот, а може и не, ќе видиме. Во секој случај стои како избор и јас дефинитивно и би платила ако треба (не ќе раѓам 100 деца де ) Ќе пишам после 17ти информација како е точно, ако не се премислам до тогаш за природен, ама тешко.
Јас мислам дека неконтролирано влечеле и му ја скршиле. Сама да пукнала не верувам! Има еден профил на инста каде што се постираат пораѓаи, најчесто природни, во болница, во када, дома, во сите можни позиции...точно може да видите колку е природен процесот кога тече сам, кога нема асистенција од типот стискање на стомак, епизиотомија, влечење на бебе и тн. А ова второво и те како се случува по нашиве болници. Јас дури откако ги родив децава сфатив низ што сум поминала, "као" низ природен процес. Ако има некоја желба да гледа, ќе ѝ пратам линк од профилот. @Honny потспородилна инконтиненција има само првите месеци додека се разлабавени мускулите. Со кегелови вежби (а често и без нив) сѐ си се враќа во нормала. @forumce ме изнасмеа со пештерата но и јас ко тебе, морав да се погледнам, (после прво дете не се осмелив) и истото си помислив. Но после откако си се собра исто така бољи секс имам. Како девојка многу често болен секс имав, сега тоа не ми се случува. Сега да треба да бирам, би го "стискала" до Битола да се породам во када, без епизиотомија. Болки трпам, така што за епидурал ми е сеедно. А ако решам трето да раѓам (пошо нема да имам време до Битола) ќе го раѓам дома
Јас родив две деца природно без епидурал.Со првото беше потешко,испукав доле плус ме сецнаа,ама се помина супер.Потешко зараснуваше раната,бев многу шиена.Со второто не сум воопшто шиена.Доле немам никаква промена никаква разлика од пред пораѓаите освен што имам лузна мала што мм не ја ни приметил,само јас си ја приметувам Инаку и дете што е напречно свртено може да се роди природно,ја прашаа дали сака да пробаат да ја вртат додека трае природниот пораѓај со тоа што и напоменаа дека не е баш едноставен пораѓај,па имаше избор меѓу царски и природен.