Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спонтано породување или со царски рез?

Дискусија во 'Бременост' започната од Cka, 30 јули 2017.

?

Каде и како се породивте?

  1. Природно, во приватна клиника

    100 глас(а)
    17,6%
  2. Природно, во државна клиника

    211 глас(а)
    37,2%
  3. Со царски рез, во приватна клиника

    118 глас(а)
    20,8%
  4. Со царски рез, во државна клиника

    158 глас(а)
    27,9%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.115
    Допаѓања:
    88.067
    Пол:
    Женски
    Според новиот правилник тешко дека во Германија ќе има царски по избор.


    We saw that the rates were rising tremendously and that we needed to do something," Dr. Frank Louwen, the vice president of the German Society of Obstetrics and Gynecology (DGGG), told DW.

    After noticing the trend, the DGGG got together with researchers, doctors and midwives from over a dozen medical associations and institutions from Germany, Switzerland and Austria.

    Together, they worked for years to compile a massive amount of data on the advantages and disadvantages of vaginal and cesarean births.

    The result is Germany's first-ever medical guidelines on the procedure.

    "It can no longer be the case that women get a cesarean section because someone doesn't know how to do something," said Louwen, who also heads the Obstetrics and Fetomaternal department at the University Hospital Frankfurt.


    The nearly 140-page guidelines provide a comprehensive and detailed overview of what been scientifically studied, and where gaps in knowledge remain.

    The guidelines reveal that for mothers with uncomplicated pregnancies, vaginal birth is the medically preferred option for mother and child. For cesarean section births, the guidelines call for the procedure to be used as often as necessary but as little as possible.

    https://www.google.com/amp/s/amp.dw...ver-guidelines-for-cesarean-births/a-53873727
     
    На kikikikirika и tina2018 им се допаѓа ова.
  2. Honny

    Honny Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2021
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    1.155
    Пол:
    Женски
    Не се плаќа дополнително ништо. Фала ти
     
  3. Honny

    Honny Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2021
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    1.155
    Пол:
    Женски
    Ок. Ако одам на природен со второто дали ќе бидеш посреќна во животот? :D
    Сега морам да ја напуштам темава, смисла нема веќе ни една објава.
    Поздрав и мир во душата. (fingers)
     
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.115
    Допаѓања:
    88.067
    Пол:
    Женски
    Глупости.
    Ако не си спремна да дискутираш не дискутирај.
    Спонтан е секогаш избор при нормални бремености.
    Си има причина зишто е така и за мајката ,а и за бебето.
    Сепак во Германија процентот на царски е под 30%
    Што значи дека желботеката не функционира баш на терен или скапо се плаќа.
    Факти.
     
    На Snowflake97, Annath, Guns N` Roses и 10 други им се допаѓа ова.
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.301
    Допаѓања:
    285.280
    Жалосно што дискусијата на оваа тема ја сфаќаш како некаков напад врз тебе или твојата одлука.
    Ние говориме за општата ситуција, далеку покомплексна и пообемна од твојот случај.
    Оти и опцијата ако не сака првата, тогаш втората, третата, десеттата клиника не е ниту толку едноставна ниту достапна за сите.
    Јас каде живеам има еден педијатар и еден гинеколог. Ако не си задоволен немаш буквално никаков избор оти сите други ќе ти речат полни сме, мораме да те примиме само ако си во наша општина. Доколку тој гинеколог е еден од оние со дециден став не....тоа е.
    Првата болница ми е на 35 -45мин, зависи сообраќај. Секоја наредна до 10та може да се претпостави.
    Во оваа се прилично "строги" во однос на царски. Искрено ако сум сакала под секој услов царски, макар со саати да возиме, не знам колку ќе било изводливо кога добив болки.
    И така...се има многи варијанти.
    Инаку да, и кај мене е 1 од 3 царски, тука некаде е со процентот од 30%.
     
    На Snowflake97, Annath, kikikikirika и 16 други им се допаѓа ова.
  6. Razvigorec

    Razvigorec Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2021
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    3.158
    Пол:
    Женски
    Се породив природно, прелесно,пребрзо,без епизиотомија без никакви последици. За мене царски рез не идеше во предвид. Но ако некоја жена реши поради страв, анксиозност или било каква и да е причина или и воопшто да ја нема да се пораѓа царски само едно ке кажам: нека и е со лесно и да си роди здраво право бебе. Ние како жени треба да бидеме солидарни и да ја почитуваме секоја одлука на родилката затоа што само она треба да одлучи што сака и како сака. Солидарни затоа што не знаеме каква и била бременоста, како дошло до таа бременост и дали воопшто имала социјален живот во тие 9месеци во ова лудо време на корона. Солидарност и поддршка до секоја родилка сама да донесе одлука без да биде напаѓана од друга жена како платила за да ја оперираат царски или платила за епидурална во приватна,каква осуда е ова жена на жена да каже. Дај боже секоја жена да е независна и да има да потплатува, дај боже секоја жена сама да одлучува што сака и како сака. Дај боже секоја жена да одлучува сама а не нејзината свекрва или мажот и да и сугерира како треба за да и останела иста пи*ката. А оваа тема според мене е тотална утка бидејќи не може да се споредува природен порагај и царски рез. Не може да се споредуваат и две бремености и два порагаја кај иста жена. Има жени природно породени со страшни епизиотомии кои не функционирале со месеци,има жени со царски рез поминале полесно и раната брзо заздравела, има и обратни случаеви значи нема споредба. Секоја жена што може да си одбере и има услови да го направи тоа нека го направи зошто да не,она сама на свои плеќи ке си ги сноси последиците..САМА. Другите само ке се чукаат во гради како станале татковци/баби/дедовци/тетки... Битно на крајот од денот и мајката и бебето да се добри, а родилката задоволна и горда на себе. Секоја жена треба да се сака, да се цени, да биде горда и задоволна од себе што износила бременост и донела здраво живо дете на овој свет на било каков начин било каде. И пак ке повторам дај боже сите жени да бидат независни,да можат сами да одлучуваат и да имаат средства да си го дозволат тоа
     
    На Slonce91, Kbr, WarriorAngel и 24 други им се допаѓа ова.
  7. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.856
    Допаѓања:
    4.731
    секој збор на место !
     
    На Kbr и Razvigorec им се допаѓа ова.
  8. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.065
    Допаѓања:
    3.779
    Пол:
    Женски
    Работата е што тие средства ние ги одвојуваме цел живот, за да имаме услови за основен пороѓај. А не да се мислиме дали ќе имаме за приватно или дали ќе ни обрнат внимание на државно. На моите другарки што се породиле со царски никогаш не сум им рекла зашто, а знам дека се плашеле или мислеле дека на приватно ќе имаат подобар третман. Царскиот премногу се бара кај нас баш поради страв од природен пороѓај и дополнително зашто нема анестезиолози. Не знам каква е состојбата со анестезиолози надвор, рецимо Германија, па да можеме да споредиме. Јас не би правела операција ако нема потреба за тоа. И секој нормален доктор ќе ти каже тоа. Темава веројатно се однесува на ситуацијата во Мк, што не е сјајна и не би се подобриле условите за брзо време мислам. Иначе, да може секој да плати, нема да има државно лечење.
     
    На Snowflake97 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  9. Razvigorec

    Razvigorec Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2021
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    3.158
    Пол:
    Женски
    Ако жената сама си избере како сака и да згреши самата за себе си ке си згреши никого нема да оштети. А колку примери има каде што родилките се чувствувале неспремни и се изјаснувале за царски па докторите не им дозволиле ги пораѓале со саати а богами и со денови некои па на крај пак завршиле царски. За кои нормални доктори ми зборуваш? Ако жената е исплашена и анксиозна кој е тој 'нормален' доктор што ке и каже како треба?Полно е вакви искуства за жал во породилни приказни. Кој ке им надомести нив за измачувањето,болките и траумите? А тоа што одбираат приватно за да бидат царски нивен живот,нивни пари,нивна одлука
     
    На Only1, marijamarkoska и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  10. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.065
    Допаѓања:
    3.779
    Пол:
    Женски
    Те сфатив. Прашувам зашто немаме доволно анестезиолози на државно па да може да бираме епидурал, а не царски.
     
    На Only1, Razvigorec и fana им се допаѓа ова.
  11. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.419
    Пол:
    Женски
    Mene ne mi e jasno edno neshto:
    Kako koga stanuva zbor za abortus, toa e pravo na zhenata, zatoa shto samo ona mozhe da odluchuva za nejzinoto telo, a kako koga nekoja zhena saka da ragja so carski bez nikakva medicinska prichina (komplikacii i sl.) kako vo toj sluchaj e osuduvana, nesfatena, vo toj sluchaj kako mozhe da saka da odi na operacija bez konkretna prichina i sl??
    Zhena kako ke se poragja e samo nejzina odluka, nema potreba od komentari od strana od tipot: carski e operacija, creva vadat( da, i ova go prochitav vo temava), bez prichina ide na operacija i sl.
    Mozhe nekoja da se porodi so carski zatoa shto i e strav od prirodno i toa e sosema legitimno i vo red.
     
    На Just.do.it, Autumn Love, Honny и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Razvigorec

    Razvigorec Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2021
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    3.158
    Пол:
    Женски
    Епа за жал тоа е што е... Нема многу работи не само анестезиолози.
     
    На tajci83 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.065
    Допаѓања:
    3.779
    Пол:
    Женски
    Затоа е толку висока стапката на царски, а бидејќи нема доволно сестри ќе одат и на приватно за подобар третман. Работава е - не дали сакаш природен или царски, туку што имаш пари да платиш.
     
  14. marijamarkoska

    marijamarkoska Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2017
    Пораки:
    1.296
    Допаѓања:
    2.350
    Пол:
    Женски
    Долго ја читам темава и се мислам дали да се вклучам. Пред време се извинувам за долгиот пост. Сакам да ја објаснам мојата ситуација, а со тоа да го поддржам мислењето на некои членки дека секоја бременост е различна и не е убаво да генерализираме и судиме. По долгодошна борба со стерилитет и разни маки правев операција на државно при која очекував дека ќе ми биде отстранет и моим. Кога се разбудив од анестезија разбрав дека не ми го извадиле миомот (ако не прашав немаше ни да ми кажат како прошла операцијата, одговорот беше краток "тоа не ти смета" и толку). Се подложив на операција најмногу за да се отстрани и да не го мислам. Не поминав баш лесно. Но не сакав никогаш да ја коментирам професионалната проценка на др. Иако мнооогу други доктори каде бев на консултација после тоа ми рекоа дека кога веќе правеле перфорација на матка можеле да го отстранат миомот. Сега сум блиску до пораѓај и до последно се мислев каде да се пораѓам. Еден доктор на државно вика ќе те пораѓам природно може нема можеш убаво да имаш контракции ама не те оперирам. Друг др на приватно вика поради операцијата треба царски при што може и ќе се обидат во истиот акт да го отстранат миомот. На кој да верувам? Според мислењата тука јас ако изберам да одам на приватно лупам пари за да изберам тоа што ми е полесно....верувајте ми преку глава ми е од болници со години. И не можам да лутам по 3ти и шести мислења дали имам индикација или немам. Може ќе згрешам, но одлуката е моја. Госпот да не чува сите :hug:
     
    Последна измена: 27 декември 2021
    На Kbr, MarijaMi90, elimkd и 5 други им се допаѓа ова.
  15. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.065
    Допаѓања:
    3.779
    Пол:
    Женски
    Не збориме за индикација, можеш и со царски да одиш, чим ти оставиле место да се одлучиш. Но, тоа премногу се злоупотребува од млади девојки. Тоа збориме.
     
    На elimkd и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  16. marijamarkoska

    marijamarkoska Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2017
    Пораки:
    1.296
    Допаѓања:
    2.350
    Пол:
    Женски
    Не ми оставаат простор да одлучам. Едниот доктор вика никако природно нема шо да бираш мора царски, другиот вика нема индикација одиме природно и никако поинаку.
     
    На MarijaMi90 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.419
    Пол:
    Женски
    Kako se zloupotrebuva?
    Pravo na zhenata e da odluchi kako ke ragja.
     
    На Just.do.it и violetblue им се допаѓа ова.
  18. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Од оваа недела почнав да им кажувам на другарки дека сум бремена и нормално дојде темата царски или природен.

    Сите другарки од МК (освен една) ми се фалеа од царски. Некои биле со целосна анестезија па не чуле плач на дете, една имам трет царски вика дури на третиот видов што значи операција, не можам година дена да задравам, првите два царски беа ко песна. Причините зошто царски, се различни: од страв, до недоверба кај докторите, нејќела да и се шири итн итн.

    Другарките од Германија и други земји па скроз обратно. Не само за царски што нејќат да чујат, нејќат и за анестезија. Не сакам да пишувам што се им збореле докторите и анестезиолозите пред пораѓај, ама таков страв им набиле на жениве од анестезија (од царски не толку), ко да е најстрашно на свет. И бар тука јас кај што сум нема опција за царски по сопствен избор. И сите се со позитивни искуства од природниот.

    Сума сумарум сите се задоволни се и од царски и од природно. Ваљда после раѓањето забораваат жените на маките.

    И убаво е да се пишуваат и негативните страни на двата вида пораѓај, така полесно ќе ни е да се одлучиме.
     
    Последна измена: 28 декември 2021
    На Ani93, Snowflake97, Biljarkata и 8 други им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.386
    Допаѓања:
    250.070
    Па и треба да се плашат од анестезијата.
    Денес бев на преглед, и докторот пак кажа дека според него, прва бременост со царски заради кичмата, сега и он би одел со царски. Значи негова препорака е царски заради индикации.
    Но, ако јас сакам и се одлучам за природен пораѓај, тогаш ќе ја почитува мојата одлука.
    Сепак он е лекар и он како мисли така ќе е.
    Не сум баш најсреќна, ама тоа е.
     
    На pamelche, tina2018 и kikikikirika им се допаѓа ова.
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.234
    Допаѓања:
    76.246
    Пол:
    Женски
    Сепак ти треба едно конечно 3то мислење од стручно лице... Јас имам познаничка исто со миом што истера бременост и беше царски, за да може и миомот да го извадат. Години се поминати, големко е детето, не и се има појавено пак..
     
    На tina2018 и marijamarkoska им се допаѓа ова.