Како последица на самиот мускул се кај мене, вродена сосојба на самото срце. Со текот на бременоста се зголемија, но ми беше објаснето како сосем нормална реакција со оглед на тоа што срцето пумпа повеќе. Ги направив сите испитувања, според кардиолозите (што ме водат од дете), нема потреба ни за терапија (кај некои морало, согласно степенот). Според гинеколозите, најчесто (не секогаш) ваквите случаеви ги третираат со царски. Ќе видиме како ќе биде кај мене.
Некогаш се одлучува со конзилијарно, или како и да се вика процесот. Знам за една родилка која пред сам пораѓај ја оценуваа дали е за природно или царски. Дојдоа и доктор кардиолог и интернист ако добро паметам.
Ако длабоко им веруваш на кардилозите и сакаш природно, тогаш пробај природно. Секако за секој природен се спремни за итен царски, ако ти е утеха. Затоа и доктор е тука при пораѓај. Инаку кај природни пораѓаи во државни акушерка те пораѓа. Ама докторот е тука за итни ситуации, може не до бокс во секој момент ама е присутен. Царскиот не е наивна операција, иако на форумот се опишува како таква.
Воопшто не е така. Гинекологот ја пораѓа. Можеби учел дека со тахикардија жена се пораѓа царски Повторрувам, гинеколог зема детална анамнеза и кажува како е најдобро за мајката и бебето.
А причина за тоа е епидуралот кој во државна го нема. Колку жени само раѓаат и плаќаат за царски за да "не ги боли" природниот. Еве и на форумот колку ги има. Мислам, џабе дискусија и сѐ едно исто се вергла. Тоа е. Да имаме епидурал ќе се намали бројот на царски
А докторот што е целосно посветен на срцето? Сигурно учел повеќе за издржливост во сите околности. Исто како што трансфузиолог одредува дали и колку антикоагуланти требаат. А на приватно кога раѓаат?
Епидурал има во Санте на пример, а царскиот е поскап секако. Нема логика во тоа дека нема епидурал па се оди на царски да не боли кога приватните го имаат како опција. А царски без индикација мислам дека на државно не прават. Секако, природно треба да е прв избор, иако 1 од 4 во мое друштво е породена природно. Мислам дека треба да се проба во најмала рака.
Цаски без индикација не прават на државно? Дали си сигурна? Виц на годината И не. Немаме сите пари за приватни клиники!!
Не споредувај антикоагуланти и пораѓај. Кој ќе биде крив за недај боже? Гинекологот или кардиологот? Нормално тој што ја породил. Пред пораѓај, да те потсетам , се отвора историја. Докторот ти вика аха, со оваа дијагноза се пораѓа природно , а со оваа царски.
Ќе платат ако сакаат. Исто ти се фаќа. И јас ќе одам у државна, немам 1500е за Систина или Ремедика. И да имам, не ги давам.
Имаме случај у на мм фамилијата. Девојка т.е 24 годишна жена со епилепсија, од раѓање. Цел живот скоро мм си ја води, терапии, редовни снимања, испитувања...Све и знае напамет. Со добра терапија нападите и се ретки, си функционира најнормално. Лани остана бремена, И во бременоста ја следеше тој. Кога дојде ред да се пораѓа , иако мм сметаше дека може да си раѓа спонтано, сепак тоа ниту и го кажа усно, ниту напиша писмена "дозвола" за такво нешто. Си напиша која дијагноза ја има, лекови кои ги примала а одлуката за начинот на раѓање го остави на гинекологот и анестизиологот. На крај жената си се породи природно. Лесно брзо и без никакви потешкотии
Зошто да и се деси ако кардиологот вели дека нема да и се деси? И не е тоа така дека е крив е само тој што ја пораѓал, затоа постои извештај на кој си пишува име и презиме од кардиологот, не е усмен договор. Ако има и најмал ризик сигурно не би се потпишал. Ако и се деси нешто од царскиот што можело да биде избегнато со природен пораѓај, кој ќе е крив?
Тој што одлучил така да пораѓа. едит- Во медицината 2+2 не е 4, несакани случаи се случуваат и кај сосем здрави… да не го шириме Никој не може да гарантира ништо
Знаеш каков проблем може да нарави откачен тромб? Јас знам. Не ги потценувај антикоагулантите и трансфузиологијата како наука. Жената кажа дека има писмен извештај. Камо среќа да пораѓаа така кај нас. Кај нас велат аха денес кивнала оди на царски. Ми завршива смена а нема да роди природно пред тоа ајде царски. Сакаш царски, може.
Аман, не се прави паметна. Многу добро знам, само незнам што измеша баби и жаби , колку да се рекло нешто. И ако сака некој да роди царски, што ви е гајле. Ај просветлете го
Јас па досега мислев стално пред пораѓај се оценува како ќе се одвива пораѓајот. Во нормални услови зборам, за со дијагнози не знам како е. Не знам баш дали е тоа коренот на проблемот. Значи ја гледам анкетата горе, најмногу се породени на државно, природно, најмалку природно на приватно. Зошто е тоа така? Во право е @Mantub , ко по обичај.