До хормоните е сигурно. И мене ми беше тешко првите месеци, кај царски па и не доев. Мислам сите во мене гледаа, ме осудуваа, јас се осудував. Одев на сите предавање што ќе ги начекав за доење, мајки итд. пред пораѓај. На крај ништо не испадна како што си замислував, хормони и постпартална ме мачеа. Ама на крај важно ми е да сме добри, се добро пројде, мали има 2ипол веќе Така што се што се случило и сама кажуваш било со причина и добро сте прошле. Уживај со дечките
Те разбирам, исто и со доењето имам мака, дојам само од едната бидејќи маститот изби низ кожата и ми е страв да давам од таа града. Сепак, секогаш ќе постои она "што ќе беше ако...", барем засега, додека не се стабилизираат хормоните Најбитен е исходот, а тоа е да си ги држиме дечињата в раце
Природно се породив иако имав многу страв и повеќе сакав да е царски, пораѓајот ми беше многу лесен со две три напнувања бебуш искочи. Се породив државно покрај толку лоши коментари и искуства јас поминав супер како на приватно да сум била, без врски.
Здраво мамички Сакам да прашам дали има некој од вас искуства за пораѓање природно, претходно пред 2години и 9 месеца царски бев , терминот ми се ближи...
Јас сум спонтано по царски разликата ми беше 5 години, но др мк рече се што е 18 месеци по царскиот може да се проба спонтано, се зависи зошто си била на царски
Баш ми е мило што читам вакво искуство. Баш за ова прашував и јас денес. Првото ми е царски, ама пред повеќе од 5 години. Прво што ме праша докторката е со која индикација сум била. Кога и кажав дека само положбата на бебето, ми рече дека може, нормално ако е добро поставено. Денес на контрола и ова беше залегнато карлично, ама рано е 23 недела. Плус го осеќам дека цело време прави салта така да за сега е рано да се каже било што.
Само нека ти проверат лузната и матката ( незнам што точно гледаат некоја дебелина на зид) кај мене беше 1 мм , ми рекоа недај боже напони и да почне пораѓај ќе распука матката , инаку пред да ме провери докторот исто рече може природно да пробаш ако сакаш
Да да сигурно ќе следат. Рано е тек сум 23, ама си ја прашав Петровска за да видам дали има шанси, да знам дали да си се надевам. Лузната ја виде и рече одлична е, а за понатаму ќе видиме
Е тоа што не си се отварала.... може да е проблем. Првото ми се заглави во родилен канал, се изнамачив 2 саати спонтано и на крај итен царски. Сега мислам дека од моментот кога дознав црла енергија ја насочив кон гоа и на крај за 10 мин се породив. Секако постојано бев по мониторинг да не пукне матката. Си знаат докторите, затоа се таму