Ако читаше внимателно, ќе видеше дека гин само предложи од други искуства, но рече да се почека до 9 да се следи ситуацијата. Мојот гин не е упорен, но алудира на претпазливост (и зборува од ислуство). Не знам кого би слушала во случај да во 9 месец останат на истоот став, но сепак мислам дека, чим гин бараше мислење од кардилог, ваљда ќе му значи нешто, нели. Сепак може и од состојба до состојба да има разлика, може другите трудници имале повеќе тешкотии. Шо знам.
Штом имаш амин од кардиологот јас би пробала природно, па ќе видат докторите како ќе се одвива пораѓајот. Со лесно.
Да Ама ако се работи за операција или некоја интервенција на срце. За пораѓај и гинеколошки интервенции пресудно е мислењето само и само на гинекологот
Мешање во штипки е ако трансфузилолог рекол да СЕ примаат клексани а гинекологот бил против. Кај тебе е обратно. Сигурно гинекологот видел нешто и сметал дека треба антикоагулант( лакуни, калцификати, застој....). Трансфузиолог гледа само д димер, хемостаза и мутации. Во случај како твојот треба да се слуша гинеколог
Леле идејата ич не беше да настанат длабоки теми и дискусии. Само го споделив психолошкиот страв од царски со членката, по потенцијална индикација. На крајот секако ќе се стават двете мислења на маса и страв не страв, ќе се одбере најдобрата варијанта за бебе и мене. Ако мислењето на каридологот не било битно, немало да ме пратат од гинекологија. Ако мислењето на гинекологот не е битно, немало да се дрзне да коментира и да ме праќа (сепак они мора да се запознаени со сите сосотјби на родилката). Фала на сите за мислењата, само пак ќе кажам, нападни ставови, осуди, превртување очи, висок тон, се работи што најмалку една трудница сака да ги прочита/слушне. И пак ќе кажам си имам причина за сстравот, не е неоправдан. Не би да елаборирам, да бидам фер да не споделувам лоши искуства со трудници на кои најмногу им се потребни позитивни исуства и кураж.
Избегавме од темата ама еве и за ова да кажам. Кај мене гинекологот исто сметаше дека треба да се боцкам ама ме прати кај трансфузиолог да се консултирам. Искочи дека нема потреба зашто сум на граница ама да се следи состојбата. Исто и за скриениот шеќер - за гинекологот резултатот беше во ред ама ендокринологот рече дека морам да примам терапија и на крајот да се види каков ќе биде пораѓајот. Сепак пробавме природно, од други причини завршив на царски. Јас ги слушав специјалистите во своите области и тоа по препорака на гинекологот.
Ама зошто мислиш дека разговараме на висок тон?! Разменуваме мислења, барем од моја страна е така. За страв Не ми збори. До полани ништо на светот Немаше да ме убеди да раѓам природно ( ова коа немав волку дијагнози). Сега, кога е кажано категорично дека мора царски, јас сум упрпана за сите пари. И само си велам- ех да можев природно. Ама тоа е. Ќе успееме да се соочиме и со овој предизвик. Само Господ да е со нас Бебињата ќе мора некако да ги донесиме на свет
Не алудирав на тебе или на конкретнава дискусија, ама некако целата тема е со напнати ставови. Јас почитувам туѓо мислење, и искуство, особено поради тоа што се соочувам со еден од поголемите стравови. Ниедна мајка не е будала ако мора царски да се натега за природен или обратно. Секоја мајка ќе избере што е најбезбедно. Така и јас. Но проблем е кога имаш различни ставови од различни страни. Уште кога ќе речат "ако мене ме прашуваш..." демек ја експерт сум па ако он рече царски јас со глава во ѕид ќе одам. Чија ќе е одговорноста ако се потфрли на бокс? Така? Не можам да ти објаснам кој паничен напад го добив кога ми спомнаа за царскиот. И затоа кога ќе прочитам како некоја трудница се породила царски и одма станала со "минимални" болки и без компликации срцево ми се олабавува. Проблемот со групава е што некои членки се однесуваат како да е многу лесно, па самиот пораѓај каков и да е носи психолошки терет и страв, а особено да не зборам ако е задолжителен начин на кој ти не си спррмна (кај мене царски). Дај Боже само здрави и живи да ги фатиме во прегратка и цел живот да не радуваат.
Ај јас сум пред тебе мислам. Ако прокрцкам јас,.сигурно ќе можеш и ти Све ќе биде во ред, мора да биде
Обавезно да пишеш и посакувам најлесно на цел свет да пројдеш, да се окуражам и јас ако бидне царски да имам за тазе пораѓај да се фатам дека "ако бил лесен тој, ќе биде и мојот" (психолошка варка)
Еве да го споделам и јас моето искуство,се породив оваа година во септември природно во приватна клиника и беше тоа релативно брз пораѓај...Ден пред да се породам ми рекоа дека бебето е 3450 гр. А излезе 4010 гр. Немам ништо против царски,што се мора се мора бебето и вака и така ќе испадне.
Дечки Кој ќе ве пораѓа , гинеколог или кардиолог или интернист? Знае гинекологот кои состојби и индикации се за царски.
Бубче, мајка ми од 18 год е со тахикардија и терапија, и мене и брат ми не родила природно ( брат ми и постара, 11 год.сме разлика) Јас имам од мала прескоци на срце, повремена тахикардија, брз замор, родив исто природно ,немав никаков проблем. На бокс од ненормален страв и притисок ми рипна ( а имам низок) и тахикардија ми се јави одма ми ставија нешто се се смири. @Ljubova срцето е скоро секогаш здраво, најчесто тахикардиите и аритмиите се од друг карактер, затоа е добро да се направи преглед кај кардиолог-електрофизиолог.
Кардиолог е специјалист е само тој може да ја процени состојбата на срцето. Не верувам дека доктор би пишал препорака ако не е сигурен во резултатите. Точно е дека гин се грижи и за мајката и за бебето. Ама негова специјалост е бебето а со други се советува за мајката.
Пораѓајот не влијае никако на срцето различно од секој друг голем напор. На кардиолог му е експертиза срце и напор. Значи ако кардиологот гарантира дури и со извештај дека срцето е спремно, нема што на форум експерти правење. Ако требало само и само гинеколог да се слуша, немало самиот гинеколог да ја пушта на кардиолог тој да даде проценка. Колку многу се потценува големината на царскиот рез не ми се верува. Чиниш збориме за крајници вадење. Не знаел кардиологот ноу комент Одете и на второ, и на трето мислење, дајте повеќе пари ако треба за на приватен, ама одете кај добар и искусен доктор. Мислам стигмава околу природен пораѓај треба сериозно да ја намалиме. Читаш и коса ти се крева. Забораваш дека за пораѓај збориме. Многу состојби не се индикација за царски. Ние овде сме вакви - настинка имам, морам царски. Увото ме чеша, морам царски. По статистика имаме многу царски во споредба со други држави. Се прашувам како може само во Македонија да се собрани жените со индикации. Мене не ми менува ништо која како ќе се породи. Ама да си трудница и да читаш, спонтаниот пораѓај некои го опишувате еднакво ко на колење одење, мислам и врски ќе фатиш, и пријатели ќе најдеш и ќе се подложиш на комплексна операција зошто си прочитал работи извадени од контекст, а всушност не си имал вистинска причина. Од премногу царски по цел свет, научници приметиле дека грлото ни се стеснува, атрофира од некористење, па ми е страв дека од неодговорно размислување ќе се доведеме еден ден да не можеме дете да родиме без операција. Ние може не, еволуција бавно се движи, ама внуци и правнуци наши. Не само пациенти, и сами доктори ги внесувам овде што прашуваат каква желба имаш, наместо да инсистираат до крај на природен како во многу подобри здравствени системи.
@Mantub интересно, не сум знаела. Ама логично како за други органи кои атрофирале. Или како што антибиотици не помагаат. Овде се експерти за се. Ама кога имаш поддршка од доктор кој си сака пари, лесно е.
Не, немаше никакви индикации кај мене. Сѐ беше супер, ме прати рутински да сум испитала хемостаза. Беше упорен за клексани само ради покачени д димери, а сите други параметри одлични. Се консултирав и со други двајца гинеколози, рекоа не треба. На крај решив да го сменам матичниот. Бебето се роди 3800, а тек да боцкав клексаниии....
Ауффф Ова е веќе лошо И мене веќе главата ми е каша попара. Почнав на никој и на ништо да Не верувам. Дури ни на роЏениот сопруг