Ама не разбирам. Сакаш да кажеш поефтино е царски на државно отколку природно со епидурал на приватно, тоа ли е?
Велиш дека не се споредува. Јас ти велам дека секој специјалист си има своја област, па како што се битно консултации со трансфузиолог така се битни и од кардиолог. Кој дал писмена препорака. Со печат и потпис. Јас знам од конкретен неубав случај. Затоа прашав. Ова беше пред пораѓај. Во предродилна сала.
Не. Туку тоа што во државно нема епидурал, а за да поминеш (условно) безболно во државно мораш да одбереш царски. Ќе дадеш 200€ на докторот и ќе најде "индикација" дека си за царски. 200 € се 10 пати помалку од 2000€. И после процентот висок бил на царски кај нас. Ќе биде. Нека.
Па баш тоа сакаш да кажеш, само поинаку напишано. Пусто условено побезболно. Кај мене се судат оти не им дозволувале дома само со бабица да се породуваат.. Секој со своите убедувања.
Мене повеќе ми беше страв од царски, отколку од природен пораѓај (без епидурална), а околу мене имам најмалку 10 жени кои се породија со царски, без индикација. Во 'договор' со докторот кој ги породуваше.
Ова со болка го сфаќам најмногу од се. Ќе се намали процентот ако имаше епидурал ама нема да се прават царски само по индикација, зошто: - Ќе се раширела за навек - Бебето се мачело во тесно - Ќе испукала (овде пука кожа, а ваму сечат мислам дека се 6 слоеви) - Слушнала од некоја комшивка дека некоја другарка нејзина не можела да додржи за мочање 3 години после пораѓај - Смената ќе му заврши на докторот Итн, итн. Многу митови, многу ситуации на трети луѓе што се случиле заради некоја специфична причина ама кога пренесуваш од човек на човек, којзнае што ќе стигне до тебе.
Мхм. И мене ми понудија царски без индикација, имав опција да бирам. Така да, може и по избор на родилката
До утре да збориме ич не во ред ова проституирање на македонскиве гинеколози. Плати ќе те прават царски.
Пред секој царски како и пред секоја операција потпишуваш согласност , документ во кој ти се наведени евентуалните компликации од операцијата/породот, т.е анестезијата. Не знам што е проблемот ако некој свесно си оде у приватна клиника, си плаќа и си бира царски. Негов живот, негова одлука. Во врска со митото во државниве. Пари му се мушкаат на докторот само ако сакаш стриктно Миле Милев да те пораѓа. И да Не е на работа тој ден докторот, ти сакаш баш он да ти дојде на полноќ. Да ја напушти свадбата, да излезе на сред роденден на своето дете... А ако си идеш најнормално и ти дошло време за раѓање без никакво мито ќе те породи тој што е на смена/дежурство. Сигурно нема да те остават сама да се пораѓаш у ходник
За жал не е така. Сум слушнала многу пати како им барале пати да ги породат царски. Жената веќе на пола пат да роди, компликации не може природно, кажуваат или дајте пари или не ја пораѓаме. Си прочитала што и се случило на жената во Тетово, членка е мајката.
Прочитав. И ептен се потресов. Жално што во здравството имаме и такви монструми. Не прочитав дека и побарале пари за да ја породат, но направиле нешто уште понечовечно, ѕверски... Арам лебот што го јадат таквите "доктори"!
Па не е баш така. Јас не знам за ваква ситуација. Знам за доктор од Чаир кој за итен царски не ја породи он лично жената зошто не му дале пари (не барал, но се знае зошто), но ја породил друг. Нема побогу да остават ниту една жена во критична состојба вака
Не е негов живот ,негова одлука. Туку на тој што ке породува. Зошто никаде не се водат со оваа логика? Можеш да бираш породување во вода,но не и царски. Туку само кај нас приватните профитираат од царски по желба?
Не знам дали е само кај нас така, веројатно Да. Лично, мене ми одговара да потпишам дека сакам царски ако се плашам дека нема да можам да го родам природно. Иако сега сум во обратна ситуација. Све би дала на свет да не проаѓам низ 'агонијата' анестезија. Ама нема. Мора царски и тоа е тоа. Не знам веќе од која се повеќе плашам, од спиналната или од општата анестезија.
Што неточно кажав? Ама тоа во поголемите градови каде што има повеќе доктори. А во помалите имаш еден доктор и тој е закон.
Ама нема жена што не се плаши пред породување. Така секоја ќе потпише ,плати и ќе роди бебе со царски. А не е никаде така од медицински причини и за мајката и за бебето. Ти имаш индикација за царски? Или ти е страв од спонтано?
Фана каков царски е побезболен и полесен од природниот, па макар и без епидурал? Ко прво под анестезија си, операција е, те сечат неколкупати внатре. После операцијата не можеш сам дете да земеш и ти треба време за опоравување. Секогаш подобар избор е природниот. Кај нас за пари прават царски и тоа е факт. Јас многу жалам што не можам природно да се пораѓам. И јас добив мислење од неурохирург дека може и природно да се пораѓам, ама гинекологот кој ме водеше не сакаше така. Негова проценка. Баш ќе видам овде како ќе поминам.