Процентот во светот на руптура на матка е помал од 1% Само нашиве докторчиња наместо да одат напред со медицината и да се дообразуваат, полесно им е да ги убедуваат пациентките дека еднаш царски- секогаш царски. Гнев ме фаќа.
Знам дека докторот не измислуваше бидејќи лично се знаеме , пред да ме прегледа ме убедуваше за природно да пробам. Имав лош царски од претходно, среќа што овојпат го избегнав дотичниот
Jas se porodif Posle carski spontano so induciran porajgaj pominaf super Samo sose porodif za 1 sat nanoze stanaf
На 8цм почна мала да турка кај мене. На 5цм ме ширеше бабицата со рака за да дојде до 7цм. Обично на 10цм отворена почнуваат напоните.
Јас имам после прв царски уште две спонтани породувања, исто ми беше напоменато дека ако згусне ситуацијата нема шанси за провокации-индуциран ,туку хитен царски.
Девојчиња ни на небо ни земја сум ве молам за совет и искуства доколку некој имал . Имам детенце 6 годинки и 1 годинка родени со царски .Сега останав бремена со трето 1 година по последен царски . Примам клексан поради тромбофилија сабајле бев по препорака кај гинеколог и докторката ми кажа со овие зборови аууу па ти воопшто не си почекала сега кога ке те оперираме ке се крстиме и чудиме . Не ме ни прегледа ми даде препорака и никаков друг совет . Јас знам и свесна сум дека постои ризик и дека е многу бргу за трет царски . Кога го направив тестот преплакав од сама помисла дека треба да скратам право на живот на детенце .Би сакала да го родам ве молам за совет и искуство .
Доколку е се во ред со бременоста нема потреба да се оптеретуваш. И јас сум со тромбофилија и првото ми е со царски после 40 дена ос преглед ми рече докторката ајде сега второ можеш веќе ако сакаш, баш ја препрашував и викав како па нели е рано не смее пред 2 год да се остане итн. Само ме погледа и ми рече нема врска тоа. Така да безгајле биди.
Јас имав хистероскопија за отстранување на прегреда (целосна), па за неколку месеци уште една. Точно два месеци по втората останав бремена (и тоа две недели откако докторот ми рече сега може да се обидувате) па малку и он се исплаши дека брзо ептен ама се беше зараснато, следевме и помина во најдобар ред. За второ матичната ми рече не порано од 2 години (царски бев) ама нагласи "ако бидне порано секако нема да го враќаме". На 10месеци го прашав специјалистот кој ме водеше цело време низ сите операции, бременост, пораѓај... за второ и само се насмеа "може веќе, голем е он(мислејќи на првото синче)" па за две недели му се вратив со позитивен тест. Секако повторно следевме се но штом претходно се било убаво зараснато нема од што да се плашиш. Смени доктор и уживај во бременоста.