И ја се плашам од царски. Со првото, муабет од доктори - тесна карлица, тврдо грло, машка карлица, затворена камен у 40та недела. 90% царски ме спремаа. Се породив природно за 15 минути. Сега за второ ми е истата карлица ама се молам пак да искочи спонтано.
Кај мене не е таков проблемот. Имам кардио состојба од раѓање која до сега не ми правела проблем, сега ми прави згоелмени тахикардии заради оптоваренпста на срцето нели пумпа повеќе. Кардиолог ми рече терај природно немаш гајле, јас гарантирам нема да ти се случи ништо, гинеколозите креваат рамења, подпбро било царски (со такви случаи најчесто царски ги оперирале) затоа што се случива да изгубиш кондиција од адреналинот на бокс. Се молам да ме превари малово природно да си тргне, стварно немам храброст за царски.
И како после ова уште сакаш природно? Некогаш не ми сте јасни, читам и се чудам. Разни луѓе - разни табиети.
Чуди се. Чим кардиолог ми одобрува, не сфаќам зошто не би сакала. Јас објаснувам дека добивам различни мислења. Ваљда мислењево на кардиолог не тррба да го множам со нула така?
За ова прв пат слушам искрено. Како може да се извади и да се расте во епрувети После што? И 50цм со 840г? Грешка ти е ова 840г? Имам познаничка што бебето е под 1кг, но 30 и нешто цм беше, што во просек се толку долги со 840г.
Има време за мојот пораѓај. Гин рече да не брзаме да видиме како ќе се одвива ситуацијата до 9ти па да се договориме. Така и ќе направам, иако потајно се молам да препорача природен.
Со таа дијагноза Не верувам никој гинеколог да те чека за природно да те породи. Или ќе бара пасмен извештај од кардиологот, кој нема шанса да ти го напише писмено тоа што усно ти го "одобрува".
Гледам многу често пишувате се ширела вагината па еве ме интересира на колку од вас ви се рашири? Двете ми се природно родени кај мене нема промени.
Чим ти одобрил кардиолог спреми се психички пред се и за двата начина на пораѓање, ако видиш дека не можеш да издржиш природно ќе им кажеш и ќе те однесат во сала на итен царски. На крај не е битно на каков начин ќе се породиш, туку да сте добро и ти и бебето.
Види и јас имав ау бау страв од царски од некои здравствени причини ај да не навлагам. Сите у околина ми тупеа нееемој да си прииифатила цааааарски. Јас не бев психички подготвена за царски од вакви бош муабети. На бокс у напони и контракции сфатија дека морам царски. Ја таква со панични напади веќе, кога слушнав мислев крај на светот е. И да ти кажам глупости се. Се додека е безбедно и за бебе и за мајка, не е битно како ќе се роди. И аман нека не се прават луди идните родилки кои имаат стравови без разлика од кој начин на пораѓање.
Извештај во кој пишува дека мојата состојба е од незначителен карактер бидејќи е вродена сосотојба и дека мускулот е префектно здрав со што може да издржи физички напон и напрегање. Фала мила на тоа и работам, ама спремањето за царски потешко ми оди, мора да признаам. Затоа кога читам добри искуства психички ми помага и ми дава кураж. Особено овој дел.
Значи дал мислење дека според него може да се обидете природно. А со тахигардијата што правите? За тоа ќе треба и интернист да даде. И јас ја имам, повремена. Ама ниеден интернист не ми дава писмен извештај дека би можела спонтано да пробам
Моето искуство е од три бремености и три пораѓаи, два во приватна и еден во државна клиника. Инаку германскиот ми е перфектен и немам никаков проблем да се изразам или некаква пречка во комуникацијата, па би исклучила опција и можност за јазична бариера. Инаку да, од старт не прашував за опција да одам на царски од едноставна причина што за мене спонтаниот пораѓај имаше приоритет. Психичката состојба на родилката сигурно има огромна улога и доколку специјалист заклучи дека не е во состојба психички да помине низ тој процес на пораѓај верувам дека се остава простор за другиот вид на пораѓај. Во овој случај сум само скептична дека едно страв ми е(оти верувам нема трудница која не се соочува со емоции и мисли од овој тип) е доволно. Во однос на физички индикации, јас бев на бокс, после икс саати неуспешни напони, неуспешно спроведена епидурална и јаки болки, неколку доктори кои стискаа на стомакот со цела сила, две бабици кои ме виткаа во кебе и го стискаа....признавам молев за царски. Оти нели, бев пред онесвестување, ама рекоа не. Со вакуум, кога веќе бев во полусвесна, извадија дете. Третата бременост беше карлично, одбија да ме породат со царски, туку решија да вртат детето додека е во стомак. Искрено и јас сакав спонтано, после два такви пораѓаи не сакав да одам на царски, ама излезе дека во последен момент коленото на бебчето било над отворот, не газето како предходно кога планираа спонтан пораѓај, па сепак испадна итен царски. Се најдобро и со лесно.
Веројатно зашто само кардиологот може да гарантира за состојбата на срцето. Еве незнам, но и мене повеќе ме влече да се слуша кардиологот, секој што си е стручен во своја област. Зашто ја имам негативно искуство со еден гинеколог, кој беше упорен да боцкам клексани, а трансфузиологот беше подналутен на неговото инсистирање, практично му се мешаше "во штипки".
Не знам со ништо што ќе правам, а не па со тахикардијата. Правам цело време испитувања, носев холтер, ме ставаа таму на некои машини, кардиологот вика вакво срце немам видено здраво. Да не знае чоек што да праи.