Да ги знам ризиците плус и сестра ми е гинеколог и таа ми кажа дека е ризично некој ми велеа да го извидат па да го растат во епрувети и разни триста чуда ама не прифатив па фала богу се беше во ред се роди со должина од 50 см и режина од 840 грама
Ја исчитав темата и уште се крстам оние што се против природен кога тврдат дека ќе им се рашири. Па жените порано по 10 деца раѓале, така ако се ширела ќе им излезеле сите внатрешни органи низ пи**та. Одсекогаш сум размислувала за царски ама живеам во Германија и тука лекарите викаат без причина нема шанси царски, дури и да сакаш да платиш на приватно не може. После се консултирав со бабицата, а и со многу жени тука сите биле на природен и се презадоволни. Имам уште многу време до тогаш но уште сега психички се спремам за природен. Тоа модата во МК со царскиот мислам дека е бизнис на лекарите.
Не би се сложила со тебе, има жени кои поради индикации мораат да одат на царски, мене на пример ми рекоа можеш и така и така ама јас одлучив царски искрено нејкев да се мачам, чекав 7 години и нејќев да се искомплицира, и да ти кажам од прв ден сум на нозе како да немам родено.
Ова за во Германија збориш? Јас пишав за Германија и тука е така, не ти даваат царски на сопствена волја. Ти велат не можеш ти подобро од лекарот да знаеш. Прв пат тука прочитав членка во Германија што без причини и дозволиле царски. И никаде не пишав дека МОРА природно ако има причина за царски. Никаде не пишав ни дека царски е пострашен и не можеш да се оправиш после него, не сум се пораѓала ни така ни така. Ако некоја е ЗА некој вид пораѓај, не значи дела е автоматски против другиот или дека во иднина нема да се пораѓа на другиот начин. Јас од сите такви мислења леле природен е страшен, имав страв од природен, во МК сите мои познанички се со царски, но сега кога читам и слушам колку жени се породиле природно и ниедно бебе не умрело од природно фала Богу, викам зошто да се плашам.
Да одиш на природен тогаш, затоа што се гледа немаш проблем со природниот и ќе го поминеш без проблем како и многу други, ама ај да не се крстиш за оние што имаат поинаков став, мислење и чувства различни од твоите. Ако за тебе е подобра опција, мораш да ми се чудиш зошто не би било и за мене подобра?! Мора она што е ок за тебе да е и за мене или како... Иначе дека без физичка причина не пуштаат царски во Германија( ти одговорив и во друга тема) моето искуство вели дека напротив пуштаат. На Фејсбук има групи за трудници, ако разбираш германски читај и види дека царски "без" индикација е и тоа како дозволен во Германија. Ретко каде не го дозволуваат. И не се плаќа екстра ништо. Иначе психичката спремност е исто индикација која докторот е тука за да ја процени како индикација. Проблемот е со нашите во Германија што не знаат да се изразат и искажат стравовите и очекувањата, јазикот им е бариера. Како тоа по германски групи ретко која ја одбиле за царски туку нашите само ги одбиваат. Го пишувам ова чисто да те демантирам дека нема царски по желба, за да не шириме дезинформации.
Кога се породив па кога ми честитаа сите другарки, колешки роднини генерација близу мојата и нормално прво прашање им беше - а природно или царски? - јас природно… од сите буквално толку зачудена реакција се си мислев ќе ме прогласат за народен херој … А ова со вагинава хахах стварно смешно, ме занима што им викате на гинеколозиве? Сакам царски чисто да ми остане тесничка пријателкава доле
Па не знам зошто би требало да е чудно или смешно тоа за вагината јас не знам жена што не помислила или не и е воопшто битно, може да и е само помалку битно...а и мажите често стравуваат како ќе биде после, признале или не Само да нема осуда и потсмев за тие жени што сакаат да им остане "тесничка" и имаат можност да го избегнат моментот и го избегнуваат. Едноставно секој го доживува различно своето тело.
Смешно ми беше бидејќи тука прв пат прочитав, јас во ниту еден момент не помислив што ќе биде доле после природен пораѓај, други психолошки грижи си имав
Не Од каде виде дека пишав што е подобра опција за мене или тебе? И јас како ти сум тука на темава да соберам информации за полесно да донесам одлука. Во моментот ми изгледаат исти и двата. Не знам баш дали Даница е некој што не разбира германски, ете нејзе не и дале царски. А и ред други што коментирале освен тебе. А и на германски форуми исто прочитав, исто и имам две пријателки што сега треба да се породат, а едната и е мајчин германски. Не мислам дека е проблем германскиот, туку навистина се форсира природен. Го видов твоето искуство и баш се израдував што има можност за избор и тука, па до 9ти месец може ќе ми текне и за царски. @Emotional123 логично е да се шири, ама тука како опишуваат некои што се против природен ко кратер да станува, а еве жени после природен велат нема врска. Како го правите природниот ко жени после природен да мора да се збогуваат со сексуален живот, оти толку многу им се широки што не осеќаат ништо.
Женски, многу е безосетна реченицата - Сакав царски пошто многу го чекав бебево па нејќев нешто да се случи - звучи многу наивно, ама во основа е ко на оние што не го чекале многу бебето, не им е гајле, па што и да му се случи нешто на бебето, друго ќе си направат де. Ај да ја исфрлиме реченицава од употреба по темиве ве молам.
Ете јас од искуство можам да ти кажам дека ако си расчистиш сама со себе и ако решиш за царски, има начин. Има болници на избор и доктори, посебно ако имаш време ако не си во 9 ти. Јас од 7 ми бев да договарам чисто за ако ме одбијат да имам време за друга болница, значи ако си цврсто донесла одлука начин има, посебно во Германија. Не мораш ни на бабицата ни на докторот ако те одбијат да прифатиш како тоа е тоа. Со среќа како и да е. Она што ти дава повеќе мир и самодоверба е правилното и за тебе и за бебе.
Имам страв од царски. Не би да елаборирам особено од осет кон други трудници, од личен пример сум извадена од памет. Кога ми кажаа дека има индикација за царски се расплакав. Треба да се има во предвид дека мената поминува низ многу промени и непознати работи. Стравот е голем и за едниот и за другиот начин. Може ако се работи психички со жените или ако им се објасни за ризиците и предностите на различните начини на пораѓање, би било поинаку. Бев на едно предавање од доктор од државна. Објаснуваше за ризиците и по неговата калкулација секогаш царскиот е поризичен од природниот. Во секој случај има ситуации, индикации, психолошка состојба, страв итн и навистина е лошо кога жена на жена вперувате прсти. Кој како мисли, кој како се чувствува така нек прави. Убаво е кога споделувате искуства, не ја уништувајте темава.
Еве ви лично вагинално искуство : Пред да имам деца сексот беше понекогаш болен, а сигурно болен ако нема предигра. После едно родено дете ситуацијата беше така-така, но откако се роди и второто сексот се промени за 200% на подобро! Дури и кога сакаме брзински секс во купатило дур деца спијат и нема време за предигра, вагината има влажност постојано (многу ретко се случува да нема), си бркаме работа и све е супер Незнам дали е ова само до мене, но имам чуено од многу жени дека после раѓање деца сексот им станал бољи. Стравот што ќе биде отпосле го имав само додека бев девојка и неинформирана. Но сѐ додека има кој да ни каже, пренесе искуство, дали лично или да прочиташ на форум, треба да рачунате дека стравовите некогаш ни се непотребни.
Не разбирам како може некој да биде за тип на пораѓај. Као, кратковида сум, па бирам очила или леќи? Не бев од стално ваква мутава, дури живеев во Мк истите искуства и ставови ги имав ко тебе. Ама дојдов на трулиот запад, кајшто малтретираат жени на секое ниво, вклучително и особено на пораѓај, па доктори проценуваат која е најдобрата опција, односно најбезбедната за двајцата, и за мајката и за детето. Они мене да ми ускратуваат право на избор, они да мерат, да следат на ехо, да гледаат позиција, да следат параметри, па да ти кажат, вака е подобро. Глупости. Природен пораѓај е забранет збор за употреба иначе, од пред некое време Во англосаксонскиот свет задодуша, ама па стварно, доста е, во кој свет живееме. ...Видиш, и темава нема во насловот ,,природен,, спонтан бил пораѓајот уствари
@Kitten исто Едно вагинално породување, првите пати после пораѓајот беа чудни, баш и со мм го зборевме ова, ми вика чудно беше доле како меко. Ама после неколку месеци си се врати на старо и искрено сега сексот ни е подобар од било кога! Така да сметам и јас дека нема врска вагиналното породување, дека се менуваат мускулите тоа сигурно, но мускули се, си се враќаат во првобитната состојба после некое време.
Да споредуваме природен пораѓај во Германија и во Северна вукојебина е малку смешно, нели? Како баба со жаба да споредуваме му доаѓа