Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спонтано породување или со царски рез?

Дискусија во 'Бременост' започната од Cka, 30 јули 2017.

?

Каде и како се породивте?

  1. Природно, во приватна клиника

    100 глас(а)
    17,6%
  2. Природно, во државна клиника

    211 глас(а)
    37,2%
  3. Со царски рез, во приватна клиника

    118 глас(а)
    20,8%
  4. Со царски рез, во државна клиника

    158 глас(а)
    27,9%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.065
    Допаѓања:
    3.784
    Пол:
    Женски
    Може да е индикација, не знам, тоа доктор ќе каже. Секако имаме избор ако е индикација. Викам дека е исклучок да се случи да му скршат коска на детето. Не знам што би избрала, веројатно царски. Ете другарка ми избрала природно, побеќе боли, ама нејзе и беше второ. Јас уште не знам што ме чека.
     
    На simona_baby му/ѝ се допаѓа ова.
  2. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.425
    Допаѓања:
    16.987
    Пол:
    Женски
    Не,ме збуни скроз зошто јас не спомнав за кршење коска,него некој имаше пишано за карлично свртено бебе,па кажував дека во тој случај мислам дека е подобро да се роди царски зошто тоа вртење не е баш толку наивно,доста комплицирано е.
     
    На Brpbrp, tina2018 и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  3. glisa

    glisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    155
    Samo sto vlegov vo 27 nedela
    Prvoto mi beshe carski poradi sto za prirrodno ne se otvarav, iako vodata mi beshe istecena cekav do kraj da se otvaram no nisto, doktorot mi kaza iako stavam rece infuzii za bolki ne sme sigurni dali ce se otvorish,jas nocta otidov vo 2na polnoc posto vodata mi istece,cekav cela noc, pa cel denn , klizma veq mi imaa stavenooo ,celiot den cekav ne bivashee,celo vreme besbe 2 prsti ovor, pa vo 8 nocta sama odluciv carski zato sto i klizma napravena beshe, ne ddavaa ni voda da piam i premn se izcrpiv sto vece nemozev da stojam na noze a ne da se porodam prirodno osekjav sekoj moment deka ce se onesvestam i zatoa sama potpishav za carski, so operacijata se beshe vo red, normalno bolki imav, no od anestezijata neznam cuvatvo imav ko od mrtvite da sum se vratila od toa najmnogu mi e strav posto vo 8 me zedoja na operacina veq vo 11,30 se probudiv od anestezijata nemzoev oci da otvaram a slusav i samo placevv znaci neznam tiee satiii imav strasni bolkiii bukvalno mislev vo sebe deka umrev gadno cuvatvo, pomina navistina vikaat se zaborava, pominuva no ne se zaborava !
    Ne se pravam pisham so bev carski, samo so budenjeto od anestezijata loso iskustvo. Se nadevam nema da mi bide taka i na vtorovo
    Nejse da ne zaplasam nekoj prvorotki so se ne znaci deka kaj sekoj e isto sekoj e razlicno i pokasuvam site so les da pominat.
    Btw povece sakav da prasam na tvoroto kako napravivte termin za porogjaj, kolku vreme pred toa, kako odi?
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.235
    Допаѓања:
    76.248
    Пол:
    Женски
    А сама бираш да си со целосна општа анестезија? Јас со спинална топ поминав, нема такво будење зошто будна си бев цел пораѓај само од половина надоле не осеќаш ништо и нозете се чека да ти пуштат... Свежа, расонета си бев после цел ден..
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. АнеАце

    АнеАце Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Женски
    Мајки да ве прашам кај која се знаеше дека ќе биде втор царски, пред колку време унапред се договоривте со докторот кога да биде царскиот и во која недела најчесто се прави?
     
  6. Iliana88

    Iliana88 Активен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2021
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Prv prirodno, vtor carski, bebeto bese poprecno transverzalno postaveno nemase sansa da se svrti a i golemko 4450, se dogovorivme deka ke bide 39+nedela najcesto togas gi pravat.Se porodiv 39+3.Me cekase do 37 doktorot eventualno da ne se svrti i togas se dogovorivme.
     
    На tina2018 и АнеАце им се допаѓа ова.
  7. Honny

    Honny Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2021
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    1.155
    Пол:
    Женски
    Здраво пак, денес имав термин за договор за пораѓај, се изјаснив дека сакам царски и се прифати без многу убедувања. Одлуката е донесена, макар што ми кажаа дека имам време да се премислам. Јас се израдував искрено, затоа што се плашев дека без индикација нема да прифатат, ама ми кажаа дека изборот е мој и не може никој да те присили на ништо( во Германија ова) :DЗначи ако се зезнав, сама се зезнав и да не ми е после криво. И милон причини да има и милион предности природниот пораѓај, мене интуиција ми вика царски;) Сепак фала на сите споделени искуства и мислења во претходните страни. За два месеци од прилика ќе го споделам и моето, се надевам позитивно искуство :inlove:
     
    На kikikikirika, tina2018, Ivana-Iva.94 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    И мене ми олесна кога реков за царски ама сега си карам што не ме премислија..Уште имам мака а поминаа 2 месеци ама кај секој е различно,мене животот ми се смена телото не си го препознавам..Само тегни само доболува некој чудни болки..Стомакот над раната ме боли на допир и ме излудува..Тоа сум јас,не значи дека на некој друг ќе му смета ти посакувам најлесно да поминиш!
    Тоа виснатото над рана нема баш да исчезни и колку време и да помини кај мене е незабележливо ама од горе јас си го гледам иако си ја вратив килажата од пред да останам бремена.
    Јас што не прочитав и што не правам за побрзо да помини ама џабе телото си сака време сепак е операција и тоа баш голема операција.
     
    На mal.ecka, elimkd и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  9. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.305
    Пол:
    Женски
    Некои немаат болки ни од болница. Јас еве уште малку 2 и пол години како имав царски и уште имам болки на промена на време и тоа доста силни. Некогаш и апче за болка ми треба.
     
  10. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    Да да затоа и реков некои се како нови по некој ден..Психичкиот фактор исто така брка голема улога..Според мене нема поубаво од природно и сега да ми е порадо би одбрала да се губам на бокс и да ме шлакаат со вода и животот свој би го ризикувала ама природно би се породила секако доколку бебето не е загрозено во ситуацијата...
    Тие болки и страв се кратки за разлика од ова што ќе го носиш цел живот..
    Пак ќе кажам секој човек различно се опоравува..
     
    На nevermet18, mal.ecka, elimkd и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Honny

    Honny Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2021
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    1.155
    Пол:
    Женски
    Поентата е што не знаеш на природен како ќе поминеш, колку има жени што се изнамачиле, бебе се изнамачило, па рекле "како не си барав царски од почеток". Ама да, како што рековме секој своја приказна, јас обично одлуките ги донесувам после долго размислување и мерење на приоритети. Нека ме боли секаде и нека сечат секаде, само интимен регион да не ми чепкаат:D Јас не би поднесла да имам конци "долу" па нека не болат ич ако треба и нека зараснат истиот ден. Не се работи за болката уствари туку како јас си го доживувам моето тело:D а и за бебето уствари, не можам да думам до последен ден дали ќе се заглави карлично или ќе го тргаат со вакум. Вака по извесна ми цела ситуација, како и да е само здрави и живи да сме со бебчо, никогаш не сум се каела за своја одлука, онака како што ме влечело срце, како во ситуацијава. Сум се покајала за наметнати одлуки под влијание на други кои излегле погрешни за мене(fingers)
     
    На nevermet18, mal.ecka и ivani30 им се допаѓа ова.
  12. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    1.637
    Пол:
    Женски
     
    На Anita Nikoloska, tina2018 и marijamarkoska им се допаѓа ова.
  13. Anita Nikoloska

    Anita Nikoloska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2021
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Јас и со двете бремености(со првата близнаци со втората едно бебе) се породив со царски рез во Ре-Медика.
    Немав некои големи проблеми и со двете станав после 48часа од кревет и отидов на прозорец да испушам цигара.
    Многу е добар персоналот на секој час или два доаѓаат да те видат како си.
    Е сега моите не беа со мене беа во инкубатор бидејќи надвор беше ладно.
    Со вторара се породив скоро пред недела на 8 Декември.
    Вагинално породување не сакав бидејќи ми беше страв, а и несакав бебето да се мачи.
     
  14. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    9.100
    Пол:
    Женски
    А како тоа бебето се мачи при природно породување?
    Тоа што се бутка да излезе е мачење?
     
    На Sofi.ja, Mantub, marijamarkoska и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Anita Nikoloska

    Anita Nikoloska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2021
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Па најверојатно да.
    Ова го имам слушано од постари жени како мајка ми, свекрва ми и слично.
    Не сум се сетила да прашам кај гинекологот.
    Ама попладне сум на контрола ќе прашам и ќе пишам овде.
     
  16. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    9.100
    Пол:
    Женски
    Ауу од многу стручни личности си слушнала.
    Немој да ме разбереш погрешно не ти ја оспорувам одлуката што си сакала да се породиш со царски, ама оваа информација нема благе везе, доколку е се во ред со бременоста и со мајката и не се појави некоја компликација за време на породувањето како што некогаш се случува, природниот пораѓај е подобар избор отколку царски, ама сите мајки од страв од болки, а ова царски го замислуваат демек царици ќе бидат, во реалноста не е така.
    Сепак е операција, и ти вадат и црева и све од стомакот.
    А тоа дека бебето се мачи, не се мачи воопшто, туку само се бутка со ножињата за побрзо да излезе, секако после од кога ќе му излезе главчето, докторот сам го вади.
     
    На lovely91, oblace1, ArtemisSs и 16 други им се допаѓа ова.
  17. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    Извини вака ама никој не сака операција за да е царица..Ако не прашаш нас цариците сите ќе ти потврдиме..Пошто царски бебчо си поминува а нас животот ни е во ризик пошто нели сакавме полесно да поминиме. Јас на пример се плашев да не добијам паничен напад на бокс,да го заглавам бебчо и да направам поголема беља па да не знаат дали да трчаат по мене или по неа и веројатно ќе завршев на итен царски пошто кај нас докторите место да те охрабрат знаат да ти речат еее што мислеше или како мислиш вака да раѓаш?
    Од болки ама ич не се плашев..
    Баш од ваквите како вас што ги омаловажувате мајките за начинот на пораѓај и ги нарекувате царици дека нели не се измачиле и не се доволно мајки јас не можам да излезам од мојата постпородилна депресија.
    Да не се разбериме погрешно,да можам да го вратам времето ќе соберев храброст можеби поголема не за да се фалам и величам што сум се породила природно туку за да го избегнам опоравувањето што е многу мачно еве и после 3 месеци..
    А дека ти вадат црева од стомак на маса тоа не се случува..
     
    На Lady D ❤️, mal.ecka, ane.bella и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    9.100
    Пол:
    Женски
    А каде виде дека јас ја омаловажив мајката жити се, ај прочитај го уште неколку пати мојот пост па кажи ми.
    Ниту имав таква намера, ниту реков дека е помалку мајка затоа што не се мачела, истото важи и за тебе бидејќи очигледно си се пронашла ничим изазвана.
    Ако во твојата околина другите те омаловажуваат поради тоа што си родила царски не значи дека и јас тоа го направив тука.
     
    На lovely91, ArtemisSs, marijamarkoska и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    Па кога ќе го слушнам тоа мислат царици одма знам за што станува збор ;)
     
    На ane.bella и Anita Nikoloska им се допаѓа ова.
  20. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.095
    Допаѓања:
    26.941
    Царски се вика оти на времето кога имало кралици кога се пораѓале и било критично вршеле царски за да се спаси новороденчето пошто ќе е наследник, нареден цар. А, не мајката полесно да помине.
    Не знам шо да ви кажам за темата, секој си одлучува како ќе се пораѓа. Дека царски е подобро од природно, не е и никогаш ништо нема да замени природнто. Тоа е и целта на целиот муабет на @Snowflake97
     
    Последна измена: 23 декември 2021
    На lovely91, mssuniquee, elimkd и 9 други им се допаѓа ова.