Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спонтано породување или со царски рез?

Дискусија во 'Бременост' започната од Cka, 30 јули 2017.

?

Каде и како се породивте?

  1. Природно, во приватна клиника

    100 глас(а)
    17,6%
  2. Природно, во државна клиника

    211 глас(а)
    37,2%
  3. Со царски рез, во приватна клиника

    118 глас(а)
    20,8%
  4. Со царски рез, во државна клиника

    158 глас(а)
    27,9%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. marijamarkoska

    marijamarkoska Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2017
    Пораки:
    1.296
    Допаѓања:
    2.350
    Пол:
    Женски
    Дали знаеш кој др ја оперирал?
     
  2. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.234
    Допаѓања:
    76.242
    Пол:
    Женски
    Незнам... 12, 13 год се поминати. Ако сакаш ќе прашам.. :)
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.531
    Допаѓања:
    201.621
    Пол:
    Женски

    Зошто тогаш оди жената во болница да се пораѓа? Ако треба сама да одлучува, оти сама дома не си се породи?
     
    На kikikikirika, lovely91, KuklickaSk и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.419
    Пол:
    Женски
    Apropo tvoevo mislenje: ako abortusot e pravo na zhenata, zoshto odi vo bolnica da abortira?
    Inaku, da, pravo na zhenata e da odluchi kako ke ragja (dokolku nema komplikacii, pa da nema izbor, vo sprotivno ima pravo da odluchi).
     
    На Just.do.it и marijamarkoska им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.115
    Допаѓања:
    88.065
    Пол:
    Женски
    Значи џабе доктори во светски рамки одат на конгреси,џабе се прават студии за бенефит на бебето од спонтано породување,џабе е препораката за приоритет на спонтано породување во однос на царски ,а како што гледаме во Европа се следи,освен во земји на југоисточна Европа каде владее поткуп за раѓање со царски.
    Абортусот е одлука на жената дали ќе роди нов живот или не!
    А како ке се изврши абортусот пак решава и одговара докторот.
    Така и за породување, одлуката е на докторот, а не некакво право на мајката.
    Не туку мешајте баби и жаби.
    Да беше царскиот приоритено породување немаше држави да прават стратегии за да се намали %под 30 .
     
    На lovely91, mariz, kikikikirika и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Прво правило во медицина е да не правиш штета. Побарај ја хипократова заклетва, primum non nocere.
    Абортус е право пошто штом си пошла да абортираш значи дека сметаш дека раѓањето ќе ти го наруши здравјето, психички не си спремен, физички можеби, социјално, емоционално итн.
    Ако се водиме по логикава, ај нека дозволуваат и абортус било кога во бременоста, ако се потпише жената дека знае за ризиците, нејзино право е.
    Ама никој доктор не ти се нафаќа да ти прави абортус покасно зошто е ризично и веќе ризикот да се наруши здравјето од самиот абортус е поголем од ризикот да се наруши од раѓањето.
    Царскиот е операција со ризици, така да ризиците од царскиот треба да бидат помали од ризиците да се продолжи со вагинален пораѓај.
    Операција без причина е правење штета непотребна.
     
    На KuklickaSk, Meckicja, Kom.pot и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.531
    Допаѓања:
    201.621
    Пол:
    Женски
    Не може да се споредуваат абортус и раѓање.
    Абортусот како одлука е право на жената, оти таа знае дали може или не може да го изгледа тоа дете, и зависи од ситуацијата во која се случила бременоста, дали детето е посакувано или не, секако дека жената е таа што ќе одлучи дали ќе роди или не. Абортусот како медицинска интервенција го прави стручно лице, во случајов гинеколог и тој одлучува што и како ќе прави. Има и медицински индикации за абортус во поодмината бременост и тука секако одлуката најчесто првенствено ја има лекарот.

    Не може жената сама да одлучува дали ќе се породи со царски или спонтано освен ако самата не е гинеколог. Макар и во таа ситуација, повторно одлучува стручното лице што ќе ја врши интервенцијата. Притоа ги зема предвид сите фактори и услови во ситуацијата. Ако има строги медицински индикации за цезареа, никој не е против, ама право на избор не може да биде.
    На забар кога одиш, му кажуваш како да ти го поправи забот? На офталмолог што прави корекција на диоптрија со ласер ти ќе му кажеш како да ја изведе? Вадење на жолчка, пациентот ли ќе му каже на докторот како да му ја извади? Да не бројам уште примери.... Имаш право да бираш каде ќе се породуваш, ама не можеш да одлучуваш како. Пациентот треба да биде запознаен со целата процедура, да се објаснат бенефитите и ризиците, ако има потреба одлучува за одредени ситници, ама главниот збор го има лекарот.
     
    На Kbr, nevermet18, kikikikirika и 12 други им се допаѓа ова.
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.597
    Допаѓања:
    35.064
    Пол:
    Женски
    Одлуката дали да абортира или не е право на жената, меѓутоа методата која ќе се користи при интервенцијата е избор на докторот! Пошо за тоа учеле, нели?
     
    На KuklickaSk, elenaklasik, stsmua05 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Inavond

    Inavond Активен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2021
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Devojki nekoja da spodeli iskistvo od carski. 35ta nedelansum bebe nejke da se svrti so glavceto nadolu,baska celo vreme si e od desna strana,doktorot vika tesko i deka ke se zavrti pbicno do 36ta treba da e vo finalna polozba i mi preporacuvaat carski.dali mozam da si zakazam kako se pravi toa kade treba da se obratam tapa sum za ovie raboti nekoja sto ke saka da spodeli ke bide super.
     
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.303
    Пол:
    Женски
    Имаш доста до крај. Пракса е во 38ма да те породат ама некои доктори даваат шанса до крај. Ако нема индикации за порано поубаво е бебе повеќе да седи внатре.
    Ке избереш доктор кај него ке правиш црг и тој ке те упати што и како треба.
     
    На Meckicja, tina2018 и Inavond им се допаѓа ова.
  11. Трепетлика

    Трепетлика Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    За породување со миом не знам, но знам дека др Зоран Јовановски има породено пациентка со царски притоа вадејќи тумор од над 8кг и мислам дека е прилично стручен во областа па евентуално да побарате мислење од него.
    До пред година две беше во Ремедика, сега како да видов дека се префрлил во one hospital, но на веб страницата на Ремедика се уште стои меѓу вработените па најдобро да се јавите да прашате.
     
    На marijamarkoska му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Inavond

    Inavond Активен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2021
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    do sega se si racunav da odam vo cair da si se poragam, ama moive neznam sto zapnale vo drzavna, ke fakale vrski. ete utre treba da odam da vidime da se naoga doktor za carski posto bebe e karlicno. pojma nemam koj doktor ke mi go preporachaat voopsto ne znam koi se dobro koi ne i dali voopsto ima nekoj dobar tamu, vo posledno vreme eden dobar muabet ne procitav za drzavna. Nekoja preporaka koj bi bil dobar za carski vo slucaj da mi predlozat nekoj da znam sto da pravam. ili iskustvo nekoja da spodeli ako skoro se poragala na gak so zakazan carski. Kolku pari zimaat ako dogovoris doktor it.Mi zborea i blislki da sum si nasla doktor so masazi da go svrti bebeto imalo i takvo nesto ama toa nekako strasno mi izgleda a i zasto da go macham i nego i e mene koa i onaka sum plaslivka i so carski valda e podobro za takvi kako mene.
     
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.935
    Допаѓања:
    26.205
    Со краен термин се надевав ќе се породам природно. Бебе со дијаметар на глава поголем од 10 см, 4 ипол кила, термин на крај, дете уште горе. Докторката ми кажа дека е невозможно да се породам природно, ќе се заглави.

    Размислив, потпишав, отидов на царски. Верував на проценката на докторката и не згрешив.
    Не можеме ние да се правиме доктори кога не сме и ние да одлучуваме.

    Имам познаничка се одлучи за целосна анестезија на пораѓај без никаква индикација. Немаше индикација ни за царски, не па со целосна. И уште пострашно е што и дозволија така да се породи... и не. Не треба да е пораѓајот прашање само на сопствен избор.
     
    На LilyRose, kikikikirika, Be-yO-nCe и 4 други им се допаѓа ова.
  14. ivani30

    ivani30 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2014
    Пораки:
    1.609
    Допаѓања:
    2.645
    Пол:
    Женски
    Јас немам искуство во Гак, ама во Чаир си бев договорена со др за царски. Фино лепо го почастив и ме гледаше како сопствено дете. Ако сепак одлучиш за таму пиши ми во лп.
     
    На Inavond и tina2018 им се допаѓа ова.
  15. Ilda23

    Ilda23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2021
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Jas se porodif so carski vo Italija radi bebeto bese so glavata naugore i vezbi mi pravea dase svrti no ne uspea se porodif vo 39 nedela I 3 dena bebeto imase 4 kila a so carskiot pominaf fenomenalno tolku sum zadovolna znacit istiot den some operirae me stanaa na noze nemozam da negiram prvoto stanuvajne cel svet mi padna nad mene no potoa koga dojde vreme za rucek odma me posluzija so jadejne znacit kako vo hotel se istusiraf so sesrata bebeto sama sigo preslekuvav sigo kapef tolku brgu se oporaviv doktorite mi vikaaa ako ne stanuvas sama da bidis naporna nemat begajne od bolnica Samo 3 dena ostanaf vo bolnica potoa doma ni konci mi vadi ni mi pajgaaa ko mija odlepija lepenkata od rezot Samo crvena crta imaf pre zadovolna bi sakala i prirodno da probam
     
    На LilyRose, Meckicja и tina2018 им се допаѓа ова.
  16. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Сакам да напишам мое искуство за тоа дали е дозволено царски во Германија без доплата бидејќи пред некое време дискутиравме на таа тема, можеби некому ќе му помогне.

    @Honny беше во право, малку се сменети работите од пред некоја година кога за царски МОРАЛО да има добра причина. Сега е различно од болница до болница. Во една болница другарка ми ја измалтертираа до последно за природно. Во друга, кај што се пријавив јас, ми рекоа во секое време ако се осеќам неспремна за природен може да се договориме за царски. Секако не пред 37 недела.

    Така да тие што сте во Германија и страв ви е од природен, барајте болница каде одобруваат царски без доплата од 3000€.
     
    На Honny и fana им се допаѓа ова.
  17. Forbidden

    Forbidden Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2010
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    178
    Искрено, доколку на некој му претставува преголем страв од природно породување, тогаш треба да се породи царски наместо да се онесвести таму.
    Како што некој се плаши од поправање на заби и се онесвестува (ретки се тие случаи) истото треба и да важи за породување.
    Се разбира дека пред носењето на одлуката треба да се презентираат сите ризици согласно состојбата во која се наоѓа родилката, а и плодот.

    Конкретно за мојот случај, решена дека природно ќе се породам дефинитивно, дента имав силни и чести контракции, се отварав со саати и кога веќе се отворив комплетно 10 цм, бебе не сакаше да излезе :).

    Сите параметри за природно породување беа задоволени, силни контракции, положба на бебе, спуштено скроз доле, широки колкови, грло 10 цм отворено... а бебето не се спушти ниту 1 цм во рок од 3 часа. Косата му се гледаше ама џабе.

    На крај ме прашаа дали сакам да продолжам со природно породување или со царски и ИЗБРАВ царски затоа што не можев повеќе, бидејќи немаше напредок никаков. Се роди бебе со тежина 4.11 кг, и дијаметар на глава 11.5 цм. Во депресија бев како можеше да се породам царски, кога првичниот наод беше дека ќе се заврши работата за 10 минути максимум.

    На крај докторката потврди дека немало да излезе бебето и да сме продолжеле природно уште некое време и дека одлуката за царски била оправдана.

    Другарка со скоро иста приказна ја пораѓаа природно со саати, на крај го вадеа бебето со вакум и бебето заврши со огромен хематом останувајќи на интензивна 2 недели поради вакумот. И самата таа имаше многу последици од породувањето, а еве и тоа било докторска одлука.

    Сепак тој што избира оперативно породување, се нафаќа за ризиците што ги носи тоа, исто како и еден куп други операции направени макар и за естетски изглед.

    Најважно е да се родат живи и здрави бебчињата, не треба да судиме, секој го сака најдоброто за себе и своето бебе.
     
    На tatjanasakalieva, CareTee, kikikikirika и 8 други им се допаѓа ова.
  18. ^Jasmine^

    ^Jasmine^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2019
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Еве да си пишам и јас. За првото, се породив природно, толку лесно и брзо што дури и докторот ми рече "Ти си родена за да раѓаш". Не бев сечена, само испукав на некое невообичаено место( до ден денешен не знам кое) и добив едно конче. Како за прворотка, ме гледаа како да сум чудо, дека се на се пораѓајот ми траеше 4 саати... Паничар сум, и хистеричев за болките ама без врискање и слично. И иако имав многу лесен пораѓај, малата ми се роди со хематом на главата. Замислете, се си поминало во најдобар ред и ти носат бебе со огромна испакнатина, која 2 месеци беше потребно да се ресорбира и не смеев да давам д3 витамини да не се калцифицира и да остане така. Како го доби хематомот, не дознав. Вообичаен е при тешки пораѓања. Е сега, голготата почна после вториот месец кога малата започна да појавува некои знаци на развојни проблеми. Секој ден на физикална и секој ден истиот муабет, можеби настанала повреда при пораѓајот. Од школско и филмско пораѓање до хорор за неколку месеци. Носење по контроли, со страв и солзи, со исчекување на најдобриот резултат. Имав лесно породување, но прашајте ме како поминав следните 9 месеци додека исчезна се' и бевме на чисто дека сите симптоми биле само некоја развојна фаза, а не повреда.

    Со второто развив огромна анксиозност и опсесивни мисли, што кон осмиот месец ме контролираа целосно, при што ми се појави некоја фобија од храната, и јас буквално ослабев. Покрај тоа ред проблеми после прележана Корона, димери, гестациски дијабет, мастит на градата... Имав само желба да биде се во најдобар ред, па дури и кога би се решила за царски. Сите кои ме познаваа и знаеја како поминав првиот пат, од доктор до другар, ме убедуваа за природно. А и немав никаква индикација за поинаку( иако последните недели малото стагнираше со мерките и тежината). Ама јас на крај избрав царски, затоа што сметам дека овојпат бев едноставно преослабена физички, да не зборувам за психичката спремност, со огромен страв за безбедноста на моето бебе и избрав царски. Дали се каам? Искрено да, осеќам вина дека можев да истуркам природно и дека можеби ќе поминев еднакво лесно како и првиот пат. Но дали првиот пат поминавме лесно јас и моето бебе? Ама мислам дека и никогаш нема во целост да ја решам дилемата дали можев да се стрпам уште некоја недела( иако имав пресилни контракции кои не го отвораа воопшто грлото на матката и прогнозите беа дека сигурно ќе го надносам) и да пробам природно.

    Не осудувајте се ни самите, ниту другите, некогаш невидливата причина за царски може да носи толку долги и длабоки корени, како некоја психичка траума. Во моментот за мене тоа било поприфатливо со оглед на фактичката состојба во која се наоѓав, затоа што сум сигурна дека дури и четири саати да беа потребни за пораѓање, немаше да ги издржам со истото темпо како првиот пат.
     
    На Ljubica87, Forbidden, Xanty и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.419
    Пол:
    Женски
    Jas ne znam i ne mozham da razberam zoshto poroduvanje so carski bi bilo neshto za osuda.
    I za sho se chuvstvuvash vinovna deka si izbrala carski?
    Stvarno ne mozham da razberam. Ideme napred i so tehnologija i so medicina, normalno deka prirodniot ne e edinstven nachin na poroduvanje.
    Eve jas, reshena sum deka ke ragjam so carski i kraj. I da nema nikakva medicinska prichina za carski, jas ke idam na carski, ne sakam prirodno da se poragjam.
     
    На Dennings, joy1, Dzvezdicka1 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. ^Jasmine^

    ^Jasmine^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2019
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Веројатно е до хормоните, овие денови го имам тоа чувство на "вина", бидејќи се изнаслушав приказни за тоа како лесно се поминува како второротка. Но стравот за безбедноста на бебето, кој можеби беше ирационален, можеби и не, беше поголем кај мене. Сепак, кога би одела на трето, доколку имам можност ќе оставам природата да реши за мене. А дека имам трауми од првиот пат, имам. Не за мене, не од болка, бидејќи до царскиот не знаев што е анестезија, ама за бебето. И мислам дека секоја мајка го има и се одлучува за ова или она баш поради бебето.